Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на најголемиот јапонски остров Хоншу. Епицентарот на земјотресот беше во префектурата Мијаги, на длабочина од 10 километри. По земјотресот, не е издадено предупредување за појава на цунами. Засега нема информации за евентуални жртви и материјална штета. Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека МВР ќе постапи согласно своите надлежности доколку бидат преземени потребните процесни чекори во врска со информациите на ФБИ дека двајца македонски државјани се бараат во САД за измама и кражба на идентитет, а се наоѓаат во земјава. Одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со главниот извршен директор на А1 Македонија, Методија Мирчев, Тошковски ...
На 15.05.2026 во 04:24 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив било донесено мртво новороденче, кое неговата мајка Ѓ.У.(35) од с.Конче, радовишко, го родила во домот. Лекар констатирал смрт, а мајката била сместена на Одделението за гинекологија во Клиничка болница Штип. Полициски службеници излегле на местото и бил извршен разговор со нејзиниот сопруг К.У.(33) од с.Конче, при што било утврдено дека околу 02:00 ...
„Реплек“ одбележува 10 години од почетокот на сопственото производство и развој на производи на база на медицински канабис, сегмент во кој компанијата влезе во 2016 година, кога овој пазар во Македонија беше во почетна фаза и проследен со значителна јавна скепса. Од компанијата соопштија дека во пресрет на јубилејот е реализиран и првиот извоз на производи на база на медицински канабис на пазарите на Европската Унија. Пласманот во ЕУ, како ...
На 13.05.2026 во 11:50 часот во СВР Скопје e пријавено дека на ул.„Багдадска” во Скопје, товарно возило „фиат дукато” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К.(60) од с.Волково, скопско, удрило во 92-годишната М.К. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. На 13.05.2026 во 11:50 ...
Се работи на законските измени со кои ќе се предвидуваат санкции за родителите чии деца прават насилни дела, најави денеска министерката за образование Весна Јаневска. На денешната прес-конференција министерката рече дека со пратениците веќе се работи на дефинирање на законските измени. „Државниот секретар е во постојан контакт со пратениците. Ммислам дека во овој момент се во Собранието за да ги дооформат овие предлози. Веќе е донесена ...
Општина Аеродром, во соработка со компанијата ЕКОТИП, воведе современа Tersano SAO® технологија за чистење, дезинфекција и дезодорирање во сите објекти на детската градинка „Буба Мара“, со што се поставуваат нови стандарди за хигиена, безбедност и грижа за здравјето на децата. Денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и комерцијалната директорка ...
Гувернерот на Народна банка, Трајко Славески, учествуваше на Регионалниот состанок на гувернери што се одржа во Пула, Република Хрватска, во организација на Хрватската народна банка, каде што во фокусот на дискусиите беа дигиталната трансформација на финансискиот систем, дигиталните средства и иднината на прекуграничните плаќања. На тркалезната маса на тема „Од експеримент до инфраструктура: дигиталните средства во традиционалниот финансиски ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали активно се работи на патно поврзување на Кичево, изјави:„Па ние пред некој ден имавме со новинарите, посета на градежните активности коишто се случуваат на автопатот, најпрвин Гостивар-Букојчани, а потоа Кичево-Охрид. Повеќе од една милијарда се инвестира во оваа патна делница и очекувам да делницата ...
Соопштение за јавност на Левица: Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ жестоко ја критикуваше политиката на Владата кон индустријата за коцкање, оценувајќи дека државата наместо да ги заштити граѓаните, овозможува дополнително ширење на „предаторска дејност” која ги уништува семејствата и локалните заедници. Во објава на социјалните мрежи, Мециновиќ предупредува дека коцкањето не е само економско, туку и сериозно социјално и здравствено ...
В.Д: претседателот на Основниот суд Гостивар, Елјеса Алији остана без пасош и дополнително определени му се мерки на претпазливост, откако Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против него и против судски администратор поради сомнение за примање награда за противзаконито влијание. Основниот кривичен суд во Скопје го уважил предлогот на обвинителството и на Алији му определил обврска повремено да се јавува ...
