
Скопје
34ᴼ /
34ᴼ



Вент беше клучна фигура во серијата од 1982 до 1993 година. Според TMZ, тој мирно починал во својот дом во вторникот наутро. Причината за смртта не е веднаш објавена, пренесува „Сан“. Семејството соопшти: „Џорџ беше посветен семеен човек, сакан пријател и доверлив човек за сите што имаа среќа да го познаваат. Засекогаш ќе ни недостасува. Семејството побара приватност во овој период.“ Смртта доаѓа точно 32 години по последната епизода на ...
Обвинението е поврзано со наводното прикривање на здравствената состојба на поранешниот претседател Џо Бајден. Терел на социјалните мрежи објави дека Џил Бајден знаела за здравствените проблеми на поранешниот претседател, но сепак му дозволила да учествува на претседателските избори. Според него, злоупотребата на стари лица е форма на семејно насилство и Џил треба да објасни зошто ја довела јавноста во заблуда за здравствената состојба на Џо ...
„Руски брод од ’флотата во сенка’ опфатена со санкции изврши сомнителни маневри во близина на електричниот кабел што ги поврзува Полска и Шведска. По ефикасната интервенција на нашата војска, бродот отплови кон едно од руските пристаништа“, наведе Туск на платформата X. Полскиот воен брод „Хевелиуш“ плови кон местото на инцидентот, додаде тој. „Флотата во сенка“ се состои од стари, дотраени бродови што пловат под знамињата на трети земји, ...
Воздушни напади и жртви имало во Џабалија и Деир ал-Балах, како и во близина на Кан Јунис на југот од територијата, објави палестинска новинска агенција, повикувајќи се на медицински извори во Газа. Израелската армија не даде никакви детали и на својот профил на Икс објави дека „нападнала над 115 терористички цели низ Газа од земја, море и воздух“ во текот на изминатиот ден. Десетици смртни случаи се пријавуваат секојдневно од крајбрежната ...
Во објава на платформата Икс, Тајани наведе дека исто така побарал од Израел „веднаш да ги отвори сите гранични премини за да се овозможи влез на хуманитарна помош“, пренесува италијанската новинска агенција АНСА. „Сакаме прекин на огнот и ослободување на заложниците: војната во Газа мора да заврши. Италијанската Влада продолжува да ги следи цивилите погодени од војната. Нова група од 52 палестински граѓани од окупираниот Појас Газа е префрлена ...
Вечерва во Билбао, Шпанија се игра финалето од Лигата на Европа во кое се среќаваат, екипите на Манчестер Јунајтед и Тотенхем. Нормално, иако не смее да е нормално, кога се во прашање англиските навивачи, пред мечот се случуваат немили настани во кои има повредени и уапсени. Масовна тепачка синоќа е забележана на една од улиците во Билбао, која кулминираше откако две групи на спротивствените навивачи спонтано се сретнаа. Следуваше дуел во кој не ...
Винченцо Италијано се појави како водечки кандидат за тренерското место во Милан. Како што пишуваат неколку авторитетни медиуми во Италија, Болоња откако ја дознала веста, веднаш најавила нов договор за својот тренер со подобрени услови, за да го спречи неговото заминување на „Сан Сиро“. Агентот на Италијано, Франческо Калијандро, денес ќе се сретне со директорите на Болоња за да ја слушне нивната понуда за продолжување на договорот. ...
Поразениот кандидат на романските претседателски избори лидерот на националистичката партија Алијанса за обединување на Романците, Џорџе Симион синоќа најави дека ќе ги оспори резултатите поради наводно мешање од страна на Франција и на Молдавија. Тој на платформата Икс објави дека ќе побара од Уставниот суд да ги поништи романските претседателски избори. - Изборите во декември беа поништени од истите причини: НАДВОРЕШНО МЕШАЊЕ од страна на ...
Вечерва (21 ч.) Европа е во исчекување на големата возбудлива англиска пресметка меѓу Манчестер Јунајтед и Тотенхем во финалето на Лигата на Европа на стадионот „Сан Мамеш“ во Билбао. Двата англиски великани очајно се обидуваат да ги спасат разочарувачките домашни сезони, откако Јунајтед е на 16-то место, а Спарс на 17-то место во Премиер лигата. Големиот европски трофеј и посакувано место во Лигата на шампионите за сезоната 2025/26 ветуваат ...
Една од главните ѕвезди на Реал Мадрид, Џуд Белингем, ќе биде подложен на операција на рамото по завршувањето на Светското клупско првенство. Англискиот репрезентативец има непријатности со оваа повреда веќе две години и постојано игра со потпорен завој. Според „Атлетик“, операцијата е планирана по завршувањето на Светското клупско првенство на ФИФА кое ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули во Соединетите Американски Држави. Според изворот, ...
- Осомничените, кои биле малолетни за време на нападите припаѓаат на екстремно десничарска терористичка организација, чија цел е да предизвика уривање на демократскиот систем со насилство насочено пред сè на мигрантите и политичките противници, се наведува во соопштението на Обвинителството. Групата наречена Последен бран на одбрана (Letzte Verteidigungswelle) формирана е во април 2024 година и е осомничена за најмалку два напада во источна ...
- Потврдувам дека претседателот на Државните работи на Северна Кореја има покана од рускиот претседател Владимир Владимирович Путин да оствари официјална посета на Русија и се надеваме дека ќе го координираме времето и агендата на овие разговори преку дипломатски канали, посочи Руденко. Тој додаде дека сè уште е рано да се зборува за конкретен датум на посетата на Ким на Русија. Руденко претходно соопшти дека се подготвува посета на рускиот ...
Договорот, кој на 17 јануари го потпишаа рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, предвидува продлабочување на билатералните односи, вклучително и поблиска соработка во одбраната. Иако не содржи клаузула за меѓусебна одбрана, во документот се наведува дека двете земји ќе соработуваат во одговорот на заедничките воени закани, ќе развиваат воено-техничка соработка и ќе учествуваат во заеднички воени вежби. ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на кризата во Украина може да укажуваат на неговата желба да влезе во историјата како миротворец. Гостувајќи на радио станицата „Спутник“, Захарова оцени дека американскиот претседател јасно порачал дека „ситуацијата што претходната американска администрација ја предизвика, ја започна и всушност ...
Поплавите однесоа автомобили, а патиштата и мостовите беа уништени во текот на вторникот. Сцените на југот од Франција беа опишани како „војни сцени“. Возрасен пар загина во приморскиот град Ле Лаванду, а уште едно лице во градот Видобан, потврдија локалните власти. Нивното возило било зафатено од силната вода, а телото на жената останало заглавено во остатоците од автомобилот, пишува „Дејли Мејл“. Властите започнаа истрага за да ја утврдат ...
- Претпоставувам дека тој погрешно ја проценил својата преговарачка позиција, изјави Писториус за германското радио ДЛФ, коментирајќи ја иницијативата на Трамп да го убеди Путин да прифати безусловно 30-дневно примирје во Украина. Европската унија во меѓувреме работи на следниот пакет санкции против Русија поради војната во Украина. Писториус наведе дека останува да се види дали САД ќе се приклучат на тие мерки, со оглед на тоа што разговорите ...
Акцијата се спроведува на подрачјето на Реџо ди Калабрија, но и во други градови низ Италија, а се апсат некои од најважните кланови на мафијата Ндрангета, пренесе Анса. Осомничените се товарат за различни кривични дела, вклучувајќи припадност на мафијашка организација, помагање мафија, здружување со цел меѓународна трговија со дрога, поседување и продажба на наркотици, изнуда, киднапирање заради изнуда, мафијашки политички изборен договор, како ...
НАТО бара од Холандија да издвои дополнителни 16 до 19 милијарди евра за одбраната, што би претставувало вкупно 3,5 проценти од бруто-домашниот производ (БДП) на земјата, изјави холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс во обраќањето пред Парламентот. Алијансата смета дека е потребно значително зголемување на воените трошоци за зачувување на колективната безбедност, објави Ен-Ел Тајмс. Воените експерти на НАТО пресметале што и е потребно ...
Манчестер Сити најави дека ќе постави статуа на Кевин де Брујне пред стадионот. Моментално во близина на стадионот на Манчестер Сити има статуи на Винсент Компани, Давид Силва, Серхио Агуеро, Мајк Самерби, Френсис Ли и Колин Бел. „Ова значи дека секогаш ќе бидам дел од овој клуб. Секогаш кога ќе се вратам тука со моето семејство и пријатели, ќе можам да се видам себеси, па затоа секогаш ќе бидам тука“, изјави Де Брујне за Би-Би-Си. Де Брујне ...
Шпанска „Марка“ синоќа околу полноќ објави „бомбастична вест“ дека Реал (М) ќе се засили со шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс. Иако неодамна се шпекулираше дека Реал ќе го доведе Анте Будимир од Осасуна како нов напаѓач, сепак откако Барса најави дека сега веќе не е заинтересирана за голгетерот на Атлетик (Б), „кралскиот клуб“ веднаш реагираше и успеа да го договори трансферот. Младиот 22-годишен крилен напаѓач е роден во Памплона, и ...
