Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Папараците ги забележаа емотивните моменти за време на церемонијата, а фотографиите ја покажуваат Лопез како ги брише солзите и го следи еден од најважните денови во животот на својот 18-годишен син. За оваа посебна пригода, таа избра цветен фустан во пастелно зелени тонови, сив кардиган и беж чевли. По церемонијата, таа го прегрна Макс, кој беше облечен лежерно во шарена маица и светли панталони. На прославата присуствуваа и нејзините ...
Еден од најдобрите англиски судии, Мајкл Оливер, ќе го пропушти првиот натпревар на Светското првенство што требаше да го води вечерва, поради полесна повреда. ФИФА објави дека Франсоа Летексие од Франција ќе го води натпреварот меѓу Еквадор и Брегот на Слоновата Коска во Филаделфија. Светската фудбалска асоцијација додаде дека Оливер ќе биде повторно достапен во наредните денови. Најверојатно ќе биде повикан за еден од натпреварите во ...
Ограничувањата за гориво во Санкт Петербург стануваат построги. Мрежата на бензински пумпи „Татнефт“ воведе строга граница, со максимум 20 литри бензин АИ -95 и АИ -92 продадени по возило. Ограничувањата за бензин дојдоа во Санкт Петербург по Москва и другите региони. Новата мерка е значително построга од претходните: претходно, ограничувањето беше 50 литри по сметка во мрежата „Киришијавтосервис“, која работи заедно со рафинеријата за нафта ...
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Сејед Али Хамнеи, ќе биде погребан на 9 јули во светилиштето Имам Реза, огромен религиозен комплекс во иранскиот град Машхад, по неколкудневни погребни церемонии во неколку градови, објави канцеларијата одговорна за зачувување и објавување на неговите дела, објави иранската телевизија „Иран“. Според објавениот распоред, церемониите за збогување ќе се одржат на 4 и 5 јули во Техеран во комплексот на џамијата ...
Куба објави планови за реформа на својата економија по примерот на социјалистичките пазарни економии на Кина и Виетнам, при што претседателот Мигел Дијаз-Канел изјави дека планираното отворање ќе овозможи поголемо учество на приватниот сектор на местото на силно државно контролираната планска економија. Тој рече дека се планирани и измени во земјоделскиот сектор, како и реструктурирање на државниот апарат. Покрај тоа, некои економски ...
Гласачите ќе излезат на гласачките места за да одлучат за предлогот населението да се ограничи на 10 милиони жители. Овој потег го поддржа десничарската швајцарска народна партија, која го опишува како „иницијатива за одржливост“ насочена кон намалување на притисокот врз домувањето, јавните услуги и животната средина. Швајцарската влада, сите други поголеми партии, деловните лидери и синдикатите го нарекоа предлогот „иницијатива за хаос“, ...
Поранешниот фудбалер на Барселона, Манчестер Сити и Брегот на Слоновата Коска, Јаја Туре, е назначен за нов тренер на словачкиот гигант, Слован Братислава. Назначувањето и официјално беше потврдено денеска. Стратегот потпиша тригодишен договор со словачкиот тим. Туре претходно работеше во академијата на Тотенхем, а беше и помошник тренер во Стандард Лиеж во Белгија и во репрезентацијата на Саудиска Арабија. На крајот од сезоната 2025/2026, ...
Две лица се уапсени од полицијата во Мисури откако значителна количина опрема на Англија за Светското првенство беше украдена од возила на пат кон новиот тренинг центар на тимот во Канзас Сити. Украдени беа копачките, топките и другата опрема за тренинг на играчите. Сепак, „Скај Спортс“ објави дека поголемиот дел од украдените предмети веќе се пронајдени, па се очекува бројот на исчезнати предмети да биде минимален. Англиската фудбалска ...
Денеска на социјалните мрежи се појави видео кое ги загрижи сите навивачи на турската фудбалска репрезентација пред нивниот прв натпревар на Светското првенство. Турција се подготвува за својот прв натпревар на Светското првенство против Австралија, но, атмосферата беше нарушена од видео на кое се гледаат тројца турски репрезентативци како пушат на балконот од хотелот каде што престојувале. Според ова видео и извештаите, Чаглар Сојунџу и уште ...
„По моја наредба, јужната команда на САД изврши брз и смртоносен напад за успешно елиминирање на Нињо Гереро, озлогласениот лидер на ’Трен де Арагва‘, една од најкрволочните терористички организации на планетата земја“, соопшти Трамп во објава на својата платформа Truth social, која содржеше и видео на кое наводно е прикажан нападот. Трамп додаде дека „оваа акција беше координирана во блиска соработка со нашите пријатели во Венецуела, со кои ...
Убаво забележа во својот коментар нашиот коментатор Срѓан Захариевски дека не му се допаѓа тоа што на ова СП ќе има по две паузи во полувремњата без разлика дали температурата е 20 или 35 стенепни Целизуосови, и дека тоа не е пауза за хидратација туку за маркетинг. Инаку на сите ни беше јасно кога Соединетите Американски Држави, заедно со Мексико и Канада кои се таму за да ја комплетираат приказната, ја добија организацијата на најголемото ...
Фудбалската репрезентација на Бразил ќе биде ослабена на почетокот од Светското првенство, бидејќи Нејмар нема да биде во конкуренција за првиот натпревар од групната фаза против Мароко. Селекторот Карло Анчелоти потврди дека искусниот напаѓач сè уште се опоравува од повредата на листот и не е подготвен да игра на отворањето на турнирот. „Тој работи напорно за да се врати на теренот што е можно поскоро. Се надеваме дека ќе може целосно да се ...
Пакистанскиот премиер – Шехбаз Шариф како и шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, без притоа да откријат повеќе детали за содржината, соопштија дека меморандумот за разбирање е во финална фаза. -Поблиску сме до мировен договор од кога било досега. Со финализирање кое веројатно се очекува во следните 24 часа, Пакистан се подготвува за електронско потпишување на мировниот договор веднаш потоа, по што ќе следат разговори на техничко ниво ...
Некогаш, ама некогаш. за сите вистински фудбалски фанови во светот Мундијалот почнуваше со првиот настап на Бразил. Пеле, Зико, вистинскиот Роналдо и уште десетици и десетици други мега – ѕвезди се прашуваа за тоа кој е кој во светот на фудбалот. Денеска некои работи се променија. Сега Бразил не е меѓу топ – фаворитите, а овој Бразил имаше проблеми со повреди и неколку значајни имиња ќе ги нема на Мундијалот. Сепак, сепак ова е Бразил и тоа ...
Како што продолжува антарктичката зима, кога морскиот мраз нормално брзо се шири и достигнува врв во септември, сателитските снимки покажуваат дека морето Белингсхаузен, на западната страна од Антарктичкиот Полуостров, е речиси целосно без мраз, пишува Гардијан. „Депресивна состојба“ Научниците пресметале дека на регионот му недостасуваат околу 650.000 квадратни километри морски мраз во споредба со просекот за периодот од 1991 до 2020 година. ...
Земјотрес со магнитуда од 5,0 степени според Рихтеровата скала денес го погоди граничниот регион меѓу Перу и Еквадор, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот е регистриран во 1:35 часот по локално време, на длабочина од 35 километри. Земјотресот е регистриран 86 километри југозападно од Лоха, Еквадор и 12 километри северозападно од Ајабака, Перу. Земјотрес со магнитуда од 5,0 степени според Рихтеровата скала ...
Според соопштението на војската, инцидентите се случиле во јужните и северните делови на Балтичкото Море, при што шведскиот воздушен простор не е нарушен, објави порталот „Nordic Defence Sector“. „Gripen“-ите биле испратени да идентификуваат и следат руски авиони. Се вели дека вклучените руски авиони се „Su-24“ и „Su-34“, додека сојузничките борбени авиони, исто така, учествувале во операцијата за да се обезбеди регионот. Вицеадмиралката Ева ...
Тиери Анри и Златан Ибрахимовиќ се најдоа во смешен момент за време на емисијата посветена на Мундијалот, каде од смеа го „отпеаа“ сега веќе култниот хит на Дубиоза колектив: „I’m from Bosnia, take me to America“. Овој спонтан и хумористичен момент веднаш стана хит меѓу фановите. Златан Ибрахимовиќ и Тиери Анри се две напаѓачки икони, а и двајцата имаат посебни врски со Босна и Херцеговина. Таткото на Златан, Шефик е од околината на Бјелина, ...
Капитенот на Франција, Килијан Мбапе, даде интересно интервју за локалната телевизиска станица М6. Можеби звучи чудно, но тој објасни дека е среќен за својот поранешен тим Пари Сен Жермен, кој ја освои без него и втората титула во ЛШ: „Веднаш им честитав на играчите во Клерфонтен. Беше важно, особено затоа што беа петмина. Жал ми е за Вилијам Салиба, но полесно е да се утеши еден човек отколку петмина. Ние го поддржувавме ПСЖ во наш интерес: ...
“Коментар на денот“ поврзан со тековниот Мундијал во САД, Мексико и Канада, денеска е посветен на синоќешните дуели, помеѓу Канада и Босна односно САД и Парагвај. Мечеви во кој го видовме првото реми на овој турнир, како и лекција на домаќинот кој што покажа како се отвора турнир кога играш на домашен терен. Мечевите овојпат ги коментира Горазд Михаилов…. Босна стигна до Мундијалот преку корнери, а Канада тоа не го увиде „Од конечниот исход ...
