
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



- Сигурен сум, ова го кажувам како стар лисец кој многу видел во дипломатијата и, всушност, повеќе од кој било од сегашните Европјани на власт, дека прекин на огнот и мир во Украина ќе се постигнат ако се одржи средба на рускиот и американскиот претседател. Значи, телефон нема да помогне, рече Орбан во интервју за Јутјуб каналот „Патриота“. Според него, ако почнат директни преговори, тогаш прекин на огнот „може да се постигне многу брзо“, но ако ...
Руто рече дека „е доста“ и ја повика полицијата „да им пука во нозе“ на оние кои се вклучени во ограбување и палење бизниси. Тој тврди дека незадоволството е политички мотивирано и оти неговите политички ривали сакаат да ја соборат неговата влада со насилство. Во Кенија со недели има големи демонстрации, откако познат блогер почина во полициски притвор минатиот месец, што разлути многу Кенијци. Тензиите дополнително се зголемија откако полицаец ...
Тој, по состанокот со папата Лав Четиринаесетти изјави дека предлогот за средби на ниво на лидери во Ватикан, со цел ставање крај на руската агресија и постигнување стабилен, траен и вистински мир, „останува отворен и апсолутно можен“, пренесува Укринформ. - Во моментов, само Москва го отфрла овој предлог, како и сите други мировни предлози. Ќе продолжиме да градиме глобална солидарност за дипломатијата и понатаму да функционира, напиша Зеленски ...
Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар денеска изјави дека е оптимист во врска со постигнувањето договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Појасот Газа, велејќи дека доколку се постигне привремено примирје, Израел ќе преговара и за трајно примирје. -Израел е решен да постигне договор за заложниците и за прекин на огнот. Верувам дека е можно, изјави Сар во Братислава. Шефот на израелската дипломатија додаде дека, ...
Нојман изјави во Берлин дека употребата на „најмалите од мали дронови“ на бојното поле во источна Украина е важен тактички и оперативен фактор, но оти тие не влијаат на важноста на традиционалните способности на воздухопловните сили, јави ДПА. - Повеќе мислам на операцијата што ја видовме меѓу Израел и Иран, рече Нојман. „Тоа е повеќе начинот на кој НАТО би ја практикувал воздушната моќ: извршување одлучувачки напади длабоко во непријателската ...
-Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина, и покрај притисокот од левичарските и проруските десничарски сили во парламентот, рече Мерц на седницата на Бундестагот каде што се дискутираше за буџетот, пренесува Гардијан. Тој оцени дека „ се исцрпени“ сите дипломатски средства за завршување на војната во Украина. -Кога криминален режим, кој отворено го доведува во прашање правото на друга земја да постои со воена сила и има намера да го уништи ...
-Капетанот на туристичкиот брод, сопственост на општина Скадар, 51-годишниот Арбен Аламани, се удавил при спасување двајца туристи кои паднале во езерската вода и почнале да се дават. Туристите се спасени и се во добра здравствена состојба, објавија медиумите. Полициските служби веднаш излегоа на местото на настанот, а потрагата по телото на Аламани продолжи и денеска. Истражниот тим продолжува да работи на целосно расветлување на околностите на ...
Четворица од 25-те членови на екипажот загинале пред остатокот од екипажот да го напушти бродот, кој потонал утрово по нападите извршени во понеделникот и вторникот. Спасувачите денеска извлекоа седум живи членови на екипажот, додека 14 лица сè уште се водат како исчезнати. Екипажот помина повеќе од 24 часа во вода пред да биде спасен. Меѓу нив имаше 21 Филипинец, еден Русин и тројца вооружени чувари, вклучувајќи Грк и Индиец, од кои еден Индиец ...
За вечерва во 21 часот, на стадионот “МетЛајф“ во Њу Џерси, закажано е второто полуфинале на Светското клупско првенство. Се среќаваат ПСЖ и Реал Мадрид. Значи европскиот шампион против “кралевите“, значи најдобриот тим во светот во овој момент против најголемиот клуб на планетава. И кога е така, а така е, тогаш јасно е дека се очекува само спектакл и ништо помалку. “Машината“ на Луис Енрике има намера на европската титула да ја додаде и ...
Галатасарај се согласил да плати оштета од 75 милиони евра за нигерискиот голгетер Виктор Осимен (26), но трансферот сè уште не е финализиран бидејќи Наполи бара банкарски гаранции од турскиот клуб дека ќе може целосно да ја исплати договорената сума, пренесуваат италијанските медиуми. Првичната понуда на Галатасарај изнесувала 60 милиони евра, но Наполи ја одбил. Во вторникот, потпретседателот на истанбулскиот клуб Абдулах Кавукџу отпатувал во ...
