Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска ја посети Централната лабораторија при Министерството, каде најави системско и координирано решавање на сите институционални предизвици. Тој нагласи дека модерна и функционална Централна лабораторија претставува темел на ефикасната заштита на животната средина и гаранција за точни и навремени податоци во интерес на јавното здравје. Целта е да се обезбедат стабилни ...

Во судницата во „Идризово“ денеска продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Сведочеа членови на бендот на ДНК и преживеани гости, кои ги опишаа паниката, стампедото и борбата за живот ноќта на трагедијата. Пред судот сведочеа придружниот вокал на групата ДНК, Ана Костадиновска, музичарот Горан Тонев, и сведоците Роберто и Бојан, гости во дискотеката. ...

Струшкиот суд ги одложи двете рочишта закажани за денеска против поранешниот градоначалник на Струга Рамис Мерко за незаконско поставување спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда и за склучен договор за осветлување на дел од речното корито на Црн Дрим. Причина за одлагањето, според судечкиот судија Јордан Јованов, е привремена спреченост за работа поради оперативен зафат на обвинетиот. Последните рочишта за овие предмети беа ...

Македонските онлајн купувачи се најактивни во модата и во плаќањето на претплати за интернет и мобилни услуги, а мал дел на тој начин купуваат лекови, електроника и апарати за домаќинство, храна и пијалаци, покажува Прегледот на Е-трговијата во Западен Балкан, 2025 година, изработен од Асоцијацијата за е-трговија, во кој се анализирани податоците од Евростат, за првото тримесечје од 2024 година. Според податоците, 63,2 проценти од ...

Вкупно 34 случаи на врсничко насилство се пријавени годинава во Министерството за образование, но не е пријавен ниеден случај на насилство преку интернет, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска пред учениците активисти, кои ги презентираа своите иницијативи за побезбедна дигитална средина и пријавување сајбер-булинг. Според учениците, онлајн-насилство има, но, како што велат од канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, ...

Општина Илинден во соработка со Германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ) започна со реализација на активностите за поставување бесплатна јавна WiFi мрежа на новиот современ урбан парк-плоштад во н.м Марино. Проектот е дел од иницијативите за унапредување на дигиталната поврзаност во регионот на Западен Балкан и претставува значаен чекор кон модернизација на јавните простори и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Со ...

Владата на Бугарија денеска официјално соопшти дека фудбалската легенда Димитар Бербатов е назначен за советник на техничкиот премиер Андреј Ѓуров за прашања поврзани со младите и спортот. Во објавата на бугарската влада на социјалните мрежи беше споделен и серијал фотографии на кои се гледа како Ѓуров и Бербатов во релаксирана атмосфера играат со фудбалска топка во владин кабинет, симболично одбележувајќи ја почетокот на нивната соработка. ...

Соопштение за јавност на СДСМ: -Денешната минимална плата не дозволува или не обезбедува достоинствен живот, туку претставува обично преживување на нашите граѓани. Денес, кога цените растат и кога инфлацијата го јаде семејниот буџет, минималната плата мора да расте. Затоа ние, како пратеничка група, бараме зголемување на овој износ на минимална плата на 600 евра, затоа што сегашниот не обезбедува достоинствен живот на нашите граѓани, рече ...

Инцидент со закани со огнено оружје бил пријавен вчера во Скопје, откако сообраќајно недоразбирање меѓу двајца возачи ескалирало во сериозен конфликт. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 15:00 часот во СВР Скопје, 52-годишниот И.С. од скопското село Сарај пријавил дека околу 11:45 часот на подрачјето на Карпош, додека управувал патничко моторно возило, бил пресретнат од друго возило по претходна расправија во ...

Со нови потресни сведоштва денеска продолжи судењето за трагичниот пожар во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани, при што сведоците детално ја опишаа ноќта кога избувна огнената стихија. Алберто Миладинов од Кочани, кој кобната вечер го снимал настапот на групата ДНК, сведочеше дека плафонот се запалил точно во 2:32 часот по полноќ на 16 март 2025 година. Тој изјави дека во дискотеката одел уште од својата 16-та година и дека објектот ...

Тензична атмосфера ја одбележа денешната судска расправа за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, откако адвокатот Петре Шилегов побара судот да ја прекине постапката, обвинувајќи за нарушена рамноправност меѓу обвинетите и примена на двојни аршини од страна на обвинителството. Шилегов во судницата истакна дека постојат сериозни разлики во третманот на обвинетите од Јавното обвинителство и на полициските службеници обвинети од ...

На 24.02.2026 во 10:30 часот во СВР Штип е пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска” со ул.„Борис Крајгер” во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди” со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа” со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од ...

Пред Судот сведочеше Горан Тонев, гитарист во групата ДНК и единствениот преживеан член на бендот, покрај придружниот вокал Ана Костадовска, која сведочеше претходно. Тонев во судницата се појави со видливи изгореници на лицето и вратот, како последица од пожарот. Тој изјави дека околу една година и три месеци имал устен договор со Филип Стевановски да настапува како надворешен соработник и гитарист со дуото ДНК. Тонев посочи дека вечерта на ...

Градоначалникот Дејан Митески денеска потпиша меморандум за соработка меѓу Општина Аеродром и Здружението „МЕГАЛОГОМЕД ГЛАС – Скопје“, со што се овозможуваат индивидуални логопедски и дефектолошки третмани за деца со развојни тешкотии и деца со попреченост. Со ова, децата од Аеродром добиваат бесплатен пристап до стручна логопедска поддршка, рано препознавање на развојните предизвици и навремена интервенција — важен чекор за нивниот правилен ...

Пред Судот сведочеше Горан Тонев, гитарист во групата ДНК и единствениот преживеан член на бендот, покрај придружниот вокал Ана Костадовска, која сведочеше претходно. Тонев во судницата се појави со видливи изгореници на лицето и вратот, како последица од пожарот. Тој изјави дека околу една година и три месеци имал устен договор со Филип Стевановски да настапува како надворешен соработник и гитарист со дуото ДНК. Тонев посочи дека вечерта на ...

На 24.02.2026 во 13:30 часот во СВР Битола, 83-годишник од Битола пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на интерактивната куклена претстава што се одржа во Дом на култура „Билјана Белочанец” во општина Кисела Вода, во организација на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Театар Провокација, како дел од кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот”. Претставата, наменета за учениците од основното училиште од општината, им овозможи на децата преку ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Б.Б. поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „попречување ...

Поранешниот премиер Зоран Заев денеска на социјалните мрежи објави дека поднел тужба за клевета против пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски и докторот Жан Митрев. „Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед. Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата. Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“ напиша Заев на ...

Генералното собрание на ОН синоќа усвои резолуција со која се повикува на сеопфатен и траен мир во Украина. Резолуцијата ја поднесоа Украина и 45 други земји, а 107 земји гласаа за неа, вклучувајќи ги речиси сите членки на ЕУ, а покрај нив и Македонија. Русија беше јасно против резолуцијата, додека Унгарија, Србија и САД гласаа „воздржано“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалната мрежа „X“ упати благодарност до 107-те земји ...

Советот на Европската Унија официјално усвои нови царински правила за мали пратки што влегуваат на територијата на ЕУ, а кои најчесто се нарачуваат преку онлајн купување. Новите прописи го укинуваат претходното ослободување од царински давачки за пакети во вредност до 150 евра, со цел да се потисне нелојалната конкуренција со која се соочуваат продавачите во рамките на Унијата, објави Советот на ЕУ. „Глобалната е-трговија доживува силен раст ...

На 26, 27 и 28.02.2026 година (четврток, петок и сабота), во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува г-дин Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија. Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје. СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат ...

На 24.02.2026 во 09:40 часот на ул. „Пабло Неруда” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.Ф.(48) од Струга. При контрола во сообраќајот, полициските службеници, сопреле патничко возило „мерцедес” со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека А.Ф. го управувал возилото и покрај тоа што имал забрана за управување со моторно возило од Б категорија. По наредба на јавен ...

