Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Прес конференција, Каја Шукова, претседателка на Форумот на жени на СДСМ Во денови кога Македонија е потресена од грозоморни случаи на убиства на жени, фемициди, кога расте насилството врз жените, а институциите потфрлаат во заштитата, повампирените ликови од времето на Груевски, меѓу кои и Миленко Неделковски и Сашо Тасевски, јавно шират навреди, понижувања и омраза кон жените. Последни жртви на срамни напади и говор на омраза се ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа, објави „WorldAtlas” додека Христијан Мицкоски секојдневно раскажува бајки за трета економија во Европа. Реалноста е сосема поинаква. Граѓаните секој ден ја чувствуваат вистината преку празните паричници, високите цени и се потешкиот живот. Алармантно лоша е и состојбата со Буџетот, снемува пари. Се случува токму она на што СДСМ подолго време предупредуваше. Нема ...
Ако летово планирате пат со автомобил во Грција ќе треба навреме да ја проверите задолжителната опрема во возилото. Од 18 јуни 2026 година во земјата стапуваат во сила нови правила за комплетите за прва помош, а за возачите кои нема да имаат соодветна опрема е предвидена казна од 30 евра. Според новите правила, возилата во Грција ќе мора да имаат ажуриран комплет за прва помош со 16 задолжителни предмети. Правилото се однесува на моторните ...
Музејот на Народната банка оваа година го одбележува Меѓународниот ден на музеите ‒ 18 мај, организирајќи големa виртуелна едукативна дружба со деца на училишна возраст од различни делови на светот, обединети во желбата да ги откријат тајните на исклучителната македонска ризница на антички и средновековни пари коишто се чуваат во нашиот музеј, што e отворен за јавноста секој работен ден од 9 до 15 часот. Музејското патување низ монетарното ...
Свеченото врачување на наградата „Роман на годината“ за 2025 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ ќе се одржи во среда, на 20 мај, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија, цо почеток во 19 часот. Годинашен лауреат на ова престижно признание е романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска, во издание на „Арс Либрис“. Оваа одлука ја донесе петчленото жири во ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче исто како и Зоран Заев, не постои барање од Бугарија кое тој не е спремен да го исполни без никаков приговор, само за да дојде на власт. Како пиун на Румен Радев, уценетиот Филипче уште од опозиција си кажува на што е спремен и што се може да прифати и спроведе само за да има можност да седне на премиерската фотелја. Така, Филипче стана главен лобист за прифаќање на бугарскиот диктат и е ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, во објава на мрежата Truth , му порача на Иран дека ништо нема да остане од земјата доколку иранските лидери не преземат одредени чекори. „Времето истекува за Иран и подобро е да побрзаат, брзо, или нема да остане ништо од нив. Времето е од суштинско значење“, напиша Трамп. Трамп треба да се сретне со своите врвни советници за национална безбедност во вторник за да разговараат за опциите за воена ...
Соопштение за јавност на Левица: Додека декларативно се колне во младите и ветува европски стандарди, ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка, турка измени во Законот за студентскиот стандард со кои директно удира по џебот на студентите и ги намалува стипендиите за нивните достигнувања. Огромен удар е насочен кон студентите од социјално загрозените семејства. Власта одлучува да го намали процентот на стипендии наменети за социјалните категории од ...
Во Паркот на франкофонија, вечерва (понеделник), со почеток во 20 часот, ќе се одржи првиот детски музички фестивал „Детелинки”, организиран од Општина Центар во соработка со центарските градинки. „Ги поканувам сите родители, семејства и граѓани да присуствуваат на фестивалот, да ги охрабрат своите деца со аплауз и заедно да уживаме во нивните изведби. Верувам дека „Детелинки” ќе прерасне во убава традиција на Општина Центар, настан кој ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за српскиот медиум „Нова.рс”, зборува за политичко-финансиската мрежа што ги поврзува Виктор Орбан, Александар Вучиќ и Христијан Мицкоски. „Оваа мрежа не ја откриваме од вчера. Ја разобличуваме со месеци, а секој нов ден носи нови потврди. Христијан Мицкоски во Македонија одамна го нарекуваат ‘малиот Вучиќ’. И тоа не е случајно”, вели Филипче. Тој оценува дека ...
