Компаниите електронски преку една платформа ќе ги добиваат сите дозволи и одобренија за увоз, извоз и транзит на стоки, како и плаќањата поврзани со тие постапки, од 15 државни институции. Станува збор за проект кој треба целосно да го замени сегашниот систем и да ги дигитализира процедурите за овие одобренија и плаќањето, до крајот на 2027 година. За проектот е завршена тендерската постапка и потпишувањето на договорот со избраниот ...

Националниот едношалтерски систем (НЕС) претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која компаниите ќе може побргу и поефикасно да ги спроведуваат законските постапки поврзани со надворешната трговија – истакна денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар ...