Утрово на Богородица, за влез во Грција се чека и до два часа. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – ...

Пожарникари од Кавадарци кои биле вклучени во гаснењето на пожарот во светиниколското село Орел се повредиле откако нивното возило се превртило. Едвај спасиле жива глава од пламените јазици кои голтале се пред себе. „Откако евакуиравме постари луѓе од селото Орел светиниколско, додека го браневме селото од огнот, пожарот ни се доближи толку многу што моравме да го избегнеме. Согледувајќи дека не можеме против природната стихија, моравме да се ...

Овен Овни, бидете тактични во комуникацијата со колегите. Вашата способност за преговарање ќе ви помогне да постигнете компромис во деловните ситуации. Денеска ќе биде важно да бидете отворени и искрени кон партнерот. Слушајте ги неговите потреби и изразете ги своите емоции. Слободните Овни неочекувано ќе се заљубат. Бик Вашата упорност ќе ви помогне да ги надминете деловните предизвици. Бидете фокусирани на вашите цели и работете чекор по чекор ...

ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје информира дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф250 мм. на улица „Тодор Александров“ 33 ќе има прекин во снабдувањето со вода. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 07:30 часот до завршување со работните активности. „Прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците од вилите на Водно, Кабинетот на претседателот на државата, како и улиците „Ацо Караманов“, „Периша Савељиќ“, „Караорман“, ...

Делови од населбите Аеродром, Ново Лисиче, Горно Лисиче, Реонски центар и Острово вечер, од полноќ до 8:00 часот, ќе останат без струја. Според објавата на Општина Аеродром на Фејсбук, прекините се поради планирани технички зафати. Без снабдување со електрична енергија вечер, од 1:30 до 9:00 часот ќе бидат селата Арачиново, Орланци, Мојанци, Брњарци, Трубарево, Стајковци, делови од Јурумлери, населба Гоце Делчев, Сингелиќ, Маџари и ...

Многу намирници се наоѓаат на списокот на непожелна храна. Со години се вели дека се нездрави, но и покрај нивната лоша репутација – многу луѓе сè уште ги консумираат. Меѓутоа, трендовите во здравата исхрана се во пораст, а експертката за исхрана, Светлана Станишиќ открила што е она што никогаш не би го јадела и зошто. „На мојата црна листа се чипсот и помфритот. Затоа што се прават во фритеза во која маслото никогаш не се менува. Значи, еднаш ...

Додека пожарникарите неуморно работеа на гаснење на пожарот во Сутоморе, Црна Гора, а жителите беа загрижени за своите животи и имоти, на Инстаграм се појави видео коешто ја подели јавноста. На само неколку километри од огнот, во подножјето на ридот, луѓето играа оро на шеталиштето, пренесе „Блиц“. Како што можете да видите на видеото, на шеталиштето во Сутоморе играат голем број млади луѓе. Одекнуваат звуци на автомобил и извици, додека во ...

Големиот пожар во познатото албанско летувалиште Шенѓин е ставен под конрола, но по вчерашната апокалипса плажите се празни. Локалните власти упатија апел дека нема повеќе место за паника. – Многу туристи ги фати паника, па поради психички оптоварувања си заминаа. Сосема е нормално кога се гледа пламен. Но, сега нема причина да се плашат, порача Пјерин Ндреу, претседател на округот Лежа, каде територијално припаѓа пристанишниот град Шенѓин. ...

Во периодот од 22 до 28 јули, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрираше 78 нови случаи на ковид од вкупно 263 направени тестови. При секвенционирањето на позитивни примероци на SARS-CoV-2, извршено во одделението за вирусологија при ИЈЗ, откриени се варијантите на Омикрон JN.1 (кај 23 примероци) и XBB (кај 9 примероци). Регистриран е и еден смртен случај, а стотици можеби се заразени без да знаат, бидејќи не се тестирале. И покрај тоа што ...

Полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш вчера го лишија од слобода С.Р. од радовишкото село Али Коч затоа што подметнал пожари во близина на селото. Како што информираат од МВР, вчера во 12:00 во ОВР Радовиш од страна на ТППЕ Радовиш е пријавено дека на две места во близина на село Али Коч настанале пожари, при што горела дабова шума. -По преземени мерки и активности, од страна на полициски службеници од ОВР Радовиш утврдено е дека ...

