Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Хотелите во новозеландскиот град Данедин веќе две години однапред регистрираат интерес за целосното затемнување на сонцето што ќе се случи во 2028 година, прв ваков настан видлив од областа по повеќе од 850 години. Затемнувањето ќе се случи на 22 јули 2028 година во 16:17 часот по локално време, кога Месечината ќе помине пред сонцето и ќе фрли сенка широка околу 100 километри низ делови од јужен Нов Зеланд, објави „Гардијан“. Зоната на ...
Цените на нафтата на светските берзи повторно го вклучија алармот, а Владата веќе почна да ги користи даночните механизми за да го ублажи ударот врз граѓаните. Првиот чекор е направен со намалувањето на акцизите, но доколку продолжи порастот на берзанските цени, премиерот Христијан Мицкоски вели дека на маса ќе биде ставено и намалувањето на ДДВ-то за горивата. Слични мерки веќе презедоа и повеќе европски држави, кои се откажаа од дел од ...
Додека светот сè повеќе зборува за вештачката интелигенција и за новите технологии, зад сето тоа стои една многу обична, но драгоцена работа – водата. За екоактивистката од Кочани, Ана Симонова, најважното прашање не е колку брзо ќе се развива технологијата, туку што ќе остане за природата и за луѓето кога ресурсите ќе почнат да се трошат без мерка. – На прост начин треба да им објасниме на луѓето што се дата-центрите и каква врска имаат со ...
Со техничка поддршка од Европската Унија, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини успешно ја заврши првата сеопфатна Водородна студија за Македонија – стратешки документ што ја отвора вратата кон идната водородна економија и ја позиционира државата како дел од европската енергетска иднина. Студијата е изработена со техничка помош финансирана од Европската Унија преку IPA II програмата, во рамки на Western Balkans ...
Агент на Тајната служба, кој бил задолжен за безбедноста на потпретседателот Џ.Д. Венс, е суспендиран и е под внатрешна истрага за наводно протекување информации во медиумите, вклучително и чувствителни детали за патувањата на Венс. Извор близок до ситуацијата ја потврди информацијата за CNN, додека друг извор рече дека службениците веќе го идентификувале лицето за кое се верува дека е одговорно за протекувањето. Истрагата ја спроведува ...
Веќе не само ветувања на хартија, туку конкретни проекти на терен – ова е пораката што ја испратија од Министерството за спорт со пуштањето во употреба на целосно реконструираниот Градски базен во Кавадарци. Објектот што со години чекаше модернизација, доби нов лик и современи услови за спорт и рекреација. Инвестицијата вредна речиси 49 милиони денари треба да им служи и на најмладите, но и на сите љубители на спортот и активниот живот. Од ...
Наместо да ги полнат буџетите, општините дозволиле милијарди денари да останат ненаплатени. Ревизорите утврдија пропусти во регистрите, слаб надзор и системи кои не овозможуваат следење на старите долгови. Само мал дел од општините целосно ги користат можностите за наплата на локалните давачки. Ревизорите предупредуваат дека неефикасната наплата ги намалува приходите и ја ограничува финансиската моќ на општините Недостатоци во законската ...
Развојот на локалните заедници, економскиот напредок и подобрувањето на условите за граѓаните и за компаниите беше темата за која разговараа заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, и неговиот колега за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ. Ристески го информираше Стоилковиќ за новата мерка на Агенцијата за вработување, предвидена во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на ...
Македонското општество денес не страда само од корупција, нефункционални институции, сиромаштија или иселување. Нашиот, можеби, најдлабок проблем е чувството дека ништо не може да се промени. Граѓанинот гледа, коментира, се разочарува и на крајот се повлекува или иселува. Јавниот простор се уништува, институциите се партизираат, националните прашања се решаваат без вистинска јавна согласност, а општеството сè почесто реагира со молк. Оваа ...
Сите се во шок поради смртта на Олаф Тафте, двократен олимписки шампион во веслање. Тој беше пронајден мртов на својата фарма, причината за смртта сè уште не е позната. Познатиот спортист почина на 50-годишна возраст. На неговиот имот, кој се наоѓа на околу 80 километри јужно од Осло, службите за итни случаи реагираа кратко време по повикот. Тафте беше префрлен со хеликоптер во болница, но, за жал, лекарите не можеа да го спасат. Причината за ...
