Претседателот Стево Пендаровски денеска во Брисел, во рамки на работната посета на Белгија, оствари средба со премиерот на Кралството Белгија, Александер Де Кро. На средбата беа констатирани пријателството и партнерството меѓу двете држави, а во фокусот на разговорите беа билатералните односи, македонската евроинтеграција, економската соработка, како и политичките и економски текови во Европа. Претседателот Пендаровски го поздрави позитивниот ...

Во рамки на претседавањето на Македонија со САД-Јадранската Повелба на 19 мај 2023г. Министерството за надворешни работи на Македонија во соработка со Амбасадата на САД во Македонија организираше Конференција за Стратешки комуникации со наслов „Медиумска писменост и справување со дезинформации – подготвеност на институциите за заштита од хибридните влијанија“. Конференцијата почнa со воведни обраќања на државниот секретар во министерството за ...

Шефот на германската разузнавачка агенција, Томас Халденванг денеска предупреди за пораст на екстремизмот поттикнат од авторитарни држави како што е Русија, за кои тврди дека сакаат да го поделат германското општество и да ја соборат избраната влада. Во последниве години, германските безбедносни агенции ги спречија плановите на помалите групи поврзани со движењето Граѓаните на Рајхот, обвинети за планирање напади врз клучната инфраструктура, ...

Предупредување: Рецептот може да предизвика вознемиреност кај чесни домаќинки. Потребен е надзор од владини претставници!!! Македонското полит-кулинарство од денес е побогато за уште еден рецепт за торта наречена „ВД ДИРЕКТОР“. За подготовка потребен ви е правник во некоја институција, заштитен од искрената му љубов кон СДСМ-овската ружа. (Важно: Боцките ќе ги отстраните кога ќе ви се раскрварат рацете). Секако, правникот треба да биде ...

По кратко боледување, синоќа почина музичкиот виртуоз и легендарен изведувач на кларинет и саксофон, Ферус Мустафов, од Македонија. Ферус претрпе мозочен удар на 26 април и беше во болницата “8 Септември”. Социјалните мрежи се исполнети со пораки на простување и сочувство од пријателите и семејството на оваа икона на ромската музика. Ферус Мустафов беше роден на 20 декември 1950 година во Штип, во ромско семејство с богата музичка традиција. ...

На армискиот полигон „Криволак“ денеска започнува вежбата „Брз одговор 23“ која што е дел од најголемата мултинационална вежба во Европа оваа година „Defender Europe 23” и ќе трае до 2 јуни. „Брз одговор 23’“ ќе се изведува во осум земји во регионот, меѓу кои Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Косово. Во делот од вежбата што ќе се реализира во Македонија, односно на армискиот полигон ...

Македонците од Горно Крчишта, Општина Пешкoпеја, Албанија, по повод христијанскиот православен празник Вознесение Христово-Спасовден, кој е патрон на селската црква, во сабота го одржат средба, која по иселувањето стана традиција. Со цел да може да присуствуваат поголем број Македонци, иселени од ова село, како и нивни потомци, традиционалниот собир ќе биде во црквата „Свeти Спас” во сабота, 27 месецов. Почнува со богослужба во 9 часот што ќе ...

Денес со почеток во 9 часот во Загреб беше осветена првата изградена македонска православна црква во Хрватска – “Света Злата Мегленска“. Осветувањето го изврши Неговото Блаженство г.г. Стефан Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва во сослужение со Неговото Високопреосвештенство г. Пимен Митрополит Европски и Неговото Високопреосвештенство г. Јосиф Митрополит Тетовско-Гостиварски со монаси и свештеници од Европската, ...

Во последните две години, по пандемијата со Ковид-19 Албанија бележи значителен раст во туризмот. Премиерот Еди Рама денеска ги објави бројките на Светската туристичка организација, која за првите три месеци од оваа година ја рангира Албанија на третото место во светот по раст на туризмот и на првото место во Европа по раст на туризмот во однос на периодот пред пандемијата. Повикувајќи се на статистиката на СТО, Албанија во изминатиот период од ...

На 27 мај 2023 година, сабота, со почеток во 9 часот, во село Горно Крчиште областа Полени, Маќелара, Република Албанија, ќе се одржи годишната Македонска средба по повод големиот Христиански празник Спасовден кај црквата Свети Спас која датира од 1232 година и е споменик на културата, каде ке има богослужба на македонски јазик. Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги кани сите добронамерници, сите Македонци од областа Голо Брдо и од цела ...

