Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје обезбеди над 290 стипендии за сите факултети за новите студенти на прв циклус студии, како и 720 половични стипендии за студенти од секоја студиска програма и од секоја студиска година, за кои родителското право го врши само еден родител. -УКИМ ќе додели 240 стипендии, кои се распоредени по 10 стипендии за секој Факултет. На овој начин сакаме да ги мотивираме идните студенти да се посветат на ...

Двојазичната поетска збирка „Светлосна тишина“ на современата полска поетеса Калина Изабела Зјола излезе од печат неодамна, во издание на „Перун Артис“ од Битола. Калина Изабела Зјола е поетеса, писателка, книжевна критичарка, новинарка и културна аниматорка. Има објавено 20 поетски книги, меѓу кои 11 на странски јазици и една книга со книжевна критика „На мојот пат, птиците само поминуваат“ (есеи, рецензии, нацрти). Има преведено на полски 24 ...

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ има 2400 слободни места за бруцоши во новата академска година. Секој е добредојден да се запише на нашиот универзитет, на еден од десетте факултети, една виша школа и Институтот за тутун, каде има втор и трет циклус, вели ректорот проф. д-р Игор Неделковски. Државна квота од 200 евра, школарина со учество од 400 евра, исто толку е и сумата што ја плаќаат и вонредните студенти. 1309 студенти можат да влезат во ...

Независниот синдикат за образование и наука најавува серија протести на почетокот на годината, се додека не се исполнат барањата за почитување на колетивните договори и на Законот за минимална плата. Наставниците се револтирани дека нивната плата се уште не е усогласена со минималната, односно нема да ги одбијат ветените 12 отсто покачување. Протестот ќе биде по наставата, односно, учениците нема да пропуштат настава. -Ќе продолжиме се додека не ...

Маја Неделковска-Брзанова е нова директорка на Националната галерија. Таа доаѓа на позицијата на Дита Старова Ќерими, која ја водеше националната институција од 2015 година. Таа оствари големи резултати и успеси за Галеријата во изминатите девет години. -И’ честитам на новоизбраната директорка и ù посакувам многу успех во нејзината работа. Со мојата досегашна заложба на чело на оваа институција, верувам дека успеав да ја оправдам укажаната ...

Фестивалот продолжува и во текот на денешниот ден, со настанот „Поезија на пат“, каде што поетите ќе се претстават во Домот на културата „Наум Наумовски Борче“ во Крушево (12 часот), а официјалното затворање ќе се случи на платото пред Музејот на современата уметност во Скопје со меѓународен поетски митинг (20:30 часот). Со поетското читање „Мостови” и врачување на наградитe, „Златен венец“, „Браќа Миладиновци”, „Мостови на Струга” и „Млада ...

Во рамките на Струшките вечери на поезијата, синоќа се чествуваа раѓањата на Петре М. Андреевски, Матеја Матевски и Гане Тодоровски, а беше промовирана и објавена збирка со нивни песни на Брај0во писмо. Беа одбележани 90-годишнината од раѓањето на македонскиот книжевен великан, еден од најдаровитите македонски раскажувачи, академик Петре М. Андреевски, 95-годишнината од раѓањето на еден од највпечатливите македонски поети и доминантна личност во ...

Поезијата мора да се сфати сериозно и да биде дел од сите сфери на живеењето, рече францускиот поет Жан-Пјер Симеон, лауреат на „Златен венец“, при неговиот поетски портрет што вчера се одржа во црквата „Света Софија“ во Охрид. – Страста за богатство и моќ денес го достигнува врвот на својата смртоносна логика: го уништува светот, го уништува човекот, ја уништува планетата. Верувам дека постои само едно решение: конечно сериозно да се сфатат ...

Македонскиот поет, писател и ликовен уметник Владо Јаневски од Австралија е годинашниот добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга со поезија од иселеник што ја доделува Агенцијата за иселеништво, а во рамки на „Струшките вечери на поезијата“. Жири-комисијата во состав Митко Гогов (претседател), Иван Шопов (член) и Игор Трпески (член) од пристигнатите пет книги, одлучи ова признание да го додели на Јаневски за поетската збирка „На ...

Работењето заедно овозможува размена на техники и специфични пристапи, а секој учесник се враќа дома со нови знаења и идеи – вели хрватската графичка уметница Вида Меиќ, која е дел од менторскиот тим на Графичката работилница „Софија“ во Богданци Вида Меиќ е младa графичкa уметниca што постојано го истражува полето на графиката и нејзините изразни можности. Во нејзината уметничка практика таа често се осврнува на значењето на грешките и ...

