Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Побарувачката за критични минерали рапидно расте поради експанзијата на технологиите за зелена енергија, електрификацијата и дигитализацијата, оценува телото на Обединетите Нации за трговија и развој (UNCTAD). Повикувајќи се на извештајот од Меѓународната енергетска агенција, се истакнува дека до 2040 година побарувачката за литиум ќе порасне за 353%, а во топ-5 на листата се најде и бакарот, со раст на побарувачката за 28% на светско ниво. ...
Осаменоста и економската несигурност сè повеќе ги погодуваат постарите луѓе низ целиот свет, а во Јапонија проблемот е особено акутен. Секое десетто лице е над 80 години, додека речиси една третина од населението е над 65 години. Ова значи повеќе од 35 милиони луѓе во поодмината возраст, поради што сè поголем број работодавци бараат начини да одговорат на проблемите што ги носи стареечкото општество. Еден пример доаѓа од областа Шибуја во ...
„Самсунг“ и „СК Хајникс“ ќе изградат по две фабрики за чипови во проект вреден 518 милијарди долари, како дел од сеопфатниот инвестициски план што го претстави јужнокорејскиот претседател Ли Џе Мјунг за полупроводници, ВИ центри за податоци и физичка вештачка интелигенција. Јужна Кореја ќе вложи 19,4 милијарди долари во следните 15 години за капацитети за меморија од новата генерација, а различни региони ќе се специјализираат за одредени ...
Логистиката е дел од малопродажбата што е ретко видлива за потрошувачите, но има клучна улога во секојдневното функционирање на маркетите. Од организацијата на транспортот и складирањето, до контролата на квалитетот и навремената испорака, станува збор за процес кој бара високо ниво на координација и прецизност. Токму затоа, логистичкиот центар на Lidl во Куманово, кој е најголемиот логистички центар на Lidl на Балканот е многу значаен дел од ...
„И Германија веќе не е тоа што беше“ Додека социјалните мрежи сè уште се преплавени со приказни за лесниот и раскошниот живот во странство, реалноста на терен полека но сигурно се менува. Сè повеќе млади луѓе кои заминаа со куфери полни надеж на Запад, носат радикални одлуки и избираат да се вратат дома. Ова е приказната на една наша девојка, која за потребите на овој текст ќе ја наречеме Марија (името е измислено, но приказната е целосно ...
Европскиот автомобилски пазар продолжува да се менува, а електричните возила стануваат сè позначаен дел од секојдневието на возачите. Во првите пет месеци од 2026 година низ Европа биле регистрирани повеќе од 1,2 милиони нови батериски електрични автомобили, што претставува значителен раст во однос на истиот период минатата година. Податоците покажуваат дека автомобилите со целосно електричен погон веќе се позиционираат како трет ...
Според министерот-претседател на Долна Саксонија, Олаф Лиес, производителот на автомобили Volkswagen, кој се бори со тешкотии, во иднина би можел да произведува модели развиени во Кина во Германија. Ова би овозможило подобро искористување на капацитетите во фабриките и обезбедување работни места, изјави политичарот од SPD и член на надзорниот одбор на VW за Германската новинска агенција. „Доколку ги произведуваме возилата што моментално ги ...
Кога започнавме, наследивме тешка состојба- супстандардни услови за работа, дезорганизирани процеси, тужби, нефункционални системи, блокирани проекти, долг кон програмата Дигитална Европа, блокирани апликации и застој во дигитализацијата на услугите. Но, наместо изговори, избравме работа, рече министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на прес конференција на која ги претстави резултатите од двегодишното работење. Тој нагласи ...
Секојдневна сцена во маркет: земате производ од рафт, ја гледате цената, го ставате во количка, одите на каса — и таму ве пречекува повисок износ. Разликата можеби е 10 денари, можеби 30, можеби повеќе. Но прашањето не е само во парите. Прашањето е во довербата. Кога цената на рафт е една, а на каса друга, купувачот има право да реагира. Најважно е да не се премолчи. Многу луѓе од срам, брзање или нервоза само плаќаат и излегуваат. Но ако ...
Љубителите на уметноста на 29 јуни ќе имаат можност да бидат дел од едно поинакво креативно доживување. Во 20 часот, во Бифе Тафталиџе во Скопје, ќе биде отворена првата неуро-арт изложба на уметницата Наде Молеровиќ, насловена „Обоени светови“. Изложбата претставува визуелно патување низ светот на мислите, емоциите и потсвеста. Делата на Молеровиќ создаваат дијалог помеѓу хаосот и редот, а секоја линија и форма носат сопствена симболика, ...
