Техеран денеска повторно ја предупреди членката на НАТО, Бугарија, да не дозволи нејзината територија да се користи за израелски или американски воени операции против Иран, велејќи дека го задржува правото да го нападне изворот на каков било напад. „Немаме проблем со бугарскиот народ. Сепак, јасно ставивме до знаење дека секоја акција што претставува поддршка за американско-израелската воена агресија против Иран според меѓународното право, ...

По речиси 300 дена аплицирање на 1.500 гранични премини во 29 земји од Шенген-зоната, системот ЕЕС дигитално евидентираше речиси 160 милиони влезови и излези во Европската Унија и сопре повеќе од 50.000 луѓе кои не ги исполнувале условите за влез. Европската Унија ги објави првите резултати од имплементирањето на овој, за граѓаните од Балканот озогласен систем, поради кој, во екот на летната туристичка сезона мораат до исцрпеност да чекаат на ...

Одговорноста за справување со недостигот на вода во реката останува поделена меѓу националните влади и властите за речни сливови, регулирана со крпеница од закони на ЕУ, за кои зелените групи велат дека слабо се спроведуваат. Многу од новите мерки за отпорност на ЕУ остануваат доброволни. Во таа смисла, националните власти прибегнуваат кон еднострани мерки кои, според некои, би можеле да предизвикаат хаос кај нивните соседи и блиските ...

Внукот на советскиот шпион, Рафаел Глуксман, ја објави својата кандидатура за претседател на Франција како левичарски кандидат. „Да, јас сум кандидат на претседателските избори. Дали ќе ја предадеме нашата земја на крајната десница? Соочен со таков избор, не можев да останам настрана“, изјави Глуксман за француската телевизиска станица ТФ1, пренесе британскиот Телеграф. Глуксман, проевропски пратеник кој предводеше водечка левичарска алијанса ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека, почнувајќи од 1 јануари 2027 година, Соединетите Држави ќе ги зголемат царините за канадските автомобили, камиони, автоделови и челик на 50 отсто. Тој додаде дека производите од овие категории ќе бидат изземени од царините доколку се произведени во Соединетите Држави. Американскиот претседател ја обвини Канада дека со години наметнува „апсурдно високи“ царини за американските ...

Велика Британија ќе му ги предаде на Киев доверливите податоци за производството на ракетите со долг дострел „SCALP“, изјави премиерот Енди Бурнам, кој пристигна во посета на Украина. „И покрај скандалозните закани на Русија упатени кон мојата земја, ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина“, им рече Бурнам на новинарите во Киев. Одлуката на Велика Британија да ѝ обезбеди на Украина доверливи информации во врска со британските компоненти ...

Шеесет и тригодишна жена е уапсена откако убила мачка на Закинтос и е казнета со 30.000 евра, соопшти локалната полиција. Жената од Ромири на Закинтос била пријавена од сопственикот на мачката, објави „Катимерини“. Според Здружението за заштита на животните на Закинтос (ЗОМЗ), мачката била возрасна мачка која жената ја задавила со јаже. Телото на животното е во замрзнувачот на сопственикот, a според властите, и ќе остане таму до вторник, 25 ...

Општина Струга, за неполни две години, доби 5,6 милиони евра за реализација на капитални инвестиции, во двата повици од Министерството за транспорт. Вицепремиерот и Министер за транспорт, Александар Николоски, при денешната посета на Струга истакна дека поддршката ќе продолжи и оти заеднички се работи на големи инфраструктурни проекти. Тој имаше работен состанок со градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, и заедно извршија увид во ...

Во Штип започнаа подготовките за обновување и уредување на тврдината Исар – едно од најпрепознатливите обележја на Штип и симбол на нашата историја. Веќе се гради пристапниот пат до тврдината Исар, кој ќе се користи за транспорт на градежните материјали и на механизацијата потребни за нејзината обнова. Проектот предвидува целосна реставрација на трите кули, нови бедеми, уредени патеки, паркинг, осветлување и три видиковци со панорамски поглед ...

Со прогласување на најуспешните риболовци, заврши Светскиот крапски куп „Маврово опен 2026“. Овој натпревар во спортски риболов на крап, кој се одржа викендов (од 20 до 23 август), беше во организација на Македонската риболовна федерација и со поддршка на локалната самоуправа и ЈУНП „Маврово“. На натпреварот на Мавровското Езеро учествуваа 33 екипи од повеќе држави, а во текот на натпреварувањето се уловени вкупно 495 парчиња крап, со вкупна ...

За академската 2026/2027 година, студентите кои ги исполнуваат условите повторно ќе можат да го користат правото на субвенциониран студентски оброк. Министерството за образование и наука го објави јавниот повик, а пријавувањето ќе се одвива електронски. Право на финансиската поддршка имаат државјани на Македонија кои се редовни студенти на прв или втор циклус студии, како и студенти на интегрирани студии на државните и приватните ...

Полицијата во Скопско во последните денови евидентирала три случаи на насилство, во два од нив жртви се жени кои пријавиле физички напади, а во третиот случај жена пријавила дека подолг период била физички и психички малтретирана од сопругот, кој упатувал закани и кон нивните малолетни деца. Во Полициското одделение Петровец, во неделата 40 минути по полноќ, 41-годишна жена од Скопје пријавила дека два дена претходно, на 21 август околу 14:30 ...

Од ЦУК излегоа со кусо соопштение дека зачаденоста на Скопје е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Општина Студеничани и Општина Зелениково. Од друга страна, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој беше во хеликоптерска извидница, извести дека димната завеса над Скопје е од пожарот во атарот на селото Бојане, на планината Жеден Скопје денеска беше под густа димна завеса, а мирисот на чад ...

Кој е виновен за труењето на гостиварскиот водовод и петте илјади тамошни граѓани, кој за пожарот во тетовската модуларна болница во која живи изгореа 16 граѓани, кој за недонесувањето на Изборниот законик заради што Македонија загуби најмалку четири милиони евра, кој е предавник околу односите кон бугарското вето за македонските евроинтеграции… Сето ова се општествени теми кои во изминативе месеци доминираа во македонската јавност. Со право, ...

По цели 33 години, првпат се врши целосна реконструкција и обновување на горниот кат од градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче. Најмладите, од септември, ќе ги пречекаат нови и значително подобри услови за престој. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, информираше дека на горниот кат се врши замена на подовите во сите занимални и простории, се заменуваат вратите и се бојадисува целиот простор. – Дечињата, од септември, ќе ...

Инспекторите од Општина Бутел, вчераутро, констатирале дека несовесниот граѓанин кој узурпирал државен имот и исекол столб од општинско осветлување во Скопје Север, вратил сè во првобитна состојба. – Дали надвладеал разумот или стравот од соочување со законот, воопшто не е важно. Важно е дека нема узурпација и не е оштетен државен имот – истакна градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски. Тој повика на разум и одговорност. – Државниот ...

Општина Ѓорче Петров продолжува со инвестициите во подобрување на условите за престој, воспитување и развој на најмладите. По цели 40 години, целосно се реконструирани три занимални во клонот „Детелинка“, со што децата и вработените добиваат значително подобри, побезбедни и посовремени услови. Од Општината соопштија дека во рамките на реконструкцијата се поставени околу 200 квадратни метри нов под, целосно се обновени ѕидните површини, а ...

Град Скопје започна голема акција за целосно уредување на пешачката зона на кејот на реката Вардар, на потегот од Лисиче до Влае. Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, објави дека во рамките на акцијата се заменуваат уништените подни плочки, се нивелираат нерамните површини и темелно се санира секое оштетување, со цел кејот повторно да биде безбеден, функционален и достоинствен простор за сите генерации. – Уште од почетокот на мојот ...

Казанџиството како занает оставило траен белег во повеќе градови во Македонија, особено во Скопје, Прилеп, Велес, Охрид, Кратово, Струмица, Битола, Штип и други. Во некои од нив имало и посебни улици посветени само на казанџиството. Иако занаетот главно е исчезнат или многу малку е сочуван, имињата на улиците се сочувале. Казанџискиот занает имал видно место и во Скопската чаршија. Според записите од минатиот век, постоела и казанџиска ...

Од едно место се товара, од друго се истовара. Едни депонии се чистат, други никнуваат на нови локации. Во Кичево, жителите тврдат дека отпадот од постојната депонија се товари со камиони, но наместо да заврши во уреден систем за третман, дел од него, како што тврдат жителите, се истоварува во дол меѓу селата Иванчишта и Ехлоец. Од Кичево до Буково, од Арачиново до бројните диви депонии низ државата, сценариото се повторува – отпад, чад, ...

