Растот на платите и трошоците на живот ја формираат основата за септемвриското усогласување на пензиите. Според досегашните податоци, пресметката покажува зголемување од околу 3 проценти. Тоа би значело од 600 денари повеќе за пензија од 20.000 денари, до 1.500 денари за пензија од 50.000 денари. По периодот на линеарни покачувања, повторно се враќа процентуалниот модел, па повисоките пензии ќе добијат и поголемо зголемување во денари ...

Последиците од долгата суша оваа година во Хрватска би можеле да доведат до зголемување на цените на храната од 20 до 30 проценти следната година, а во некои сценарија дури и до 40 проценти, процени Татјана Радиќ, советник на хрватскиот министер за земјоделство. Таа за ХРТ изјави дека хрватските земјоделци се соочуваат со суша, град и други лоши временски услови веќе седма година, што им ги намалува приходите и продуктивноста. Радиќ гледа на ...

Голем скандал со европски земјоделски субвенции ја потресе Грција: истражителите велат дека со години биле пријавувани непостоечки пасишта, фиктивен добиток и лажни закупувачи на земјиште, додека дел од парите завршиле кај луѓе кои немале право на субвенции. Европската унија веќе ја казни Грција со 392,2 милиони евра за пропусти во надзорот, а истрагата дури стигнала и до политичките структури. Приказната започнала со крави, овци и пасишта ...

Две лица загинаа, а снабдувањето со електрична енергија е делумно прекинато во Балтикот откако силни бури и дождови го погодија регионот. Службите за итни случаи извлекоа тело на маж од под паднато дрво во литванското село Мазионис, додека друг маж почина од паѓање на делови од зграда во латвискиот град Јелгави. Неколку лица се хоспитализирани и со повреди. Повеќе од 250.000 домаќинства беа привремено без електрична енергија во Литванија, ...

Триесет и пет мигранти успеаја да избегаат по судирите синоќа во притворниот центар во Синдики, во близина на градот Серес во северна Грција, соопштија грчките власти. Полицијата уапси 17 од бегалците, а потрагата по преостанатите 18 продолжува. Немирите избувнаа кратко по 21 часот синоќа во притворниот центар за мигранти. Изданието објави дека има 10 уапсени и тројца повредени. Повредените се пет. Судирите избувнаа синоќа кога група мигранти ...

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе носи нова одлука за малопродажните цени на горивата. Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари. Во актуелната пресметка веќе се применува намалена акциза. Според Регулаторната комисија, акцизата е намалена за два денари за литар кај бензините и за четири денари кај дизелот. Владата засега не планира да го намалува ДДВ-то. Министерката за финансии, ...

Министерството за финансии подготвува правилник со кој ќе се утврдуваат репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата на лицата и компаниите што бараат лиценца за приредување игри на среќа. Правилникот ќе ја пропишува документацијата потребна за добивање лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола, вклучително и податоци за евентуални санкции и забрани за приредување игри на среќа. Министерката за финансии, Гордана ...

Словенија е лидер со просечна нето плата во јуни годинава од 1.723 евра, додека Македонија е на последното место меѓу земјите за кои во моментот има официјален и споредлив податок за јуни – со околу 787 евра. Но конечната регионална листа ќе може да се направи дури откако ќе бидат објавени и податоците за Србија, Албанија и останатите земји за кои нема официјален јунски нето просек. Тогаш ќе може без статистички „мешања“ да се каже која земја ...

Низ гостиварските чешми потече вода која надлежните ја прогласија за чиста, но, гостиварци сè уште се внимателни. По повеќе од еден месец забрана, животот во првиот град на Вардар со тешки маки се враќа во нормала. На гостиварските улици ги нема ниту цистерните каде што граѓаните полнеа вода, ниту, пак, солидарните камиони каде што се делеа пакети. Сепак, граѓаните со голема внимателност се враќаат на водата од градскиот водовод. Она што се ...

Нови екомашини и алатки за одржување ќе се користат за одржување на Градскиот парк во Кавадарци. Пред сè, за косење на тревата, кастрење на гранките, како и за други активности во паркот. Тие се набавени од Јавното претпријатие „Комуналец“ – Кавадарци, за почиста животна средина и помалку бучава. – Започнуваме со овие алатки што се на батерии. Целосно еколошки пристап кон работните ангажмани и работните активности во самиот градски парк, така ...

Во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка, на 27, 28 и 29 август 2026 година, торжествено ќе се прослави манастирската слава – празникот Успение на Пресвета Богородица (28 август) и споменот на преподобниот Јоаким Осоговски (29 август), пустиножител и чудотворец од XI век. Манастирот е основан во XII век, а неговата историја е поврзана со подвигот на свети Јоаким и со почитувањето на неговите свети мошти. Според неговото житие, ...

– Зимската маркација беше дел од проектот „Славков – Маркација на планинарски патеки во Македонија“. Но, ова не е само материјална штета. Зад уништената опрема стои нешто многу поважно – трудот на луѓето кои работеа Шар Планина да биде побезбедна и подобро подготвена за планинарите и локалните заедници – се наведува во соопштението на здружението за одржлив развој – САТ Здружението за одржлив развој – САТ од Скопје информира дека повеќе од ...

Вистинска драма се одвивала денеска во раните утрински часови кај прилепското село Бонче, каде што доброволните пожарникари од Битола и Кочани воделе исклучително тешка и ризична битка со огнената стихија. Огнот, во еден момент, почнал да се движи со огромна брзина кон селото, со пламени јазици високи неколку метри, а густиот чад ги принудил пожарникарите да интервенираат со гас-маски. – Ама рано утрово ова што го видовме… Има луѓе што 20 ...

Жители од Аеродром реагираат дека цела недела се трупа ѓубре зад Тобако 2, на паркингот кај градинката „Калинка“ Тие се жалат дека отпадот само се зголемува, местото се претвора во мини депонија, а надлежните сè уште не реагираат. Притоа, бараат оваа мини депонија што поскоро да биде исчистена. ИЗДВОЕНИ Словенецот во јуни зел повеќе од двојно од Македонецот ВЕЧЕР ВО ГОСТИВАР ПО ЕДНОМЕСЕЧНАТА КРИЗА – Водата се врати, но довербата сè уште се ...

Според истражувањето „Интензитет на даночна транспарентност 2025 – 2026“ на Центарот за економски анализи (CEA), Општина Бутел остварила резултат од 79 %, со што е вброена меѓу општините со висока даночна транспарентност во Македонија. – За мене, овој резултат е особено значаен. Јавните средства се средства на граѓаните и затоа граѓаните заслужуваат да знаат како се управува со нив. Транспарентноста не е привилегија – таа е наша обврска – ...

Екипите на ЈКП „Гази Баба“ интензивно работат на подобрување на водоснабдителниот систем и зголемување на неговата функционалност во повеќе населени места. Од Општина Гази Баба информираат дека е поставена пумпа во бунарот „Булачани 2“, со што се создаваат услови за подобрување на водоснабдувањето и поголема сигурност во снабдувањето со вода. – Истовремено, поставена е пумпа и во бунарот во населеното место Раштак, како уште еден важен чекор ...

Запуштената површина на плоштадот „Македонија“ конечно добива нов и уреден изглед. Во тек е хортикултурно уредување и поставување ново зеленило, со што просторот ќе прерасне во мала зелена оаза. Истовремено се заменуваат оштетените плочки кај Порта „Македонија“, а продолжува и обновувањето на подната фонтана. Целта е центарот на Скопје да добие современ и привлечен изглед По информацијата на весникот ВЕЧЕР дека се уредува Градскиот плоштад, ...

Граѓаните реагираат на тажната глетка во Градскиот парк, кога во него бараат прибежиште од летните горештини. Се жалат на прикрпените мостови, гадните чешмички од кои, како што велат, две едвај функционираат на екстремно високите температури. Нагласуваат дека сакаат убав, голем и зелен парк. Воедно, укажуваат и на тоа дека сè уште не се собрани испаднатите дрвја од невремето, а целиот парк е исушен бидејќи, според нив, не се наводнува. Бараат ...

Земјотрес со јачина од 3,1 степени го потресе далматинскиот регион околу 12:24 часот во недела, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Според првичните информации од EMSC, епицентарот на земјотресот бил околу 27 километри северозападно од Сплит и 23 километри северозападно од Солин. EMSC потоа го лоцираше земјотресот на координати 43.748 и 16.427. 🔔#Earthquake (#potres) M3.1 occurred 29 km NW of #Solin ...

Утринава во 05:00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионален пат Мушов Гроб-Кавадарци, на влезот на село Ваташа, кавадаречко, патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.К.(23) од Ваташа, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.К., констатирани во Општа болница Кавадарци – информираа од СВР Велес. ИЗДВОЕНИ „Платен убиец“ од Македонија уапсен во Србија, се истражува која ...

“Среќен сум што конечно ми се случи Антички. Им благодарам на сите кои веруваат во мене, на авторите, музичарите, на новинарите и, секако, на моите обожаватели. Македонската публика во Охрид, а со тоа и многубројните туристи, имаа максимална можност да уживаат во премиерната изведба на моите нови песни од мојот прв самостоен албум, „Ја за чуда летим“Популарниот хрватски пејачки феномен, Јаков Јозиновиќ, обожаван од Вардар до Триглав, е на ...

Електрана во Велика Британија минатиот месец беше надвор од функција четири дена по нападот на ирански хакери, за кој се верува дека е најуспешниот од ваков вид досега, објави британски „Телеграф“. Според весникот, ова е прв пат хакери поврзани со иранскиот режим да успеат да онеспособат електрана во Велика Британија. Инцидентот се случи истовремено со серија напади врз американската водоводна инфраструктура минатиот месец. Нападите погодија ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, среде конфликтот меѓу поранешниот министер за одбрана Михајло Федоров и врховниот командант на вооружените сили на Украина Олександр Сирски, Федоров предложил двајцата да бидат разрешени. Според Зеленски, меѓу Федоров и Сирски се појавил „многу сериозен“ конфликт околу поделбата на овластувањата меѓу Министерството за одбрана и воената команда. Зеленски рече дека министерот за одбрана и ...

Полицијата интензивно го бара Жељко Вујовиќ од Билеќа, кој е осомничен дека намерно удрил три лица со својот автомобил за време на коњска трка во селото Бијељани, потврди Полициската управа Требиње. Видео кое се појави на социјалните мрежи покажува како автомобилот удира во толпата, а потоа се враќа наназад и повторно прегазува еден од повредените. Вујовиќ е осомничен за обид за тешко убиство. Полицијата го бара и Мирко Самарџиќ, кој, според ...

Претседателот Александар Вучиќ денеска истакна дека Србија е европска суперсила пропорционално на нејзината големина кога станува збор за опременост со авиони што гаснат пожари. „Кога станува збор за алатки и опрема, ние сме европски гигант. Хеликоптерите што ги добивме од Европа за гаснење пожари се послаби од нашите, имаат помал капацитет на носење од нашите“, рече Вучиќ за време на посетата на Делиблатските песоци, каде што пожарите ...

Од Центарот за управување со кризи информираат дека на терен е ангажиран голем број екипи и сили за гаснење на пожарот во реонот на Палиград и Китка. Во интервенцијата се вклучени три авиони и два пинцгауери на ДЗС, еден хеликоптер на МВР, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми. Директорот на ЦУК, Мухамед Али акцијата ја координира директно од терен. Сите екипи дејствуваат со засилен интензитет за ...

Српската полиција уапсила државјанин на Македонија на територијата на Прибој, под сомнение дека влегол во Србија како ангажиран извршител на нарачано убиство, објави „Телеграф.рс“, повикувајќи се на информации од истрагата. Засега не е познато кој требало да биде цел на планираната ликвидација. Според медиумот, осомничениот во полициските евиденции наводно се водел како платен убиец кој работел за кавачкиот клан, а се доведувал во врска и со ...

Полски државјанин е лишен од слобода на граничниот премин „Табановце“, откако било утврдено дека со автомобил возел со брзина од 164 километри на час на делница каде максимално дозволената брзина е 80 километри на час. Како што информира МВР, вчера во 17:53 часот, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј. (46) од Полска. При проверката, преку системот ...

Германија, Италија, Австрија, Полска, Португалија и Шпанија повикуваат на дискусија за воведување заеднички европски данок на дополнителниот профит на нафтените компании, чиј профит е зголемен поради војната на Блискиот Исток и прекините во снабдувањето со енергија. Според нацрт-заедничкото писмо, министрите за финансии на Германија, Италија, Австрија, Полска и Португалија, како и шпанскиот министер за економија, побарале прашањето за таков ...

Поранешниот началник на Генералштабот на израелската армија, Гади Ајзенкот, се појави како еден од главните политички противници на премиерот Бенјамин Нетанјаху пред парламентарните избори на 27 октомври, бидејќи неговата новоформирана партија Јашар забележа раст на поддршката во последните недели. Ајзенкот, кој влезе во политиката во 2022 година, се обидува да ги собере центристичките и умерените десничарски гласачи кои се незадоволни од ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Родиум

295786.87