Здружението на јавните обвинители побара повлекување на предложените измени на Законот за платите на јавните обвинители од собраниска процедура, оценувајќи дека станува збор за решение што треба темелно да се преиспита, а не да се турка по итна динамика. Во соопштението, обвинителите велат дека ја разбираат економската состојба и потребата од мерки за штедење, но тврдат дека предложените измени удираат во законски гарантирана заштита на ...

Внатрешни тензии во ВМРО-ДПМНЕ: Дали се подготвува терен за враќање на Никола Груевски? Во ВМРО-ДПМНЕ веќе некое време траат видливи внатрешни тензии, кои се манифестираат преку промени во партиската структура, медиумски напади врз одредени функционери и засилени шпекулации за иднината на лидерот на партијата. Една од централните теми во тие разговори е можноста за враќање на Никола Груевски, поранешен претседател на партијата и на владата, ...

Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, реагираше на одлуката на ВМРО на собраниската комисија да не го прифати предлогот за зголемување на минималната плата, истакнувајќи дека власта го игнорира интересот на работниците. „Собранието, на комисиската расправа, не го прифати предлогот за зголемување на минималната плата согласно барањата на работниците. Тоа е уште едно лицемерие на власта, затоа што не се грижи за работниците, туку за ...

Со емотивно и потресно сведочење пред Судот, Ана Костадовска, придружен вокал и соработник на музичката група ДНК, ја опиша драматичната ноќ на трагичниот настан во дискотеката во Кочани, раскажувајќи за моментите на паника, пожар и борба за преживување. Костадовска појасни дека не била постојан член на бендот, туку била ангажирана по потреба, зависно од настапите, додавајќи дека заедно со неа настапувала и Сара Пројковска, со која има блиска ...

За време на своето обемно обраќање за состојбата на нацијата, поранешниот американски претседател Доналд Трамп накратко се оддалечи од темите поврзани со економијата и криминалот и го насочи вниманието кон својата сопруга, Меланија Трамп, која ја пофали пред присутните политичари и гости. Во говорот, Трамп ја претстави првата дама како личност која има значајно влијание во јавниот живот, нарекувајќи ја „филмска ѕвезда“ и истакнувајќи дека ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека целосно реконструираната спортска сала „Работнички” ќе го носи името на легендарниот тренер Лазар Лечиќ. Во интервју за „Тема на денот” на Сител телевизија, Герасимовски посочи дека на следната седница на Советот ќе ја предложи точката салата официјално да биде именувана „Лазар Лечиќ”. Предлогот произлегол од иницијатива на ветераните на КК „Работнички” и спортската ...

Министерот за правда Игор Филков јавно ги повика сите инволвирани институции и лица во постапката поврзана со поранешниот вицепремиер Артан Груби да дадат детално и транспарентно образложение за донесените одлуки, нагласувајќи дека одговорноста треба да биде јасно утврдена „со име и презиме“. По оваа изјава, адвокатот Војо Димоски преку објава на социјалните мрежи упати остри критики кон министерот, оценувајќи дека неговите ставови во врска ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1015
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
6.69
56%
1011
weather icon

Загреб

7ᴼ / 0ᴼ
0.0
82%
1009
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
1.44
78%
1016
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.18
80%
1016
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.11
91%
1009
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
69%
1013
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
87%
1012
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
81%
1013
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
5.14
88%
1017
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
2.24
62%
1011
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
5.66
64%
1015
Currency

61.645

Currency

53.7353

Currency

71.0203

Currency

37.563

Currency

38.9111

Currency

67.5934

Currency

7.79198

Currency

0.67251

Currency

0.3364

Currency

0.5223

Currency

1.21616

Currency

0.58046

Злато

163782.99

Бакар

11.65

Сребро

2661.49

Алуминиум

3.46

Кобалт

3.86

Родиум

369733.59

Рутениум

54591.97

Платина

66777.10

Иридиум

259874.72

Паладиум

51087.54

Калај

49.93

Цинк

0.00