Претставена како интелектуалната придружничка на Алберт Ајнштајн, Сабрина Гонзалез Пастерски докажува дека равенката „жени и наука“ е можна. 34-годишната физичарка, која со свои раце изградила авион на 12-годишна возраст, е на пат да стане предмет во учебници и да остави историски печат. Сите сè уште се сеќаваат на достигнувањата на Алберт Ајнштајн, таткото на релативноста кој ја трансформираше нашата перцепција за гравитацијата, просторот и ...

Баерн Минхен веќе е во преговори со Хари Кејн за нов договор, потврди членот на клупскиот одбор Макс Еберле. Кејн, кој се приклучи на Баерн во 2023 година и има договор до летото 2027 година, постигна 34 гола во сите натпреварувања оваа сезона. Во разговор за Скај Дојчланд, Еберле беше прашан за разговорите за продолжување на договорот и потврди: „Во преговори сме со Хари“. Капитенот на Англија се поврзува со трансфер во Барселона, а ...

Аракчи изјави дека разни посредници водат консултации со Техеран, но дека разговорите можат да се одржат „само кога нема повеќе закани и прекумерни барања“, јавија британските медиуми. „Во последните денови немало контакт меѓу мене и Виткоф и од нас не е испратено барање за преговори“, додаде министерот. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека дополнително американско воено засилување е на пат кон Иран и изрази надеж дека ...

Од минатата година, „Pornhub“ и другите сајтови на „Aylo“ се придржуваа кон „Online Safety Act“ (OSA) на Велика Британија, кој меѓу другото налагаше веб-страниците со порнографска содржина да ја проверуваат возраста на посетителите пред да им прикажат содржина неприкладна за малолетници. Наместо да ја проверува возраста на своите корисници, „Aylo“ целосно ќе го блокира пристапот до платформи како „Pornhub„ во Велика Британија; сепак, ...

Во сојузните држави Лујзијана, Тенеси и Кентаки пријавени се осум смртни случаи од хипотермија, а во градот Њујорк пронајдени се десет безживотни тела на отворено. Од хипотермија смртно настрадале и жители на сојузните држави Канзас, Мисисипи, Јужна Каролина, Тексас и Мичиген. Во Детската болница „Монро Карел Помладиот“ во Вандербилт, Тенеси, хоспитализирани се 46 деца поради изложеност на јаглероден моноксид. Тие се затруле додека нивните ...

Потоа тој активирал повеќе автоматски безбедносни предупредувања наменети за спречување на кражба или ненамерно откривање на владин материјал од федералните мрежи, изјавија за Политико четворица службеници на Министерството за внатрешна безбедност запознаени со инцидентот. Грешката на Готумукале е особено значајна бидејќи вршителот на должноста директор на Агенцијата за сајбер безбедност и безбедност на инфраструктурата побарал посебна ...

Извор за „Entertainment Tonight“ вели дека Хадид се обидува да остане позитивна и да не се задржува на раскинувањето. „Таа беше зафатена со работа и поминуваше време со своите најблиски пријатели. Сè уште се опоравува бидејќи тоа беше сериозна врска“, додаде тој. Љубов во Тексас Двојката почна да се забавува во октомври 2023 година. Во декември минатата година, Хадид и Бануелос се појавија заедно на настан во Далас за да го промовираат ...

Ваквата перцепција е резултат на немилосрдна антизападна пропаганда, смета рускиот социолог Лев Гудков, презентирајќи ги вчера наодите во Берлин. Во име на германската фондација „Сахаров“, центарот ги испита ставовите на Русите по речиси четири години војна во Украина. Овој центар во Русија е класифициран како „странски агент“, појаснува германската агенција. Во изминатите повеќе од 30 години од распадот на Советскиот Сојуз, Русија имаше само ...

Окружниот суд во Сеул ја прогласи сопругата на поранешниот претседател Јун Сук Јеол за виновна за прифаќање неколку луксузни подароци и злоупотреба на нејзината позиција за лична корист. Оваа 53-годишна жена беше ослободена од обвинението за манипулација со акции. Пресудата сè уште не е конечна. Обвинителството првично бараше 15-годишна затворска казна. Ким е во притвор од август. Јун, кој беше соборен во 2025 година, исто така е во затвор. ...

Авионот летал од финансискиот центар на Индија, Мумбај, до Барамати, градот во кој загина функционерот, кога се урнал и се запалил на речиси 254 километри од Мумбај. Причината за несреќата засега останува непозната. Вицепремиерот на западната индиска држава Махараштра, Аџит Павар (66), патувал кон Барамати за да води кампања за локалните избори. Двајца членови на неговиот кабинет исто така загинаа, како и двајца членови на екипажот во авионот ...