Со “M Sculpt“, телото влегува во режим на акција се активираат мускулите, се троши локалната маст и формата почнува да се менува – брзо и прецизно. Ова не е третман за „некогаш“. Ова е за сега. 30 минути. Фокусирана стимулација. Реална промена што се гледа и се чувствува. Слабеј паметно, не потешко. Почни со резултати, не со изговори. Закажи консултација. Телото знае. Ние го активираме. Со “M Sculpt“, телото влегува во режим на акција ...
Инекс Дрим АД Струга лани имала помали приходи од продажба, стои во извештајот на Друштвото објавен преку Македонската берза. Лани тие изнесувале 227,3 милиони денари. Тоа резултирало и со помала добивка пред оданочување, споредено со претходната година, која изнесува 6,3 милиони денари. Фото: Унсплеш Инекс Дрим АД Струга лани имала помали приходи од продажба, стои во извештајот на Друштвото објавен преку Македонската берза. Лани тие ...
На друштвата ТЕАЛ АД Тетово, ГТЦ АД Скопје, РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје и Силекс АД Кратово, чии хартии од вредност котираат на Официјалниот пазар на Берзата, им се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на ревидирани финансиски извештаи и годишен извештај за работењето, усвоени од Собранието на акционери, со што Друштвата не постапија согласно член 40, став 1 од Правилата за котација, ...
Продажбата на обврзници на „Спејс екс“, најавувана како спектакуларен успех, толку брзо бледнее на секундарниот пазар што трговците велат дека не можат да се сетат на некаква тазе зделка што се соочила со толку остар пад. Еден голем дилер во петокот нудеше обврзници на „Спејс екс“ со рок на достасување во 2056 година со распон на принос што беше и до 0,32 процентни поени поголем од нивото на емисија од 1,75 процентни поени над приносот на ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, освојувач на 24 титули на Гренд слем турнирите, се приклучи како советник на инвестициската компанија „Џенерал Атлантик“ (General Atlantic), која сè повеќе инвестира во спортскиот сектор. Како глобален стратешки советник, Ѓоковиќ ќе соработува тесно со менаџментот на компанијата, нејзините портфолио компании и инвеститорите. „Ова е прво партнерство од ваков вид за мене“, рече 39-годишниот Ѓоковиќ во интервју ...
Универзитет Американ Колеџ Скопје свечено ѝ ја додели почесната титула „Professor Emeritus“ на проф. м-р Викторија Еремеева Наумоска, како признание за нејзиниот исклучителен придонес во високото образование, архитектурата, урбанизмот и развојот на академската заедница. Свеченоста се одржа во „Мала станица“ во присуство на универзитетското раководство, професори, студенти, соработници, претставници на институции и гости од академската и ...
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) изјави дека и покрај падот на цените на енергијата и стоките по договорот меѓу САД и Иран за прекин на непријателствата и повторно отворање на Ормутскиот теснец, ќе биде потребно време за нормализирање на цените и трговските текови во Заливот, објави Ројтерс. Портпаролката на ММФ, Џули Козак, на прес-конференција изјави дека ММФ ќе одлучи во следното ажурирање на својот Светски економски преглед на 8 јули ...
Извршниот директор на Volkswagen, Оливер Блуме има за цел да намали до 100.000 работни места и да го прекине производството во четири германски фабрики, што би било најголемата реконструкција во 89-годишната историја на компанијата, објави „Менаџер магазин“. Планот, исто така, предвидува намалување на планираните инвестиции од страна на производителот на автомобили за околу 15% на нешто над 130 милијарди евра (148 милијарди долари) во ...
Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 26 јуни 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 175,72 евра/mwh, додека на MEMO цената е 117,96 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9.00 – 15.00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 71,77 евра за мегават час, а на MEMO 117,76 евра. Цена на Storage MAX, индекс кој ја покажува ...
Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ (Volkswagen) разгледува план за дополнително намалување на бројот на вработени за десетици илјади лица и можно затворање на дел од фабриките, во обид компанијата да стане поконкурентна на глобалниот пазар, објави магазинот „Менаџер“ (Manager Magazin). Според информациите на германскиот магазин, планот на извршниот директор Оливер Блуме предвидува бројот на отпуштања да биде зголемен до 100.000 ...
