Во акција што од рано утрово е во тек на секторот за борба против тероризам на грчката полиција, уапсени се три лица за експлозиите на импровизирани механизми пред домови на членови на Нова демократија во Солун, при што загина една жена, а беа повредени четири лица. Од грчката полиција информираа дека операцијата се води на подрачјата на Солун и островот Крит, „за апсење лица кои се вмешани во трите подметнати пожари што се случија на 1 јули ...

Пожар избувнал во рафинерија за нафта во рускиот Краснодарски крај, откако врз неа паднал дрон, но нема повредени лица, соопшти регионалниот оперативен штаб. Станува збор за рафинеријата во Илска, во Северскиот округ, што била опожарена откако врз инсталации на комплексот паднале остатоци од соборено беспилотно летало. Регионалните власти наведуваат дека, според првичните информации, нема жртви. Делови од дрон паднале и во двор на приватна ...

Град Скопје информира дека од понеделник ќе почне реализацијата на терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци во скопскиот регион. – Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се врши од 13 јули, понеделник, до 16 јули, четврток, од 22 до 03 часот наредниот ден. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ...

Повеќе од четири месеци по неговото убиство, поранешниот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, е погребан, јавија иранските медиуми. Погребот зад затворени врати се одржа во најсветото шиитско светилиште во Иран, светилиштето на Имам Реза, во неговиот роден град Машхад на североистокот од земјата, јавија неколку ирански медиуми. Церемониите за жалост траеја околу една недела. Хамнеи беше убиен во израелски воздушен напад врз неговата ...

Израел ја предупредил американската влада за наводен ирански план за атентат врз претседателот Доналд Трамп, јавија Си-Ен-Ен и „Волстрит Џурнал“ повикувајќи се на неименувани извори. Според извештаите, иранското раководство неодамна го подготвило тој план. Детали за наводниот заговор не се откриени, пренесе ДПА. Американската администрација често добивала слични предупредувања во изминатите недели, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска во 12: 30 часот ќе ја продолжи амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. За ребалансот на Буџетот поднесени се вкупно 224 амандмани од кои 90 се од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од ВРЕДИ. Комисијата досега разгледа повеќе амандамани. Вкупните приходи во ребалансот се проектирани на 379,2 милијарди денари, што е зголемување за речиси 4,2 милијарди денари или 1,1 отсто во однос ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 34 степени. Според прогнозата на УХМР, в сабота ќе биде сончево и ...

Французите уште во првото полувреме можеа да го решат победникот. Создадоа неколку одлични шанси, а пропуштија и пенал. Килијан Мбапе ја презеде одговорноста од белата точка, но мароканскиот голман Јасин Боно го прочита неговиот удар и го одбрани пеналот, оставајќи ја својата селекција во игра. Сепак, отпорот на Мароко беше скршен во вториот дел. Во 60. минута Мбапе се реваншираше за промашениот пенал со вистинска мајсторија, испраќајќи ...

Народниот правобранител м-р Фатон Сељами, заедно со тимот од Механизмот за граѓанска контрола, денеска ја посети КПУ Затвор Скопје, каде оствари работна средба со директорот Бобан Утковски и заменик-директорот Баки Мустафи. Како што информираат од институцијата, целта на посетата била да се добијат детални информации за вчерашниот претрес што го спроведоа припадници на Единицата за интервенции на затворската полиција, која е под директна ...

Полициски службеник од Полициската станица за граничен надзор Чашка е кривично пријавен и суспендиран откако, според Министерството за внатрешни работи, испукал повеќе истрели од огнено оружје за време на семејна прослава, со што го загрозил животот и безбедноста на присутните. Од МВР соопштија дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал ...

Државниот завод за ревизија (ДЗР) ѝ даде најлоша можна оценка – „неповолно мислење“ – на Агенцијата за вработување за нејзиното работење во 2024 година, откривајќи серија системски слабости, сомнежи за фаворизирање, незаконски исплати и неефикасно трошење на јавните средства. Во извештајот ревизорите наведуваат дека дури 77,46 проценти од средствата исплатени за адвокатски услуги завршиле кај еден адвокат. Дополнително, дел од фактурите биле ...

Европската Унија влегува во завршната фаза од подготовките за воведување на дигиталното евро, откако Европскиот парламент ја потврди својата преговарачка позиција, со што започнуваат финалните разговори со владите на земјите-членки за новата дигитална валута. Според „Еуроњуз“, најголемите предизвици во претстојните преговори ќе бидат начинот на кој ќе се пресметуваат надоместоците и како ќе бидат компензирани банките и давателите на платежни ...

Драматична полициска потера во Охрид заврши со трагичен исход, откако едно лице почина откако, според Министерството за внатрешни работи, проголтало пакување со наркотична материја во обид да ја сокрие од полицијата. Од МВР информираат дека синоќа околу 22:30 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници се обиделе да запрат патничко возило „ренџ ровер“ со чешки регистарски ознаки, управувано од И.М. (32) од Охрид. Наместо ...

Во Основниот суд во Куманово денеска се одржа првото судско рочиште против 25-годишниот Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, обвинет за серија тешки кривични дела, меѓу кои четири убиства и два обида за убиство на повозрасни жени во Кумановскиот Регион. По завршувањето на рочиштето, јавниот обвинител Љубомир Лапе изјави дека станува збор за случај без преседан во судската практика во регионот, бидејќи, според обвинението, главниот мотив за ...

Редовното консумирање газирани пијалаци не само што го зголемува ризикот од дебелина, дијабетес и срцеви заболувања, туку може и да го забрза процесот на стареење, покажуваат резултатите од научно истражување објавено во списанието American Journal of Public Health. Истражувачи од Универзитетот во Сан Франциско анализирале здравствени податоци од 5.309 лица на возраст од 20 до 65 години, кои немале историја на кардиоваскуларни заболувања. ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им подари гравирани револвери со нивните имиња и кутија со боева муниција на лидерите на земјите-членки на НАТО по завршувањето на самитот на Алијансата во Анкара, објави „Мета“. Покрај оружјето, секој лидер добил и писмо со кое турските власти се откажуваат од извозните ограничувања за конкретниот подарок, со цел тој законски да може да биде изнесен од Турција. Меѓу лидерите кои го добија необичниот ...

Генералниот директор на албанската државна полиција, Скендер Хита, изјави дека Граничната полиција постапила целосно во согласност со законот во случајот на граничниот премин „Ќафасан“, каде едно лице од група македонски државјани не добило дозвола за влез во Албанија поради законски пречки. На прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со двајцата пратеници и еден владин функционер од коалицијата ВЛЕН, Хита појасни дека ...

Центарот за јавно здравје – Штип постапува по пријава за можно труење со храна на шест вработени во фабрика лоцирана во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) – Штип. Од Центарот информираат дека пријавата била примена вчера, по што Одделението за епидемиологија веднаш излегло на терен и постапило согласно националниот протокол за алиментарни инфекции и интоксикации. Епидемиолозите извршиле увид во објектот кој обезбедува храна за ...

Седумдесет и тригодишен жител на радовишкото село Калуѓерица е лишен од слобода под сомнение дека предизвикал пожар кој зафатил повеќе површини и објекти, а во еден момент постоела опасност пламенот да се прошири и кон околните куќи. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 8 јули, околу 12:50 часот, полициски службеници од ОВР Радовиш го привеле Л.М. (73) од селото Калуѓерица, откако било пријавено дека запалил оган на ...

Вистинска драма се одвивала во тетовското село Добарце, откако непознати лица фрлиле рачна бомба од возило во движење кон угостителски објект, при што две лица биле повредени. Според информациите, нападот се случил во текот на ноќта. Сторителите се движеле со патничко возило „цитроен“, а при поминување покрај локалниот пат каде што се наоѓа ресторанот, активирале рачна бомба и ја фрлиле кон објектот. Од силната експлозија повредени се ...

Мицкоски вели да сме кажеле што сакаме за Изборниот законик, ќе прифател. Кажуваме, сакаме да не ги крадеш гласовите на граѓаните на избори, преку дијаспората. Бидејќи се потврди дека на Христијан Мицкоски и на ВМРО не им е ниту до реформи, ниту до подобрување на Изборниот законик, ниту до политички консензус. Нивната цел е само една – изборен грабеж. Сè друго се лаги, изговори и спинови со кои се обидуваат да ја прикријат вистината. Мицкоски ...