На 31.07.2024 во 02.10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на улица „Лазар Лазаревски“, на Б.З.(44) од гостиварско Неготино, кој управувал патничко возило „форд“ со гостиварски регистарски ознаки, му се слошило, по што изгубил контрола и со возилото удрил во паркирано возило „нисан“ со гостиварски регистарски ознаки, паркирано од А.С.(62) од Гостивар. Б.З. бил пренесен во Медицински центар во Гостивар, каде што лекар констатирал смрт. За ...

Во понеделникот, Антонио М.(24) почина во Универзитетската клиничка болница во Мостар ако последица на давење на езерото Мандек кај Ливно. Како што велат за Дневни аваз од Канцеларијата за информирање на оваа болница, младиот човек ја загубил битката за животот и покрај големите напори на лекарите на Одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување, каде што беше хоспитализиран од неделата. Двајца млади браќа отишле да се капат по ...

Овен Овни, вашите идеи ќе бидат високо ценети на работа. Искористете ја оваа можност да ги презентирате вашите иновативни предлози и да ги покажете своите способности. Денес ќе почувствувате силна врска со партнерот. Уживајте во длабоки разговори и во интимни моменти што ќе ја зајакнат вашата врска. Физичката активност ќе ви донесе олеснување и ќе ви го подобри целокупното здравје. Бик Бидете трпеливи и дозволете стратегиското размислување да го ...

Рекордни 54 пожари има во земјава, а 19 пожари ќе горат и ноќва, изјави вчеравечер директорот на ЦУК Стојанче Ангелов. Тој дополни дека ризичен е и атарот во кумановско, како и селото Негрево и Пехчево. И во кратовско и неготинско пламените јазици навлегуваат во одредени села. Голем пожар има и на територија на Македонски Брод. Ангелов ги повика сите жители кои живеат во напуштени села да ги напуштат своите домови, ако забележат дека големи ...

Деветгодишно девојче им подлегна на повредите здобиени во напад со нож во градот Саутемптон, Англија. Таа е третата жртва на нападот, кој се случи за време на час по танц во мирниот англиски крајбрежен град во понеделникот околу пладне. Локалната полиција потврди дека деветгодишно девојче е третата жртва на напад со нож во Саутемптон. Според полицијата, девојчињата кои во понеделникот ги загубиле животите биле на шест и седум години. Во ...

На 29.07.2024 во 14.43 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип-Плачковица, во близина на влез во с.Стар Караорман, штипско, патничко возило „фолксваген поло“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.И.(23) од Штип, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот И.Ј.(23) од Штип, а возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил ...

Исплатата на парите од „мој ДДВ“ нема да започне пред да има ребаланс на буџетот, појаснува директорката на УЈП Елена Петрова. Таа вели дека со сегашниот буџет не се предвидени средства за исплата и оти е неопходно да има ребаланс пред да започне исплата на парите за второто тромесечије. „Би сакала да појаснам дека не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. ...

Кривичниот суд на својата веб страница објави дека судењето по повод убиството на Вања и Панче ќе започне на 4 септември. Во соопштението се вели дека расправата требало да започне денес но по предлог на Основното јавно обвинителство таа е одложена. „Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека, главната расправа за предметот со К.бр.1339/24 поврзан со двојното убиство на ...

Почина Сања Крстиќ од Смедерево, млада мајка на две деца на која ѝ беше дијагностициран малигнен тумор на грлото на матката, а пријатели и познаници преку социјалните мрежи се збогуваат со оваа жена-лавица. – Сања, почивај во мир, стои во описот на нејзината фотографија објавена на Фејсбук страницата „Спаси нечиј живот“. Сања долго време се бореше со кобниот тумор на грлото на матката. Таа беше посветена мајка и не сакаше да се откаже. Иако ...

Синоќа изгоре платформата за набљудување на Смоларскиот водопад, а пожарот ја зафати и околната шума на планината Беласица, информираа од Територијалната против - пожарна единица на Струмица. Пожарот избувнал околу 18 часот вчера, а потоа брзо се раширил и ја зафатил блиската шума на исток кон Беласица. „ТППЕ Струмица веднаш испрати две против – пожарни возила и шест пожарникари на местото на пожарот. Успешно беше спречено неговото ширење кон ...

Овен Вашите идеи ќе бидат високо ценети на работа. Искористете ја оваа можност да ги презентирате вашите иновативни предлози и да ги покажете своите способности. Денес ќе почувствувате силна врска со партнерот. Уживајте во длабоки разговори и интимни моменти кои ќе ја зајакнат вашата врска. Физичката активност ќе ви донесе олеснување и ќе ви го подобри целокупното здравје. Бик Бидете трпеливи и дозволете стратешкото размислување да го води ...