Наградата „Срце на Сараево“ за најдобар филм ја доби „Три километри до крајот на светот“ во режија на Емануел Парву. За наградите одлучуваше жирито во состав: Пол Шредер, режисер, САД, Себастијан Каваца, актер (Словенија), Уна Гуњак (режисерка, сценаристка (БиX), Јухо Куосманен, режисер, сценарист (Финска) и Нооми Рапасе (актерка, Шведска). Продукцијата на романскиот филм доби 16.000 евра како награда. Најдобар режисер е прогласен Јоргос Зоис, ...

Портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ за германската поетеса Катрин Пиц, „Браќа Миладиновци“ за македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова и „Млада Струга“ за Филипа Сара Попова беа организирани на вториот ден на 63. „Струшките вечери на поезијата“. Добитничката на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга помеѓу две фестивалски изданија, академик Катица Ќулавкова, истакна дека книгата „Небото ми ...

Актерката Сара Климоски го заврши снимањето на својот дебитантски игран филм „Нова енергија“ , по свое сценарио, а во корежија со Радован Петровиќ. а во продукција на „Nest продукција“ на продуцентот Јорданчо Петковски. „Нова енергија” ја следи приказната на две најдобри другарки кои низ заемна емотивна и практична поддршка успеваат да создадат нов заеднички живот бегајќи од токсичноста на нивните партнери. -Ова е филм кои создава две хероини и ...

Наградата „Кромид“ за најдобар документарен филм на 15. „Македокс“ ја доби филмот „Агент на среќата“ на Доротја Зурбо од Унгарија и Арун Бхатараи од Бутан. Фестивалските награди беа врачени синоќа на затворањето на фестивалот. Со македонската премиера на филмот „Патување пеш“ (The Walk) заврши јубилејното издание на фестивалот. По проекцијата следуваше концерт на пијанистот Дуке Бојаџиев со неговиот ансамбл, којшто ја создаде музиката за филмот. ...

Од лични причини, директорката на Охридско лето, Наташа Поповиќ вчера во Министерството за култура и туризам поднесе неотповиклива оставка. Поповиќ ја раководи најзначајната музичко-сценска манифестација изминативе шест години во кои се реализира квалитетна уметничка програма со светски и домашни уметници кои оставија белег во богатата фестивалска програма. Во нејзин мандат Фестивалот „Охридско лето“ одбележа значаен јубилеј – 60 години од ...

Кривопаланечкиот крај е познат по својата богата традиционална култура, што претставува важен дел од етнолошкото и културно наследство на регионот, беше истакнато на предавањето „Традиционалната култура во кривоаланечко“ што се одржа во рамки на Меѓународниот фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ чиј организатор е Центарот за култура, со поддршка на Општина Крива Паланка. Професорите од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, д-р Зоранчо ...

Со музичко-поетски перформанс на македонскиот пијанист Дино Имери и традиционалното палење на поетскиот оган синоќа свечено беше отворено 63. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезија“. Манифестацијата се отвори во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, познат и како Домот на поезијата, во присуство на голем број поети од земјава и од странство, како и на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, владини претставници и ...

Јас сметам дека не живееме правилно. Нашите животи ни се земаат од рака и поезијата е на некој начин нешто што ни кажува на сите нас дека имаме право апсолутно целосно да го живееме својот живот. Не само да постоиме во некакви улоги, да имаме обврски, ниту, пак, да бидеме робови на општествените барања. Мора да се размислува за животот во општеството низ призма на поет, на слободен начин. Целта е секогаш да се слави апсолутноста на животот. ...

Филмот „Хомо“ („Only Human“) во режија на Игор Иванов-Изи доби награда за најдобро сценарио на „Тамил Наду филм фестивал“ што се одржа од 10 до 19 август во Ченај, главниот град на најјужната индиска држава Тамил Наду. На фестивалот учествуваа осумдесеттина филмови од сите континенти на светот. Фестивалското жири му ја додели на „Хомо“ наградата „Златен козорог“ за најдобро сценарио во рамките на Интернационалната компетитивна програма на игран ...

Три бронзени медали освоија учениците што учествуваа на 8. Европска јуниорска олимпијада по информатика што се одржа во Кишињев, Молдавија. Владимир Грчев од Кочани, Никола Стојковски од Скопје и Марко Кренков од Струмица ги освоија медалите на интернационалниот натпревар во програмирање за ученици на возраст до 15.5 години. Дел од тимот беше и Бисера Илиева од Скопје, која како и Марко Кренков за прв пат учествуваше на интернационален натпревар ...

По светската премиера на DOC NYC, документарниот филм „Патување пеш“ (The Walk), во режија на Тамара Котевска, вечерва во 21.15 часот ќе ја доживее својата премиера во Куршумли ан, на затворањето на 15. „Македокс“. По премиерата, вечерта ќе продолжи со концерт на македонскиот композитор и пијанист Дуке Бојаџиев, кој со своите виртуозни композиции инспирирани од филмот ќе ја заокружи магичната вечер. Концертот е поддржан од УНХЦР. Претходно, од ...

