Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Британскиот министер за енергетика Ед Милибанд им соопшти на членовите на кабинетот дека е подговен да се кандидира за лидер на Лабуристичката партија доколку министерот за здравство Вес Стритинг наскоро започне внатрепартиски натпревар“, објави „Тајмс“. Поранешниот лидер на лабуристите Милибанд, како што сер наведува, го поддржува градоначалникот на Манчестер Енди Бернам, кој претходно беше и висок член на британската влада, министер за ...
Здравјето на срцето не зависи само од исхраната, вежбањето и редовните прегледи. Тоа зависи и од малите вечерни рутини што многумина ги повторуваат речиси автоматски. Ако сакате да имате здраво срце, избегнувајте ги овие 6 вообичаени навики. Неколку навидум безопасни навики што ги имаме по 18 часот можат непотребно да го оптоварат срцето и да го влошат квалитетот на ноќното закрепнување на телото, тврди кардиологот Франческо Ло Монако. Ако ...
Израелската полиција денес издаде предупредување во кое се наведува дека голем број Израелци добиле пораки од непознати броеви за кои велат дека се „наменети да создадат паника и претставуваат обид на иранските разузнавачки елементи да регрутираат израелски граѓани во Израел и во странство“. Првата порака, како што објави „Си-ен-ен“, споделена од израелската полиција, го охрабрува примателот да соработува и да „контактира ирански амбасади во ...
Франција побара „поблиска координација“ меѓу здравствените служби во Европската Унија и земјите од Шенген зоната поради појава на потенцијално смртоносен хантавирус на холандски крузер кој моментално плови дома од Канарските Острови. Четворица од петте француски државјани евакуирани од бродот „Хондиус“, кои се чуваат во строга изолација во болницата Биша во Париз, имаат негативни резултати од тестот, а една жена која е позитивна на вирусот и ...
Полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Штип вчера во 19:50 часот го лишиле од слобода А.Ш.(65) од Штип. Тој се сомничи дека како управител на образовен центар во Штип, за време на одржување на дополнителна настава, подолг период допирал по телото неколку малолетни ученички, соопшти Министерството за внатрешни работи. Настанот во полициска станица, како што се посочува, го пријавиле родители во присуство на ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер е во врвна форма во последно време, а за тоа најдобро говорат освоените пет последователни титули на мастерс-турнирите. Тој сега ќе се обиде да стигне до шестиот во Рим оваа недела, а интересно е што ако Синер го стори тоа – ќе стане само вториот тенисер во историјата што ги освоил сите мастерс-турнири. Претходно, тоа му успеа само на Новак Ѓоковиќ, кој е сопственик на 40 мастерс титули (рекорд), додека ниту ...
Силно невреме започна во Белград околу 18:45 часот, а Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) најавува нова бура за околу еден час, околу 20 часот. Бурата веќе беснееше низ некои делови од Србија денес во текот на денот, а сега во српската престолнина почнаа да дуваат силни ветрови со интензивни поројни дождови кои полека се шират во сите делови од градот. Одеднаш се стемни во Белград по сончевото попладне. Силни ветрови почнаа прво да ...
На бугарскиот амбасадор Жељазко Радуков денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска му бил упатен усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“, потврдија од МНРиНТ за МИА. -Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Жељазко Радуков, се вели во информацијата од ...
Француските власти започнаа со спроведување засилен болнички карантин за лица идентификувани како контакти на случаи на хантавирус. Францускиот министер за одбрана Себастијан Лекорни вчера изјави дека „сите случаи на контакт, без исклучок“, ќе бидат сместени во засилен карантин во болнички услови, објавува француската телевизија „БФМ ТВ“. Според медиумските извештаи, дел од изолацијата започна во понеделник вечерта, додека преостанатите ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар сака да обезбеди враќање на земјата во главните текови на Европската Унија и презема брзи чекори за да ги поправи односите нарушени од долгото владеење на Виктор Орбан, пишува „Дојче Веле“. Дел од таа стратегија е план Унгарија да биде подготвена да се приклучи на еврозоната до крајот на деценијата. Но, некои во земјата, вклучително и гувернерот на централната банка, веруваат дека временската рамка може да биде ...
