Поетска вечер по повод 80 години од издавањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин ќе се одржи вечерва во 18 часот во Занаетчискиот дом во Куманово. Влезот за сите посетители е слободен. „Бели Мугри“ е меѓу првите стихозбирки напишани на македонски јазик, составена е од 12 песни, од кои 2 се циклуси (со по 6 и 7 песни). Испечатена е во Самобор, во близина на Загреб во 1939 година. При објавувањето на збирката, Коста Солев го користи псевдонимот „К. ...

Меѓународна конференција по повод 100 години од основањето на Археолошкиот музеј во Македонија ќе се одржи од денеска до среда во просториите на Археолошкиот музеј покрај Вардар во Скопје. Повеќе од 60 археолози од земјава и во странство ќе имаат свои излагања. Присутните утрово во 10 часот ќе ги поздрави директорката Славица Бабамова. Потоа Елеонора Петрова ќе зборува за придонесот на Археолошкиот музеј во едновековниот развој на музеологијата ...

„Европски месец на креативноста“ ќе се одржи од денеска до четврток во Културно-информативен центар во Скопје. Под наслов „Нови генерации“ вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложба на учениците од сликарски и вајарски оддел од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ под менторство на професорите Ѓорѓи Томовски, Елена Дуковска, Сокол Цфарку и Дејан Иванов-Маргуш. На изложбата учениците ќе се претстават со скулптури, мозаици и цртежи, а ...

Легендарни рок композиции во сосема ново светло, со виртуозни џез аранжмани ќе бидат изведени на концертот Golden Rock Swings на Националниот џез оркестар што ќе се одржи в сабота (30 ноември) во 20 часот во Македонската филхармонија. Солистички ќе настапат Бранислав Николов (Пијан славеј, Фолтин) и џез вокалистите Џон Илија Апелгрен и Светлана Јовановска. Со нив ќе настапи маестро Џијан Емин. Според Гоце Стевковски, директор на Националниот џез ...

Пишува: Марија Митева, поетеса и писателка Наташа ме покани да напишам еден гоБЛЕН во рамки на нејзиниот блог БЛЕН.мк. Поканата ме израдува од две причини: прво, затоа што знам со колку љубов и внимание Наташа го везе својот гоблен и дека ако ми отстапи простор е поради тоа што верува дека со исто толку внимание и љубов ќе го продолжам везењето. Ова ми создаде и малку притисок, ама решив притисокот да го преименувам во предизвик и ете ме веднаш ...

По повод 10-годишниот јубилеј, вечерва во 18 часот во просториите на „Јавна соба“ ќе се одржат низа активности кои го слават минатото, сегашноста и иднината на архитектурата во Македонија. Овој јубилеј има за цел да ја обедини архитектонската заедница во еднодневен настан кој е отворен за секој заинтересиран посетител. Филип Конески, за овој јубилеј изјави: „10 години МАРХ Македонска АРХитектура или десетлетие на порив кој не ви остава мир да ги ...

Изложбата „Ветување“ на Маја Ралева Миладиновски е отворена во Ликовната галерија при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Изложените дела се работени од 2016 година, со мали надополнувања во 2022 година, при што се создадени 20 слики со мал формат и 15 слики на картон. Сите се поделени на пет препарирани платна каде композициски се распоредени како една голема слика. Уметницата Маја Ралева Миладиновски вели дека изложбата „Ветување“ ...

По повод 10-годишниот јубилеј, вечерва во 18 часот во просториите на „Јавна соба“ ќе се одржат низа активности кои го слават минатото, сегашноста и иднината на архитектурата во Македонија. Овој јубилеј има за цел да ја обедини архитектонската заедница во еднодневен настан кој е отворен за секој заинтересиран посетител. Филип Конески, за овој јубилеј изјави: „10 години МАРХ Македонска АРХитектура или десетлетие на порив кој не ви остава мир да ги ...

