Од Жито лукс АД Скопје, преку Македонската берза информираа дека со Решение од Централниот регистар се направени промени во Управниот одбор (УО) на Друштвото. Методи Пишев, кој беше одговорен за за набавки и логистика е отповикува од позицијата член на УО, а Василики Вацхлиоти е назначен за нов член на УО. Во УО на Жито лукс се и Николаос Воудоурис, кој е претседател на УО, генерален директор на Друштвото и извршен директор на ELBISCO SA, ...

Податоците од Извештајот од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека во периодот од јануари до март годинава освен станови, помалку се продале и куќи, земјоделско земјиште и деловни простори. За овој период бројот на продадени куќи во Македонија е намален за 23%. Пад од 8% има и кај продажбата на земјоделско земјиште и шуми, а кај деловните простори, падот изнесува 11%. Во скопската општина ...

Од ПроКредит Банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Народната банка издала решение за претходна согласност за именување на Маида Захировиќ Салом за независен член на Надзорниот одбор (НО) на Банката. Таа ќе има мандат од четири години. Од таму информираат и дека воедно е извршено и бришење од Централниот регистар на независниот член на НО, Каспар Линус Бауман, поради истек на мандат. Во НО се и Јованка Јолеска Поповска, ...

Поради недостиг од работници во Хрватска се бараат сезонски работници, а во еден оглас за помошен готвач се нуди плата од 2.000 до 3.000 евра. Директорот на Здружението на претприемачи во хотелиерството на Хрватска, Бернард Зензеровиќ, уште на почетокот на февруари, пред избувнувањето на конфликтот на Блискиот Исток, процени дека оваа година ќе бидат потребни околу 65.000 сезонски работници. Од нив, околу 15.000 би биле домашни работници, а ...

Технолошкиот гигант „Мета“ го изгуби случајот против италијанскиот регулатор со кој се бара компанијата да им плаќа на издавачите надомест за користење извадоци од статии во весници, откако Судот на правдата на Европската Унија застана на страната на италијанскиот телекомуникациски регулатор AGCOM. Пресудата е дел од поширок конфликт меѓу медиумските издавачи и технолошките компании околу авторските права и користењето на новинарска содржина ...

М-таговите за наплата на патарините отсега ќе бидат достапни и преку двата најголеми мобилни оператори во земјава – А1 Македонија и Македонски телеком. Ќе може да се купат на 24 рати за месечен износ од 49 денари, а наплатата на патарините ќе се врши преку банкарската сметка на корисникот или преку сметката за мобилни услуги. Со регистрација на веб страницата на мобилниот оператор, корисникот ќе може да одбере дали М-тагот да биде врзан со ...

Во март се регистрирани 73.921 туристи кои оствариле 134.233 ноќевања, објави Државниот завод за статистика. Според овие податоци од вкупниот број туристи, 19,7 % се домашни, а 80,3 % се странски туристи. Учеството во бројот на ноќевањата на домашните туристи е 26,5% а на странските 73,5% . Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5,2 %, односно кај ...

Во Скопје денеска официјално започна Самитот Macedonia2025, кој и оваа година собра претставници од бизнис-секторот, институциите, финансиската индустрија и технолошките компании од земјава и странство. Настанот беше отворен со обраќања на претседателот на Управниот одбор Виктор Мизо и ко-основачот Мајк Зафировски, кои порачаа дека Северна Македонија има потенцијал да се позиционира како регионален центар за инвестиции, иновации и современо ...

„Ибеј“ (eBay Inc.) ја отфрли понудата за преземање вредна 56 милијарди долари од извршниот директор на „Гејмстоп“ (GameStop Corp.) Рајан Коен, оценувајќи ја како „ниту кредибилна, ниту привлечна“, се наведува во писмото од претседателот Пол Преслер во вторникот. Од „Гејмстоп“ не одговориле веднаш на барањето за коментар. Отфрлањето на понудата потенцијално отвора можност за борба преку полномошници за замена на одборот на „Ибеј“ со состав ...

Сместен во едно од најисториските крајбрежни одморалишта во Грција, Porto Carras Grand Resort претставува обновена визија за безвременско медитеранско гостопримство, втемелено во традицијата, виното, гастрономијата и природата. Со повторното отворање за летната сезона 2026, Porto Carras Grand Resort влегува во ново поглавје од приказната на едно од најиконските туристички одморалишта во Грција. Сместен на огромен приватен имот во Ситонија, ...

За Македонија е важно внимателно да ги следиме очекувањата и движењата и да не преземаме брзи мерки. Инфраструктурни проекти и економски реформи се она што треба да го направи Владата за заштита на стандардот на македонските граѓани, смета извршната директорка на „Македонија 2025“ Никица Мојсоска-Блажевска. По отварањето на Самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“ одговарајќи на новинарски прашања таа посочи дека на економски план ...

