Цивилната заштита го активираше системот 112 и испрати СМС-предупредувања до граѓаните и туристите Најкритичната ситуација се очекува од денеска попладне до сабота наутро, особено на популарните дестинации како што се Халкидики, Олимпискиот регион, Солун и островот Тасос Во Грција е на сила предупредување за вонредна состојба поради опасни временски услови донесени од циклон со обилни врнежи од дожд, грмежи и силни бури. Грчката цивилна ...

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (23.07.2026 година) се евидентирани вкупно 197 новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош, што покажува намалување во однос на претходниот ден. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” Гостивар се регистрирани вкупно 117 нови прегледи, од кои 82 на инфективното одделение (без нови хоспитализации и три исписи), 40 на педијатриското ...

Македонскиот пасош се најде на високото 33. место во светот, а пред него е само српскиот. Од земјите од Западен Балкан, без членките на ЕУ, само српскиот пасош е подобро рангиран од македонскиот. Тој е едно место погоре, односно 32. на ранг-листата и на неговите носители им овозможува патување без виза во 91 земја. Позицијата на црногорскиот пасош е веднаш зад македонскиот – на 34. место, со ист број дестинации за кои не е потребна виза (85). ...

Состојбата со болеста сипаници кај малите преживари, поради која досега во земјава се уништени околу 2.700 овци, предизвикува сѐ поголема загриженост кај сточарите. Тие алармираат дека постојано расте бројот на жаришта и дека во моментов се регистрирани 17 активни, што укажува на сериозно ширење на заразата. Сточарите реагираат за бавната реакција на надлежните институции и предупредуваат дека секое дополнително одложување на мерките може да ...

Во расфрланите шаторски населби во јужна Газа, и обичната запалка за цигари стана неочекуван луксуз, подеднакво важен за секојдневното преживување, како храната, водата и горивото. За Нисрин Абу Сада, раселена мајка на четири деца, ложењето оган за готвење е секојдневна борба на територија каде што сè уште е тешко да се најде гас, па семејствата горат картон, пластика и дрвени остатоци за да подготвуваат оброци, пишува „Ројтерс“. – Шаторот е ...

Триесет и двегодишен жител на Кавадарци е приведен под сомнение дека измамил 50-годишна жена од Куманово за вкупно 9.000 евра, ветувајќи ѝ дека ќе посредува за добивање странски пасош. Според Министерството за внатрешни работи, осомничениот првично побарал 400 евра за наводното посредување, а потоа во повеќе наврати барал дополнителни суми. За краток период, оштетената му предала вкупно 9.000 евра, но тој продолжил да бара пари. По претходна ...

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека, според известување од надлежните органи на Република Грција, на 27 јули 2026 година (понеделник) е најавен штрајк на царинските службеници на граничните премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија). Во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време, патничките возила ќе се пропуштаат на секои 10 минути, додека товарниот сообраќај ќе биде целосно запрен ...

По епидемијата во Гостивар, општинските водоводи ги зачестија контролите на водата и вистината до граѓаните- што пијат од градските чешми, па така јавноста деновиве дозна дека и водата во Крушево и Валандово не била исправна и беше забранета за пиење. Дека загаденоста на водите за пиење не е од сега, туку е оддамна проблем со голем ризик по здравјето, редовно нотирале од Институтот за јавно здравје во нивните редовни годишни извештаи. ...

Европската унија очекува Соединетите Американски Држави да продолжат да се придржуваат кон трговскиот договор што стапи на сила на 1 јули минатата година, и покрај новите царини што ги наметна администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. САД од денес воведуваат дополнителни царини од 10 и 12,5 проценти за стоки од 60 трговски партнери, вклучувајќи ја Европската Унија и Кина, наведувајќи ги мерките како поврзани со наводите за ...

Романски борбен авион Ф-16 собори дрон кој влегол во романскиот воздушен простор, изјави претседателот Никушор Дан, што претставува нов инцидент во воздушниот простор на членка на НАТО. „Утрово околу 11 часот, романски пилот во авион Ф-16 собори дрон кој влегол во воздушниот простор на нашата земја“, напиша Дан на социјалните мрежи. Тој додаде дека инцидентот се случил над ненаселена област, што значи дека дронот можел да биде соборен без да ...

