Пожарот во Мариово никако да стивне. Огнената линија сега е проширена на преку 25 километри изјави началникот на прилепскиот кризен штаб Ирена Стерјоска Локвенец. Таа посочи дека сега најголемата грижа е пламенот да не ги зафатени селата и другите објекти и од таа причина на терен се повеќе од 150 лица. „Со огнот се опфатени околу 8000 хектари.Критично е кај селото Крушевица, загрозено е од два фронта.Таму имаме лоцирано доста екипи, таму се и ...

42-годишен скопјанец е тешко повреден откако во неговиот велосипед удрил „опел“. - На 04.09.2024 во 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„1033“ и бул.„Партизански одреди“ во Скопје, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ч.(56), удрило во велосипед управуван од Љ.А.(42), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.А., констатирани во Градската општа ...

Овен Овни, на работа се појавуваат нови можности за напредување. Важно е да останете фокусирани и да не дозволите малите нешта да ве извлечат од колосек. Денеска ќе бидете во центарот на вниманието, а вашата харизма ќе привлече многу погледи. Ќе уживате во флертувањето, но внимавајте да не испраќате погрешни сигнали. Се чувствувате енергично, но не заборавајте на потребата за одмор и релаксација. Бик Бикови, денеска има стабилност на работното ...

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон се чувствува многу „посилна и поздрава“ поради лекувањето на ракот, откриваат упатени лица од кралската палата, пренесуваат локални медиуми. Извор за „Life&Style“ тврди дека Кејт Мидлтон е многу „возбудена“ што и самата ќе се врати на работа. „Таа се чувствува многу посилна и поздрава“, изјавил изворот за „Life&Style“, додавајќи дека сега ќе може уште повеќе да се посвети на својата работа, со оглед на ...

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, на ден 05.09.2024 година без електрична енергија ќе останат следните корисници: Во период од 09:00 до 10:00 часот ул. „Мишко Михајловски“ во Кисела Вода; Од 09:00 до 13:00 чasoт дел од ул. „Копачка“, општина Карпош; Од 08:00 до 11:00 часот дел од ул. „Крсто Арсенов“, дел од ул. „Добри Даскалов“ и дел од ул.„ Емин Дураку“ во општина Чаир и Од 08:00 до 15:00 чasoт дел ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вечерва, до 19:00 часот, има вкупно 26 пожари на отворен простор, од кои 18 се изгаснати, а активни се осум. Во скопскиот регион има два активни пожара, во општина Петровец, кај селата Градманци, Брезница и Катланово, каде гори нискостеблеста шума и во Општина Чучер-Сандево, кај селото Танушевци, во месноста викана „Рамно“, каде гори мешана шума. Активни пожари има и во Општина Прилеп, кај ...

Нема да дозволиме да страдаат здравствените услуги на граѓаните и најдоцна за 10-тина дена ќе го објавиме планот за санација на должничката криза во јавните здравствени установи. Можам да им гарантирам на граѓаните дека во критичните подрачја – квалитет на здравствени услуги и достапност на лекови нема да има проблеми, порача в.д. директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски и додаде дека очекува новата позитивна листа ...

38-годишник е тешко повреден откако со возило излетал од пат кај Кадрифаково по полноќ. - Денеска (04.09.2024) во 00.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Кадрифаково, на клучката Штип - Велес кон село Кадрифаково, патничко возило „даеву ланос“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.М.(38) од Штип излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во ...

Овен Овни, денеска е поволен ден за решавање на проблемите кои ги одложувавте. Фокусирајте се на деталите. Се чувствувате енергично и подготвени за нови љубовни предизвици. Доколку сте во врска, изненадете ја саканата личност со нешто посебно. Можни се благи проблеми со главоболка. Обидете се да се опуштите и да избегнувате стресни ситуации. Бик Бикови, добро размислете пред да донесете важни одлуки на работа. Не брзајте, трпението ќе се ...

Тешка сообраќајна несреќа синоќа околу 22 часот се случи во Кисела Вода, во близина на општината. Од МВР информираат дека било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Трајковски“ и ул.„Петар Делјан“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(61) од Скопје и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(50) од с.Батинци, скопско. -Во ...

Легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ, почина денеска, 4 септември, на 72-годишна возраст. Бора почина во болница во Љубљана, каде што беше примен поради сериозни проблеми со белите дробови. Официјалната веб-страница на групата „Рибља чорба“ ја објави веста за неговата смрт. „Почитувани пријатели, со голема тага ве известуваме дека нашиот пријател и брат, Борисав Бора Ѓорѓевиќ не напушти. Почивај во мир драг наш ...

Целосно е изгаснат пожарот што избувна доцна попладнето во Расадникот на бул. „Борис Трајковски“ во општина Кисела Вода, нема повредени лица, а е причинета материјална штета. Нормализирано е и снабдувањето со електрична енергија што беше во прекин во дел од општината. Звонко Томевски, командир на Скопската противпожарна единица, за МИА изјави дека во гаснењето на пожарот што бил пријавен во 16:06 часот учествувале осум противпожарни возила и ...

Собранието со 21 гласа „за“ и 72 „против“, без ниту еден воздржан, вечерва, не ја прифати интерпелацијата за претседателот на законодавниот дом Африм Гаши. Против интерпелацијата гласаа пратениците од парламентарното мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата Вреди и Движење ЗНАМ - за наша Македонија. Поддршка дадоа иницијаторите Левица и СДСМ. Во рамки на дебатата претседателот на Собранието Гаши, по однос на поднесената интерпелација за неговата ...

Во август годинава на патарините наплатени се 7.804.840 евра што претставува рекордна месечна наплата. Споредено со истиот месец минатата година наплатени се 241.329 евра повеќе, информира директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски, кој денеска го посети Оперативниот центар во Петровец, соопшти прес-службата на ЈПДП. Трајановски бил информиран дека продолжува трендот на зголемување на приходите по основ на ...

Владата ги ограничи маржите за трговците со училишни материјали. 5% на големо и 10% на мало е максимумот до кој трговците може да одат во однос на цената по која го набавиле производот. Одлуката е донесена на денешната седница и како што велат од Владата, стапува на сила веднаш. Премиерот вели дека мерката не е задоцнета бидејќи со стартот на учебната година Владата увидела дека трговците ги покачиле цените. Мицкоски потенцираше дека ...

Град Скопје почна со обнова на зеленилото на десната страна на којот на Вардар. Според соопштението целиот проект ќе се одвива во повеќе фази со цел воспоставување на мултифункционален модерен јавен простор со ново зеленило. „Се започнува со обнова на зелениот појас на кејот на реката Вардар од Мост Генерал Михајло Апостолски до мостот Близнак, на должина од над 1500 метри должина, при што се поставува нова хидрантска мрежа и формира над ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски за утре најави поставување на нов камен темелник на компанија којашто доаѓа од Германија. Тој притоа посочи дек ана ова му претходело двомесечна напорна работа и отстранување на сите недостатоци. Тој информираше дека инвестицијата е отприлика 60 до 65 милиони евра, некаде околу 700 нови вработувања и дека ќе се произведуваат литиумски батерии и додаде: „Со завршувањето на оваа инвестиција ќе биде ...

Тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубија татко и син се случила вчера во 11:30 часот на автопатот Скопје - Куманово, пред наплатна станица Миладиновци. Автомобил „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Б.А.(34) од село Опае, кумановско, удрил во сообраќајни знаци и во запрено товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Р.П.(58) од село Глумово, скопско. „Во ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски апелира до сите граѓани кои имаат возачки дозволи со старото име на државава да пристапат кон обновување на истата. Тој посочи дека старите возачки ќе важат до крајот на оваа година. „Досега се издадени 750 000 возачки дозволи со новото уставно име. Потребно е да се издадат уште околу милион возачки дозволи со новото име.Ги замолувам во наредниот период од неколку месеци сите оние кои имаат ...

Трагична несреќа се случи во Швајцарија откако маж од Македонија се удавил при пливање. Настанот се случил во неделата околу 15 часот откако мажот заедно со уште еден негов пријател решиле да пливаат во познатата река Аре кај Берн. Според медиумите две лица влегле во водата во реонот на ресторанот Фахрибеизли. Од непознати причини едниот од лицата западнал во неволја и завршил беживотно пловејќи по реката Аре, соопштуваат од полицијата. И ...

Овен Овни, денешниот ден носи можност за креативно изразување на работа. Користете ги вашите идеи за да се истакнете. Отворете ѝ се на саканата личност и покажете ја својата чувствителна страна. Вашата искреност ќе ја зајакне врската. Активностите на отворено ќе ви донесат внатрешен мир и ќе го намалат стресот. Бик Бикови, вашата стабилност ќе биде клучна за решавање на деловните предизвици. Останете темелни во вашите пристапи. Искористете го ...