Сликовницата „Бакнежи на небото“ по текст на Иван Антоновски, а илустрација на Иванка НиБа ќе биде промовирана вечерва во 18 часот во центарот „Лабораториум“ во Скопје. Станува збор за автентична, македонска зимска приказна за деца во од Иван Антоновски, со илустрации на Иванка НиБа, во издание на „Светулка“. Промоторка на книгата-сликовница ќе биде универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, а во програмата ...

Светот на Марија е сензуален, сетилен, а потоа тие сетила го оживуваат светот наоколу, правејќи го занимлив, возбудлив, исполнет со синестезички искуства и метафори и секогаш фокусот е на вистинската човекова природа Пишува: Оливера Андоноска „Дури и во таква ситуација треба да изгледаш најдобро што можеш. И да се натокмиш како за на ‘театар’. Свилено здолниште, розова кошула, од волна, и свилен розов кафтан, може за последен пат, скраја да е, ...

Во Друштвото на писателите на Македонија денеска во 12 часот ќе се одржи промоција на книгата „Авторските неологизми во поезијата на Весна Мундишевска-Велјановска“. За начинот на кој се конструирани новите зборови во поезијата на Мундишевска-Велјановска и кои се нивните одлики ќе зборува м-р Елизабета Јончиќ, членка на ДПМ. – Кога ќе се спомнат неологизми или кованици, најчесто првото нешто што ни паѓа напамет е нашиот класик Гане Тодоровски и ...

Ако основната цел во секоја наставна програма по македонски јазик и литература, во сите степени на образованието, е „учениците правилно усно и писмено да се изразуваат“, тогаш грешките што ги прават тие, особено во писменото изразување, упатуваат на потребата од наоѓање начини и форми за подобрување, ова е еден од заклучоците на промоцијата на книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје и влијанието на артикулациjата на гласовите врз нарушувањето ...

Првата реприза на претставата „Хинкеман“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска, а во продукција на Театар „Златен Елец“ и фестивалот Млад отворен театар ќе биде изведена в понеделник (25 ноември) во 20 часот во МКЦ. Во претставата играат: Бобан Алексоски, Талија Настова, Дритон Вејсели, Ане Блажовски, Леонида Гулевска и Бранко Михајлоски, музиката е на Лука Тошев, дизајнер на рекламен материјал е Бојана Цилевска а фотографиите се на Тамара ...

НУБ „Св. Климент Охридски“ полни 80 години Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје утре напладне ќе го одбележи јубилејот – 80 години од основањето. Присутните ќе ги поздрават претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, државниот секретар во Министерството за култура и туризам, Марија Ѓоргова и в.д. директорот на НУБ, Јовица Никчевски. Националниот ансамбл „Танец“ ќе изведе неколку музичко-фолклорни композиции ...

Уште еднаш ни се потврди колку некои актери ни недостигаат почесто да ги гледаме на сцена. Тони Михајловски едноставно владееше во секоја секунда од претставата. Беше радост да се гледа по малку мистериозниот Сенко Велинов со каква леснотија го долови својот лик (лесно колку лежерно соблекување чорапи на сцена). Ѓорѓи Јолевски доби неколку аплаузи на отворено… Кога пред некој месец беше најавено дека режисерот Синиша Евтимов во нов проект ќе ги ...

Битола, градот кој ја воспостави графиката како свој културен амблем, вечерва повторно го слави овој универзален јазик преку една уникатна изложба која спојува две уметнички епохи и двајца генијални творци – Ранко Струмениковски и Леонард Готлиб. Во 18 часот во Галеријата, музејот и ателјето на Ранко Струмениковски, ќе биде претставена изложбата на делата на светски познатиот аргентински графичар Леонард Готлиб, добитник на Гран При на ...