Министерството за економија и труд денеска објави Јавен повик за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии, во рамки на Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста за 2026 година. За реализација на оваа мерка се обезбедени 11,34 милиони денари, а поддршката ќе се реализира преку кофинансирање на 40 проценти од докажаните трошоци за набавка на нови машини и алати, но не повеќе од 200 илјади денари по ...
На 14.05.2026 во 16:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Коце Металец“ во Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(20) од Скопје, удрило во велосипед управуван од 13-годишник од Скопје. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а возачот А.П. е лишен од слобода по член 300 од ...
Тешка авионска несреќа се случила вчера во американскиот град Акрон, каде што мал авион се урна врз куќа и предизвикал огромен пожар кој ја покрил целата населба со густ црн чад. Според локалните служби, трагедијата се случила околу 15:45 часот по локално време, во дел од градот што се наоѓа јужно од центарот на Акрон. Пожарникарите веднаш излегле на местото на настанот по пријавите за експлозија и пожар, а сцените од местото на несреќата ...
Во рамките на кампањата за поттикнување на читачките вредности и навики кај децата, „Читањето е супермоќ”, издавачката куќа „Арс Ламина” распишува конкурс за суперчитатели од основните училишта. Во периодот од 14 до 22 мај 2026 година, на адресата libi@arslamina.com се очекуваат номинациите од училиштата за тројца ученици кои во учебната 2025/2026 година се истакнале како суперчитатели, односно покажуваат најголем афинитет кон читањето, ...
Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа — АПИС, излезе со писмен став за новиот Предлог-закон за игри на среќа, во кој нагласува дека заштитата на младите од можната зависност од коцкање е нивен приоритет, но предупредува дека дел од предложените решенија може да имаат сериозни економски и правни последици. Од АПИС велат дека нивните членки водат постојана кампања за подигнување на јавната свест под мотото „Забрането за малолетни лица – ...
Секторот за внатрешни работи Битола со јавен апел, предупредува граѓаните да бидат внимателни во врска со кривични дела „измама“ за лажни сообраќајни несреќи. Од СВР Битола посочуваат дека посебно внимателни треба да бидат повозрасните и да не наседнуваат на измами кои сторителите го прават по пат на телефонска комуникација. Измамниците ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како ...
На предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Владата донесе одлука за отворање на Амбасада на Република Северна Македонија во Република Литванија, со седиште во Вилнус. Воспоставувањето постојано резидентно дипломатско присуство во Вилнус ќе придонесе за зајакнување на директниот политички дијалог меѓу двете земји, поефикасно застапување на нашите национални интереси и унапредување на билатералната соработка со ...
Секое лето, Истанбул се трансформира во голема сцена на настани што се одвиваат на отворено. Годинава, културниот, уметничкиот и забавниот календар на градот е побогат од кога било досега, а има настани за сечиј вкус, вклучувајќи ги и љубителите на спортот и оние што ја сакаат музиката. Така, на 20 мај, Истанбул е домаќин на финалето на УЕФА Лигата на Европа, а натпреварот помеѓу Германија (Фрајбург) и Англија (Астон Вила) на стадионот ...
Трамп ја напушти Кина. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговарал со кинескиот претседател Си Џинпинг за Иран и дека двајцата не сакаат Иран да има нуклеарно оружје и „сакаат теснецот да биде отворен за пловидба“. Трамп и Си го започнаа последниот ден од разговорите во Пекинг, откако американскиот претседател изјави дека обезбедил понуда за помош за повторно отворање на Ормутскиот теснец и ветување за голема нарачка од ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче, кој место со победа на избори на власт сака да дојде со предавства и отстапки за националниот идентитет, стана поголем негатор и од најголемите негатори на Македонија, бугарските власти. Филипче го фатил патот на Зоран Заев и како пиун на Румен Радев е спремен да потпише нови капитулации за Македонија и македонскиот народ, во надеж дека така некој друг ќе го донесе на власт. Нема никаков ...