Шри Ланка се соочува со голема епидемија на денга, болест што ја пренесуваат комарците. Властите распоредија воени дронови низ државата во обид да ги откријат местата каде што се размножуваат комарците што го шират вирусот, објави Би-би-си. Од вирусот на денга годинава починаа 56 луѓе, а повеќе од 77.000 се заразени, при што повеќе од една четвртина од случаите се регистрирани само во јули. Денга е вирусна треска, која е честа во тропските ...
Голем пожар избувна утрово во Еколошкиот парк Дервени, во близина на Солун, што ги натера грчките власти итно да мобилизираат голем број пожарникари, специјализирани единици и авиони. Оперативниот центар на Грчката противпожарна служба доби повик околу 9 часот наутро, по што копнените и воздушните сили беа веднаш испратени на местото на настанот. Жителите од околните области набрзо беа известени за пожарот преку системот за итни ...
Само два месеци по преземањето на власта, бугарскиот премиер, Румен Радев, се соочува со првиот посериозен пад на довербата. Новото истражување на „Маркет линкс“ покажува дека се намалува поддршката за него и за неговата влада втор месец по ред, додека расте бројот на граѓани што сметаат дека кабинетот не ги исполнува високите очекувања. Во мај, Радев имал доверба од 56 проценти, а 22 проценти од испитаниците изразувале недоверба. Во јули, ...
Случајот со загадувањето на водата во гостиварскиот водовод и илјадниците граѓани кои побараа медицинска помош, епидемијата и забраната за секаква употреба доби значително внимание во странските медиуми, пренесува порталот Гостивар пресс.мк Во изминатите денови за здравствената криза во Гостивар известуваа најмалку 30 медиуми од Франција, Италија, Русија, Германија, Австрија, Швајцарија, Албанија, Малта, Хрватска, Србија, Бугарија, Турција, ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 30-годишен маж поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Според Јавното обвинителство, осомничениот, кој претходно работел во фирма во Трубарево, со нож им се заканувал на сопружниците – сопственици на компанијата, барајќи да му бидат исплатени неисплатените дневници. Инцидентот се случил на 21 јули попладне, кога ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе Обвинителен предлог со кој побара и определување мерка притвор за едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство, ноќта меѓу 18 и 19 јули, обвинетиот телесно ја повредил неговата ...
Италијанската фудбалска федерација се обиде да го ангажира Пеп Гвардиола како селектор, но нема да произлезе ништо од тоа. Според информациите што доаѓаат од Англија, разговорот помеѓу легендарниот стручњак и првиот човек на Италијанската фудбалска федерација траел буквално една минута. Во таа минута, Пеп кажал сè што сакал и приказната завршила. „Разговорот траел едвај една минута. Гвардиола објавил дека сака барем една година пауза од ...
Во пресрет на почетокот на подготовките за четвртото Европско првенство во низа на машката сениорска одбојкарска репрезентација, селекторот Јошко Миленкоски го објави поширокиот список на кој се најдоа 18-мина одбојкари. Поголеми изненадувања или промени во изборот нема, а Миленкоски стандардно се потпира на оние репрезентативци што го носеа товарот и досега. За разлика од настапот во Европската лига 2026, на списокот недостига младиот среден ...
Светското првенство 2026 донесе многу драматични натпревари, големи пресврти и спектакуларен фудбал, но големото финале меѓу Шпанија и Аргентина не ги оправда очекувањата на љубителите на фудбалот. Иако „црвената фурија“ заслужено славеше со 1:0 по продолженијата и ја освои втората светска титула во својата историја, самиот натпревар остави блед впечаток. Шпанија имаше целосна контрола врз играта, ја држеше топката во свој посед и создаваше ...
Новите климатски податоци покажуваат дека Ел Нињо од 2026 година се развива брзо, а најновите прогнози покажуваат дека би можел да прерасне во еден од најсилните вакви настани некогаш забележани. Затоплувањето на водите во тропскиот Пацифик се интензивира, додека атмосферските нарушувања веќе покажуваат дека глобалната циркулација се менува. Експертите велат дека овој потенцијален Супер Ел Нињо би можел значително да влијае на временските ...