Штрајкот делумно ги наруши јавните услуги и производството. Коалиција од 10 големи синдикати и неколку други групи за права на земјоделците и селаните повика на еднодневен штрајк, нарекувајќи го „Барат банд“, што на хинду јазикот значи „Затворете ја Индија“. Штрајковите претставуваат нови предизвици за напорите на Моди да привлече странски компании со промени во законите за труд што го поедноставуваат работењето на бизнисот и ја зголемуваат ...
Во морскиот дел на 17 наутички милји јужно од малиот грчки остров Гавдос утрово завршила повеќечасовната акција на Крајбрежната служба на Грција за спасување на околу 520 мигранти, јави дописничката на МИА од Атина. Од Крајбрежната служба на Грција информираа дека лицата кои се пренесувале во рибарски брод биле спасени од два брода, меѓу кои и еден товарен што под знаме на Бахами пловел во близина, а во акцијата учествувале и два авиони на ...
- Нашата апсолутна црвена линија е демилитаризацијата на Украина, нагласи Лекорни во интервју за неделникот „Валур актуел“ пред конференцијата за обнова на Украина во Рим. Тој подвлече дека „мора да се биде доследен“. - Не можеме да го одбиеме влезот на Украина во НАТО, а истовремено да прифатиме дека таа повеќе нема армија. Украинците мора да бидат способни сами да си ја обезбедат својата безбедност, рече министерот. Конференцијата за обнова на ...
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, одби да биде вовлечен во споредби помеѓу неговиот тим, кој ја освои Лигата на шампионите оваа година, и тимот за кој претходно играше Килијан Мбапе. Тоа беше неизбежна тема на дискусија на прес-конференцијата пред реваншот од полуфиналето на Светското клупско првенство помеѓу Парижаните и Реал Мадрид, каде што Мбапе моментално игра. „Тоа е прашање на минатото, и не сум тука да зборувам за минатото, ...
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, тренира сам во тренинг-базата Карингтон, и покрај тоа што доби дозвола од клубот да биде отсутен за да организира трансфер. Играчите на „црвените ѓаволи“ се вратија на предсезонски тренинг во понеделник, но пет играчи на кои Рубен Аморим нема да смета добија повеќе време да се обидат да организираат трансфери. Тоа се Рашфорд, Алехандро Гарначо, Антони, Џејдон Санчо и Тирел Маласија. Сите тие имаат ...
Како што информира КБЦ Сплит, примени се вкупно 26 пациенти, а откако биле прегледани двајца се задржани на болничко лекување со тешки повреди, но не се животно загрозени, пренесе Хина. Портпаролката на сплитскиот КБЦ, Кристина Битанга, додаде дека останатите се полесно повредени, а станува збор главно за исеченици, гребнатини, скршеници и нагмечувања. Невреме проследено со град и силен ветер, го зафати утрово Сплит и околината, а градот кусо ...
Првпат Русија од инвазијата врз Украина во 2022 година е прогласена за виновна за кршење на човековите права. Во првата пресуда Русија со инвазијата врз Украина во 2022 година одговорна за злоупотреби на човековите права од целосната инвазија во 2022 година. Во другата пресуда се наведува дека Русија стои зад соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во источна Украина во 2014 година, на летот MХ17 од Амстердам до Куала Лумпур, кога загинаа ...
Главното јавно обвинителство во Анкара отвори официјална истрага за инцидентот. Ова е прв случај во Турција на забрана за алатка базирана на вештачка интелигенција. Според турски медиуми, „Грок“, кој е интегриран во социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер), генерирал навредливи содржини за Ердоган кога му биле поставени прашања на турски јазик. Одделот за информации и комуникациски технологии ја спроведе забраната по судско решение, со ...
Во округот Падра во индиската држава Гуџарат, дел од мостот Гамбира-Муџпур преку реката Махисагар (Махи) се урна рано утрово, при што загинаа девет лица, а тројца други беа повредени, а неколку возила паднаа во реката, објавија индиските медиуми. Дел од конструкцијата на мостот што ги поврзува регионите Ананд и Вадодара попуштила за време на утринскиот шпиц, објави NDTV од Делхи. Според првичните извештаи, четири возила, вклучувајќи два камиони, ...
EUObserver На 27 мај, американската администрација објави официјален документ со кој се повикува на промена на режимите во европските земји, а европските политичари би требало внимателно да го прочитаат тој документ пред да почнат да смислуваат стратегии за претстојните изборни кампањи, пишува порталот EUObserver. Овој пат, се наведува, во прашање е многу повеќе од тоа кој ќе управува со европските земји, бидејќи сегашната американска ...