Белата куќа се соочува со рекордна флуктуација на персоналот, при што 27 високи функционери ја напуштиле администрацијата на Трамп за само 18 месеци, додека празните места сè потешко се пополнуваат. Високите функционери ги напуштаат своите позиции шест пати побрзо отколку во текот на првите 18 месеци од мандатите на Џорџ В. Буш, Барак Обама и Џо Бајден. Според анализата на Partnership for Public Service, првично објавена од The Hill, 27 лица ...

Новиот британски премиер Енди Барнам изјави во четврток дека ќе ги намали локалните самоуправни стапки за пабови, клубови и концертни места за 20 проценти од април, што е негова трета најава за мерки за помош на домаќинствата и бизнисите во рок од три дена. Откако ја презеде функцијата во понеделник, Барнам изјави и дека ќе го отстрани данокот на сметките за електрична енергија и ќе ги ограничи цените на билетите за автобуси, обидувајќи се да ...

Француските власти наредија евакуација на целиот полуостров Кап Ферет (Леж-Кап-Ферет), еден од најпознатите крајбрежни одморалишта во Франција на југозападниот брег, бидејќи стотици луѓе ја напуштија областа со бродови поради голем пожар што се шири на популарната туристичка дестинација. Софи Брокас, францускиот регионален претставник за Жиронда, нареди последната фаза од евакуацијата рано утрово. На жителите им беше кажано да ја напуштат ...

Велика Британија синоќа соопшти дека нејзините вооружени сили се подготвени да ја заштитат земјата од каков било напад, откако Иранската револуционерна гарда издаде предупредување бидејќи на американските бомбардери им беше дозволено да полетуваат од британските бази. „Нашите вооружени сили се подготвени да ја заштитат безбедноста на Обединетото Кралство од каков било вид напад, без разлика дали станува збор за напад врз наша територија или ...

Шпанските фудбалери Фабијан Руиз и Гави добија необична награда по освојувањето на Светското првенство – количина домати еднаква на нивната телесна тежина. Играчите од средниот ред на шпанската репрезентација се вратија во нивниот роден град Лос Паласиос и Вилафранка, каде што им беше приредено свечено добредојде и продолжија со необичен локален обичај што се одржува од 2010 година. За време на церемонијата одржана пред градското собрание, ...

Вечните ривали од турската Суперлига, Галатасарај и Фенербахче, моментално водат голема борба околу потписот на португалскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Милан, Рафаел Леао. Двата клуба веќе му понудија годишна плата од 10 мил. евра, а од продажбата на крилниот напаѓач, Милан очекува заработка не помала од 60 мил. евра. ИЗДВОЕНИ Поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини излезе од притвор УНЕСКО на Охридскиот ...

Водата за пиење во повеќе реони во Крушево е микробиолошки неисправна, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), повикувајќи се на известување од Регионалниот центар за управување со кризи – Битола. Според информациите од Центарот за јавно здравје – Прилеп, врз основа на анализите на примероците земени на 20 јули 2026 година, микробиолошки неисправна е водата од чешмите кај „Св. Петка“, Крајпатната бензинска, реонот на Црешово Топче, ...

Денешниот ден ќе донесе значителна промена на времето во многу делови од Грција. Се очекува дожд, придружен со грмотевици, локалино невреме и пад на температурите под вредности вообичаени за овој период од годината. Бурата ќе ги погоди и копнените и островските региони на земјата. Јонските острови и западните делови на Грција ќе бидат погодени прво во раните утрински часови, по што нестабилното време брзо ќе се прошири на поголемиот дел од ...

Поликлиниката „Идадија“, изградена пред половина век, ќе добие целосно енергетски ефикасна фасада, нов систем за греење, ЛЕД-осветлување и обновена електроинсталација. Со инвестицијата од над половина милион евра ќе се намалат трошоците за енергија, ќе се подобрат условите за работа на медицинскиот персонал и ќе се обезбеди поквалитетна здравствена услуга за илјадниците пациенти кои секојдневно ја посетуваат оваа поликлиника. Поликлиниката ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поинтензивни и ќе надминат 15 литри на квадратен метар, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. На места се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а долж Повардарието повремено ќе достигнува брзина над 50 километри на час. Дневната температура ќе се движи во интервал од 20 до ...