Земјотрес со јачина од 5,2 степени го погоди регионот Гуангси во југозападна Кина утрово при што загинаа две лица. Според информациите од кинеските медиуми, евакуирани се над 7.000 луѓе во градот Лиуџоу, додека операциите за пребарување и спасување продолжуваат, а властите предупредуваат за прекини во сообраќајот. Потврдени се два смртни случаи, едно лице сè уште се води како исчезнато, а четири лица се однесени во болница, иако ниту едно ...
Пишува: Проф. Д-р Јове Кекеновски Пред извесно време јасно и недвосмислено укажав дека барањето правосудниот испит да се полага на друг јазик не е прашање на човекови или јазични права, туку обид за политичка инструментализација на правосудството и релативизирање на државните стандарди. За жал, наместо смирување на состојбата и рационална правна дебата, деновиве сведочиме на уште поагресивна политизација и опасна инструментализација на ова ...
Соопштение за јавност на ВЛЕН: ВЛЕН од самиот почеток го поддржуваше и продолжува да го поддржува барањето правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. Ова е право за кое воопшто не требаше да се дискутира, а уште помалку да се чека толку многу години. Работите треба да се кажат онакви какви што се. Овој проблем не падна од небо. Овој проблем има политичко име и презиме, ДУИ. Цели 22 години имаа сè во свои раце, власт, ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Територијата на Македонија во текот на целата оваа седмица, односно во периодот од 18/24 Мај 2026 ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност која ќе се наоѓа југоисточно од нас. Во ваква ситуација и оваа седмица ќе имаме многу променливо и нестабилно време со сончеви периоди. Повремено ќе има честа појава на локален пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од северен правец. Локално атмосферските процеси ...
Припадниците на генерацијата З, иако израснаа со мобилни телефони и социјални мрежи, сè почесто се обидуваат да избегаат од дигиталниот свет и да поминуваат повеќе време во вистинска комуникација. Во повеќе градови низ САД се шири нов тренд – забави без мобилни телефони, каде учесниците ги оставаат телефоните на влез и целата вечер се посветуваат на дружење лице в лице. Трендот доби големо внимание откако „The Washington Post“ објави приказна ...
Во рамки на официјалната посета на Република Словенија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати пред членовите на Македонско-словенечкиот бизнис клуб во Љубљана. За претседателката, обновувањето на Македонско-словенечкиот бизнис клуб е важен чекор кон продлабочување на економската соработка и поврзување на бизнис-заедниците на двете држави. Според неа, постои потенцијал за зголемување на трговската размена, со оглед на веќе ...
Македонската ракометна репрезентација повторно ќе биде дел од светската елита, откако вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ ја совлада Словачка со убедливи 38-23 и официјално обезбеди пласман на Светското првенство 2027 кое ќе се одржи во Германија. Избраниците на селекторот одиграа доминантен натпревар пред исполнетите трибини во Скопје и уште еднаш покажаа дека Македонија останува редовен учесник на големите ракометни собири. Ова ќе биде 10-то ...
Трговскиот центар East Gate Mall денеска беше евакуиран откако бил активиран противпожарен аларм кај еден од закупците во објектот. Посетителите и вработените биле замолени мирно да го напуштат трговскиот центар, согласно предвидените безбедносни процедури и протоколи за евакуација. По извршените проверки од надлежните служби било утврдено дека станува збор за лажен аларм за пожар, по што трговскиот центар повторно продолжил со редовно ...
Полицијата во Скопје уапси 19-годишник од селото Бојане, осомничен за убиство на 18-годишно момче од истото село. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, трагичниот настан се случил на 15 мај 2026 година во шума во близина на Сарај, а осомничениот бил приведен во раните утрински часови на 17 мај. Како што соопштија од МВР, осомничениот М.Б. го признал делото, по што полициските службеници ги пронашле телото на жртвата и ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изразува осуда за навредливото и недолично однесување на ФК Вардар при прославата на победата и обезбедувањето на титулата шампион на Македонија. ФФМ отсекогаш апелирала и повикувала на достоинствен начин на однесување при победите и на понизност при поразите. Особено е неприфатлива потребата да се повикуваат навредливи содржини и да се пее вулгарни и навредливи текстови при прославувањето на ...
