
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Според неколку меѓународни извори, преговорите за нормализација на односите меѓу Сирија и Израел во последните недели значително се интензивирале. Средбата се одржала вчера, а сирискиот претседател разговарал со советник за национална безбедност од израелската Влада. Според изворите, средбата била директно координирана од претседателот на ОАЕ, Мохамед бин Зајед. Двајцата функционери пристигнале во Емиратите со одделни летови во речиси исто ...
Најпогодена е областа Кер Каунти, каде што се потврдени 96 жртви, од кои 36 се деца, повеќето сместени во христијанскиот летен камп „Мистик“. Според извештај на службата за одговор при поплави, уште шест лица од кампот – пет деца и еден воспитувач – се водат како исчезнати. Дождовите почнале во раните утрински часови во петокот, а реката Гвадалуп се излеала зголемувајќи го нивото за речиси осум метри за помалку од еден час. Гувернерот на Тексас, ...
Во потрагата по преживеаните луѓе, по катастрофалните поплави што на 4 јули ја погодија американската сојузна држава Тексас, при што загинаа 120 луѓе, а речиси 200 се е водат како исчезнати, вклучена е и американската Национална воздухопловна и вселенска администрација (НАСА) со два авиона. Авионот Ви-би-57 (WB-57) на НАСА за голема надморска височина на 8 јули полета од базата Елингтон во Хјустон и го пребарува теренот користејќи сензор за ...
Австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг, денеска побара Русија да плати отштета за уривањето на малезискиот авион на летот МХ17 во 2014 година, откако Европскиот суд за човекови права (ЕКЧП) ја прогласи Москва за одговорна за несреќата, јави ДПА. Судот во Стразбур вчера утврди дека Русија не ја проверила целта на проектилот со кој бил соборен авионот над источна Украина на 17 јули 2014 година. Во инцидентот загинаа 298 луѓе, ...
Гардијан - Лондон Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се подготвува да се соочи со редок предлог за недоверба во Европскиот парламент, кој најверојатно ќе го открие незадоволството поради поместувањето на политиките на ЕУ кон десницата. Се очекува Фон дер Лајен лесно да го преживее денешното гласање по предлогот за укор, кој теоретски би можел да ја собори нејзината комисија. Иако нејзиниот опстанок се смета за сигурен, ...
Тој рече дека владата донела одлука со која се издвоени дополнителни средства од тековната резерва на буџетот за санација на штетите предизвикани од пожарите што зафатија неколку области во Србија. „Во изминатите денови, нашата земја беше погодена од катастрофални пожари, што, особено на југот на Србија, зафатија цели села, уништувајќи домови, имоти и се што луѓето граделе со децении. Владата на Република Србија реагираше веднаш - на денешната ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера испрати писмо до бразилскиот колега Луис Инасио да Силва во кое го информира дека планира да воведе дополнителни царини од 50 проценти за бразилските производи како одговор за кривичното гонење на поранешниот претседател Жаир Болсонаро. - Односот на Бразил кон поранешниот претседател Болсонаро е меѓународен срам, напиша Трамп во писмото, опишувајќи го гонењето на поранешниот бразилски ултрадесничарски ...
Многумина не се свесни дека некои вообичаени грешки во негата на билките всушност можат да им наштетат и да доведат до нивно уништување. Саксиското цвеќе може да внесе боја на терасите и другите надворешни простори, но грижата за него носи голем број предизвици. Понекогаш, и покрај грижата и трудот, растенијата едноставно не напредуваат. Често се случува, иако редовно ги наводнувате и негувате, сепак нешто да го забавува нивниот раст. Еден од ...
Интер Мајами го победи Њу Ингланд со 1-2 на гостински терен. Тимот од Мајами има десет победи, пет нерешени резултати и три порази, но има два или три натпревари помалку од конкуренцијата поради учеството на Светското клупско првенство. Главната причина за новиот успех беше Лионел Меси. Аргентинецот ги постигна двата гола за својот тим во првото полувреме. Ова ја продолжи неговата извонредна форма, бидејќи во последните пет настапи во МЛС има ...
Велика Британија и Франција се договорија да нарачаат дополнителни крилести ракети „Сторм Шадоу“, додека паралелно разговараат за заеднички развој на нивен наследник, како дел од обновениот одбранбен пакт, објавија британските медиуми по посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Лондон. Ракетата „Сторм Шадоу“, или СКАЛП како што ја нарекуваат Французите, има долг дострел и веќе се користи од страна на Украина за напади во длабочина ...
Според двајца неименувани функционери од Белата куќа, новата испорака вклучува 155-милиметарски муниции и прецизно наведувани ракети. Тие не прецизираа колку оружје е испратено ниту дали веќе е пристигнато на целта. Не е јасно дали оваа пратка претставува долгорочна промена на американската политика. Прекинот на испораките, наредена од секретарот за одбрана Пит Хегсет, се должи на загриженоста за намалени резерви во американските армиски ...
Имено, на настанот на стадионот „Вила парк“ во Бирмингем, Англија, под наслов „Назад кон почетокот“ (Back to the Beginning) се собраа речиси 200 милиони долари како добротворни средства за три одделни организации, според Том Морело од „Рејџ агенст д’машин“ (Rage Against the Machine), кој беше музички директор на целодневниот настан. „Сакавме не само да го создадеме најголемиот ден во историјата на хеви металот. Собравме многу пари за одлична ...
Уф, каков меч на спектакуларниот состав на Луис Енрике. Уште таа моќна “машина“ докажа дека во моментов е убедливо, без конкуренција, најдобриот тим во светот. ПСЖ – Реал Мадрид 4:0 во второто полуфинале на Светското клупско првенство. И се беше готово уште во 24.минута кога Фабијан Руиз го постигна својот втор гол за водство од 3:0. Претходно прво стрелаше за 1:0 во 6..минута, за да Дембеле го удвои водството на ПСЖ само три минути подоцна. И ...
Барем засега ништо од трансферот на Нони Мадуеке од Челзи во Арсенал. Имено иако напаѓачот на “сините“ и селекцијата на Англија, се договори со Арсенал околу личните услови, сега проблемот е во раководството на “сините“. Челзи не го пушта за 60 милиони евра колку клубот од “Емирејтс“ нуди, бара поголема сума. Последна вест е дека во следните неколку дена одново ќе има преговори, но мали се шансите до него да дојде. Мадуеке во минатата сезона за ...
Веќе трет преоден рок како тимот на Интер ќе се обиде да го доведе во своите редови, Марко Асенсио. Прв пат тоа беше во 2023 година, втор во зимскиот изминат рок, а еве и сега, во моментов играчот на ПСЖ е мета на тимот од Милано. Минатиот пат пречка беше фактот што Интер не успеа да се ослободи од Арнаутовиќ и Кореа по што не беше можно да се носи уште еден напаѓач. Сега ситуацијата е поинаква и реално има простор за шпанецот. Договорот на ...
Архимандрит Тихомир ШЕВКУНОВ Во тоа време, ако некој прашаше за името на најнезгодната личност во Печори, нема дилема дека секој би одговорил дека тоа е благајникот на Псков-Печерскиот манастир, архимандритот Натанаил. Свештениците и почетниците би биле едногласни во ова, како и монасите и мирјаните, комунистите од печерската управа на КГБ и мештани неистомисленици. Се работи за тоа дека отец Натанаил по карактер беше повеќе од незгоден човек. ...
Куклата е дизајнирана во партнерство со „Брејктру Т1Д“ (Breakthrough T1D) - водечка организација за истражување и претставување на лицата со дијабетес, којашто сега е дел и од линијата „Барби фашонистас“ (Barbie Fashionistas), објави Си-ен-ен (CNN). Криста Бергер, потпретседателка на брендот на компанијата „Мател“ (Mattel), вели дека нивните кукли го обликуваат позитивниот светоглед на децата. - „Барби“ помага во обликувањето на погледите на ...
Во јуни оваа година, 1.420 барања за банкрот беа поднесени од компании и партнерства во Германија, што е за 23 проценти повеќе отколку во истиот месец минатата година. Бројот на банкроти беше за 50 проценти поголем од просекот за јуни помеѓу 2016 и 2019 година, пред пандемијата со Ковид-19. Во вториот квартал од оваа година, 4.524 компании поднесоа барање за банкрот, што влијаеше на 45.000 работни места. Бројот на банкроти се зголеми за седум ...
Писмата беа испратени до Алжир, Султанат Брунеи, Ирак, Либија, Молдавија и Филипини. Се очекува алжирските, либиските и ирачките производи да бидат оданочени со околу 30 отсто, од Молдавија и Брунеи со 25 отсто, а од Филипини со 20 отсто. Американскиот претседател во понеделникот почна да испраќа писма до земјите со трговски суфицит со САД, информирајќи ги за царинските мерки. САД од 1 август ќе почнат да применуваат повисоки царини на увозот на ...
Организацијата за човекови права Амнести Интернешнл денеска го осуди израелскиот предлог за преселување на Палестинците во „хуманитарен град“ во урнатините на Рафа, велејќи дека тоа претставува „декларација за намера да се извршат воени злосторства и злосторства против човештвото“. - Преселувањето на Палестинците во Газа, или нивната депортација против нивна волја, би претставувало воено злосторство на незаконско преместување или депортација. ...
