
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



На 09.08.2024 година во 23,12 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод – Кичево се случила сообраќајне несреќа помеѓу патничко возило марка „БМВ“ со странски регистарски ознаки, управувано од М.К.(23) од Кичево со патничко возило „Ауди“ управувано од Ѓ.И.(40) од Кичево, како и со четири паркирани возила: „БМВ“, „Ауди“, „Фолксваген шаран“ и „Опел“. Во незгодата починал М.К., а смртта е констатирана во Градска ...
Маратонецот Дарио Ивановски денес ќе ја претставува Македонија на Олимписките игри трчајќи го маратонот на 42 километри. Ивановски во Париз ќе се обиде да го подобри неговото најдобро време од 2:08:26, остварено оваа сезона, што е и национален рекорд во маратон. Овој рекорд тој го постави во Севиља во Шпанија во февруари оваа година. Олимпискиот рекорд во маратон го држи Самуел Камау Ванџиру од Кенија и изнесува 2:06:32 поставен на игрите во ...
Во спомен на загинатите бранители во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила, делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводена од началникот, генерал потполковник, Васко Ѓурчиновски и државниот секретар, Елизабета Чуповска Ристова, денеска положија венци со свежо цвеќе пред спомен-обележјата на загинатите бранители во село Волково, село Љубанци и пред спомен-плоча во касарната „Илинден“. Како што информираат од ...
На повеќе локации во Скопје денеска ќе бидат одбележани 23 години од загинувањето на осуммината припадници на резервниот состав на Армијата, кај месноста Љуботенски Бачила. Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводени од началникот на Генералштабот, генерал-потпол ковник Васко Ѓурчиновски ќе положат венци со цвеќе на спомен обележје на паднатиот бранител Томислав Настевски во Општина Ѓорче Петров, а потоа и на ...
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва прогласи тридневна жалост поради авионската несреќа кај Сао Паоло, во која загинаа 61 лице. – Од моментот на објавување на оваа уредба, официјално прогласувам тридневна жалост низ целата земја за жртвите во авионската несреќа – се вели во соопштението на Лула да Силва објавено на мрежата Х. Патнички авион со 61 патник и членови на екипажот се урна вчера во местото Вињедо, во близина на Сао ...
ОВЕН Денеска веројатно ќе почувствувате дека сè се случува полесно, особено ако сте меѓу луѓе чии ставови се слични на вашите. Ако вие и вашиот партнер не се согласувате за некое прашање, сега е време да најдете заеднички јазик. БИК Денеска критиките на сметка на вашите најблиски може да имаат прилично негативни последици, затоа обидете се да бидете поразбирливи и да го слушате туѓото мислење. Не преземајте ништо ново и внимавајте на домашните ...
Во Македонија денес ќе предовладува сончево и топло време, во источните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Вредноста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе биде 8 Утринските температури се движат во опсегот од 11 до 21, додека соодветно највисоките во текот на денот на денот ќе достигнат од 27 до 38 Целзиусови степени. Во Скопје денеска ќе биде претежно сончево и топло ...
Во јавноста веќе подолго време кружат гласини за свршувачката на Лејди Гага и нејзиното момче, бизнисменот Мајкл Полански. Сега папараците „ја уловија“ и со голем прстен на левата рака, па нејзините обожаватели сега се уште поуверени дека свршувачката се случила. Во Париз, кога Лејди Гага го запозна францускиот премиер Габриел Атал за време на настан од Олимписките игри, го претстави нејзиниот партнер како свој свршеник и сѐ било снимено на ...
Концертите на Тејлор Свифт во Лондон ќе се одржат и покрај нивното откажување во Виена. Ова го соопшти лондонската полиција. Терористичка закана лиши повеќе од 190 илјади обожаватели од можноста да ја гледаат ѕвездата во живо во Виена. Тејлор Свифт требаше да изведе три концерти во главниот град на Австрија. Тој планирал да активира експлозив во толпата надвор од стадионот, а потоа ритуално да се убие. Во Лондон се закажани пет концерти – од ...
Министерството за надворешни работи на Косово соопшти дека Советот на Основниот кривичен суд во Скопје одлучил да не го екстрадира косовскиот државјанин Блерим Рамадани, кој минатиот месец беше уапсен на косовско-македонската граница врз основа на потерница од Интерпол издадена на барање од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното соопштение на Министерството се вели дека поранешниот припадник на Ослободителната војска на ...