Пред неколку дена борачот Елтон Зепај, од Требиштe областа Голо Брдо кој живее во Драч и работи во Обединетото Кралство, го освои 10-тиот традиционален куп на борење. Овој прекрасен машки спорт кој се одвива во природа се одржа традиционално во Големо Острени, областа Голо Брдо. Настанот спонзориран од Боречкото друштво „Голо Брдо“ со водачот, професорот Рази Рама и од општина Булќиза, ги собра борачите од областа Голо Брдо, Дибра, Македонија и ...

Денес во чест на Денот на Семакедонските и сесловенските просветители солунските браќа Свети Кирил и Методиј – Македонците, во малото германско гратче Елванген беше одбележан Свети Методиј. Делегација на Македонската заедница во Германија ја продолжи традицијата на одбележувањето, со полагање свежо цвеќе на спомен плочата во замокот каде што Свети Методиј бил заточен во обидот да се спречи во неговата просветителска мисија меѓу источните ...

Иницијативата на Македонскоto друштво “Илинден”-Тирана добива нови чекори за повторно да се отвори Лекторат по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, по заложбите на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), веќе се забрзува, со сигурни чекори. Интерес, подготвеност и подадена рака за вложување во перспективите на ...

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Будимпешта промовира цивилизирана соработка меѓу Истокот и Западот во согласност со историските искуства, како и дека се залага за што побрза обнова на мирот. Сијарто наведе дека Унгарија е добар пример како една земја може да има корист од цивилизираната соработка меѓу Истокот и Западот „заснована на меѓусебно почитување и меѓусебна доверба, која има цел заемна ...

Македонците во Грција, видливо ослободени и поттикнати од позитивните промени во Грција во однос на малцинските прашања, повеќе години наназад се насочени кон охрабрување и поттикнување на активности за негувањето на духовното и фолклорното наследство меѓу новите, помлади генерации, пишува „Рацин.мк“ во третиот дел од серијалот „Три дена во Лерин и Мала Преспа“. Сега е променето. Сега на панаѓурите и веселбите што ги имаме во нашите села нема ...

По повод 18 Мај – Меѓународниот ден на музеите, вчера во музејот на Стерјо Спасе во село Глобочани, општина Пустец беше поставена изложбата „Градски костими“, чиј автор е Наде Геневска Брачиќ, етнолог советник. Изложбата е реализирана во рамки на проектот „SMART4YOU2″ а во соработка на НУ „Завод и музеј“ – Битола и Директоратот за културно наследство – Корча, како дел од партнерството кое што го сочинуваат и Општина Битола, Општина Пустец и ...

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија, Газменд Абдија, денеска во Тирана оствари средба со директорот на Албанската агенција за развој на инвестиции, АИДА, Сокол Нано. Средбата се одржа во рамки на напорите за продлабочување на соработката меѓу институциите. За време на средбата, соговорниците го споделија своето искуство за олеснување и привлекување странски инвестиции, како и за реализација на ...

Авиокомпанијата „Визер“ најави дополнително проширување доделувајќи уште еден авион во својата база во Скопје, известува „ТАВ Македонија“, компанијата што управува со двата македонски аеродрома – Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Свети апостол Павле“ во Охрид. „Визер“ ќе отвори две нови авиолинии од Скопје – до Љубљана и до Луксембург, закажани за претстојните есен и зима и ќе додели уште еден авион во Скопје, со што ќе ја зголеми ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот Александар Николоски на маргините на Генералното Собрание на ЦДИ, освариа средба со Претседателот на Владата на Република Хрватска и Претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, објави на социјалната мрежа на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. На средбата се заблагодарив за искрената поддршка која Хрватска ја дава на Македонија и македонскиот народ во ...

Денес во Словенија на маргините на централниот настан на ЦДИ остварив средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан и претседател на сестринската ФИДЕШ, информира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Разговаравме за регионот и прашања поврзани во интеграциите на Македонија во ЕУ. Ја потенциравме потребата од економска соработка и борбата против корупцијата и криминалот како регионален предизвик. Покрај со хрватскиот премиер и претседател ...