Речиси 300 милиони денари или околу 4,87 милиони евра се слеале во државната каса од концесиски надоместоци за експлоатација на минерални суровини во вториот квартал од 2026 година. Според податоците на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во периодот април-јуни биле наплатени 299.461.897 денари (околу 4,87 милиони евра), што е повеќе од истиот период минатата година. Лани, во вториот квартал, по овој основ биле ...

Со Албанија веќе интензивно се работи на изнаоѓање алтернативна траса за автопатот Ќафасан –Требеништа, со цел да се заштитат културното наследство и биодиверзитетот, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој посочи дека изградбата на автопатот не е доведена во прашање, туку се разгледуваат различни опции за трасата, согласно со препораките на УНЕСКО. – Автопат ќе се гради, не е веќе прашање дали ќе се гради. Она ...

Македонија и натаму има најниска минимална плата во регионот, со околу 424 евра месечно. Додека соседните земји го зголемуваат минималецот, синдикатот предупредува дека ниските плати го забрзуваат иселувањето на работниците. Иван Пешевски од ССМ смета дека платата не смее да се гледа само како трошок, туку како инвестиција во работникот и економијата. Според него, потребна е политичка волја за македонскиот работник да добие достоинствена ...

До крајот на работната седмица Македонија ја очекува претежно сончево и топло време, но дневната стабилност ќе биде нарушена со појава на умерена облачност и локална нестабилност. Во претпладневните часови времето ќе биде сончево и топло, додека во текот на попладнето и вечерта на места се очекува развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Метеоролозите предупредуваат дека локално атмосферските процеси ...

– Триесет години музичка слобода и жива врска со публиката со голем јубилеен концерт во Битола – градот каде што започна една од најавтентичните музички приказни на овие простори. Ги славиме луѓето, годините, песните и сите моменти што нè поврзаа. „Фолтин 30 години – една приказна, илјадници срца, една сцена“, со овие зборови организаторите го најавуваат концертот на „Фолтин“ Македонската музичка група „Фолтин“, оваа година, со повеќе ...

Драмски театар Скопје со претставата „Гидионовиот јазол“ вечер ќе гостува на Бриони во Хрватска каде што театарот „Улисис“ е домаќин на фестивалот на Регионалната унија на театри (РУТА). Претставата ќе биде изведена во Летното кино со почеток во 21 часот. „Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски-Попова е претстава работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург на претставата е Викторија Рангелова-Петровска, а улогите ги ...

– Без „Сапорт Кочани“, овој филм немаше да биде снимен бидејќи тие контактираа со лицата кои се согласија да ги споделат своите сведоштва. Од друга страна, имавме доверба од граѓаните на Кочани, кои препознаа дека не сакаме да правиме сензација, ниту да тераме политика, туку намерата ни беше да им овозможиме платформа преку која ќе ја искажат нивната болка, нивните чувства и тие да останат забележани како документ, посочи меѓу другото, ...

По 15 години од оригиналот, популарната „Од утро до мрак“ повторно доби нов звук. Песната на ДНК и Магдалена Цветкоска-Ена е преработена во ремикс зад кој стои диџеј Тошев, заедно со диџеј Монарх, диџеј Гокшата и диџеј Насте. Оригиналната верзија е објавена во 2011 година – музиката и аранжманот се дело на Лазар Цветкоски, додека текстот е на Ена и Панчо. Како што открива за медиумите диџеј Тошев, изборот паднал на оваа песна поради емоцијата ...

Традиционалната Ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен“, од 18 до 25 август, го реализира своето 18. издание со кое годинава одбележува своевидно „полнолетство“ со целосно нов, поинаков и монументален концепт. Седум реномирани уметници деновиве создаваа монументални скулптури, а првпат од своето постоење, колонијата е исклучиво вајарска и е посветена на изработка на скулптури од голем формат во мермер, камен и метал, наменети за оплеменување ...

Еден од највпечатливите филмови во современата македонска кинематографија, „Џган“, по сценарио и во режија на Вардан Тозија, годинава одбележува 10 години од светската премиера, кога филмот првпат беше прикажан на најстариот филмски фестивал во Чикаго (Chicago International film festival). Утревечер, (25 август), јубилејот ќе биде одбележан со проекција на филмот во летното кино на „Синеплекс“, со почеток во 20.30 часот. Веднаш по проекцијата ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Калај

46.54

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35