Оштетена е спомен плочата на загинатите бранители кај месноста „Карпалак“, информираат вечерва од Министерството за одбрана, осудувајќи го ваквиот чекор. - Настанот е регистриран од страна на надлежните служби на Министерството, уште во утринските часови. Веднаш е пријавено во Министерството за внатрешни работи, за преземање соодветни мерки за идентификување на сторителите на овој немил чин. По соодветните дипломатски линии, случајот е ...
Грција ги чисти плажите од нелегални конструкции, пренесе Макфакс. Во борбата за уредување на плажите, грчките власти презедоа радикални мерки. Од видеото кое го објави Макфакс може да се забележи дека во туристичкото место Неа Флогита на Халкидик, багери се ангажирани за отстранување на сите лежалки и чадори кои биле оставени преку ноќ. Сопствениците на опремата бурно реагираа на оваа одлука, но властите останаа цврсти во својата намера да го ...
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска го посетија делот од скопскиот аеродром каде што се лоцирани противпожарните авиони „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, соопшти ЦУК. „Притоа, се сретнаа со цолокупниот присутен персонал и пилоти на ДЗС и им искажаа признание за храброста и пожртвуваноста за нивната постојана активност за справување со ...
МВР соопшти дека вчера, во 07 часот, во штипското село Селце, полициски службеници ги лишиле од слобода И.А.(43) и Е.А.(19), двајцата од Селце. Во акцијата биле вклучени и дронови, за кои пред неколку дена директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев најaви дека ќе вршат мониторирање на шумските појаси на територијата на целата држава. И.А. и Е.А. биле затекнати при незаконска сеча на дрва за огрев во шумски предел кој до неодамна ...
Следните денови времето ќе биде сончево и многу топло, особено во почетокот на идната недела, кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури, соопшти УХМР. Во вторник се очекува температурата да достигне 40 степени. Според УХМР, за време на викендот ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Утре ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и максимална температура од 38 ...
Во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 46 пожари на отворен простор, од кои во моментов 2 се активни, 7 се под контрола и 37 се изгаснати, соопшти ЦУК. АКТИВНИ ПОЖАРИ: 2 1. Општина Макдонски Брод: с.Тажево – с.Брезница – Јасен (борова шума); 2. Општина Студеничани: м.в.Дрешница – с.Батинци (мешана шума); ПОД КОНТРОЛА: 7 1. Општина Македонски Брод: с.Слатина (нискостеблеста вегетација); 2. Општина Демир Хисар и Општина Охрид: Илинска Планина, ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Македонски Брод до Основното јавно обвинителство Кичево денеска поднела кривична пријава против Д.Т.(57) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, казниво по член 227 став 5 од Кривичниот законик. Како што соопштија од МВР, пријавениот во повеќе наврати, на 15.07.2024, на 30.07.2024, 02.08.2024, на 05.08.2024 и на 07.08.2024 во ...
ОВЕН Денеска ќе доживеете силни емоции кои ве потсетуваат на минати ситуации. Можно е проблемите да влијаат и на вашите финансии, во семејството или во бизнисот. Можно е некои од вас во текот на овој ден да остават нешто во минатото и да одлучат повеќе да не се занимава со одредена личност. БИК Денеска можеби ќе треба да разговарате со партнерот за прашање поврзано со имотот или семејните финансии. Бидете пољубезни кон вашите најблиски и ...
Единаесет лица загинаа, а 24 се повредени кога патнички автобус удрил во мост во областа Полатли, округот на Анкара, јавија турските медиуми. Автобусот удрил во колона под мостот околу 5:00 часот по локално време, во правец кон Ескишехир. На местото на несреќата пристигнаа пожарникари, медицински и спасувачки екипи. Гувернерот на регионот на Анкара, Васип Шахин, рече дека првичните информации укажуваат дека возачот заспал бидејќи нема ...
Без електрична енергија денеска од 11 до 15 часот ќе бидат корисниците од Горно-Долно Соње, Ракотинци, Јаесен, Атинци, Варвара, Говрлево, Брезница, Каменоломи, Јаболци, Дражилово, Црн Врв, Малчиште и Елово во општина Сопиште. Според известување од ЕВН Македонија АД, во периодот од 9 до 15 часот денеска струја ќе немаат и корисниците од Зелениково, Таор, Студеничани, Морани, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, ...
