Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Популарниот пејач, ветеранот на македонската поп-сцена, Мики Јовановски-Џафер, кој важи и за еден од оние, ретките на кои жените му се воодушевуваат, го прослави својот 75. роденден. Жива вистина е дека никој не би му дал толку години, а и самиот што се вели, не се чувствува стар. Може да има чувство само за суперстар, што би значело, во превод од англиски, дека и понатаму е голема македонска музичка ѕвезда. Пред сè, затоа што песната што ја ...
Добра вест за младите жители на Општина Центар. Општината распиша јавен повик со кој ќе им помогне на младите полесно да стигнат до возачката дозвола, покривајќи дел од трошоците за полагање возачки испит Б-категорија. Кој планира да седне зад волан, сега има шанса малку да си го олесни товарот за плаќање. За оваа намена, Општина Центар обезбедува субвенција од 10.000 денари, а парите ќе се користат исклучиво за полагање возачки испит во ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во вторникот изјави дека изборите ќе бидат распишани „многу наскоро“. Но, тој повторно не даде попрецизни информации за датумот на вонредните парламентарни и претседателски избори, кои ги најавуваше неколкупати во изминативе месеци. – Изборите ќе бидат распишани многу наскоро – кратко им одговори Вучиќ на новинарите, во текот на обиколката на работите за изградба на мостот помеѓу Велика Плана и ...
Грција е на удар на топлотен бран, а според грчките медиуми, термалните камери регистрирале температури до 60 степени Целзиусови на асфалтот на патиштата и дури 75 степени Целзиусови на покривите на зградите во некои области. Според податоците од мрежата на автоматски метеоролошки станици на Националната метеоролошка опсерваторија во Атина (meteo.gr), највисоката температура е забележана во Риза во Коринт, Макракоми во Фтиотида и Оленио во ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување за зголемена временска нестабилност во земјава. До петок Македонија ќе биде под влијание на серија влажни и нестабилни воздушни маси, што ќе донесат променливо облачно време, поројни врнежи од дожд, грмежи и услови за локално невреме. Прогласено е портокалово ниво на опасност (Level 3) за поширокото скопско подрачје, како и за делови од централна и источна Македонија, особено ...
Деветтото издание на „Бич филм фестивал“ ќе се одржи од 22 до 26 јули, во Охрид, а публиката ќе може да проследи европски филмови на четири различни локации (плажите Славија и Сараиште, бродот „Армада“ и Младинскиот центар Охрид). Фестивалот и годинава ќе понуди официјална селекција на долгометражни, краткометражни и на студентски филмови од повеќе европски земји, како и специјална селекција, детска програма и едукативни содржини. ...
Новата фестивалска недела на „Охридско лето“ започна со солистички концерт на младата македонска пијанистка Горјана Стојановска која со своето музицирање синоќа ја воодушеви публиката во црквата „Света Софија“. Вечерта на пијано започна со прекрасната изведба на Баховото Капричо „На заминување на најмилиот брат“, а потоа следуваa и шесте ставови на позната музичка свита од францускиот композитор Морис Равел „Гробот на Купрeн“. Љубителите на ...
Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) соопшти дека три клуба нема да добијат лиценца за настап во Првата лига во сезоната 2026/2027, бидејќи не ги исполниле финансиските критериуми предвидени со новиот систем за лиценцирање. Првпат Федерацијата воведе лиценцирање што покрај организациските и техничките услови, предвидува и задолжително исполнување на критериумите за финансиска дисциплина. Од КФМ истакнуваат дека сите клубови биле ...
Граѓаните и компаниите во јуни оставиле повеќе пари во банките, а истовремено земале и повеќе кредити. Според податоците за монетарните движења, паричната маса во земјава пораснала за 1,8 % во однос на претходниот месец, најмногу поради зголемените пари на сметки и краткорочните штедења. Во споредба со истиот период лани, во оптек има речиси 10 % повеќе пари. Растот доаѓа од поголемите заштеди на граѓаните и фирмите, како и од зголемените ...
Утрово во 8:03 часот, на јужниот влез на археолошкиот локалитет Акропол, спроти Музејот на Акропол и билетарницата, беше активирана тревога по пријавата дека маж вооружен со нож им се заканува на минувачите. Според достапните информации, минувач го известил Центарот за полициски операции за инцидентот. Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, било утврдено дека мажот нападнал двајца американски туристи со нож без провокација. ...
