Неодамна беше објавено кој што добил од неговото богатство. Роден како Карлос Реј Норис во 1940 година во Оклахома, тој стана глобална икона во текот на децениите. Тој стекна слава во 1970-тите, особено по соработката со Брус Ли во филмот „Патот на змејот“, додека серијата „Вокер, Тексашки ренџер“ го направи една од најпознатите ТВ личности. Милиони, но без помпа За време на неговата кариера, тој изгради богатство проценето на околу 70 ...

Актерката (57) објави серија фотографии на Инстаграм оваа недела, вклучувајќи една на која позира со Кертис (50) во прегратка. Соопштението донесе обновено внимание на нивната врска, која започна минатата година. Во описот на објавата, Анистон накратко напиша: „Неделен куп фотографии!“. Покрај романтичниот момент со Кертис, кој на едната фотографија е направен додека одмара на каучот со куче во скут, актерката сподели и спомени со пријатели и ...

Дополнително, повеќе од 210 ученици и наставници се повредени во нападите. Каземи наведе дека цели на нападите на американо-израелската коалиција што започнаа на 28 февруари биле нуклеарни постројки, училишта, болници, како и високопоставени верски и воени претставници. „Околу 900 образовни и административни објекти, вклучувајќи кампови и спортски објекти, се оштетени или целосно разрушени“, рече Каземи, додавајќи дека најголеми штети врз ...

Еден од дредовите на легендарната музичка ѕвезда Боб Марли ќе биде ставен на продажба на претстојната аукција, со проценета цена од неверојатни 29.300 евра (25.000 фунти), објави НМЕ. Овој необичен сувенир, долг приближно 3,8 сантиметри (1,5 инчи), има фасцинантна историја. Датира од 1978 година, кога Боб Марли и неговиот бенд The Wailers се појавија во познатата британска музичка емисија „Top of the Pops“. За време на настапот, бендот го ...

Чаудури (59) била уапсена во куќа на нејзини роднини во населбата Данмонди во главниот град Дака. По приведувањето таа е предадена на истражните служби кои и одредија мерка притвор. Таа беше првата жена на функцијата претседател на Парламентот на Бангладеш, избрана во април 2013 година. Функцијата ја извршуваше должноста до септември 2024 година. Оставка даде на функцијата еден месец откако по насилни протести на 5 август 2024 година беше ...

Советот за безбедност на ОН треба да гласа денеска за резолуција што би го заштитила комерцијалниот бродски превоз во Ормуската Теснина, но во значително ублажена форма откако Кина, која имаше право на вето, се спротивстави на овластувањето за употреба на сила, соопштија дипломати. Цените на нафтата скокнаа откако САД и Израел го нападнаа Иран кон крајот на февруари, предизвикувајќи конфликт што траеше повеќе од пет недели во кој Техеран во ...

Инцидентот се случил утрово во 08:00 часот по локално време, на улицата во близина на влезот во училиштето. Жртвата била наставничка по руски јазик и литература, која била и класна на напаѓачот. Наставничката била хоспитализирана во исклучително тешка состојба и нејзиниот живот не можел да се спаси. Напаѓачот има 17 години и е во деветто одделение, а наводно повторил неколку одделенија. Ученичкот и наставничката биле во долготраен конфликт. ...

Најодликуваниот жив австралиски војник, Бен Робертс-Смит, е уапсен изутринава на аеродромот во Сиднеј, во врска со петте обвиненија покренати против него за извршени воени злосторства и убиства на невооружени цивили за време на неговата служба во Авганистан. Според австралиската Сојузна полиција, приведувањето на 47-годишниот Робертс-Смит е во врска со обвиненијата што се однесуваат на наводни убиства на пет лица во периодот од 2009 до 2012 ...

Иранскиот заменик-министер за млади и спорт, Алиреза Рахими, го повика населението, вклучително младите, уметниците и спортистите, да формира живи синџири околу електроцентралите низ земјата, како реакција на заканите од САД за напади врз енергетската инфраструктура. Тој апелираше акцијата да се одржи во 11:30 часот по средноевропско време, истакнувајќи дека целта е да се испрати порака против нападите врз цивилни објекти. „Ќе се држиме за ...

Денеска бакнете ја мајка ви. Благовештение е Свето Благовештение е Богородичен празник, односно еден од празниците посветени на Пресвете Богородица. Тие се поврзани со животот на Божјата Мајка. Таков е и овој празник. Со право некои го сметаат и за двоен празник: Господов и Богородичен. Господов, бидејќи на овој ден Господ Исус Христос се воплотил – зачнал, а Богородичен, бидејќи Богородица постанала Божја мајка. Името на празникот ...

Делси Родригез останува вршителка на должноста претседателка на Венецуела откако денеска истече нејзиниот 90-дневен мандат на функцијата, поставен од Врховниот суд на земјата, по соборувањето и апсењето на Николас Мадуро од страна на САД во јануари. Меѓутоа, не е познато колку долго таа ќе биде уште на функцијата, бидејќи пратениците сè уште јавно не гласале за продолжување на нејзиниот мандат откако рокот за тоа истече во петокот. Според ...