Американскиот рапер Снуп Дог е своевидно „заштитно лице“ на годинашните Олимписки игри во Париз. Според тамошните медиуми, Снуп Дог само дошол како турист, но протекоа информации дека тој „се појавил на Олимпијадата за хонорар од 500.000 долари дневно“, пренесува „Н-1 Сараево“. Извршниот директор на „Ен-би-си“ (NBC) наводно ја открил тајната. Тој раскажал како познатиот музичар заработува околу 500.000 долари на ден само за да биде присутен во ...
Најпознатата американска старлата Ким Кардашијан ги изненади своите фанови на социјалните мрежи со изборот за дестинација за одмор. Иако сме навикнати да гледаме фотографии од познати личности од најлуксузните дестинации, богатата старлета Ким Кардашијан одлучила одморот со другарките да го помина онаму каде што летуваат многу балканци, – плажите во Грција. Ријалити ѕвездата објави серија фотографии од Грција каде одмара со вереницата на ...
Голем број граѓани од Македонија купија карти и заминаа во Виена за да ги следат настапите на Тејлор Свифт. Дел од оние кои заминаа за Виена на концерт за Мета.мк сведочат дека вчера околу стадионот имало многу полиција, но не знаеле што се случува. „На стадионот имаше премногу луѓе уште 24 часа пред концертот, имаше полиција, но не помисливме дека се случува нешто сериозно. Ние отидовме до таму за да купиме маички кои се произведени за ...
Пожарот што вчера избувна во централниот дел на грчкиот остров Крит во општина Ретимно, поради силниот ветер се разгоре и сè уште не е ставен под контрола, евакуирани беа неколку населени места, додека противпожарните сили дополнително се зајакнуваат со пожарникари од Атина, а заедно со нив на островот заминува и надлежниот министер за климатска криза и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас, јави дописничката на МИА од Атина. Од бројот 112 ...
Во тетовското село Мала Речица денеска во 7.30 часот полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода А.С.(44) од тетовско Долно Палчиште. При преглед во патничкото возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, соопштија денеска од МВР, било констатирано дека без соодветна документација превезува 204 штеки цигари од различни брендови, 24 кутии со ...
Во драматична комбинирана акција од воздух и од земја, денеска е спасена 68-годишна туристка од Чешка, со тешка скршеница на ногата на Галичица, на околу 2 000 метри надморска височина. Како што соопшти ЦУК, во акцијата за спасување биле вклучени спасителите од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид и интервентен хеликоптерски превоз на МВР. -Спасителната акција се одвивала буквално во временски меѓупростор на транспорт на ...
Уапсениот 19-годишник, чии родители се по потекло од Македонија, дал отказ на работа на 25 јули со зборовите: „Имам големи планови за иднината“. Тој веќе бил радикализиран, рекоа на прес-конференција во Виена и открија дека терористите имале конкретен план за нападот и дека нападот требало да се случи или вечерва или утре. „Деветнаесетгодишникот сакаше да предизвика крвопролевање пред стадионот со ножеви, мачети и автомобил и на крајот да се ...
Угинаа жирафите, тигрицата, пингвин, расните коњи, а последно и слоницата Дуња. Што се случува со скопската Зоолошка градина? Граѓаните гневни на случувањата, својот револт го искажаа на социјалните мрежи. Дел бараат да се затвори Зоолошката градина, други велат дека и угинувањењто на животните е нормален и неминовен процес. Еве дел од реакциите на платформата X: Да не се лажеме дека само Данела е крива за се ова што се случува со зоолошка ...
Македонската теквондистка Милјана Рељиќ приреди голема сензација на дебито на ЛОИ и ја исфрли двократната олимписка шампионка. Девојката која е родена 2003 година во категоријата до 57 килограми се судри со една од најдобрите во овој спорт, Џејд Џонс од Велика Британија и успеа да забележи победа со 2-1 во рунди за пласман во следната рунда! Во првата рунда, Џонс тргна агресивно и поведе со 2-0, но Милјана се спротистави храбро, направи ...
Повторно вчера во Македонија се регистирани 40 пожари, од кои 25 се изгаснати, девет се активни, додека шест се под контроа соопшти ЦУК. Околу 20 дена е активен пожарот што избувна на територија на Македонски Брод кај селата Тажево и Брезница, а за жал од вчера пожарот е навлезен и во Јасен. Утрово пристигна информација за пожар на Галичица од страната на Преспа, гори меѓу Коњско и Стење на границата со Албанија. На Илинска планина, на ...