Во Гостивар започна хиперхлорирање на водата и испирање на примарната водоводна мрежа, како дел од мерките за справување со епидемијата поради загадувањето на водоводот, информираш министерот за внатрешни работи и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Панче Тошковски по состанокот на Централниот кризен штаб што се одржа во Гостивар. Тој повтори дека новите испитувања на земените ...

Германскиот електронски бенд „Крафтверк“ на 25 јули ќе настапи на Стадионот на АРМ во Скопје, во рамките на „Скопје колинг“. Првпат во Скопје „Крафтверк“ одржа концерт во 2005 година, на Скопски саем, а потоа, во 2018 година, во салата „Борис Трајковски“ имаше и 3Д-концерт, настан со кој беше отворено 20. јубилејно издание на фестивалот „Таксират“. Бендот е формиран во Диселдорф, Западна Германија, во 1970 година, од Ралф Хитер и Флоријан ...

Речиси 12.000 луѓе, главно туристи, се евакуирани од областа Ле Порж во југозападна Франција поради голем шумски пожар што зафати борова шума во близина на атлантскиот брег. Пожарот избувна во средата околу пладне, а до четвртокот се прошири на површина од околу 2.000 хектари шума – површина што е приближно трипати поголема од Гибралтар – соопштија локалните власти. Меѓу евакуираните има гости од кампови и други сместувачки капацитети, како и ...

Во тек е голема полициска операција во германскиот град Регенсбург поради сомневање за ситуација со заложници во една банка. Првичните информации укажуваат дека напаѓачот се наоѓа во зградата заедно со неколку други лица, додека едно лице се здобило со повреди опасни по живот при напад со нож. Од полицијата соопштија дека инцидентот се случил околу 14:50 часот во банка на улицата „Штромерштрасе“ (Stromerstraße), во близина на центарот ...

47-годишна жена се здоби со критични повреди откако маж ја избоде повеќе пати, а потоа ја запали во трговскиот центар „Миланео“ во Штутгарт. Полицијата набрзо го уапси осомничениот, 54-годишен германски државјанин, за кого се верува дека бил во врска со жртвата. Нападот се случи околу 10:15 часот, кога полицијата прими бројни повици од граѓани кои го пријавија бруталниот инцидент во трговскиот центар. „Околу 10:15 часот добивме голем број ...

На плажата во Стон е забележано краткотрајно фекално загадување на морето поради зголемено ниво на бактеријата *Escherichia coli*; поради тоа, пливањето не се препорачува до понатамошно известување, предупредија денес од Дубровничко-неретванската жупанија. Краткотрајното фекално загадување беше потврдено за време на петтата рутинска проверка на квалитетот на водата за капење, спроведена од Заводот за јавно здравје на Дубровничко-неретванската ...

Како беспоштедна, но воздржана медитација за тагата, борбата за опстанок и човечката солидарност, „Добри луѓе“ зборува за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025, во кој загинаа 63 млади луѓе. Филмот им дава платформа на преживеаните и на тивките херои. Тие не се симболи, туку луѓе – ранливи, но силни, издржливи и длабоко реални. Проекцијата на документарецот „Добри луѓе“ ќе се одржи на 16 август Документарецот „Добри луѓе“ ...

На „Охридско лето“ синоќа се одиграа балетските претстави „Кармен свита“ и „Болеро“ од Жорж Бизе и Морис Равел, во изведба на маестралните уметници од Операта и театар „Мадленијанум“ од Србија, а во кореографија на Александар Илиќ. „Кармен свита“, адаптирана според Бизеовата опера „Кармен,“ ја долови страсната приказна за Кармен, симболот на слободата и судбината, а „Болеро“, во вториот дел од вечерта, донесе динамична кореографија полна со ...

Патнички авион Боинг 737 Макс 8 на полската авиокомпанија „ЛОТ“, кој летал од шпанското одморалиште Палма де Мајорка до полската престолнина Варшава, бил принуден да слета во Италија поради здравствени проблеми на пилотот. На пилотот му се слошило за време на летот, поради што екипажот вклучил аларм околу четири часот наутро по локално време. Авионот слетал половина час подоцна на аеродромот во Милано, се вели во соопштението од аеродромот, ...

Анализата покажува дека денешната суша во Западна Европа е класифицирана како „екстремна“, а во свет без климатската криза би била само „умерена“. Рекордните топлотни бранови предизвикуваат силно испарување на водата од реките, езерата, почвата и од растенијата, а нова научна студија покажа дека поради глобалното затоплување, веројатноста за вакви услови се зголемила за 80 пати во Западна Европа и за 40 пати во Источна Европа. Се проценува ...