Големите ривали од англиската Премиер лига, Тотенхем, Арсенал и Челзи, со големо внимание ја следат ситуацијата околу крилниот напаѓач од редовите на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд. Репрезентативецот на Англија се врати на „Олд Трафорд“ по позајмувањето во Барселона, но се очекува да ја промени средината до крајот на летниот преоден рок. ИЗДВОЕНИ УНЕСКО на Охридскиот регион му даде уште една шанса, засега нема да биде впишан на црната ...

Поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, е пуштен да се брани од слобода, откако Основниот кривичен суд Скопје ја прифатил гаранцијата понудена од неговата одбрана во вредност од повеќе од 1,15 милиони евра. -Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на осомничениот М.С., поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, донесе решение со кое ја прифати понудената ...

Десетици трговски партнери на САД, од Европа до Кина и Индија, сега се соочуваат со нови царини од 10 до 12,5 проценти за стоки извезени во Соединетите Држави, соопшти Канцеларијата на трговскиот претставник на САД, пренесува Си-Ен-Ен. Времето на воведување на новите царини се совпаѓа со истекот на речиси универзалната царина од 10 проценти што претседателот Доналд Трамп ја воведе претходно оваа година, која Врховниот суд ја прогласи за ...

Четиринаесет лица беа повредени утрово околу четири часот кога луксузен речен крузер удри во ѕид на Дунав во Виена. Виенската противпожарна служба пристигна на местото на несреќата за неколку минути, со голем број спасувачи на брегот и на реката. Пожарникарите ја пребаруваа реката за да пронајдат евентуално паднати патници и дали бродот претрпел штета под водената линија, објави Хојте. Бидејќи бродот бил неколку метри под нивото на брегот, ...

Австрија беше потресена од земјотрес со магнитуда од 4,5 степени синоќа во 1:59 часот, со епицентар во областа Семеринг. Потресот предизвика помала материјална штета и одрони од камења, а беше почувствуван во делови од Австрија и Словенија. Австриските власти добија голем број пријави од граѓани. Епицентарот на земјотресот беше лоциран на длабочина од четири километри. Австриската геолошка служба Геосфера Австрија објави голем број пријави од ...

Директорот на Венецискиот филмски фестивал, Алберто Барбера, ја претстави програмата на 83. издание на најстариот филмски фестивал во светот, кој ќе се одржи од 2 до 12 септември. Годинашната селекција повторно ги обединува најзначајните авторски имиња на современата кинематографија, меѓу кои Кејси Афлек, Вернер Херцог, Хироказу Корееда, Ли Чанг-донг, Нани Морети, Стефан Бризе и многу други. Македонската дистрибутерска куќа МЦФ МКД соопшти ...

Хулијан Алварес имаше многу добра сезона во Атлетико (М), како и добро Светско првенство со Аргентина. Вистина е дека не успеа да ја одбрани титулата на Светското првенство откако Аргентина беше поразена во финалето од Шпанија. Веќе со месеци се шпекулира дека Алварес е на радарот на Арсенал и Барселона и дека овие два тима сакаат да го доведат. Атлетико (М) јасно стави до знаење дека нема да го пушти да оди во Барселона, иако тоа е неговата ...

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на 48 седница во Бусан, Јужна Кореја донесе одлука на Охридскиот регион да му даде уште една шанса и тој да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. Државата доби дополнителен рок од пет години за спроведување на препораките што се однесуваат на заштитата на природното и културното наследство. Македонската делегација во Бусан беше предводена од вонредниот и ополномоштен амбасадор ...

Граѓаните на Србија отсега можат 24 часа дневно да добиваат информации за правата од областа на социјалната заштита преку „Радослав“ – првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција, развиен од државните институции. Новиот сервис беше претставен во Куќата на еУправа, а неговата цел е да им овозможи на граѓаните брз и едноставен пристап до информации за социјалните надоместоци, потребната документација и административните ...

Властите во Дубаи започнаа програма со која им се нудат на жителите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) повеќе од 3.000 дирхами (околу 720 евра) во бенефиции доколку ги привлечат членовите на семејството или пријателите да го посетат емиратот, по наглиот пад на бројот на туристи предизвикан од војната меѓу САД, Израел и Иран. Програмата „Dubai Invite“, која ја води Министерството за економија и туризам на Дубаи, им овозможува на жителите да ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.0
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.51
80%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.5
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
90%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
65%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
81%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
78%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76