Да се зголеми размената од 207 милиони на една милијарда евра, да се отворат коридори за сите земји што немаат море, да се укинат царинските бариери, а Драч да стане алтернатива за солунското пристаниште, порачаа стопанствениците од Македонија и Албанија на денешниот бизнис форум „Преку границите“, што се одржува во Скопје. Тие укажаа на потребата од подобра поврзаност, добра инфраструктура и заеднички настап на трети пазари. – Економската ...

Mikel Coffee Company, со мрежа на продавници во Грција и во странство и водечка позиција на пазарот за кафе, има потреба од ентузијастични и одговорни лица за приклучување кон својот тим за следните работни позиции: Бариста / Касиер и Менаџер на продавница за својата нова продавница во Битола, Македонија. Профил на идеален кандидат: -Пријатна личност -Организираност, лесна комуникација и тимски дух -Одговорност и доследност -Претходно ...

Мразовите во Полска, Украина, Молдавија и Белорусија можат да ги намалат жетвите на јаболка за 30% или дури 50%. Тони Дерваел од Bel’Export забележува дека во континенталните клими, ниските температури предизвикале значителна штета на плантажите, додека во морските клими, ветерот предизвикал само дехидрација на дрвјата. Полска е најголемиот производител на јаболка во Европската Унија со 4-5 милиони тони под нормални услови. Заедно со ...

Во период кога земјоделството сè повеќе се поврзува со технологијата, податоците и иновациите, Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје продолжува да се позиционира како едно од клучните места каде македонското земјоделство ја гради својата дигитална иднина. Токму во таква атмосфера на современи пристапи, практично знаење и визија за развој на секторот, Факултетот беше домаќин на значајна работна посета на претставници од Агенцијата ...

Подготви се за ден полн со изненадувања, забава и одлични понуди! Наградна игра за купувачи Среќно тркало – врти и освој награди на лице место Специјални попусти – само за овој ден! Секој што ќе направи купување над 3.000 денари, добива можност да учествува во наградната игра! Еден ден. Многу причини да бидеш тука. Се гледаме во Синпекс Битола (Воден 17) 16 Мај (сабота) Подготви се за ден полн со изненадувања, забава и одлични понуди! ...

Кина сè поагресивно се позиционира како глобален лидер во индустријата за хуманоидни роботи и напредна автоматизација, а аналитичарите оценуваат дека токму роботиката ќе биде следниот голем двигател на нејзиниот извоз и производствен раст. Според нов извештај на Morgan Stanley, хуманоидните роботи би можеле да ја имаат истата улога што електричните возила ја имаа за Кина во изминатата деценија – трансформирајќи ја земјата во доминантен ...

Работна група на Обединетите нации (ОН) предупреди дека светот се соочува со криза од масовно гладување доколку Ормускиот теснец наскоро не се отвори за сообраќај. Според нивните проценки, околу 45 милиони луѓе би можеле да гладуваат поради недостаток на ѓубрива чии патишта во моментов се блокирани. Мореира да Силва, извршен директор на Канцеларијата на ОН за проектни услуги (UNOPS), истакна дека една третина од светските залихи на ѓубрива, ...

„Баер АГ“ објави подобар од очекуваниот профит во првиот квартал, поттикнат од робусните перформанси во својата единица за наука за земјоделски култури. Приспособената заработка за првиот квартал се зголеми на 4,45 милијарди евра (5,2 милијарди долари) пред камати, даноци, амортизација и депрецијација, соопшти „Баер“ во вторникот. Тоа ја надмина консензуалната прогноза од 3,9 милијарди евра во анкетата на „Блумберг“ меѓу аналитичарите. ...

„ЏП Морган Чејс“ забележа рекордно зголемување на билансите во рамките на нивниот бизнис со главни брокерски услуги, бидејќи клиентите се обидуваат да ја искористат нестабилноста во последните недели. Клиентите на банката се генерално оптимисти и oслободија некои хеџинзи што ги поставија во раните недели од војната во Иран, додека го насочуваат својот фокус кон приходите на американските корпорации, рекоа Клаудија Џури и Скот Хамилтон, ...

Пекабеско АД Скопје во првите три месеци од годинава остварил нето добивка од 55.646.098 денари, која е помала од остварената во истиот период лани, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Лани Друштвото имало нето добивка од 63.919.719 денари. Остварените вкупни приходи изнесуваат 1.325 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2025 година бележат зголемување од 1%. -Во структурата на вкупните приходи најголемо ...