Во 2026 година, глобалните синџири на снабдување се соочуваат со големи промени поради зголемените геополитички тензии. Трговските спорови, регионалните конфликти, променливите сојузи, санкциите и промените во економската политика влијаат на тоа како стоките се движат преку границите. Бизнисите што некогаш зависеа од високо глобализирани мрежи сега ги преиспитуваат своите стратегии за намалување на ризикот и подобрување на отпорноста. ...
Технолошкиот гигант „Samsung“ планира програма за откуп на акции во вредност од околу 90 трилиони вони (58,61 милијарди долари) откако се согласи да им даде бонуси за акции на своите вработени за време на неодамнешните преговори за плати. Веста ги зголеми акциите на компанијата за повеќе од 6 проценти. Производителот на мемориски чипови може наскоро да објави детали за планот, соопшти агенцијата, повикувајќи се на неименувани извори од ...
Море пред вас, вкусна храна на маса и денови исполнети со уживање! Хотел “Акроталасија“ – Лептокарија -339 евра по лице -Појадок и вечера -Хотел на плажа -Одлична услуга и пријатна атмосфера Спакувајте ги куферите, за останатото се грижиме ние! Резервации и информации: 15 585 https://jk.mk/last-minute/hotel-akrothalassia Море пред вас, вкусна храна на маса и денови исполнети со уживање! Хотел “Акроталасија“ – Лептокарија -339 евра по ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју на Македонската радио телевизија по повод две години мандат вели дека во моментот има историска градба паралелно на 6 автопатишта во Македонија. – Јас сум среќен што можам да кажам дека ние финансиски го затворивме Кичево-Охрид конечно, благодарение на еден синдикат креиран од домашните банки, откако не оставија на цедило, би рекол условно, кинеските заемодаватели. Финансиски за оваа ...
Собранието на акционери на Славеј АД Скопје донесе одлука за исплата на дивиденда, информираа од таму преку Македонската берза. За таа цел се наменти 1.500.000 денари бруто. Висината на дивидендата по акција е 73,22 денари бруто. Последен ден на тргување на акции со право на дивиденда е 09.09.2026 година. Собранието на акционери на Славеј АД Скопје донесе одлука за исплата на дивиденда, информираа од таму преку Македонската берза. За таа цел ...
Извршниот директор и член на Управниот одбор на Гранит АД Скопје, Зоран Милковски, купи нови акции на компанијата, информираа од таму преку Македонската берза. Тој купил 960 акции и сега поседува 10,32% од вкупниот број на акции на Гранит. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Која е компанијата “Гранит“, која ќе го гради автопатот Скопје-Блаце Гранит ги објави платите на надворешните членови на менаџментот Страшо Милковски купи нови акции на Гранит Извршниот ...
Од Раде Кончар-Апаратна техника АД Скопје преку Македонската берза информираа за промени во Одборот на директори (ОД). За членови на ОД се реизбрани Ѓорѓи Доновски, Татјана Лазаревски, Билјана Митервска и Мартин Кочмановски (независен член). Член повеќе не е Корина Киријас Џалева, а за нов е избран Александар Теодоров. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Раде Кончар-ТЕП сака целосно да ја преземе Раде Кончар – Апаратна техника Кои се најголемите акционери во Раде ...
„Он холдинг“ (On Holding AG) развива производи за фудбал, бидејќи швајцарскиот бренд сака да се прошири надвор од своите корени во трчањето и да го задржи брзиот раст. Брендот е „апсолутно“ заинтересиран да влезе во фудбалскиот сектор и верува дека неговата роботизирана технологија за изработка на обувки „Лајтспреј“ (LightSpray) ќе му даде предност, изјави коосновачот Оливие Бернар во интервју во седиштето на компанијата во Цирих. ...
„Сони пикчрс ентертејнмент“ (Sony Pictures Entertainment) вложува 100 милиони долари во „Косм“ (Cosm), оператор на сали со големи екрани на кои се прикажуваат филмови и спортски настани. Рави Ахуја, главниот извршен директор на „Сони пикчрс“, во рамки на овој договор ќе му се приклучи на Управниот одбор на „Косм“, се наведува во соопштението објавено во средата. Основан во 2020 година, „Косм“ нуди храна и распоред на седење со високи маси и ...
Управата за јавни приходи ги известува сите граѓани дека крајниот рок за уплата на данокот утврден со Годишната даночна пријава за 2025 година е 30 јуни 2026 година. УЈП информира дека секој граѓанин чија пријава покажува износ за доплата должен е да ја изврши уплатата навреме, со цел да избегне дополнителни трошоци и камати. За граѓаните на кои им е донесено или ќе им биде донесено решение со корегиран износ, рокот за уплата изнесува 15 ...