Комисијата за финансирање и буџет денеска во Собранието на Република Северна Македонија ја почна амандманската расправа за ребалансот на Буџетот откако во саботата заврши општата расправа која траеше три дена. Од поднесените 58 амандмани денеска претпладне Комисијата не го прифати амандманот поднесен од повеќе пратеници од Социјалдемократскиот сојуз со кој се бараше зголемување на средствата за плати и надоместоци на плати. Амандманот не беше ...

Вчера во 15.55 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Нов булевар Гевгелија“ во Гевгелија, И.К.(76) од Струмица, управувајќи патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во паркиран автобус „волво“ со гевгелиски регистарски ознаки. И.К. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Гевгелија. Увид на местото на несреќата извршиле ...

Во градот Годињак кај Нова Градишка вчера исчезна 12-годишното девојче Амела Јелениќ, соопшти денеска хрватското Министерство за внатрешни работи, повикувајќи ги сите граѓани доколку имаат некаква информација за ова дете, да се обратат до најблиската полициска станица. Таа е родена на 7 октомври 2011 година во Нашице, а нејзиниот престој е во Годињак. Висока е 155 см, има кафени очи, а бројот на стапалото и е 36. Во моментот на исчезнувањето ...

Автобус се запали во скопската населба Бутел 2. Според информациите од терен, чад го зафатил целото возило, стаклата се распукале, а на помош притрчале луѓе кои се обиделе да го изнаснат пожарот пред да пристигне противпожарната бригада. Засега нема информации за повредени лица, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот. Пред две недели кај Транспортниот центар под Железничката станица во Скопје се запали двокатен автобус на ЈСП, а ...

Во текот на вчерашниот ден, доцна попладне, беше реализиран транспорт со хеликоптер на младиот Леонид Индов, кој беше на лекување во Виена, Австрија, а за кого на 10 јули 2024 година од неговиот татко беше упатено барањето до Центарот за управување со кризи, за воздухопловен транспорт. Во хеликоптерот на МВР се става специфична медицинска опрема согласно можностите, а и медицински персонал, за транспорт на болни и повредени. Во координација ...

Овен Денеска бидете внимателни со деталите, особено кога комуницирате со колегите. Фокусирајте се на ефикасноста и на организацијата за успешно завршување на задачите. Ќе почувствувате потреба за длабоки емотивни врски, па покажете ја својата страст и внимание на саканата личност. Изразете ги вашите чувства и покажете ѝ колку се грижите. Бик Вашите аналитички способности ќе бидат истакнати денеска. Користете ги за да ги идентификувате можностите ...

Некои жени се природно доминантни и бестрашни. Овие особини честопати доведуваат до тоа да се истакнат во општеството, без разлика дали се работи за деловниот свет, личните односи или социјалните активности. Да видиме кои се овие знаци и зошто нивната доминација доаѓа до израз: Лав Жените родени во знакот Лав се познати по својата харизма, самодоверба и природна лидерска способност. Лавиците сакаат да бидат во центарот на вниманието и природно ...

Американската ѕвезда Лејди Гага синоќа настапи на отворањето на Олимписките игри, а интересно е што нејзиниот настап беше однапред снимен. Лејди Гага беше една од првите ѕвезди на Олимпијадата во Париз, но изведбата, која беше прикажана на ТВ и екраните на брегот на Сена, беше претходно снимена. Како што јави АП, но и бројни француски медиуми, поради неизвесните временски услови, беше емитуван и претходно снимен перформанс на скалите покрај ...

Познатиот руски астролог Василиса Володина предвидува дека претставиците на четири хороскопски знаци ќе имаат голема среќа на сите полиња во август годинава. Русинката вели дека „судбината ќе има свои миленици, на чија врата ќе се појави торба со подарои – емотивни и материјални“, пренесува „Сенса“. Имено, голема среќа ќе имаат претставниците на следните хороскопски знаци – Овен, Лав, Стрелец и Риби. Василиса Володина тврди дека ги чека период ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
29%
1022
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
1.03
46%
1022
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
1.03
48%
1023
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
52%
1023
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.64
37%
1021
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 20ᴼ
1.03
58%
1023
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
6.71
38%
1018
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
32%
1019
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
4.12
26%
1020
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
3.6
44%
1021
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
1.54
39%
1022
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
9.26
38%
1020
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62