Во интервју за Јутјуб каналот „Патриота“, Орбан рече дека претходното искуство на Зеленски во комедијата и глумата „не му помогнало во она што сега мора да го прави, особено не среде војна“. Унгарскиот лидер рече дека Зеленски „глуми претседател“, додавајќи дека тие двајца „не успеале да разговараат во подлабок контекст“. Орбан додаде дека неговите посети на Украина, Русија, Кина и САД пред една година имале за цел склучување мировна ...
Поранешниот лекар на поранешниот американски претседател Џо Бајден одби да одговори на прашања во истрагата на републиканците во Претставничкиот дом за менталната состојба и здравјето на Бајден за време на неговиот мандат, соопштија адвокатите на лекарот, цитирани од американските медиуми. Д-р Кевин О'Конор, кој беше семеен лекар на Бајден, а подоцна и лекар на Белата куќа, се повика на лекарската тајна и на правото дадено со Петтиот амандман за ...
Зарем ова е Реал Мадрид? Зарем ова е најголемиот и најспектакуларниот клуб во светот? Зарем ова е новата ера на Чаби Алонсо? Каков дебакл за “кралевите“. ПСЖ уште по првото полувреме во второто полуфинале на СКП има водство против Реал Мадрид од 3:0. Прво стрелаше Руиз во 6.минута за 1:0, за да Дембеле три минути подоцна зголеми на 2:0. Фабијан Руиз во 24.минута со својот втор гол донесе 3:0 за “светците“ од Париз. Се очекуваше спектакл, ама од ...
Како што јавуваат руските медиуми, овој систем треба да содржи податоци за сите странци и лица без државјанство кои влегуваат, излегуваат или престојуваат во Русија. Агенцијата наведува дека целта на креирањето на регистарот е да се соберат поцелосни, поточни и поажурирани информации за проценка на миграциската состојба во земјата. „Со цел да се обезбеди државна безбедност, да се зачува јавниот ред и да се подобри државната миграциска политика ...
Довчерашниот тренер на Реал Мадрид, а сегашен селектор на Бразил, Карло Анчелоти е виновен за даночно затајување и за тоа доби затворска казна од една година. Даночниот прекршок е направен во 2014, додека за нешто слично за таа 2015, тој е ослободен од обвиненијата за кои се товареше. Сепак славниот тренер нема да биде зад решетки и тоа поради низа олесинителни околности, но и поради по малку чудниот закон во државата Шпанија. Сепак судот не му ...
Судот процени дека не постои ризик од непоправливо кршење на нејзините права. Ова е, како што пишува „Фигаро“, дополнителен удар за Националниот собир на правен план, откако во седиштето на партијата беше извршен претрес од страна на судски истражители на париското обвинителство во рамките на истрага за финансирањето на кампањата на последните избори. Ле Пен, која и понатаму планира да се кандидира на претседателските избори во 2027 година, ...
Целосен пресврт во ситуацијата со тимот на Лион. Од исфрлен клуб во понизок ранг поради долгови, и неликвидност во финаисиското фунционирање, до тотална рехабилитација на оваа тема, и останување во Лига 1. Оваа информација ја потврди и самиот клуб, кој што испрати соопштение до медиумите во кое се пренесува прекрасната вест за стотиците илјади навивачи на клубот. „Новото раководство, поддржано од посветеноста и посветеноста на нашите акционери и ...
Лавров ќе ја посети Демократска Народна Република Кореја од 11 до 13 јули, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, користејќи го официјалното име на Северна Кореја. Севернокорејската новинска агенција КЦНА претходно денеска јави за патувањето, додавајќи дека Лавров доаѓа на покана на севернокорејското Министерство за надворешни работи. Посетата на високиот руски функционер доаѓа месец и половина по ...
Џамал Мусиала, за прв пат по сериозната фрактура здобиена на мечот против ПСЖ за време на Светското клупско првенство во САД, се појави во јавноста. Мусиала заработи скршеница која што го шокираше светот, во дуелот со Џиџи Донарума. Веднаш беше пренесен во локална болница, па транспортиран во Германија, каде што му беше извршена операцијата. Тој веќе ја започна рехабилитацијата, а најде време и простор да и се обрати на јавноста. „Благодарам на ...
Шкотската полиција денеска објави дека се подготвува за можна посета на американскиот претседател. -Во тек е планирање за потенцијална посета на претседателот на САД на Шкотска подоцна овој месец, изјави Ема Бонд, помошничка началничка на полицијата во Шкотска. „Иако сè уште нема официјална потврда, важно е однапред да се подготвиме за значајна полициска операција“, рече таа. Трамп треба да оствари и државна посета на Обединетото Кралство оваа ...