Телефонските комуникации презентирани на судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани открија пораки во кои обвинети инспектори, според Обвинителството, однапред предупредувале за претстојни инспекциски контроли не само во дискотеката „Пулс“, туку и во угостителски објекти во Штип, Кочани и други градови. Меѓу пораките што беа прикажани во судницата се издвојуваат комуникации со содржина: „Ќе има контрола, спремен да си“ и ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, кој престојува во официјална посета на Македонија, денеска ја посетија Полициската академија при Министерството за внатрешни работи во Идризово. Во рамки на посетата, генералниот секретар Уркиза и помошникот министер во Полициската академија Влатко Митковски се обратија пред кадетите, раководството на Министерството и претставниците на ...

Најпрвин поздрав до жителите на ова населено место во Општина Битола кои денеска се со нас овде. Да ги поздравам и медиумите, да ги поздравам битолчани, се разбира. Јас немам што да додадам дополнително на тоа што претходните говорници го кажаа, и градоначалникот и министерката, поврзано со овој проект, но и генерално со проектите за Општина Битола. Можам само да кажам дека продолжуваме и понатаму да бидеме посветени на испорачување на ...

Железничката обиколница Скопје ќе го забрза карго превозот на коридор 10, имајќи предвид дека воведен е “One-stop shop” со Грција, дополнително работиме на изградба на заедничка железничка станица со Србија и најважно, изградбата на брзата пруга на коридор 10. Бенефитите се повеќекратни, дополнително ќе влијае и врз намалување на аерозагадувањето во Скопје истакна заменик претседателот на Владата и минстер за транспорт Александар Николоски. ...

Во Основниот суд во Куманово денеска започнува судскиот процес против 25-годишниот Трајко Бојковски, кој е обвинет за четири убиства и два обиди за убиство на повозрасни жени во Кумановскиот регион. Обвинетиот денеска беше спроведен во судот, каде што треба да започне главната расправа по обвинителниот акт што Основното јавно обвинителство го поднесе пред три недели. Според обвинението, Бојковски со умисла извршил четири убиства и два обиди ...

Албански државјан е уапсен на Граничниот премин „Деве Баир“, откако при гранична контрола и претрес на товарно возило биле пронајдени 24 пакувања со марихуана. Според информациите од МВР, на 8 јули околу 20 часот, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ч.А. (40) од Албанија. При деталниот претрес на товарното возило „Волво“ со албански регистарски таблички, кое го управувал, во кабината на влекачот биле откриени и ...

Рударството стана една од ретките теми околу кои постои двопартиски консензус во Соединетите Американски Држави. Републиканци и демократи заеднички иницираа закон со кој ќе се олесни експлоатацијата на критичните минерали, неопходни за енергетската транзиција, модерната индустрија и националната безбедност. Во Македонија, иако бакарот исто така е препознаен како критична суровина од ЕУ и САД, развојот на нови рударски капацитети останува во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп за само неколку часа го промени тонот кон Шпанија, откако претходно ја нарече „ужасен партнер“ во рамки на спорот околу издвојувањата за одбрана во НАТО. Критиките на Трамп следуваа поради ставот на шпанската влада дека нема да ја поддржи неговата иницијатива земјите-членки на Алијансата да издвојуваат 5 проценти од бруто-домашниот производ за одбранбени цели. Според него, Шпанија не придонесува доволно ...

Светското првенство во фудбал влегува во својата највозбудлива фаза. До крајот на Мундијалот остануваат уште осум натпревари, а вечерва со дуелот меѓу Франција и Мароко официјално започнуваат четвртфиналните пресметки. Натпреварот ќе се игра во Бостон со почеток во 22 часот. Иако Франција, светскиот шампион од 2018 година, важи за фаворит, Мароко повторно е во улога на потенцијален изненадувач, откако со одличните настапи на турнирот покажа ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
46%
1016
weather icon

Белград

25ᴼ / 25ᴼ
4.47
59%
1012
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.21
58%
1012
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.47
52%
1014
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.14
43%
1012
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
0.89
73%
1013
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
2.68
49%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.16
71%
1017
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
0.85
91%
1018
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
0.45
57%
1012
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
3.13
55%
1009
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
3.58
100%
1014
Currency

61.575

Currency

54.1105

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Иридиум

252383.36

Калај

54.05

Злато

131467.62

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.17

Паладиум

40220.58

Бакар

12.76

Рутениум

53852.50

Сребро

1904.32

Платина

51987.76

Родиум

263636.12

Цинк

0.00