Со поетското читање „Меридијани“, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга познат и како Домот на поезијата, вечерва во 20.30 часот ќе почне 63. издание на Струшки вечери на поезијата. Церемонијата на свеченото отворање ќе се случува во големата сала на Центарот, со специјално подготвена сценографија од ОТП студио, преку поврзување на главната со летната сцена. – Со ваквото поврзување се добива импресивен волумен, кој нуди безброј ...

Историчарот Васко Гичевски бесплатно ја отстапи книгата – прво дело од областа на социјалната историја во македонската историографија „Мојата цел како автор и како просветен работник не е да пишувам само за акдемската заедница. Мојата главна цел е народот. Книгите се пишуваат за да се читаат и за знаењето содржано во книгата да биде од полза на сите, а не само да стане затворено во библиотека и да служи на неколкумина професионално ориентирани ...

Документарниот игран филм „Градина“ на режисерот Бојан Тантуровски ќе биде премиерно прикажан вечерва во 20.30 часот пред Куршумли ан на Фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“. Пред филмот, ќе биде прикажан хрватскиот „Попрво би била камен“. Проекцијата е во рамките на програмата „Нови автори“. Филмот кој е работен во изминатите пет години, ја следи приказната на група пензионери, урбани герила градинари на периферијата на Скопје, ...

22 изданија на 14 издавачки куќи се пријавени за учество за наградата за најдобар книжевен превод „Драги“, што ја организира издаачката куќа „Антолог“ од Скопје. Пристигнати се дела преведени од 11 јазици, а во вториот круг продолжуваат: Жири комисијата во состав д-р Јана Михајловска (библиотекар и претседател на Библиотекарското здружение на Македонија; претставник од семејството на Драги Михајловски), д-р Зорица Николовска (редовен професор на ...

Идниот месец ќе почнат систематските археолошки ископувања на локалитетот Градиште – Билазора кај селото Кнежје, Светиниколско. За ископувањата се обезбедени 304.000 денари. Во тек е непосредната заштита на пронајдените археолошки предмети, за што се издвоени 240.000 денари. Локалитетот вчера го посети министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Според него, ова е еден од најголемите и најзначајни раноантички градови во внатрешноста на ...

Работилница за креативно пишување ќе се организира денеска и утре во „Порта џез“ во Битола наречена „Македонските писатели за битолчани“. Настанот е во рамките на манифестацијата „Битфест“. Иницијатор на проектот е битолската писателка Јасмина Атанасова, а низ тајните на своето пишување, учесниците ги водат: Ана Јовковска, Дарко Лешоски, Фросина Пармаковска и Петар Андоновски. Денеска во 11 часот ќе настапат Пармаковска и Андоновски, а во 19 ...

„Историја во создавање’’ е мислата со која е поврзано 12. издание на изложбата „Со љубов од Битола“, која ќе го доживее своето свечено отворање вечерва во 19.30 часот во галерискиот простор на фоајето на Центарот за култура во Битола. Изложбата годинава се состои од 26 фотографии од 19 автори, а темата на конкурсот беше „Модерните архитектонски симболи на Битола“. Задачата за фотографите беше на креативен начин да се направи фотографско ...

Учесниците на Графичката работилница „Софија“ – Богданци ќе изработат плакат за претстава на Театар Комедија, најавија вчера организаторите на работилницата на отворањето на 17. Издание. Оваа соработка дојде по потпишувањето на меморандум за соработка помеѓу графичката работилница и Театар Комедија, што е одлична можност младите уметници да го покажат својот талент и во практична примена. Костадин Танчев-Динка Ова издание на работилницата ...

Под диригентско водство на маестро Џијан Емин, оркестарот непогрешливо ги везеше аранжманите на композициите на Васил Хаџиманов давајќи им нов живот и поинаква димензија на звукот Концертот на Националниот џез оркестар со џез пијанистот Васил Хаџиманов до последно место ја исполнија една од највпечатливите сцени во Охрид, Долни Сарај. Публиката не го криеше воодушевувањето, а честите спонтани аплаузи ги поздравија музичарите во неколку наврати. ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1012
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
3.6
91%
1011
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
0.51
87%
1014
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
49%
1011
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.56
86%
1010
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
2.06
93%
1014
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
0.89
49%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
68%
1013
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
72%
1012
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
81%
1009
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
89%
1012
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
53%
1013
Currency

61.525

Currency

54.1257

Currency

72.2744

Currency

35.1607

Currency

39.3966

Currency

66.1032

Currency

7.49888

Currency

0.67731

Currency

0.37874

Currency

0.52579

Currency

1.4138

Currency

0.64659

Алуминиум

2.44

Кобалт

33.70

Никел

0.48

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1068.02

Злато

109135.71

Бакар

9.60

Паладиум

31202.30

Платина

31386.49

Родиум

172810.26

Цинк

2.57

Иридиум

134266.78