На 26 јули, на денот кога се одбележува годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес, во Музејот на град Скопје ќе бидат отворени изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“ и ќе биде промовирано дополнетото двојазично издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“ / Laments from the 1963 Skopje Earthquake (From the Archival Materials of Vasil Hadzimanov), од Ана Мартиноска и ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп остварила повеќе од 13 милијарди долари приходи од продажбата на венецуелска нафта оваа година, но сè уште е нејасно каде завршиле парите, објавува „Фајненшл тајмс“. Соединетите Американски Држави ја презедоа контролата врз извозот на венецуелска нафта на почетокот на годината и делумно ги ублажија санкциите, велејќи дека средствата ќе бидат искористени за помош на земјата и нејзините ...
Хрватското Министерство за здравство одлучи дека некои државјани на трети земји, вклучувајќи голем број странски работници, ќе мора да се подложат на здравствен преглед пред да го продолжат привремениот престој во Хрватска. Новата мерка се однесува на државјани на земји на кои им е потребна виза за влез во Хрватска и Шенген зоната. Меѓу нив се, меѓу другите, работници од Индија, Непал, Бангладеш, Пакистан, Филипините и Египет кои веќе имаат ...
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во својот кабинет во седиштето на партијата во Мала Речица конечно постави македонското знаме, кое беше забележано на фотографиите кои тој ги објави по средбата со австрискиот амбасадор во земјава, Мартин Памер. -Денес имав задоволство да остварам средба со амбасадорот на Австрија во Република Северна Македонија, Неговата Екселенција, г. Мартин Памер. Разговаравме отворено и конструктивно за политичките случувања во ...
Уличарското однесување на аргентинските играчи и тренери го одбележа времето по финалето на Светското првенство. Шпанија победи со 1:0 по продолженијата со голот на Феран Торес, но заслужената прослава на новите светски шампиони беше засенета од жестоките вербални и физички напади од Аргентинците врз Шпанците. Прво, Леандро Паредес го зграпчи Ерик Гарсија за вратот, што доведе до тоа Гави да се вклучи во тепачката. Паредес и Тијаго Алмада го ...
Цената на суровата нафта од типот Брент денес се искачи на речиси 98 долари за барел поради новите ескалации на Блискиот Исток, додека европските берзански индекси паднаа, додека пазарите чекаат одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) за каматните стапки да биде објавена во 14:15 часот. Суровата нафта Брент се зголеми за 3,94 проценти на 97,879 долари во 9:45 часот наутро, додека американската сурова нафта WTI се зголеми за 3,06 проценти ...
Украински боксер Александар Усик изјави дека не жали за својата одлука да се откаже од светските титули во тешка категорија и нагласи дека сè уште се чувствува како шампион, иако веќе не ги држи појасите. Во интервју за „Дејли мејл бокс“, Усик призна дека откако се откажал од титулите, се чувствува послободен од кога било. „Добро сум. Слободен сум. Продолжувам да тренирам и да ја градам мојата кариера. Имаме две опции за тоа што да правиме ...
Родриго де Пол (32), играчот од средниот ред на аргентинската репрезентација кого го нарекуваат телохранител на Меси, се огласи по поразот од 1:0 од Шпанија, во финалето на Светското првенство. Во објава на „Инстаграм“, тој остро се осврна на оние што, како што тврди, шират „неосновани теории на заговор“ против аргентинската репрезентација. Де Пол има 94 настапи за Аргентина и со неа освои една светска и две јужноамерикански титули. Тој не ...
Царинските службеници на граничниот премин Табановце, при влез во државата, спречија обид за криумчарење 348 грама златен накит, во вредност од 1,3 милиони денари. Случајот е откриен при детална контрола на автомобил со кој патувале сопружници, македонски државјани со живеалиште во Белгија, при што во чантата на сопатничката се пронајдени 26 парчиња златен накит. Против неа, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднесе ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информира АМСМ. На граничниот премин „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува ...