Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Спасувачите денеска ги прекинаа операциите за пребарување на жртвите во лизгањето на земјиштето во индонезиската покраина Западна Јава, откако беа пронајдени 14 тела на вториот ден од операциите, со што вкупниот број потврдени жртви достигна 25, пренесе ДПА, повикувајќи се на официјален претставник. Обилните дождови што почнаа еден ден претходно предизвикаа лизгање на земјиштето вчера изутрината во близина на село во округот Западен Бандунг. ...
Најтешко погодени се државите Мисисипи, Луизијана и Тексас, каде што околу 730.000 домаќинства останаа без струја, а се проценува дека дури 190 милиони луѓе се изложени на ризик од прекини во снабдувањето со електрична енергија и греење. Невремето зафати површина од околу 3.000 километри, од Ново Мексико до Мејн, а во неколку држави е прогласена вонредна состојба. Снежните врнежи и мразот предизвикаа големи проблеми во сообраќајот, затворање ...
Штутгарт како гостин ја победи Борусија во Менхенгладбах со резултат од 3:0 во натпреварот од 19-то коло на германската Бундеслига. „Швабите“ не загубија во домашното првенство од почетокот на календарската 2026 година, а својата одлична форма ја потврдија на гостувањето кај Менш, кој беше поразен без поголеми проблеми. Почетокот на натпреварот не најавуваше таков исход бидејќи домашните стигнаа до пенал, но ударот на Табаковиќ од белата ...
„Долготрајните непријателства... имаат сè посериозни последици за цивилите“, истакна папата по денешната миса. Тој ги повика сите страни да ги интензивираат напорите за прекин на војната во Украина. „Дури и во последните денови, Украина е погодена со континуирани напади што го оставаат целото население изложено на зимскиот студ. Со тага следам што се случува и се молам за оние што страдаат“, рече папата. Како резултат на руското гранатирање ...
Во говорот по повод Денот на полицијата, Ал-Сиси рече дека и покрај договорот за прекин на огнот, Израел продолжува со кампањата на „системско насилство врз Палестинците во нивните окупирани земји“, што „категорично се отфрла од Египет“. „Предупредувам дека раселувањето на речиси два и пол милиони Палестинци од Појасот Газа, што би значело ликвидација на палестинската кауза, неизбежно би довело стотици илјади во Европа и западните земји, со ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска пристигнаа во Индија, додека Европската унија (ЕУ) и Њу Делхи настојуваат да го финализираат договорот за слободна трговија, со кој би се ставил крај на речиси две децении преговори меѓу двете големи економии. Кошта и Фон дер Лајен се почесни гости на овогодишните прослави на Денот на Републиката во Њу Делхи утре, во ...
„Тунелот на Хамас во јужниот дел на Појасот Газа неодамна беше урнат од борбени инженери. Тунелот беше долг четири километри, содржеше оружје и имаше неколку простории каде што престојуваа оперативците“, соопшти ИДФ. Како што велат, работата за уривање на тунелот започнала пред една година и беше завршена во последните неколку дена. ИДФ дополнително наведе дека по размената на оган со терористичките оперативци во Рафа минатата недела, за ...
Аталанта славеше против Парма во Бергамо со резултат од 4:0. Избраниците на Џан Пјеро Гасперини ја оправдаа улогата на фаворити против „Млекарите“. Домашниот тим поведе во 15-тата минута кога Џанлука Скамака беше прецизен од пенал, а девет минути подоцна Мартен Де Рон ја удвои предноста на диомашните откако Де Кетеларе ја испомеша одбраната на гостите. Секоја дилема во врска со прашањето за победникот во Бергамо ја отстрани Џакомо Распадори ...
Британската метеоролошка служба денеска издаде жолт метео аларм поради обилни дождови во следните два дена, кои би можеле да предизвикаат локални поплави и прекини во сообраќајот во јужна Англија, Велс и Северна Ирска, објавија денеска британските медиуми. Првото предупредување на метеоролозите се однесува на централните и јужните делови на Северна Ирска, каде што невремето би можело да предизвика прекини во автобускиот и железничкиот ...
Овој потег го отвора патот за преговори насочени кон формирање нова влада, која ќе мора да се справи со деликатната рамнотежа помеѓу американското и иранското влијание, соопштуваат британските медиуми. Новата влада мора да управува со десетици вооружени групи кои се поблиски до Иран и се повеќе одговорни пред своите лидери отколку пред државата, а истовремено се соочува со зголемен притисок од Вашингтон да ги распушти милициите. Според ...
Интересно.На сите три попладневни меча во Премиерлигата славеа гостите. Челзи со новиот тренер Лиам Росениор како да се препороди и ја продолжи агонијата на Кристал Палас. “Сините“ како гости славеа со 1:3 кај Палас и со тоа освоија екстра значајни три бода. Естевао, Жоао Педро и Фернандез беа стрелците за Челзи за 0:3, додека Ричардс во 88.минута само го ублажи поразот. Астон Вила на “СТ. Џејмс Парк“ како гостин славеше кај Њукасл со 0:2 и ...
Во Мјанмар утринава се отворија гласачките места во последниот круг од трифазните општи избори, со што заврши речиси едномесечниот процес кој веќе им обезбеди на воените власти и нивните сојузници парламентарно мнозинство за формирање нова влада, јавуваат агенциите. Критичарите велат дека изборите не се ниту слободни, ниту фер, и се наменети за легитимирање на моќта на војската откако ја собори избраната цивилна влада на Аунг Сан Су Чи во ...
Атлетико Мадрид во целост ја оправда својата улога на фаворит и ја победи Мајорка со 3:0 на својот стадион во натпреварот од 21-то коло на шпанската Примера. Така тимот на тренерот Диего Симеоне прокнижи три нови бода и со 44 освоени бода, го заземаат третото место на табелата зад лидерите Реал и Барселона. „Јорганџиите“ поведоа во 22-та минута кога одличен волеј удар го фати Маркос Љоренте, голманот на гостите Роман го сопре неговиот удар, ...
Барселона на Ханси Флик е во серија без пораз на домашен терен во Ла Лига. Тимот има девет од девет. Тие се единствениот тим во главните европски лиги што не изгубил ниту еден бод дома, според „Мундо Депортиво“. Во ова коло, Барса е домаќин на Овиедо (17:15 часот) и со победа, би можеле да го израмнат рекордот за најмногу последователни победи од почетокот на сезоната. Барселона одигра пет домашни натпревари во Ла Лига на Монжуик против ...
Британската влада денеска објави дека наскоро ќе претстави план за создавање нова полициска единица, слична на американското ФБИ, која би работела на сложени истраги, како што се борбата против тероризмот, измамите, злоупотребата на деца на интернет и разбивањето на криминални банди. Полицијата ќе ја обедини работата на постојните агенции кои се занимаваат со тероризам и криминал, како и регионалните единици за организиран криминал во Англија ...
Чаби Алонсо одмара откако Реал го отпушти во јануари по 34 натпревари, во кои забележа 24 победи, 4 реми и 6 порази. Мандатот на клупата на „Кралскиот клуб“ беше обележан со тензии со најголемите ѕвезди на клубот, како Винисиус Жуниор. Можност за враќање во тренерската кариера може да се појави наскоро, но шпанскиот стратег не планира да ја прифати првата понуда. Сепак, особено интересен е повикот од Ливерпул, каде што со нетрпение го ...
„Продолжувањето на примирјето доаѓа во поддршка на американската операција за евакуација на затвореници на ИСИС од затворите на Сириските демократски сили во Ирак“, се наведува во соопштението, пренесено од Сана. Кабинетот на сирискиот претседател на 20 јануари објави дека е постигнат меѓусебен договор меѓу сириската Влада и Сириските демократски сили (SDF) во врска со неколку прашања поврзани со иднината на покраината Хасака. Се забележува ...
Екипата на Ливерпул синоќа на ужасен начин го стартуваше новото коло во Премиер лигата. Загуби на гостувањето кај Борнмут со 3:2, и тоа со гол примен во судиското продолжение. Откако домаќинот имаше 2:0, Ливерпул се врати од негативата, изедначи на 2:2, за да во петтата минута од судиското продолжение, Адли ги постави конечните 3:2. „Кога губите во продолжение откако се вративте од негатива од 2-0, тоа е навистина сурово. Во првото полувреме ...
ДПА пренесува дека само 24 отсто од испитаниците рекле дека го гледаат Трамп како сојузник, додека огромни 61 отсто го етикетирале американскиот претседател како закана за земјата. Во репрезентативната анкета спроведена на околу 1.000 испитаници, 15 отсто од нив немале одговор на ова прашање.. Анкетата, исто така, покажа дека Германците сакаат владата на канцеларот Фридрих Мерц да заземе поцврст став кон Вашингтон, при што 52 отсто се ...
Родителите на 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети,кој вчера беше убиен од федерален агент во американскиот град Минеаполис, денеска ја обвинија администрацијата на Трамп за „одвратни лаги“ откако уште една смрт во рациите за имиграција доведе до зголемување на тензиите во Минесота. Во изјава што одекна во американските медиуми, неговите родители рекоа дека Прети „несомнено не држел пиштол кога бил нападнат од насилниците, џелатите и ...