Повеќе од 10.000 луѓе беа евакуирани преку ноќ на југозападна Франција откако пожар што брзо се ширеше зафати 2.000 хектари земја западно од градот Бордо, соопштија локалните власти во четврток. Податоците покажуваат дека шумските пожари во Европа веќе изгореле повеќе земја оваа година од годишниот просек во последните две децении. Европа, континентот што се затоплува најбрзо во светот претрпе три практично последователни топлотни бранови ...

Она за што се шпекулираше неодамна, сега е потврдено. Американскиот претседател, Доналд Трамп, формално одобри договор со Саудиска Арабија, кој му обезбедува на најважниот американски сојузник во арапскиот свет цивилна нуклеарна програма, но потенцијално отвора и можност за збогатен ураниум потребен за производство на нуклеарна бомба, потврдија анонимни претставници на администрацијата на Трамп за „Волстрит џурнал“. Според весникот, Трамп го ...

Вирусот Западен Нил повторно се шири низ Европа, а сезоната на пренос преку комарци е во полн ек. Според најновите податоци на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), локално пренесени случаи се регистрирани во Грција, Италија, Шпанија и Романија. Во Грција, Националната организација за јавно здравје (EODY) соопшти дека до 22 јули се потврдени 21 локален случај на инфекција. Кај 20 пациенти се развиле сериозни ...

Европската унија го казни Google со 890 милиони евра (1 милијарда долари) по наводите дека технолошкиот гигант го прекршил Законот за дигитални пазари со тоа што ги поставил Google Play и неговиот пребарувач за да ги насочува потрошувачите кон сопствените услуги и апликации на сметка на конкурентите. Гугл неодамна ја изгуби жалбата против казната од 4,5 милијарди долари што ја изрече ЕУ за кршење на антимонополските правила, велејќи дека ја ...

Само три дена по поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство, Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) се најде во центарот на голем корупциски скандал. Според шпанскиот весник „Ас“, повикувајќи се на порталот „Инфобае“, агенти на ФБИ го запреле авионот на делегацијата на АФА на аеродромот ЏФК во Њујорк и заплениле телефони и други електронски уреди на челниците на Федерацијата. Под истрага се претседателот на АФА, Клаудио Тапија, ...

Глобалните цени на нафтата го забрзаа растот во четврток, при што цената на барел сурова нафта од типот Брент надмина 97 долари, покажаа пазарните податоци. До 10:01 часот по московско време, цената на септемвриските фјучерси за сурова нафта од типот Брент се зголеми за 3,15 проценти во однос на претходното затворање, на 97,03 долари за барел. Цената надмина 97 долари за прв пат од 8 јуни. Фјучерсите за сурова нафта WTI за септември во исто ...

Македонија сè повеќе заостанува зад европските земји, не само според висината на земјоделските субвенции туку и според продуктивноста и конкурентноста на домашното земјоделство. Разликите не се ограничени само на сточарството туку се присутни и во речиси сите сегменти на аграрната политика. Додека во Словенија вкупната поддршка за едно грло добиток може да достигне и до 2.000 евра, македонските сточари добиваат помалку од 150 евра за грло. ...

Идејата за песната се родила на неговата свадба, во момент кога Стефан размислувал за значењето на кумството и за тоа колку далечината понекогаш може да ги одвои луѓето од најважните животни настани! Браќата Мартин и Стефан, попознати како дуото “Некст-тајм“, и во овие жешки денови не мируваат. Имаат нова песна “Славам“. Тоа е впрочем нивниот соодветен одговор на бројните порабувања од страната на публиката кои им порачуваа: „Направете нешто ...

Најголемиот и највлијателниот музички фестивал, а кој не со онаа сладуњава шлагерска музика, ќе се одржи под отворено небо ова лето на 8-ми август на Ракометното игралиште во Битола. Ќе биде то С.О.С. фестивал 2026. Замислен е како музички настан со префинето селектирана концертна програма од врвни македонски музички артисти. Воедно тоа е и своевиден “повик“ за музичка борба против турбофолк, шундот и кичот, велат од организацијата и од ...

Меѓу најпознатите дела на Наум Бурназ, кој почина на 86- годишна возраст, се „Бор садила мома Евгенија“, „1762 лето“ („Песна за патрикот“) по текст на Григор Прличев, како и бројни други песни, кои со децении се дел од македонското музичко наследство Наум Бурназ, еден од најзначајните интерпретатори на македонската народна песна и долгогодишен уметник што му го посвети целиот свој живот на музичкото творештво, почина на 86-годишна возраст. ...