Иран презентираше предлог од 10 точки за прекин на конфликтот со САД и Израел, што, меѓу другото, предвидува воведување на такса од околу два милиони долари по брод за премин низ Ормуската Теснина, а приходите ќе се користат за обнова на инфраструктурата уништена од американските и израелските напади. Двајца високи ирански функционери, зборувајќи под услов да останат анонимни, рекоа дека предлогот вклучува гаранција дека Иран нема повторно да ...

„Драги граѓани, за ваша безбедност, ве молиме воздржете се од патување со воз низ Иран од сега до 21 часот по иранско време. Вашето присуство во возовите и во близина на железничките пруги ги става вашите животи во опасност“, изјави портпаролот на ИДФ, потполковник Камал Пенхаси, според „Тајмс оф Израел“. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац вчера изјави дека на ИДФ им е наредено да „продолжат со полна сила да ја напаѓаат националната ...

Стадионот „Фадил Вокри“ во Приштина би можел да добие сосема нов изглед во наредниот период. Имено, архитектонска фирма од Приштина претстави концептуално решение кое уште на прв поглед привлекува внимание со својата едноставност и функционалност. Фокусот на проектот не е на прекумерна екстраваганција, туку на модернизација на постојниот објект, задржувајќи ја нејзината препознатлива структура. Посебен акцент е ставен на удобноста на ...

Во објавата на Reddit, 25-годишникот вели дека ги цени нивните телефонски разговори навечер, но нерамнотежата во комуникацијата му паѓа сè потешко. „Разговорот со неа ме исцрпува“ Тој објаснил дека обично својот ден го раскажува за минута или две, а потоа ја слуша својата 23-годишна девојка како опширно раскажува за колегите, канцелариските драми и разните разговори поврзани со работата. После цел ден поминат на факултет и работа, тој ...

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, пристигна во Унгарија синоќа за да ја изрази поддршката на претседателот Доналд Трамп за неговиот сојузник, премиерот Виктор Орбан, пред неизвесните парламентарни избори што се одржуваат оваа недела, објави „Еуроњуз“. Венс ќе се сретне со Орбан утрово, а потоа ќе одржи говор на настанот „Ден на унгарско-американското пријателство“ во спортскиот парк МТК. „Ќе разговараме за голем број теми поврзани со ...

Висок ирански безбедносен функционер синоќа изјави за американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен дека неговата земја му нанела „стратешки“ пораз на американскиот претседател Доналд Трамп и дека неговата ескалација на реториката кон Иранците го одржува неговото губење на контролата врз конфликтот. „Воениот неуспех на Трамп, во координација со (израелскиот премиер Бенјамин) Нетанјаху во јужен Исфахан, е стратешки неуспех - а неговото ...

Според документот на разузнувачките служби лиферуван меѓу сојузниците во Заливот во кој увид имал лондонски „Тајмс“, Хаменеи е во тешка здравствена состојба и во бесознание, по воздушните напади во кои беше убиен неговиот татко, долгогодишниот врховен лидер Али Хаменеи. Според наводите од разузнавањето, помладиот Хаменеи не учествува во донесувањето клучни одлуки во државата, додека траат подготовките за погребот на неговиот татко. ...

Елиф Елмас вечерва одигра само неколку минути на супер – дербито меѓу Наполи и Милан кое го добија домашните со 1:0, со голот на Политано во 79.минута вечерва на “Марадона“ стадионот во Неапол. Нашиот Дијамант мечот го започна од клупата, а влезе во игра во 85.минута на местото на Кевин Де Брујне. Со овие три бода Наполи сега е втор со -7 бода во однос на лидерот Интер, а Милан падна на третата позиција по ова 31.коло во Серија А. Први се ...

Памела Брук Шронс, 30, е уапсена во округот Гринвил во четврток, 2 април, а подоцна обвинета за добивање до 2.000 долари преку лажно претставување, објави „Ју-Ес Викли“. Жалби од клиенти Ова е 15-ти пат Шронс да биде уапсена и 15-ти пат да биде фотографирана во полицијата низ целата држава од 1 јануари, според коментарите на социјалните медиуми. Жителката на округот Андерсон, која е сопственик на бутикот „Томас и Тарнер“ во Белтон, е обвинета ...

Врз основа на прецизни разузнавачки информации од военото разузнавање, воздухопловните сили извршија ноќен напад во Техеран и го елиминираа Маџид Хотам-Хасини Хадеми, шеф на разузнавачката организација на Револуционерната гарда, објави израелската војска на мрежата X. „Хадеми беше еден од клучните команданти на Револуционерната гарда и имаше долгогодишно воено и безбедносно искуство. Тој беше назначен на оваа позиција по елиминацијата на ...