На 20.05.2022 во село Големо Острени областа Голо Брдо се одржа традиционалниот куп во борење “Голо Брдо 2023 година”. Настанот беше поддржан од страна на Општина Булќиза во тесна соработка со Здружението за борење Голо Брдо. Манифестацијата помина во прекрасна атмосфера со традиционални Македонски песни и ора од областа Голо Брдо, првак на купот е Елтон Зепај од село Требиште, областа Голо Брдо се доделиа и почесен сертификати за ветераните ...

Зборувајќи на завршната сесија на четвртиот самит на Советот на Европа (СЕ) што се одржува во Рејкјавик, Исланд, Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи истакна дека ОБСЕ и СЕ споделуваат заеднички вредности и принципи градени со децении – одбрана на демократијата и достигнувањата на мултилатерализмот што се нарушени со воената агресија на Русија врз Украина. „Обединети за Европа“, како и насловот на сесијата, треба ...

По целосниот колапс на неделните локални избори, вршителот на должноста претседател на опозициската Демократска партија, Енкелеј Алибеај, доцна попладнево објави дека се повлекува од раководењето на партијата. Во исто време се повлече и од функцијата координатор на пратеничката група во законодавниот дом. Лидер сум на Демократската партија повеќе од една година. Во нејзиното најтешко време, кога беше доведен во прашање опстанокот на партијата ...

Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската унија е инвестирање во безбедноста на Европа, истакнал премиерот Димитар Ковачевски на тралезната маса што зад затворени врати се одржа во Рејкјавик, а на која се разговарало за моделите за зачувување и развој на демократијата во време на огромни ризици по истата, во рамки на четвртиот Самит на Советот на Европа. Во дискусијата, Ковачевски се осврна на обврската на сите земји силно да ја ...

Белоруското воздухопловство и противвоздушната одбрана се во состојба на готовност веќе три дена, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко. „Од настанот во Брјанската област пред три дена, кога беа соборени четири авиони, нашите сили се во состојба на готовност“, изјави Лукашенко, пренесува агенцијата Белта. „Многу често разговараме за безбедноста на земјата, особено за ситуацијата во воздушниот простор. Како што гледам, ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски остварија средба со Манеул Сарацин, специјален претставник на германската Влада за Западен Балкан. На средбата Мицкоски и Сарацин разговарале за актуелната политичка и економска состојба, како и за евроинтегративниот процес на државата во Европската Унија Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ потенцирал ...

Според првичните нецелосни резултати албанските социјалисти на премиерот Еди Рама се победници и на вчера спроведените локални избори. Од досега преброените гласови во 44 општини, кандидатите на Социјалистичката партија за градоначалници победија во 37, додека во шест општини кандидати на опозициската изборна коалиција „Заедно победуваме“. Во општина Финиќ победи кандидатот на партијата на грчкото калцинство, МЕГА. Социјалистите победија и во ...

Манифестацијата „Денови на македонската култура“ беше отворена во Белград со изложбата на слики „Очите гледаат сè“ на авторката Гордана Јаневска, во галеријата „Никола Радошевиќ“. На отворањето на изложбата, што ќе трае до 21 мај, пригодни обраќања и поздравни зборови имаа Зорица Митровиќ, претседател на македонското друштво во Белград „Македониум“ и Синиша Новески, скулптор и уметнички директор на фестивалот „Деновите на македонската култура. ...

Горд сум и многу среќен што ние заедно со нашите сојузници, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), имаме консолидирано една долгорочна и стабилна алијанса која несомнено го даде овој резултат. Втор мандат за Пали Колефски, што е и заслужено, рече меѓу другото албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши во Пустец. Пелеши кој беше и координатор за локалните избори на владејачката Социјалистичка партија за округот Корча, најави големи ...

Македонско друштво “Илинден“-Тирана, пред осум години беше примено во Федералната унија на европските националности (ФУЕН) највисоката малцинска организација во Европа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана стана рамноправен член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) во конгресот што се одржа на 15.05.2015 година во Комотини, во Република Грција, во организија на Федерацијата на западно тракиски Турци во Европа, Здружение на ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
30%
1021
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
2.57
36%
1021
weather icon

Загреб

27ᴼ / 25ᴼ
1.03
37%
1022
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
3.6
33%
1021
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.03
28%
1020
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 25ᴼ
2.06
44%
1021
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
8.49
34%
1018
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
21%
1018
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
0.51
21%
1020
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.09
35%
1019
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
4.02
31%
1021
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
8.75
100%
1020
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62