И натаму во центарот на вниманието на стартот на Светското првенство е репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Оваа селекција одигра нерешено (1-1) против Канада на првиот меч на Мундијалот. Босанците имаат неверојатно огромна поддршка на Светското првенство. На овој Мунидјал, БиХ се пласираше откако ја елиминира Италија, па на социјалните мрежи и натаму фановите им фаќаат сеир. Се појави интересна фотографија која секако е фотомонтажа, на ...
Овие потези доаѓаат во време кога армијата се соочува со сериозен недостиг на персонал по четиригодишната војна со Русија, објави Ројтерс. Владата на Зеленски објави во мај дека ќе разгледа можни мерки за зголемување на бројот на војници, откако разговорите со Русија за завршување на војната беа во застој. По состанокот со клучните министри, Зеленски во своето дневно обраќање рече: „Се договоривме како финансиски да ја зајакнеме нашата ...
Легендарниот англиски напаѓач Вејн Руни верува дека Босна и Херцеговина имала голема среќа на натпреварот против Канада на Светското првенство, бидејќи голманот Никола Васиљ избегнал црвен картон по дуелот во второто полувреме. Судирот меѓу Васиљ и канадскиот напаѓач Тани Олувасеји беше во центарот на вниманието, кога босанскиот голман истрча од голот и го собори противникот за време на интервенцијата. Аргентинскиот судија Факундо Раул не ...
И ако е од Џани, сепак е премногу. Имено претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, побарал да се третира како крал во Канада. Тој, исто така, побарал можност за запирање на сообраќајот при минување со неговата придружба, што локалните власти го одбиле. Швајцарецот отиде на настанот под покровителство на организацијата што ја предводи, но сакал да направи шоу од тоа. „ФИФА побара придружба од четврто ниво за Инфантино во Ванкувер за нивниот ...
Според руските медиуми, Путин го рекол ова на состанок со припадници на руските вооружени сили. „Со оглед на тоа што прават, ние мораме, а ова е нашата следна задача, соодветно да одговориме. Ние го правиме ова и ќе продолжиме да ги интензивираме нападите врз непријателската инфраструктура со цел да ги одвратиме од напади врз нашите цивилни објекти“, рече Путин. Тој додаде дека украинските напади предизвикуваат штета на руската економија, но ...
Ако некој имаше сомнежи дека тимот на Соединетите Американски Држави ќе може да го издржи притисокот од домашната сцена и улогата на еден од фаворитите за 2026 година, тие сомнежи исчезнаа за само 45 минути против Парагвај. Во спектакуларен почеток, со шоу програма и настап на Кети Пери, и присуство на холивудски ѕвезди како Том Круз на трибините, САД влезе во натпреварот под огромни рефлектори и очекувања. Но, наместо притисок, дојде ...
„Змејовите“ беа во водство до 79-тата минута, но Канада лесно можеше да го земе целиот плен. Сепак, резултатот остана 1:1, а единствениот гол за „Змејовите“ го постигна Јово Лукиќ во 21. минута. Иако неговиот квалитет често беше оспоруван, тој постигна вреден гол за Босна и Херцеговина. Тој исто така направи нешто што никој не го направил од 1966 година. Јово Лукиќ испиша историја и стана првиот напаѓач откако се водат евиденции (од 1966 ...
Канада – БиХ 1:1 е исходот од мечот во Торонто, прв во групата Б на актуелниот Мундијал. Ова е прво реми во третиот натпревар на СП. Ова беше натпревар со многу возбудувања, и Канада и БиХ имаа свои шанси за победа. Лукиќ донесе водство за гостите во 21.минута, а Ларин израмни во 79.минута стрелаше за конечни 1:1. Првата шанса за откривање на резултатот ја имаше Мемиќ за 0:1, но сепак не успеа. Канада врати со голема шанса во 17.минута кога ...
Канада – БиХ 0:1 е резултатот по првото полувреме од мечот од групата Б на СП 2026. Стрелец на голот беше Лукиќ во 21.минута, откако убаво се снајде пред голот на домашните убаво зафаќајчи ја топката со глава со што ја затресе мрежата на Канада.Овој гол донесе еуфорија на стадионот во Торонто каде има и тоа како фанови на селекцијата на Босна и Херцеговина. Мемиќ уште во 3.минута се закани, но немаше гол. Канада имаше повеќе од играта, имаше ...
Дали се спрема нова бламажа и катастрофа на ФИФА? Се стравуваше дека „алчноста“ на ФИФА со цените на билетите на крајот ќе резултира со празни трибини, а беа потребни само два натпревари за најлошиот кошмар на претседателот Џани Инфантино да стане реалност, и тоа пред неговите очи. За време на вториот натпревар од Светското првенство помеѓу Јужна Кореја и Чешка, илјадници седишта останаа празни, иако Инфантино ги бранеше цените со „луда ...