Шпанија на спектакуларен начин ја прослави светската титула освоена по победата над Аргентина (1-0) во финалето на Мундијалот, а еден детаљ од парадата во Мадрид стана вистински хит на социјалните мрежи. Додека автобусот со новите светски шампиони минуваше низ преполните улици, еден навивач им подаде транспарент со натпис: „Настан на годината – Гави против Паредес“. Првата ѕвезда на репрезентацијата, Ламин Јамал, го зеде транспарентот и го ...
Ниту во сезоната 2027/28 македонскиот ракометот нема да има сигурно место во Лигата на шампионите. Но, има напредок од една позиција на сметка на Словенија и „тропаме на вратата“ на топ десет. Норвежаните го држат последното место кое ветува сигурно место, а пред нив се Хрватска и Романија. Во последните години Еурофарм Пелистер и сега Вардар добиваа „вајлд-карти“ и така повторно имавме претставник во Лигата на шампионите. Позитивна вест е ...
Полициски службеници од ОВР Делчево вчера попладне лишиле од слобода 26-годишен жител на беровското село Митрашинци, откако бил фатен како управува возило под силно дејство на алкохол. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 20 јули околу 15:05 часот, при сообраќајна контрола на булеварот „Македонија“ во Делчево, било запрено патничко возило „Ровер“ со беровски регистарски ознаки, управувано од А.Т. (26). При извршеното ...
Истрагата за контаминацијата на водата за пиење во Гостивар влегува во нова фаза. Тројца раководни лица од ЈП „Комуналец“ денеска беа спроведени во Основното јавно обвинителство – Гостивар, каде што ќе бидат сослушани во рамки на истрагата за загадувањето на водоводниот систем и епидемијата на стомачни инфекции во градот. Осомничени се вршителката на должност директор на претпријатието Артана Асани, техничкиот раководител на Секторот за ...
– Клиничката слика и понатаму се карактеризира со стомачни тегоби, а поретко се јавуваат треска и покачена телесна температура – изјави директорот на болницата. Министерот за здравство Сашо Клековски вчера соопшти дека од почетокот на епидемиолошката состојба до сега се евидентирани речиси 3.100 здравствени контакти преку Здравствениот дом, Општата болница, телефонските јавувања и интервенциите на Итната медицинска помош. Тој посочи дека ...
Иран денес објави дека извршил повеќекратни напади врз американски воени цели во Јордан, Бахреин и Кувајт, велејќи дека целите биле радарски системи, воени бази, борбени авиони и други објекти што ги користат американските сили. Иранската револуционерна гарда (ИРГК) тврди дека уништила радарски систем за ракетна одбрана и борбен авион Ф-15 во хангар во ракетен напад врз американска база во Јордан. Според ИРЦГ, целта на операцијата била да се ...
Галеријата „Аполон“ во парискиот музеј Лувр, од каде што беше украден накит вреден 88 милиони евра, од утре повторно ќе биде отворена за посетители. „Галеријата ќе биде отворена во среда“, изјавил добро информиран извор, потврдувајќи ги информациите објавени во весникот „Ле Паризиен“, додавајќи дека на отворањето ќе присуствува министерката за култура, Катрин Пегар. Директорот на Музејот, Кристоф Лерибо, во интервју за „Ле Паризиен“ изјавил ...
Пиринејскиот Полуостров е погоден од екстремен топлотен бран кој оваа недела би можел да донесе температури до 47 степени Целзиусови во делови од Шпанија. Ова би можело да сруши некои температурни рекорди, пишува Severe Weather Europe. Најлошото се очекува во јужните и источните делови на Шпанија, особено во долините на реките Гвадалкивир и Ебро и во регионите Мурсија и Кастиља-Ла Манча. Топлината ќе се прошири и на југот на Франција, каде ...
Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) продолжува да ја зацврстува соработката со професионалните организации од регионот. Во Скопје, Институтот беше домаќин на претставници на Институтот на сметководители и ревизори на Косово (SCAAK), каде што двете организации разговараа за идните заеднички активности и развојот на сметководствената професија. На средбата беа разменети искуства, добри практики и информации за ...
Лавина реакции во јавноста предизвика убедливиот пораз на македонската ватерполо репрезентација до 16 години од Унгарија со 41:0, на „Балкан ватерполо гејмс 2026“. Ваквиот резултат е оценет како симбол на подлабоките проблеми со кои со години се соочуваат федерациите, клубовите и младинските категории во земјава. Меѓутоа, јавноста го постави прашањето дали станува збор за еден исклучително лош меч или за последица на долгогодишното отсуство ...
Силна бура проследена со град го погоди Ровињ и неговата околина кратко по 9 часот утрово. „Паѓаа ледени камења. Јавуваат дека има и полесно повредени граѓани. Не се сеќаваме на толку голем град во Истра“, објави ИстраМет. Бројни жители на Ровињ и Ровињско Село испратија фотографии на кои се гледа дека градот бил со големина на орев на некои места. Некои велат дека не се сеќаваат дека некогаш виделе да паѓа мраз со оваа големина, пренесе ...
Забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод за пиење и подготовка на храна останува во сила сè додека лабораториските анализи не потврдат дека таа е безбедна, соопшти директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов. „Продолжуваме будно да ја следиме состојбата и да ги преземаме сите законски мерки за целосно расчистување на случајот и отстранување на причините што го загрозиле здравјето на граѓаните. Нема ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е веќе во Њујорк, иако Отвореното првенство на САД почнува за околу шест недели. Најдобриот тенисер на сите времиња беше на финалето на Светското првенство во Њу Џерси, но веќе се сврте кон последниот гренд слем во сезоната. Кога го праша новинарот на Си-би-ес кој ќе му биде најголем ривал на Флашинг медоус, тој не спомена ниту еден од тројцата годинашни победници на слични турнири: Карлос Алкарас (Отворено ...
Речиси 32 милиони работни места во Европската Унија во 2024 година зависеле од конечната побарувачка за стоки и услуги од трети земји, односно држави надвор од ЕУ, објави Евростат. Според податоците на европската статистичка служба, станува збор за 31,6 милиони работни места, што претставува 14,4 отсто од вкупната вработеност во Унијата. Тоа е значителен пораст во споредба со 2010 година, кога извозот кон земјите надвор од ЕУ поддржувал 22,6 ...
Поранешната шампионка во шах Јудит Полгар вчера ја отфрли понудата од унгарскиот премиер Петер Маѓар да стане претседателка на државата, откако позицијата остана испразнета по уставниот амандман усвоен минатата недела. „Не чувствувам дека имам сила да ја преземам оваа историска одговорност за обединување на поделена нација, па затоа не можам да ја прифатам оваа покана“, објави Полгар на социјалните мрежи. Проевропскиот конзервативен лидер, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да биде уапсен за време на посетата на САД, откако градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, изјави дека сè уште го разгледува овој потег. „Бенјамин Нетанјаху нема да биде уапсен, на никаков начин, додека е во САД“, напиша Трамп во објава на социјалните мрежи, во која не се осврна на коментарите на градоначалникот. Трамп не го спомена ...
Компанијата „Рајанер“ официјално се огласи за прв пат во врска со инцидентот на летот од Солун до Меминген, во кој беше повреден Љубиша Каровиќ, 61-годишен патник од Србија. Компанијата вели дека нејзините авиони се безбедни и дека се во контакт со семејството на повредениот патник. Каровиќ беше повреден на почетокот на јули откако, според неговото семејство, поради дефект на моторот, дел од авионот удрил во прозорецот до неговото седиште. ...
Периодот на бавно губење на арктичкиот морски мраз е завршен, при што научниците го забележаа најголемиот годишен пад досега регистриран оваа зима, според ново истражување кое ги поништува претходните заклучоци за привремената стабилизација на ледената покривка, објавува „Гардијан“. Претходното истражување, објавено минатото лето, покажа дека топењето на арктичкиот морски мраз е забавено во последните две децении. Немало статистички значајно ...
За да се спречат и предвидат потенцијални проблеми што може да се појават во иднина, луѓето од ВТА одлучија да ги подложат тенисерките на специјални тестови. Тие сакаат да бидат тестирани тенисерките во иднина и да докажат дека се жени. Тоа е веста што ја донесе Бен Ротенберг. Човекот што е познат по јавното критикување на Новак Ѓоковиќ, напиша статија за својата веб-страница „Bounce“ и тврди дека ВТА донела одлука со која се бара од секој ...
Шпанската фудбалска репрезентација беше пречекана од околу два милиони луѓе на улиците на Мадрид откако ја освои титулата светски шампион на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Шпанските фудбалери се вратија дома еден ден откако ја победија Аргентина со 1-0 по продолжение во финалето на Светското првенство и ја освоија титулата светски шампион по втор пат во историјата. The amount of Spain fans at the parade in Madrid 🤯 ...