На референдумот одржан на 21 мај 2006 година, гласаа 419.240 граѓани, или 86,5 отсто од вкупниот број гласачи. Независноста на државата ја поддржаа 230.661, или 55,5 отсто од граѓаните на Црна Гора кои излегоа на референдумот, додека за останување во заедничка држава со Србија гласаа 185.002 или 44,5 отсто. Собранието на Црна Гора претходно го усвои Законот за референдум, кој беше договорен со препорака од Европската унија. За успешен референдум ...
Ето се извини за тоа што рече дека добива толку многу ориз од своите поддржувачи што не треба да купува, во екот на вртоглавиот раст на цените на оризот во земјата, јави агенцијата. Според локалните медиуми Токио деблокира околу 300.000 тони складиран ориз меѓу март и април во обид да ја намали цената на јапонската основна храна. Кјодо цитираше податоци од Министерството за земјоделство кои покажуваат дека вкупната количина на ориз обезбедена од ...
Кремљ соопшти дека за време на вчерашната посета, Путин се сретнал со доброволни организации и ја посетил нуклеарната централа „Курск II“ која е во фаза на изградба. Рускиот претседател не ја посетил граничната област со Украина од првата половина на март. President Putin visits a nuclear power plant under construction in the Kursk region and holds a meeting with local leaders in Kurchatov pic.twitter.com/ZLULl71gFM — RT (@RT_com) May 21, 2025 ...
Итните служби интервенирале кусо пред 6 часот наутро на улицата „Фани Бланкерс-Коенлан“ во градот Хофдорп, откако бил пријавен напад. Еден полицаец е пренесен во болница, а на полициското возило била забележана крв. Полицијата во соопштение на X информира дека околу 6 часот примила дојава за напад на улицата „Фани Бланкерс-Коенлан“. Ondertussen in Hoofddorp.. Een verwarde persoon die ook een politie agent neersteekt en waar we niet van mogen ...
Белгискиот репрезентативец Кевин де Брујн синоќа го одигра својот последен меч за Манчестер Сити пред домашната публика на „Етихад“.Во натпреварот од 37-то коло од Премиер лигата против Борнмут, домашните славеа со 3:1, а Белгиецот се прости од фановите, зато ашто му завршува договорот со клубот и заминува во нова средина. „Малку е чудно. Поминувањето 10 години тука беше неверојатно. Беше одлично време, неверојатен притисок. Сакам да им донесам ...
Дали живеете во стан, сакате домашно милениче, но не знаете како да го изберете вистинското. Еве на што треба да обрнете внимание, како и кои раси се најдобри за во стан. Ако живеете во стан и сакате да имате куче како домашно милениче, треба да имате предвид неколку работи и внимателно да ја изберете расата. Кога избирате куче за во стан, мора да ја земете предвид големината. Помалите раси на кучиња се подобар избор бидејќи не им треба голем ...
Експлозијата беше насочена кон возило во градот Хуздар, во провинцијата Балуџистан, додека ги превезуваше учениците на час, изјави локалниот претставник Јасир Дашти, пренесе ДПА. Меѓу загинатите се три деца и двајца возрасни, се вели во соопштението на армијата. Здравствените власти стравуваат дека бројот на загинати може да се зголеми, бидејќи многу од 38-те повредени деца се во критична состојба. Балуџистанската ослободителна армија (БЛА), ...
Учениците од средните училишта во Белград најавија протест пред Министерството за образование попладнево поради планираното продолжување на учебната година, со цел да се надоместат пропуштените часови за време на прекините на работата и блокадите, јави дописникот на МИА од Белград. „Министерството за образование, кое поради своите постапки е едно од одговорните за прекинот на наставата и блокадата на средните училишта низ цела Србија, се обидува ...
Трамп рече дека системот вреден 175 милијарди долари ќе биде „целосно оперативен пред крајот на неговиот мандат“. Вториот мандат на Трамп треба да заврши во 2029 година. Златната купола ќе се интегрира со постоечките одбранбени способности во САД, рече Трамп. - Откако ќе биде целосно изградена, Златната купола ќе биде способна да пресретнува проектили дури и ако се лансирани од другата страна на светот и дури и ако се лансирани од вселената, ...
Меѓу најтешко погодените се градот Тари во винскиот регион Хантер Вали и градот Вингам на средниот северен брег, пренесе ДПА. Австралиската телевизија Еј-Би-Си информира за „поплави на невидени нивоа“, опишувајќи драматични сцени додека хеликоптери и чамци ги евакуираа жителите заробени на покриви среде обилни дождови и силни ветрови, придружени со ниски температури. Локалните власти соопштија дека околу 1.600 лица од итните служби биле ...