Британската влада, предводена од премиерот и лидер на Лабуристичката партија, Кир Стармер, го загуби својот четврти министер за еден ден, објави „Би-би-си“. Министерот за здравство Зубир Ахмед поднесе оставка бидејќи верува дека е јасно дека британската јавност „неповратно ја изгубила довербата“ во премиерот Стармер. Речиси две години по убедливата победа на општите избори и враќањето на власт во Велика Британија по 14 години, Лабуристичката ...
Опседнат со идејата дека некој го украл американското злато, претседателот Доналд Трамп повторно бара да ги провери федералните резерви во Форт Нокс. Во емисијата „Фул межр“ на „Синклер бродкаст груп“, Трамп одговори на прашање на гледач за ревизијата на Форт Нокс што наводно ја најавил минатиот февруари. Тој рече дека „си играл“ со идејата за ревизија и дека сакал да затропа на вратата на Форт Нокс, идеја што силно ја промовираше Илон Маск, ...
Контролорот на Пентагон, Џулс Херст, денес ги процени трошоците за американските воени операции во Иран на 29 милијарди долари (24,7 милијарди евра) за време на сослушувањето пред Комитетот за буџет на Претставничкиот дом, објави американската телевизиска мрежа „Си-ен-ен“. За време на претходното сослушување на 30 април, Херст ја процени бројката на 25 милијарди долари (21 милијарда евра). „Здружениот штаб и тимот на контролорот постојано ја ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека е уверен дека Иран целосно ќе го запре збогатувањето на ураниум и ќе се откаже од развојот на нуклеарно оружје, и покрај фактот дека преговорите меѓу Вашингтон и Техеран сè уште не постигнале напредок. „Сто проценти ќе го запре тоа“, рече Трамп во интервју за утринската програма емитувана на њујоршкото радио VABC, одговарајќи на прашањето дали верува дека Иран може да биде спречен да ...
Директивата предвидува фармацевтските компании да плаќаат 80 проценти од трошоците за дополнително прочистување на водата, за да се отстранат фармацевтските остатоци кои произлегуваат од третманот на пациентот при излачување на лековите од телото и не се поврзани со регулирани производствени процеси и прочистување на отпадните води. Во Холандија пресметале дека цените на клучните антибиотици би можеле да се зголемат до 220 проценти, а ...
Жителите на едно канадско предградие останаа парлизирани од шок по чудна сообраќајна несреќа во која мотоцикл заврши да виси од семафор. Полицијата во Делта, предградие на Ванкувер во канадската покраина Британска Колумбија, извести дека полицајците биле повикани на раскрсницата на Скот Роуд, 72-ра Авенија и 120-та улица кратко пред 15 часот во саботата, по пријава за судир помеѓу автомобил и мотоцикл, пренесе „Пипл“. „Поради силата на ...
Иранската влада објави дека пристапот до интернет ќе биде вратен во нормала по завршувањето на војната со САД и Израел. Портпаролката на иранската влада, Фатеме Мохаџерани, изјави дека властите го сметаат интернетот за дел од основна инфраструктура и граѓанско право, со порака дека се спротивставуваат на дискриминацијата во пристапот до мрежата, објави Ал Џезира. Таа изјави дека сегашната политика има за цел да обезбеди стабилен и ...
Со уставна измена, Северна Кореја ги поедностави причините поради кои може да активира нуклеарна одбрана. Со ревизија на уставот е овозможена измена на членот 3 од Законот за нуклеарна политика, кој сега гласи: Ако системот за команда и контрола на нуклеарните сили на државата е загрозен од напади од непријателски сили… автоматски и без одложување ќе биде лансиран нуклеарен удар. Севернокорејскиот диктатор Ким Џонг Ун има целосна контрола врз ...
Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрехесус, изјави дека се очекува бројот на случаи на хантавирус да се зголеми поради периодот што поминал помеѓу појавата на првиот случај и потврдата на инфекцијата. Зборувајќи на прес-конференција, Тедрос рече дека првиот случај е регистриран на 6 април на крузерот „МВ Хондиус“ (MV Hondius), додека инфекцијата била потврдена како заразна дури на 24 или 25 април, ...
Како гром од ведро небо одекна „бомба“ дека Лука Дончиќ, суперѕвездата на Лејкерси, нема да игра за словенечката репрезентација во квалификациите за Светското првенство ова лето. Лука ја објави веста на својот профил на Инстаграм, веднаш по елиминацијата од Оклахома. Причината не е повреда, туку судски случај во Љубљана во кој Дончиќ ја тужи својата поранешна долгогодишна партнерка и мајка на нивните две ќерки, Анамарија Голтес, за ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 11 мај полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Д. (27) од Скопје. Според информациите, околу 16:20 часот на подрачјето на Аеродром, тој од патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое било во движење, пукал во воздух со сигнален пиштол. Со Ф.Д. бил извршен службен разговор, а од него бил одземен сигнален пиштол со рамка во која имало 11 парчиња муниција од ...
Избираме потежок пат кон Европската Унија бидејќи достоинството нема цена. Ваква порака денеска испрати македонскиот премиер Христијан Мицкоски зборувајќи за иднината на Македонија, чија евроинтеграција е блокирана со барањата за промена на Уставот со цел на внесување на Бугарите во него, а содржани во преговарачката рамка договорена во 2022 година. Со ова, премиерот Мицкоски практично повторно одговори на сè позачестените притисоци од ЕУ, ...
Владимир Путин направи редок и емотивен гест кога ја покани својата поранешна професорка, Вера Дмитриевна, на прослава на Денот на победата во Москва, а потоа лично ја однесе на свечена вечера. Рускиот претседател ја пречека својата поранешна професорка по германски јазик како почесен гостин неколку дена во главниот град по парадата на Денот на победата. Извештаите велат дека на Вера Дмитриевна, 88, ѝ беше организирана културна програма за ...
Иран ја „прошири“ својата дефиниција за Ормускиот теснец на „широка оперативна зона“, многу поширока од порано, изјави висок функционер на морнарицата на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ). Теснецот повеќе не се смета за тесен појас околу неколку острови, но неговата територија и воено значење се значително проширени, изјави Мохамед Акбарзаде, според државната новинска агенција Фарс. „Претходно, Ормускиот теснец беше дефиниран како ...
Новите песни „Љубов, што е љубов“ и „Тапаните силно ми чукаат“ се доказ дека Филип и Раде подеднакво добро пливаат и во фолк и во забавната поп-музика. Ова е почеток на сето она убаво што ќе се случува понатаму во нивната кариера, со почетокот на ова долго, топло лето (Дуле Миќиќ) Браќата Филип и Раде Нуневски, попознати на сцената како „Бендот на браќа Нуне“, а ако е за споредба, како некогаш браќата Бајиќ, завчера во Скопје направија ...
Неискосената трева во повеќе делови од градот им создава проблеми на скопјани и страв од змии, откако на социјалните мрежи почнаа да се појавуваат фотографии со влекачите, наводно направени деновиве, во разни делови од Скопје. – Во тревите не само змии туку и мечки ќе почнат да се кријат. Излезете и прошетајте покрај Вардар, до салата „Јане Сандански“, да ја видите глетката со висока трева – реагираат жители од Аеродром. Засега ниту во ...
Во скопската Зоолошка градина има посебна причина за радост. Оттаму известија дека го добиле првото јајце од фламингата. – Фламингата пристигнаа во Зоолошката градина Скопје во 2020 година, кога беше отворено нивното живеалиште, малата зелена лагуна создадена според нивните потреби. Тогаш тие беа млади единки, а кај овој вид половата зрелост и природната подготвеност за размножување доаѓаат подоцна, по неколку години. Затоа ова прво јајце е ...
Противпожарната бригада на Град Скопје доби специјално навално противпожарно возило, кое значително ќе ги зајакне капацитетите за брза, ефикасна и професионална интервенција на терен. Станува збор за возило наменето за гасење пожари во урбана средина, како и за технички интервенции, со можност за транспорт на екипа од пет пожарникари. Возилото е производство на MAN, со цистерна за вода со капацитет од 6.000 литри и пумпа со нормален и висок ...
Неотповиклива оставка на местото претседател на Советот за македонски јазик и координатор на работната група за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик поднесе денеска Симона Груевска. Во објавата на нејзиниот профил на социјална мрежа „Фејсбук“, таа не наведе детални причини за нејзиното повлекување. – Преку некои работи не може да се премине. Им благодарам на членовите на Советот за прекрасната соработка, на членовите на ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Д. (39) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавениот изготвил фалсификувана диплома во која внел неточни податоци дека има завршено четиригодишно средно образование. Како што соопштуваат од МВР, во периодот од 2020 до 2026 година тој во повеќе наврати ја употребувал дипломата ...