Овен Денот пред вас носи силна динамика и чувство дека конечно работите почнуваат да се движат во правец што го посакувате. Ќе бидете полни со енергија, но истовремено и нетрпеливи, па можно е да реагирате пребрзо во ситуации каде што е потребно повеќе трпение. На работното место некој ќе се обиде да ви наметне свое мислење, но вие нема лесно да попуштите. Внимавајте конфликтите да не ескалираат поради тврдоглавост. Во љубовта, емоциите ќе ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод Меѓународниот ден на семејството, информира за континуираната поддршка, мерките и иницијативите насочени кон унапредување на квалитетот на живот на граѓаните, со посебен фокус на младите семејства, децата и повозрасните. По тој повод, Општина Центар ја истакнува својата заложба за создавање подобри услови за живот и зајакнување на социјалната сигурност на сите категории граѓани. ...
Јавниот долг за само две години е зголемен за 2,5 милијарди евра во апсолутен износ, предупреди поранешниот вицепремиер за економски прашања и пратеник од СДСМ, Фатмир Битиќи во интервју за емисијата „Вин-Вин“ на ТВ Телма. Битиќи истакна дека јавниот долг не смее да се релативизира и дека е погрешно да се создава перцепција дека задолжувањето не е важно прашање за економската стабилност на државата. „Креирана е перцепција дека јавниот долг не ...
Соопштение за јавност на Левица: Додека Мицкоски ја замајува јавноста со глумење изненаденост за пропаднатиот случај со увозот на мазут, клучниот елемент е дека токму ЕСМ, предводено од неговиот близок личен пријател Узунчев, не доставиле доказ дека државата е оштетена! Самата обвинителка Колариќ јавно потврди дека клучната „оштетена страна” – ЕСМ, преку директорот Узунчев, скандалозно изјавила дека компанијата не претрпела никаква штета. ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Прво Христијан Мицкоски призна дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата. Потоа Тимчо Муцунски призна дека НАТО е феноменална работа. Сега и претседателката Гордана Сиљановска призна дека прашањето за македонскиот јазик, култура и национален идентитет е апсолвирано. Сите тројца, еден по еден, ја потврдија вистината што СДСМ ја зборуваше години наназад. Сега е ред да се извинат на граѓаните на ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Утре, сабота, територијата на Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност со центар над Џенова. Токму ова ќе услови да имаме променливо облачно и нестабилно време со честа појава на обилни врнежи од дожд, грмежи и со засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Локално пак атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со обилен пороен дожд (над 30 литри на метар квадратен за ...
Иранскиот потпретседател Мохамед Реза Ареф изјави дека Ормутскиот теснец му припаѓа на Иран и дека Иран „нема да се откаже од него по никоја цена“. „Нема да се откажеме од Ормутскиот теснец по никоја цена. Ормутскиот теснец ни припаѓа пред сè нам. Тој отсекогаш бил наш имот, иако некое време не го користевме добро она што ни припаѓаше“, рече Ареф, според иранската телевизија „Прес“ . Истовремено, иранскиот министер за надворешни работи, ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска ќе ја посети Општина Кичево. Премиерот Мицкоски ќе изврши увид на реконструкција на спортската сала „Јанчица” во Општина Кичево. Потоа, премиерот Мицкоски ќе изврши увид на реконструкција на улицата „Маршал Тито” и улицата во село Србица, каде што ќе даде изјава за медиуми, велат од владината прес служба Претседателот на Владата на Република Северна ...
На 13.05.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена од Скопје пријавила дека во периодот од 04.05.2026 до 06.05.2026 таа и нејзиниот татко биле измамени од две лица за сума од 152.000 денари. Според пријавата, жената преку социјална мрежа и телефонски контактирала со едно женско и едно машко лице, кои подоцна дошле и во нејзиниот дом. Тие ѝ ветиле дека ќе ѝ обезбедат вработување во една од државните институции, по што во неколку ...