Коментарите доаѓаат откако неодамнешните руско-украински мировни преговори во Истанбул не успеаја да постигнат никаков напредок во запирањето на непријателствата, освен договор за нова размена на затвореници. - Кога криминален режим отворено го доведува во прашање правото на друга земја да постои со воена сила и се обидува да го уништи политичкиот поредок на слободата на целиот европски континент, федералната влада што ја водам ќе стори сè што е ...
Пожарникарските екипи одговориле на 5.008 повици и ја ставиле ситуацијата под контрола. Противпожарната служба испратила 502 пожарникари на местото на настанот, поддржани од 310 доброволни противпожарни и спасувачки организации, вкупно 72 структури и 74 претставници на локалната самоуправа. Противпожарната служба на округот Хајду-Бихар е во состојба на готовност од утрото и има дополнителни 50 пожарникари како засилување. Окрузите Чонград, ...
Вашингтонскиот тинк-тенк нагласува дека ниту една од овие три земји не му помогнала на Иран за време на израелските и американските напади врз неговата нуклеарна програма, иако имаат блиски односи со Исламската Република. Американските аналитичари зборуваат за своевидна „Антанта“ меѓу Русија, Кина, Иран и Северна Кореја, по аналогија со сојузот меѓу Франција, Британската империја и Русија пред Првата светска војна. Според нив, отсуството на брза ...
-Информациите дадени од Германија не се совпаѓаат со фактите познати на кинеската страна, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи Мао Нинг во Пекинг. Според Мао, кинеската морнарица спроведувала операции за придружба во Аденскиот Залив и во водите покрај Сомалија, исполнувајќи ја својата одговорност за одржување на безбедноста во регионот. Германија оваа недела го повика кинескиот амбасадор во Берлин поради ...
Италијанските медиуми објавија дека Јувентус е подготвен да се ослободи од Душан Влаховиќ и ќе му понуди раскинување на договорот. Ова лето, клубот од Торино активно бара начин да се ослободи од српскиот напаѓач, кој повеќе не е дел од плановите на тренерот Игор Тудор за сезоната 2025/26. Договорот на Влаховиќ со Јувентус е до летото 2026 година, што значи дека би можел да замине следното лето без надомест. Влаховиќ е еден од најплатените играчи ...
Денешниот ден ќе биде малку пократок од вообичаеното, за нашата планета. Имено, се очекува Земјата денеска да ја заврши својата целосна ротација за приближно 1,3 милисекунди помалку од стандардните 86.400 секунди што чинат 24-часовен ден, според предвидувањата засновани на астрономски набљудувања. Феноменот може да се измери само со помош на атомски часовници, коишто се доволно прецизни за да забележат варијации од илјадити делови од секундата. ...
Премиерот на Малезија, Анвар Ибрахим, на почетокот од тридневниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Асоцијацијата на држави од Југоисточна Азија (АСЕАН), изјави дека глобалната трговија се користи како оружје за вршење притисок. Тој го повика АСЕАН да соработува за да се одговори на трговските закани. - АСЕАН мора да биде меѓу оние кои се залагаат за правилата, дури и кога другите избираат да се повлечат, посочи ...
Според Министерството за обединување во Сеул, рибарите повеќепати изразиле желба да се вратат во Северна Кореја. Четворица од нив биле спасени во мај во Источното Море, познато и како Јапонско Море, додека другите двајца биле спасени во март во Жолтото Море. Рибарите утрово биле качени на дрвен чамец, кој ги однел назад до де факто поморската граница со Северна Кореја. Репатрирањето на севернокорејски граѓани во нивната татковина е ретко, а ...
Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума, ја покажа својата големина и го посети играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Џамал Мусиала, во болница, како знак на жалење за повредата што му ја нанесе за време на натпреварот на Светското клупско првенство. Џамал Мусииала е успешно опериран и наскоро ќе започне со рехабилитација. Неговиот кам-бек се очекува после пет-шест месеци. Тој ја повреди левата нога откако беше соборен од голманот на ...
Одлуката произлегува од указ на Трамп од февруари, со кој се наложува на федералните агенции да се подготват за кадровски кратења. Според плановите, се предвидуваат отпуштања во министерствата за земјоделство, трговија, здравство и човечки ресурси, финансии, за прашања на ветераните, како и во повеќе од десет други агенции. Во кратка, непотпишана одлука, Судот оцени дека администрацијата на Трамп „веројатно ќе успее“ да докаже дека мерките се во ...