На плажата во Стон денеска е забележано фекално загадување на морето поради зголемена концентрација на бактеријата Ешерихија коли, а пливањето не се препорачува до понатамошно известување, предупреди Дубровничко-неретванската жупанија. Како што наведуваат, краткотрајното фекално загадување е потврдено за време на петтото редовно тестирање на квалитетот на морето за капење. Тестирањето на квалитетот на морето го спроведува Институтот за јавно ...

Наместо да ги полнат буџетите, општините дозволиле милијарди денари да останат ненаплатени. Ревизорите утврдија пропусти во регистрите, слаб надзор и системи кои не овозможуваат следење на старите долгови. Само мал дел од општините целосно ги користат можностите за наплата на локалните давачки. Ревизорите предупредуваат дека неефикасната наплата ги намалува приходите и ја ограничува финансиската моќ на општините Недостатоци во законската ...

Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, со поддршка од Светската здравствена организација, почнаа дискусија за можните промени во системот на боледувања. Целта е да се намали непотребната администрација за пациентите и за лекарите, но истовремено и да се воведат подобри контроли таму каде што постои сомнеж за злоупотреби. Министерот за здравство, Сашо Клековски, соопшти дека податоците од системот „Мој термин“ ...

До крајот на неделата, гостиварци ќе добијат техничка вода, а ако сè оди по планот, до крајот на следната и за пиење, најави премиерот Христијан Мицкоски. Владата прогласи кризна состојба во Гостивар откако општината затаи во справувањето со епидемијата. „Сега треба да се пристапи кон целосно перење на системот за да добиеме вода која ќе има хлор во граници на нормалата и да имаме техничка вода до крајот на неделата, а до крајот на идната ...

Мештаните со брза интервенција го спасија Музејот од пламените јазици, додека институциите со години се прогласуваат за ненадлежни и ја оставаат првата партизанска печатница да пропаѓа. Првата илегална партизанска печатница ја отвори приказната за децениската институционална негрижа кон еден од најзначајните споменици на македонската Народноослободителна борба. Во печатницата, во виорот на војната, биле отпечатени Манифестот на Главниот штаб ...

Неколку стотици граѓани досега се пријавиле дека претрпеле штети како последица на големото невреме што завчера го погоди Скопскиот и неколку други региони во земјава. Се пријавуваат урнати покриви, скршени прозорци, оштетени тераси, гаражи, автомобили, паднати дрвја во дворовите… кои беа погодени со силното невреме и од ветерот што дуваше со брзина и до 134 километри на час. Во погодените скопски општини постојано ѕвонат објавените дежурни ...

Во однос на Jавниот повик за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, од Министерството за транспорт и врски информираат дека до крајниот рок, понуди доставиле четири компании и тоа: – Xiamen Golden Dragon Bus Co, Ltd. – YES -EU DENMARK A/S YUTONG – BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi – – IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со EVN По спроведенета евалуација на понудите, Комисијата за јавни набавки утврди дека ...

Македонскиот ракометен суперлигаш и лански освојувач на ЕХФ-купот на ЕХФ, тимот на РК Алкалоид, ги почна подготовките за новата сезона. На првиот собир, ракометарите ги поздрави Живко Мукаетов, генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, и им посака. пред сѐ. здравје и успех во новата сезона. Подготовките на „фармацевтите“ ќе се одвиваат во три дела. Првиот дел е воведниот во тренажниот процес и ќе се ...

Цените на природниот гас во Европа достигнаа највисоко ниво во последните три и пол години, во период кога земјите од Европската Унија интензивно ги полнат складиштата пред зимската грејна сезона, но се соочуваат со зголемена неизвесност поради ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток и нарушувањата во глобалните енергетски текови. На холандската берза ТТФ, која е главен репер за цените на гасот во Европа, гасот за испорака во август ...

Владата за две години исплатила повеќе од 15 милијарди денари директни субвенции за земјоделците, а паралелно со тоа е зголемено производството и е намален дефицитот во земјоделско-прехранбениот сектор, тврди премиерот Христијан Мицкоски. Според него, сегашните резултати се постигнати по состојба што ја оценува како „катаклизма“ наследена од претходната влада. Во врска со критиките на опозицијата дека нема резултати во земјоделството, ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
0.31
57%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.68
73%
1010
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.66
76%
1010
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.51
45%
1015
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
40%
1011
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 17ᴼ
1.08
89%
1011
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
2.68
64%
1015
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.47
54%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.16
85%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 17ᴼ
0.89
63%
1011
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
1.34
57%
1007
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 21ᴼ
2.67
100%
1015
Currency

61.575

Currency

54.1105

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Злато

130265.18

Цинк

0.00

Сребро

1870.85

Калај

53.50

Паладиум

39448.97

Платина

50958.93

Кобалт

56.29

Бакар

12.74

Алуминиум

3.17

Родиум

263636.12

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36