Жетвата на пченицата во најголем дел од земјава е при крај, а откако ќе се сумираат приносите, Министерството за земјоделство ќе седне на заедничка маса со земјоделците и со откупувачите за да се разговара за откупната цена и за можните мерки за поддршка. Според министерот за земјоделство, Борче Серафимовски, најпрво ќе се направи анализа на производството и на капацитетите за складирање, а потоа ќе се бара решение за предизвиците со кои се ...

Во тек е пријавувањето за земјоделските субвенции за 2026 година, а од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој апелираат земјоделците да не чекаат до последен момент. Крајниот рок за поднесување на барањата е 30 септември 2026 година. Финансиската поддршка опфаќа субвенции за обработливо земјиште, добиток, произведени и продадени земјоделски производи, како и мерки за покривање на дел од трошоците во ...

Повеќе од 60 отсто од земјоделското производство е уништено од невремето, а земјоделците предупредуваат дека штетите ќе се одразат на понудата на пазарите и на цените на зеленчукот и овошјето. За само неколку минути е уништен целиот труд на земјоделците, а пиперките, доматите, грозјето и јаболката се меѓу најпогодените култури. Производителите бараат помош, додека првите последици веќе се чувствуваат со зголемувањето на цените на пазарите. ...

Вештачката интелигенција веќе го менува пазарот на трудот низ светот. Од администрацијата и банкарството до медиумите и ИТ-секторот, дел од задачите што до вчера ги извршуваа луѓето, сè почесто ги преземаат интелигентните системи. Иако експертите не очекуваат масовно исчезнување на професии, предупредуваат дека голем број работни места значително ќе се променат, а стекнувањето нови вештини ќе стане неопходност за опстанок на современиот пазар ...

Кој тргнал кон Охрид во летните месеци, добро знае што значи чекање кај Гостивар. За делница што треба да се помине за половина час, возачите понекогаш губат и повеќе од еден час. Проблемот со семафорот не е нов, а секоја сезона повторно ги полни социјалните мрежи со фотографии од колони и револтирани патници. Граѓаните со години предупредуваат дека раскрсницата кај Гостивар не го издржува зголемениот број автомобили. Велат, побрзо се ...

Кражба од големи размери е извршена во електровлечната потстаница Драчево, меѓу железничките станици Лисиче и Драчево, при што е уништен значаен дел од електроенергетската опрема неопходна за функционирањето на железничката инфраструктура. Од ЈП МЖ Инфраструктура велат дека првичната процена на штетата изнесува околу 5 милиони евра. Од претпријатието информираа дека сторителите превртеле два електроенергетски трансформатори тешки повеќе од 30 ...

Старата скопска чаршија полека, но сигурно почнува да добива ново руво. Деновиве стартуваа градежните работи за еден од најголемите проекти за нејзино обновување, а увид на терен направи градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Во првата фаза од проектот се работи на поставување нова водоводна и канализациска мрежа. Потоа ќе следува обновување на препознатливата калдрма, поставување ново осветлување во староградски стил и средување на ...

По повод 63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, сабајлево, делегација на Град Скопје и на Владата положија цвеќиња пред Споменикот на жртвите, оддавајќи им почит на загинатите во трагедијата од 26 јули 1963 година. По тој повод, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, порача дека Скопје, и по шест децении, се сеќава на жртвите од земјотресот што на 26 јули 1963 година, во 5:17 часот, однесе повеќе од илјада животи и зад ...

Со години, возачите се нервираа во гужвите кај Момин Поток, но ако се почитуваат роковите, овој сообраќаен јазол ќе биде ставен во функција до Нова година. Покрај новата клучка, во Скопје се градат и мостови, а градот треба да добие и електрични автобуси, како и нови камиони, цистерни и метларки за да биде почист. Од Градот и Владата велат дека проектите конечно се придвижиле од мртва точка и дека граѓаните наскоро ќе ги почувствуваат првите ...

Македонија е меѓу државите кои не добија дополнителни царински давачки од Соединетите Американски Држави, но тоа не значи дека тргува без царини со САД, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги информациите поврзани со царинскиот режим на САД кон земјите од регионот. Македонија е меѓу државите кои не добија дополнителни царински давачки од Соединетите Американски Држави, но тоа не значи дека тргува без царини со САД, ...

Вечерта ја отвори амбасадорот на Кралството Шпанија во нашата земја, Рафаел Соријано Ортис, кој нагласи дека главната цел на заедничката културна програма е да се изградат мостови кои уште повеќе ќе ги зближат двете земји. -Шпанија цврсто ги поддржува европските аспирации на вашата земја. Во 2026 година се одбележуваат 20 години од отворањето на нашата амбасада во Скопје, со обновена посветеност на зајакнување на нашите билатерални односи, ...

Пожарот што избувна во Парк шумата Гази Баба е ставен под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму соопштија дека веднаш по пријавата била воспоставена координација со сите надлежни институции, а Противпожарната бригада на Град Скопје интервенирала брзо и ефикасно на терен. Од ЦУК посочуваат дека директорот лично бил на местото на настанот, каде ја следел состојбата и ја координирал работата на службите. Иако ...

Фото: Петр Стојановски Ако сè оди според планот, до Нова година скопјани конечно ќе возат низ новата клучка кај Момин Поток, која со години беше еден од најголемите сообраќајни проблеми во градот. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски рече дека проектот е веќе три четвртини завршен, а паралелно се работи и на уште неколку големи инфраструктурни зафати низ Скопје. Заедно со премиерот Христијан Мицкоски, извршија увид во градежните работи, при што ...

Се чини дека Соединетите држави привремено ја прекинаа својата бомбардирање против Иран по речиси две недели континуирани ноќни напади. Информацијата за „Си-ен-ен“ ја потврдија извор запознаен со ситуацијата и американски функционер, пишува Си-ен-ен“. Предупредувања и последици за муниција Воените операции моментално се „на чекање“, потврди во саботата за „Си-ен-ен“ извор од Министерството за одбрана. Генералот Кејн на состанокот во петокот ...

На денот кога Скопје повторно се навраќа кон својата најдлабока рана (26 јули), во Музејот на Град Скопје, во 20:30 часот, ќе биде отворена изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии од македонскиот етномузиколог Васил Хаџиманов (1906-1969) од тажачките обреди по земјотресот и ќе биде промовирано дополнетото и двојазично издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил ...

Германскиот електронски бенд „Крафтверк“ на 25 јули настапи на Стадионот на АРМ во Скопје, во рамките на „Скопје колинг“ и како дел од својата нова турнеја „Мултимедија 2026“. Ова е нивни прв голем концерт на отворено во нашиот главен град. Присутните уживаа во концерт во кој звукот, типографијата, анимациите и строго синхронизираните проекции функционираа како единствено дело. Меѓу најсилните точки на вечерта беше „Radioactivity“, песна чија ...

Петмина планинари од Босна и Херцеговина загинаа на планината Елбрус во Русија. Само двајца членови на експедицијата успеале да ги преживеат екстремните услови на планината, објавува рускиот портал Lenta.ru, повикувајќи се на информации од каналот SHOT на „Телеграм“. Истражниот комитет на Руската Федерација за Кабардино-Балкарија претходно објави детали за почетокот на оваа трагедија и потврди дека е започната истрага. Според соопштението од ...

Замрзнувањето на конфликтот во Украина не е можно поради ставот на украинските власти, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи го предлогот на казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев за прекин на борбите и враќање на преговорите во Истанбул во 2022 година. „Замрзнувањето како такво не е можно“, рече Песков, пренесува „РИА Новости“. Според него, условите за прекин на непријателствата се јасни, рече тој, и конфликтот би ...

Вкупно 34 лица, вклучувајќи неколку деца, беа повредени во сообраќајна несреќа на повеќе возила на автопатот А9 во германската покраина Тирингија во саботата навечер, откако кампер не застана во сообраќаен метеж, соопшти полицијата. Сите повредени имаат полесни до умерени повреди и никој не е опасен по живот, изјави портпарол на полицијата. Полицијата соопшти дека возачот на кампер-комбето што превезувал две деца не го забележал сообраќајниот ...

За утре е закажан штрајк на цариниците во Грција, а границите ќе бидат затворени вкупно четири часа, јавија локалните медиуми. Од 5 до 9 часот наутро по македонско време (6 до 10 часот по грчко), сите гранични премини ќе бидат затворени. Автомобилите ќе се пропуштаат на секои десет минути, додека за камионите границите ќе бидат целосно затворени, најави синдикатот. Така ќе биде и на трите гранични премини кон Македонија, „Евзони“ ...

Живееме во свет исполнет со неправди, егзистенцијални борби, кризи и тешкотии. Разни ограничувања и искушенија го демнат современиот човек и го насочуваат кон лажните вредности на постоењето. Моралот и етиката сѐ поретко ги има, а сочувството и сомилоста станаа обележје на наивност и простодушност. На сцена се егоизмот, алчноста, ниските страсти и површниот пристап кон животот. Современиот начин на живеење создаде општо чувство на несигурност ...

Осум лица, меѓу кои шест деца, беа пронајдени мртви во куќа во Мичиген по пожар. Полицијата во петокот соопшти дека некои од жртвите имале прострелни рани, а истрагата се движи кон убиство и самоубиство. Инцидентот се случил во општината Гранд Хејвен, на источниот брег на езерото Мичиген, објави „Ен-би-си њуз“. Полицијата и пожарникарите одговорија на пријавата за пожар кратко пред пладне вчера. Капетанот Џејкоб Спаркс од канцеларијата на ...

Тајфунот Ноул ја погоди јужна Кина рано утрово, носејќи силни ветрови и обилни врнежи од дожд, кои го погодија и Хонг Конг за време на викендот. Бурата евакуираше повеќе од 715.000 луѓе во покраината Гуангдонг, додека властите го подигнаа нивото на тревога и откажани се стотици летови. Кинескиот национален метеоролошки центар соопшти дека тајфунот Ноул стигнал до копното околу 3:50 часот по локално време по должината на брегот на градот ...

Грчката полиција денес уапси маж (30) во Глифада, елитно крајбрежно предградие на Атина, кој поседувал рачна граната, со која се сомнева дека имал намера да изврши напад врз куќата на поранешен обвинител на Врховниот суд. Апсењето е извршено по полициска операција на Дирекцијата за организиран криминал, а човекот кај кого е пронајдена бомбата бил под надзор веќе некое време, бидејќи властите имале индиции дека се подготвувал да изврши напад, ...

На граничниот премин (ГП) „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. На ГП „Богородица“ се чека околу 30 минути за излез од државатаКако што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните ...

Напад со комбе на парадата на гордоста во Берлин уби едно лице, а 16 се повредени, од кои некои се во критична состојба, потврдија пожарникарите. Напаѓачот е во бегство. Полицијата го идентификуваше напаѓачот, велејќи дека им е познат на властите и дека е дел од исламистичката сцена во Берлин. Настанот е откажан. Нападот се случил во саботата околу 22 часот во близина на Ленештрасе во Берлин, објави „Билд“. Областа е блокирана и голем број ...

Голем пожар што ја зафати областа околу долината во францускиот регион Нова Аквитанија и сега се заканува на периферијата на Бордо, уништи 42.000 хектари земја, објави префектурата Жиронда, а повеќе од 300.000 луѓе се евакуирани поради пожарите во Франција и соседна Шпанија. Вкупно 220.000 луѓе се евакуирани во Франција од среда. „Од 4 часот наутро во недела, проценетата изгорена површина е 42.000 хектари“, објави префектурата на ...

Владата на САД ја предупреди Украина да се воздржи од напади на неруски бродови во Црното Море, по серијата напади што ги нарушија нафтените операции поврзани со американскиот енергетски гигант „Шеврон“. Според „Волстрит џурнал“, предупредувањето е издадено откако извршниот директор на „Шеврон“, Мајк Вирт, и други лидери во нафтената индустрија, се сретнаа со високи претставници на американската администрација претходно оваа недела, објавува ...

Скопје денеска ја одбележува 63. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени. Во рамки на одбележувањето, делегација на Собранието составена од пратениците Сергеј Попов и Даниела Николова, во 10 часот ќе положи венец со цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на гробиштата во Бутел. Во исто време, цвеќе ќе положат и претставници на ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.51
79%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.5
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.13
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
76%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Калај

46.54