„Еј, голем човеку @elonmusk, зошто не ги спречиш Русите да го користат „Старлинк“ за напади врз украинските градови?“, напиша Сикорски на социјалната мрежа X, објави денес „Укринформ“. Тој го предупреди Маск дека профитирањето од воени злосторства „може да му наштети на брендот“. Во објавата полскиот министер се осврна на извештајот на Институтот за проучување на војната (ISW), кој посочи дека руските сили сè повеќе ги користат сателитските ...

Главниот лик на овој настан е невестата која не се двоумеше да го зачува своето достоинство, дури и кога светот ја гледаше, објави Телеграф. Додека се снимаа обичните, но свечени моменти - невестата и младоженецот стоеја покрај тортата, насмеани, подготвени да ги фатат моментите што треба да бидат симбол на радост и заедништво. Наместо тоа, се случи нешто што го промени тонот на целиот ден. Младоженецот, во несоодветен момент на шега, го ...

Сепак, патот до промена на валутата е долг, а владејачката коалиција за почеток најавува анализа на предностите и недостатоците од таков потег. По Бугарија, која го воведе еврото на 1 јануари оваа година, се чинеше дека иднината на проширувањето на еврозоната, барем привремено, нема перспектива. Сепак, шведската министерка за финансии Елизабет Свантесон за време на дискусијата во парламентот најави отворање на дебатата за воведување на ...

Поради тоа еквадорското МНР испрати протестна нота до Амбасадата на САД во Кито, барајќи да не се повторуваат такви инциденти. Според меѓународното право, амбасадите, конзуларните канцеларии и другите дипломатски објекти на една земја се сметаат за суверена територија на таа нација, заштитени со дипломатски имунитет од неовластен влез од агенти на други влади. Поради тоа еквадорското МНР испрати протестна нота до Амбасадата на САД во Кито, ...

Федералното истражно биро (ФБИ) соопшти дека го испитува наводниот напад врз федерален полицаец во близина на градот Аривака, лоциран околу 16 километри од границата со Мексико. Област е вообичаена рута за шверцери на дрога и мигранти кои нелегално ја преминуваат границата. Противпожарната служба на Санта Рита соопшти дека одговорила на повикот дека има престрелка. Повреденото лице е приведено, а поради здобиените повреди со хеликоптер е ...

На почетокот на нуклеарната ера, научниците го создадоа Часовникот на судниот ден како симболична претстава за тоа колку човештвото било блиску до уништување на светот. Денес, вторник, речиси осум децении подоцна, часовникот е поместен на 85 секунди до полноќ, најблиску што некогаш бил до полноќ, според Билтенот на атомските научници, кој го воспостави часовникот во 1947 година, објави CNN. Полноќта го претставува моментот кога луѓето ќе ја ...

„Патем, има уште една прекрасна армада која во моментов прекрасно плови кон Иран. Па, ќе видиме“, рече Трамп вчера во говор во американската држава Ајова. Не беше веднаш јасно дали Трамп мислеше на носачот на авиони УСС Абрахам Линколн и придружните воени бродови кои веќе пристигнаа на Блискиот Исток во понеделникот или на други американски воени сили. Во меѓувреме, одговорната регионална команда на американската војска, ЦЕНТКОМ, објави ...

Медиумите, пренесува ДПА, вклучувајќи ги „Њујорк тајмс“ и „Си-Би-ЕС Њуз “, објавија дека агент на американската гранична патрола првично отворил оган врз Прети, а потоа и службеник на Царинската и граничната заштита (CBP), се наведува во електронската пошта за прелиминарната истрага што СВР ја испратила до членовите на американскиот Конгрес. Граничната патрола на САД е мобилна, униформирана гранка на СВР за спроведување на законот, појаснува ...

- Куба навистина е нација, која е многу блиску до пропаст. Социјалистичката карипска држава порано ги добиваше своите пари и нафта од Венецуела. Но, повеќе не добива, истакна Трамп при посетата на американската сојузна држава Ајова. Откако на почетокот на годината американските сили го уапсија претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, администрацијата на Трамп ја заостри реториката против комунистичката Влада на Куба. Трамп ја повика Куба ...

Канцеларијата на шерифот на округот Окони соопшти дека Леви Кевин Џонс бил приведен доцна во петокот навечер и обвинет во врска со смртта на неговите баба и дедо, Лари Мур (76) и Сандра Мур (75), кои биле пронајдени во нивниот дом во близина на Вестминстер на 15 јануари. Џонс, исто така, се соочува со две обвиненија за кривично дело поседување оружје за време на извршување на насилно кривично дело, според налозите за апсење добиени од „Фокс ...

Американската агенција за имиграција (ICE), чии службеници неодамна беа вклучени во два смртоносни инциденти во Минеаполис, потврди дека ги распоредила своите агенти за поддршка на американските безбедносни операции на Зимските олимписки игри, кои започнуваат на 6 февруари во Италија. Оваа вест предизвика остри реакции и загриженост кај италијанската јавност, објавува Би-Би-Си. Остри реакции од италијанските функционери Градоначалникот на ...