Од Гранит АД Скопје преку Македонската берза информираа дека нови членови на менаџментот купиле акции на компанијата. Катерина Ѓердовска, член на Управниот одбор купила 250 акции. Сега поседува 0,22% од вкупниот број на акции. Виолета Божиноска, член на Надзорниот одбор купила 250 акции. Сега поседува 1,58% од вкупниот број на акции. Како што веќе пишуваше еМагазин, повеќе членови на менаџментот на Друштвото изминатиов период купуваат акции ...

Една од вестите на денот во Македонија во понеделникот беше за рекордниот пораст на патници од двата домашни аеродроми во Скопје и Охрид за 32,4 отсто во првите четири месеци од 2026. Аеродромите опслужиле вкупно 1,2 милиони патници на вкупно 8.123 летови, а бројот на летовите е пораснат за 10,7 отсто. Од „ТАВ Македонија“ којашто управува со македонските аеродроми велат дека покрај веќе отворените пет нови линии годинава, во следниот период ...

Британската економија може да претрпи значителен удар, со потенцијално исчезнување на околу 163.000 работни места оваа година. Ова се случува како последица на економските импликации предизвикани од конфликтот на Блискиот Исток, според неодамнешната прогноза објавена од економскиот аналитички центар „ИТЕМ клуб“. Аналитичарите од институтот потенцираат дека областите во Велика Британија со пониски приходи, како што се Јужен Велс и Хамберсајд, ...

Денес „mobile first“ не е само тренд, туку начин поевтино, полесно и побрзо да управуваш со своите финансии. Никогаш не е доцна да научиш нешто ново, особено кога дигиталното банкарство значајно ти го олеснува секојдневието и ти овозможува банката да ја имаш секогаш со себе, директно преку мобилен телефон. НЛБ е првата банка на пазарот чија дигитална платформа за физички лица овозможува банкарство „од почеток до крај“ и во која сите ...

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески ќе престојува во работна посета на Будва (Црна Гора) каде што ќе учествува на Конференцијата „Лансирање на Индексот на политики за мали и средни претпријатија 2026 за Западен Балкан и Турција“. Во рамки на Конференцијата, која е во организација на Организацијата за економска соработка и развој (OECD), министрите одговорни за развој на бизнисот, конкурентност и економски прашања на ...

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата ADP, ги завршија првите 4 месеци од 2026 година, со силен, рекорден пораст на бројот на патници од 32,4%, опслужувајќи вкупно 1,2 милиони патници (1.202.828). Во истиот период, јануари-април, двата македонски аеродрома опслужија вкупно 8.123 летови, што е годишно зголемување од 10,7%. „ТАВ ...

Енергетската криза беше јасен сигнал дека енергетската безбедност и транзицијата мора да одат паралелно. Македонија суштински го редефинираше пристапот кон енергетиката – од пасивно следење на пазарот, кон активно планирање, инвестиции и развој, изјави министерката за енергетика и рударство Сања Божиновска на Belgrade Energy Forum 2026,што се одржува во Белград (Србија). Таа нагласи дека со новиот Закон за енергетика, усвоен во 2025 година, ...

Социо-економските студии изработени од Економскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје по повод 20 годишнината на ЕВН на македонскиот пазар ја потврдуваат значајната улога на компанијата во развојот на македонската економија и енергетскиот сектор. Според анализите, целокупната остварена добивка во изминатите 20 години останала во земјата и е реинвестирана во ...

Генералниот директор на „Даути Комерц“, Џемаил Даути денеска оствари средба со ирачки бизнисмен, сопственик на компаниите „Гермале“ и „Старт Гроу“, кои се меѓу позначајните компании за продажба и дистрибуција на прехранбени производи на пазарите во Ирак и Шведска. Посетата на ирачкиот бизнисмен е резултат на неговиот интерес за производите, капацитетите и можностите што ги нуди компанијата, како и за потенцијалот за воспоставување ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
0.36
50%
1017
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.68
73%
1015
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.97
73%
1016
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.41
57%
1017
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.86
58%
1015
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.41
94%
1018
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
2.24
38%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
0.62
33%
1016
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.1
47%
1017
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
4.47
63%
1014
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
1.34
45%
1016
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
3.59
57%
1015
Currency

61.645

Currency

53.9983

Currency

72.4174

Currency

37.5504

Currency

38.1008

Currency

66.7433

Currency

7.96794

Currency

0.70105

Currency

0.33399

Currency

0.52508

Currency

1.14928

Currency

0.56524

Алуминиум

3.15

Сребро

1924.70

Платина

52244.96

Бакар

12.63

Кобалт

56.29

Рутениум

49029.89

Родиум

262028.58

Паладиум

40509.94

Злато

132441.79

Калај

52.82

Цинк

0.00

Иридиум

245953.21