Повеќе од 180 милиони луѓе се во состојба на готовност за масивна бура што се протега од Ново Мексико до Мејн и се очекува да го парализира јужниот дел на САД со мраз и снег,. Вонредна состојба прогласија Алабама, Арканзас, Делавер, Џорџија, Индијана, Канзас, Кентаки, Луизијана, Мериленд, Мисисипи, Мисури, Њу Џерси, Њујорк, Северна Каролина, Пенсилванија, Јужна Каролина, Тенеси, Тексас и Вирџинија. Главниот град Вашингтон, кој припаѓа на ...
Во рамките на традиционалните крводарителски акции на Црвениот крст на град Скопје и оваа година ќе се реализира крводарителска акција посветена на хуманоста и делото на нашата музичка ѕвезда Тоше Проески, кого, како што наведуваат оттаму и покрај тоа што прерано нè напушти, засекогаш ќе го паметиме како симбол на хуманост. Акцијата ќе се одржи во холот на Домот на АРМ, во периодот од 09:00 до 17:00 часот, а во нејзина организација се ...
Реномираниот „Газета Дело Спорт“ објавува дека голманот на Милан Мајк Мањан ќе потпише нов перманентен договор со клубот, кој што ќе е важечки до 2031. Актуелниот е важечки до крајот на сезоната, но, очигледно дека истиот ќе биде заменет со нов далеку побогат. Мањан во моментов има 31. години, на „Сан Сиро“ од 2021 година, откако со Милан ги освои Серија А и Суперкупот на Италија, а оваа сезона задржа 11 пати неприкосновен во 24 натпревари. ...
Во дербито од 21-то коло од Ла Лига, Реал Мадрид го победи Виљареал со 2:0 како гостин. И вечерва како клуч за победата на Реал се покажа францускиот напаѓач Килијан Мбапе. Последен пат Реал победи кога Французинот не постигна гол на 22 октомври против Јувентус. Оттогаш, головите на Мбапе се задолжителни ако Реал сака да ги освои сите три бода. Вечерва Мбапе ги постигна и двата гола во победата на „кралевите“. Неговиот гол во 47-та минута го ...
Ноем на прес-конференција во Вашингтон изјави дека не познава ниту еден „мирен демонстрант“ кој „се појавил на протестот со пиштол и муниција“, а не со транспаренти, објави денеска Си-Ен-Ен. „Ова се насилни немири. Имаме некој што се појавил со пиштол и го користи за да нападне полицајци. Ова лице отишло и ги прекинало нивните операции за спроведување на законот, ги нападнало тие полицајци, имало пиштол и десетици куршуми“, рече Ноем. Ноем не ...
„Унгарија нема да биде заплашена. Претседателите доаѓаат и си одат, личните навреди можат да се случат, но достоинството на Унгарија е нешто за кое не може да се преговара. Претседателот на Украина Зеленски треба да го запомни тоа“, рече Орбан во објава на социјалната мрежа X. Унгарскиот премиер претходно во четвртокот го критикуваше Зеленски за неговиот говор на Светскиот економски форум во Давос, во кој, според извештаите од Будимпешта, тој ...
Трилатералните разговори во Абу Даби го отворија патот за состанок меѓу рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Володимир Зеленски, во многу блиска иднина, објавува американскиот портал Аксиос, повикувајќи се на изјава од американски функционер. „Средбата во Абу Даби беше клучен чекор кон преминување во следната фаза од преговорите. Многу сме блиску до состанок меѓу Путин и Зеленски“, рече функционерот. Тој додаде дека доколку се ...
Кога ќе те пофали еден Пеп Гвардиола, тогаш јасно е дека навистина вредиш, така и со Арсенал. Имено менаџерот на Манчестер Сити го пофали лидерот во Премиер лигата, Арсенал, како најдобар тим во светот. Неговите коментари доаѓаат во време кога Сити заостанува зад тимот на Микел Артета бодовно. Сепак, менаџерот на Арсенал инсистира дека неговиот тим е „далеку од совршен“ и предупредува дека Сити не треба да биде отпишан од трката за титулата. ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони, близок сојузник на Доналд Трамп, вчера ја изрази својата „запрепастеност“ и побара „почитување“ од американскиот претседател по неговите изјави во кои се омаловажува улогата на сојузничките сили на НАТО во Авганистан. „Италијанската влада со запрепастеност дозна за изјавите на претседателот Трамп дека сојузниците во НАТО биле „оставени позади“ за време на операциите во Авганистан“, напиша Мелони во ...
Најдобриот начин да се избегне агресија е да се принуди империјализмот (САД) да ја пресмета цената што би ја платил за напад врз нашата земја, рече Дијаз-Канел за време на воена вежба со тенковска единица на Револуционерните вооружени сили (FAR). И тоа во голема мера зависи од нашата подготвеност за ваков вид воена акција, додаде лидерот, облечен во воена униформа, во говор емитуван на кубанската телевизија. Дијаз-Канел, кој го предводи ...