Првите три случаи на инфекција со вирусот Западен Нил годинава се потврдени во Словенија, соопшти Националниот институт за јавно здравје, а сите три случаи на инфекција се потврдени во североисточниот дел на Словенија, во Помурје и Подравље. Вирусот е откриен во 1937 година во северозападна Уганда. Во минатото со него имаше зарази и во Словенија. Така, во 2013 и 2017 година е евидентиран по еден случај, а во 2018 година пет од нив, jaви СТА. ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ во градот Станари во БиХ изјави денеска дека „Србите од Косово и Метохија ќе продолжат да живеат во јужната српска покраина и покрај желбата на привремените институции на премиерот на Приштина Албин Курти и многу други да исчезнат од тие области“, јави дописникот на МИА од Белград. – Србите од Косово и Метохија ќе останат на Косово и Метохија и покрај желбата на Албин Курти и Ненад Чанак и Соња Бисерко и ...

Вкупно 129 вработени во Управата за јавни приходи (УЈП) ќе треба да враќаат пари, зашто од 12 февруари годинава со незаконски склучени договори земале поголема плата. Тие биле административни службеници, но во текот на изборниот процес потпишале договори со кои станале даночни службеници. Одлуката за потпишувањето на договорите била колективна и незаконска, констатирал Државниот инспекторат за труд (ДИТ) кој извршил проверки откако е назначена ...

Основниот суд Тетово неправосилно осуди две лица затоа што во февруари годинава сториле кривично дело мачење животни. Според пресудата тие заради изживување ги изложувале на страдање нивните кучиња раса питбул, едното кафеаво, другото бело на начин што по претходен телефонски разговор се сретнале на стадионот во селото и на импровизиран ринг за борба на кучиња ги пуштиле кучињата да се борат околу два часа, при што кучињата се здобиле со ...

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска на својот инстаграм профил објави дека го испрати својот син во прво одделение. Таа кратко напиша „ Првиот училишен ден“. Истото тоа го направи и сегашниот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски која испрати ќерката во прво одделение. Тој напиша дека со многу радост и емоции ја испраќа на ова нејзино патување. „Првиот училиштен ден е посебен за секое семејство, па така ...

Автобускиот превоз во Скопје од денеска е редуциран. Приватните превозници одлучија да сообраќаат само наутро, од пет часот. Според изјавата на претставник на приватните превозници за „Макфакс“ еден автобус ќе вози само една тура, на една линија. Како што беше најавено денеска редуцирано сообраќаат автобусите со број: 45, 23, 63, 73, 61, 22, 52, 54, 19 и 20. Од таму појаснуваат дека имаат неисплатен долг, кој за трите фирми заедно изнесува над ...

Овен Овни, вашата страст за работа ќе привлече позитивно внимание од претпоставените. Изразете ги своите чувства на неконвенционален начин со цел да ја збогатите врска. Одредена физичка активност ќе ви донесе внатрешен мир. Најдете време за пешачење или за трчање. Бик Вашата стабилност ќе ви помогне да ги надминете предизвиците на работа. Бидете упорни. Однесете го вашиот партнер на релаксирачко патување за да ја зацврстите вашата врска. Посвете ...

Во јули е намален бројот на патници на Скопскиот аеродром. Трендот на намален број патници продолжува четврти месец по ред. Во јули, Скопскиот аеродром имаше 296.861 патник, што е намалување од 5,5 отсто во споредба со истиот месец лани. Како што објави специјализираната веб страна за авиособраќај Ексјуавиејшн ова намалување најмногу се должи на намалувањата на капацитетот и мрежата на Визер, поради проблемите со моторите на авионите од ...

Поранешниот македонски репрезентативец Гоце Седлоски повторно се враќа на клупата на Вардар, дознава ЕКИПА. Одлуката е веќе донесена од страна на новото раководство на клубот, а се очекува само официјалната промоција на Седлоски како нов тренер на црвено-црните кој низ периодот на пауза во првенството, поради репрезентативните активности, ќе треба да го консолидира тимот по лошиот старт на сезоната. 50-годишниот Гоце Седлоски беше спортски ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
7.2
34%
1026
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
2.68
47%
1026
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
0.51
44%
1026
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
38%
1028
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.47
33%
1025
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 24ᴼ
0.89
71%
1026
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
6.17
37%
1023
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
6.17
53%
1022
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
34%
1023
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
2.06
40%
1025
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 26ᴼ
4.63
47%
1026
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
7.72
49%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.5888