Денеска во седиштето на Единицата за брзо распоредување во Скопје, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев оддаде почит на загинатите припадници на Единицата кои своите животи ги положија во служба на државата, безбедноста и граѓаните. Во присуство на нивните семејства, градоначалникот на Ѓорче Петров, пратеникот Бојан Стојановски, претставници на синдикатите и колегите од специјалните единици на Бирото за јавна безбедност, ...
На 16.05.2026 во 23:30 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода Ј.Д.(73) од скопско, по претходна пријава дека истиот ден околу 14:00 часот пред семејниот дом, по претходна расправија околу паркирање на возило, пукал со пиштол кон неговиот 71-годишен брат и неговото семејство. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. На 16.05.2026 во 23:30 часот, ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во изјава за емисијата „Аграр”, информираше за откупот и пласманот на пролетната зелка како прва пролетна култура на пазарот. „Прва пролетна култура која што влегува во процес на откупот, односно пласман е пролетната зелка. Во струмичкиот регион оваа култура најмногу се произведува. Она што го имам како последен податок е дека од 01.01 до денешен ден се откупени ...
Турската разузнавачка служба (МИТ) откри меѓународна мрежа на агенти кои вршеле разузнавачки операции, при што се приведени седум лица. Во истовремени операции во четири турски провинции приведени се седум лица, меѓу кои и наводниот водач на мрежата. Вкупно се идентификувани девет припадници на шпионската организација, но двајца веќе се во затвор по други обвиненија. МИТ врди дека шпионската мрежа собирала чувствителни информации за ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција го објави Фронтот за вистина и правда, кој го сочинуваат четири столбови – нулта толеранција за корупција и европска правда, иднина за младите, достоинствен живот за сите, подобар животен стандарт и силно село и земјодолци. Филипче посочи дека клучниот столб на кој се темели програмата е нулта толеранција за корупција и дигитална транспарентност. „Овој столб опфаќа полна ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска изјави дека невозможни се условите што ги бара нискобуџетниот авиопревозник Рајан ер да влезе на македонскиот пазар. Според него, компанијата барала 25 евра субвенција по седиште, двојно повеќе од субвенциите што сега ги дава државата. -Не мислам дека е добро решение за македонскиот пазар затоа што условите што ги поставуваат се невозможни. Ние во моментов даваме субвенции 9 ...
На 16.05.2026 во 20:40 часот во СВР Битола И.Д.(42) од Битола пријави дека на крстосницата на ул.„Партизанска” со ул.„Никола Тесла” во Битола, била удрена од возило, при што се здобила со повреди, а потоа возачот излегол од возилото и физички ја нападнал, по што го напуштил местото на настанот. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки за расчистување на случајот, при што е констатирано дека се работи за патничко возило ...
Соопштение за јавност на Левица: Барањето на една третина од советниците во Советот на Општина Ѓорче Петров за одржување на вонредна седница, со единствена точка на дневен ред, „Превенција на врсничко насилство во Ѓпрче Петров со посебен осврт на настанот со малолетничко насилство случен во реонскиот парк Ѓорче Петров” наместо да биде разгледано на посебна седница, е вметнато како точка на дневен на редовната седница на Советот, закажана за ...
Се уште траат консултациите за ребалансот на Буџетот за 2026 година, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој беше на пуштање во употреба на пазар во Виница. -Го работиме. Се уште траат консултациите помеѓу Министерството за финансии и ресорите. Тешки се времињата. Гледате што се случува во светот. Имајќи предвид каква е состојбата во другите држави кај нас ударот не е толку голем и врз самиот Буџет, но генерално ќе гледаме да ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило. Еден возач во Кичево управувал возило иако имал активна забрана за управување, а петмина (тројца во Скопје, еден во тетовско и еден во Гостивар) возеле иако немале возачка дозвола. Возачот во Гостивар бил и под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени ...