По епидемијата во Гостивар, општинските водоводи ги зачестија контролите на водата и вистината до граѓаните- што пијат од градските чешми, па така јавноста деновиве дозна дека и водата во Крушево и Валандово не била исправна и беше забранета за пиење. Дека загаденоста на водите за пиење не е од сега, туку е оддамна проблем со голем ризик по здравјето, редовно нотирале од Институтот за јавно здравје во нивните редовни годишни извештаи. ...
Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, гостувајќи во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител, посветена на состојбата со водата во Гостивар, изјави дека ИЈЗ не е институцијата задолжена самостојно да врши редовен мониторинг и да зема примероци од секој локален водоснабдителен систем. Според неа, обврската за редовен мониторинг првенствено ја имаат јавните претпријатија што управуваат со водоснабдителните системи. ...