Трамп се закани дека ќе уништи мостови и електрани низ Иран, што би можело да има сериозни последици за цивилите и да предизвика одмазда во регионот. Во исто време, медијаторите од Пакистан, Египет и Турција се обидуваат да спречат ескалација и да помогнат во постигнувањето договор или барем да го одложат рокот за евентуален напад. Висок функционер на администрацијата изјави за Аксиос дека Трамп би можел да ја одложи одлуката ако види ...

- Владата одлучи да им исплати отштета на граѓаните чии домови, бизниси или лични возила се оштетени од уништувањето предизвикано од актуелните регионални настани. Отштета ќе биде обезбедена врз основа на процени на штетите подготвени од техничките комитети, се наведува во владиното соопштение. Јорданската армија претходно соопшти дека 281 ирански беспилотни летала и ракети биле насочени кон кралството од почетокот на израелско-американската ...

Капитенот на Челзи, Енцо Фернандез, е сè уште надвор од теренот, но соблекувалната сега упати посебен апел до тренерот Лиам Росениор и раководството на клубот. Аргентинска новинарка Вероника откри од свои сигурни извори дека играчите на Челзи го замолиле Лиам Росениор да го врати Енцо Фернандез во тимот пред дербито со Манчестер Сити. Енцо беше отстранет од тимот поради несоодветни изјави во неговата татковина, каде што јавно им кажа на ...

Американската глумица Шерон Стоун, во текот на својата кариера, глумела во најмалку 63 филмови, а можеби најпознатите романтични улоги ѝ се оние со Мајкл Даглас во „Ниски страсти“ (Basic Instinct), Вилијам - Били Болдвин во „Сливер“ (Sliver), Силвестер Сталоне во „Специјалист“ и co Роберт де Ниро и Џо Пеши во „Казино“. Неодамна, таа откри кого го смета за најдобар партнер за бакнување во Холивуд и филмската индустрија, објави „Јунилад“ ...

Во меч од 31.коло во Серија А, Јувентус како домаќин пред своите фанови, успеа со 2:0 да ја победи Џенова и со тоа да освои три големи бода во битката за што повисок пласман. Јуве сега е петти со 57 бодови, три повеќе од шестата Рома и еден помалку од четвртиот Комо. Домашните го решија прашањето за победникот веќе по 17 минути кога на семафорот беше 2:0. Веќе во четвртата минута, по долга акција и гужва во шеснаесетникот на гостите, Кели со ...

Севиља како клуб во моментов се соочува со огромни проблеми. Викендов тимот загуби во Овиедо со 1:0, и тоа дополнително ја искомплицира ситуацијата, затоа што Севиља се наоѓа при самото дно на табелата и загрозен е опстанокот. Клубот нема позитивен резултат пет кола, има само две победи од јануари наваму и ситуацијата е алармантна. По враќањето дома од гостувањето кај Овиедо, навивачите направи мини хаос пречекувајќи го тимот и приредувајќи ...

Инцидентот е снимен во градот Алентаун, во американската држава Пенсилванија, а снимката се појави на мрежите, објавува Дејли Меил. „Тоа беше велигденско чудо“ Како што е објавено, авионот полетал од Њу Џерси до Индијана во сабота наутро, а по некое време пилотот пријавил проблеми со моторот. Според радиокомуникацијата, пилотот не бил сигурен дали да слета на автопатот, но немал друг избор. Драматичната снимка, снимена од камера на автомобил, ...

Главниот тренер на Џенова, Даниеле Де Роси, остро ги критикуваше многуте „експерти“ кои нудат магични решенија за кризата во италијанската репрезентација по оставката на претседателот на федерацијата, Габриеле Гравина. Де Роси го изрази своето незадоволство од многуте совети што моментално го преплавуваат јавниот простор. Тој нагласи дека сите се обидуваат да дадат готови решенија за излез од кризата, без да навлегуваат во вистинските ...

44 годишната моделка позната по фотките на кои позира во бикини, во описот на објавата, со натпис „Бали... во зори“, открила дека фотографиите ги направил нејзиното момче Бак Палмер. Иако сè уште нема официјална потврда за свршувачката, прстенот на левата рака бил доволен за да предизвика бројни шпекулации. Извор близок до двојката изјавил за Дејли Меил дека Алесандра сè уште не ја потврдила свршувачката, но дека сите веруваат дека нејзината ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.85
57%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
3.58
61%
1020
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.93
60%
1021
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.28
53%
1022
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.85
73%
1018
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
0.45
54%
1020
weather icon

Атина

24ᴼ / 20ᴼ
1.79
46%
1012
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.65
67%
1015
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
4.53
50%
1017
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 14ᴼ
1.34
95%
1018
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
0.89
48%
1020
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
5.76
90%
1014
Currency

61.635

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Калај

51.97

Алуминиум

3.48

Сребро

2072.63

Бакар

12.52

Родиум

257205.97

Паладиум

39545.42

Злато

131337.93

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Платина

53756.05

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09