Сега веќе дефинитивно е јасно дека Чаби Алонсо, веројатно по завршување на сезоната ако не и порано, ќе седне на клупата на Ливерпул. Откако доби отказ во Реал Мадрид, шпанскиот стручњак нема премногу да чека на нов ангажман. Пред два дена се појави информација дека Ливерпул и Чаби Алонсо оствариле контакт а тоа значи дека тој кога – тогаш, ќе го менува Арне Слот. Сепак некогашниот фудбалер на Ливерпул си има свои услови. Имено, ако ја ...

Нејзиниот повик е најновиот обид на администрацијата да ги намали тензиите во Минесота, каде што продолжуваат немирите околу начинот на кој Белата куќа се справува со имиграцијата. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го отстрани Грег Бовино, командантот на американската гранична патрола, и ја тргна настрана Кристи Ноем, секретарката за внатрешна безбедност, кои се залагаа за агресивни тактики во државата. BREAKING: Melania Trump ...

Во анализата, нарачана од повеќе организации за заштита на потрошувачите и животната средина, се заклучува дека плановите на Европската комисија би довеле до „значително намалување на нивото на заштита на животната средина и здравјето“. Во документот се изразуваат и сериозни сомнежи за усогласеноста на предложените измени со принципот на претпазливост и со високото ниво на заштита на здравјето и животната средина, загарантирани со европското ...

Пукањето се случило околу 7:30 часот наутро во близина на ознаката 15 на патот Вест Аривака во Аризона, објави NBC News. Лицето, чиј идентитет не е објавен во овој момент, било пренесено во болница во критична состојба од страна на противпожарната служба на Санта Рита. Нема информации дали некој од полицијата е повреден во инцидентот. Министерството за внатрешна безбедност на САД не одговори веднаш на барањето за коментар. Екипите на ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ѝ навести на Украина дека безбедносните гаранции на САД зависат од тоа дали Киев ќе се согласи на мировен договор, што веројатно ќе бара од неа да го отстапи регионот Донбас на Русија, објави денес „Фајненшл тајмс“ (FT), повикувајќи се на осум лица запознаени со разговорите. Вашингтон, исто така, посочи дека би можел да ѝ понуди на Украина повеќе оружје за да ја зајакне својата војска ...

Барселона усно се договори за новиот договор со Фермин Лопез, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Новиот договор на играчот од средниот ред ќе важи до јуни 2031 година. Сегашниот договор на 22-годишникот е со важност до летото 2029 година. Фермин одби да го напушти клубот во август. Се објави дека Шпанецот сака да остане и да стане клучен играч во тимот. Се очекува наскоро да потпише нов договор со зголемена плата. Според новинарот на COPE, ...

Младиот фудбалер на Манчестер Сити, Оскар Боб е пред трансфер во екипата на Фулам. По доаѓањето на Антоан Семењо оваа зима, Боб нема место во тимот на Пеп Гвардиола, па младиот норвежанец веќе подолго време разгледува опции за напуштање на „граѓаните“. Фулам ги договорил личните услови со Боб, а останува уште и финален договор помеѓу двете екипи за цената на трансферот. Оваа сезона норвежанецот одигра само 9 натпревари во Премиер Лигата и ...

Екипите на Евертон и Лидс одиграа изедначен натпревар кој заврши со резултат 1:1 во рамките на 23-тото коло од Премиер Лигата. Избраниците на Даниел Фарке повторно одиграа одличен меч на гостински терен и останаа непоразени. Лидс поведе во 28-тата минута преку Џастин и започна грчевито да се брани од нападите на „карамелите“. Сепак, одбраната на Лидс не издржа и прими гол во 74-тата минута кога Бери на асистенција на Идриса Геје ја затресе ...

Во очекување на утрешните финални битки од лигашката фаза во Лигата на шампионите, само два тим имаат сигурен пласман во осминафиналето, без разлика како ќе завршат утрешните дуели. Арсенал (21 бод) и Баерн (18) веќе и математички се во завршната рунда, па утрешните дуели со Каират, односно ПСВ и немаат голема значење, освен за освојување на првото место на табелата на крајот. Арсенал ќе остане прв освен ако не загуби од Каират во последното ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
41%
1013
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
4.12
44%
1014
weather icon

Загреб

15ᴼ / 14ᴼ
1.54
46%
1015
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
54%
1016
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.58
81%
1017
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
6.17
56%
1017
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
4.63
61%
1012
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
58%
1013
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
34%
1013
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
5.66
63%
1015
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
2.06
36%
1015
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
6.17
100%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Калај

43.90

Бакар

10.68

Кобалт

66.14

Иридиум

258288.78

Сребро

2840.84

Злато

166450.52

Рутениум

56199.51

Алуминиум

3.18

Цинк

3.07

Платина

60154.05

Родиум

350443.14

Паладиум

45911.27