Марко Гутиќ Мижимаков за кусиот уметнички филм „Лов на змејки“ е добитник на 18. нaграда „Денес“, што се доделува на млад визуелен уметник до 35 години во Македонија. Наградата се доделува на годишно ниво за исклучителна и истакната тековна уметничка практика, која подразбира критичко и естетско размислување и дејствување, и е единствена награда од овој вид за млад/а визуел(е)н/а уметни(к)чка во земјава. Гутиќ Мижимаков ќе добие двомесечен ...

Македонската продуцентка и актерка Лабина Митевска е добитник на годинешната „Еуримаж“ награда за меѓународни копродукции, што ја доделува „Еуримаж“ и Европската филмска академија. Лабина Митевска е една од основачите на семејната продуцентска куќа „Сестри и Брат Митевски“ од Скопје. – Оваа награда ѝ се доделува на Лабина Митевска како почит кон дарбата на една семејна продукција, страстно посветена на европската кинематографија. Се наградува ...

Не сум толку загрижен дали вештачката интелигенција ќе замени некои од креативните дела на краток рок, но на креативците веројатно ќе им треба многу поголем фокус за да им предочат на клиентите колкава е вредноста на нивната работа, вели Артур ле Гал, директор на КЕА Брисел Балканот често се опишува како мешавина на различни култури и многу динамичен регион. Различноста е сила и инспирација за креативните индустрии: креативноста често се раѓа во ...

Во Кинотеката на Македонија вечерва во 19 часот ќе биде поставена фотоизложбата „Што носеше кога сама си го бараше?“. Поставката ги пренесува приказните на 15 жени кои гласно и храбро зборуваат за сексуалното вознемирување и насилство со кое се соочиле во својот живот. Фотоизложбата е на фотографката Ерина П. Богоева во соработка со „Види вака“ и испраќа јасна порака: Никоја „сама не си го бара“! Со обвинување на жртвата се ставаме на страната ...

Во Културно-информативниот центар во Скопје вечерва во четврток во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Мал формат/Миниартура“ на Друштво на ликовни уметници на Македонија. Ќе бидат претставени дела во дводимензионален и тродимензионален формат – цртежи, слики, колажи, скулптури, објекти, графики и дела во други техники од членовите на уметничката асоцијација. – Малиот формат и минијатурата се чести модели на запишување на фази од процесот на ...

Cineplexx, најголемото мултиплекс кино што веќе 12 години го збогатува забавниот и културниот живот во Скопје, бележи нов пресврт во своето постоење кој е опишан преку кампањата „Друг е филмот“. Имено, отсега посетителите на киното ќе можат да уживаат во ново, унапредено искуство благодарение на најголемите промени досега коишто се видливи од самиот влез. Фоајето сега има комплетно нов, модерен дизајн со нови бои, со што нуди освежена атмосфера ...

Македонската продуцентка и актерка Лабина Митевска е добитник на годинешната „Еуримаж“ награда за меѓународни копродукции, што ја доделува „Еуримаж“ и Европската филмска академија. Лабина Митевска е една од основачите на семејната продуцентска куќа „Сестри и Брат Митевски“ од Скопје. – Оваа награда ѝ се доделува на Лабина Митевска како почит кон дарбата на една семејна продукција, страстно посветена на европската кинематографија. Се наградува ...

Во рамките на „Млад отворен театар“ во Младинскиот културен центар во Скопје, вечерва во 20 часот ќе биде македонската премиера на претставата „Без крв“, копродукција помеѓу Драмскиот театар од Пловдив и Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“. Претставата е по текст на Александар Барико, а во режија на Дијана Добрева. Литературното дело на Барико ја поттикна мешовитата авторска и актерска екипа безусловно да се вложат во создавањето ...

По изведбите на претставите секогаш организираме дискусии за да разбереме како се чувствува публиката, какви мисли има по ова емотивно искуство. Понекогаш им кажуваме директно дека се обидуваме да допреме до нив преку уметноста, да ги разбудиме – вели режисерот Владислав Троицки, чија претставата „Танцот на смртта“ утревечер ќе го затвори „Млад отворен театар“ Владислав Троицки е режисер, актер, драматург, ја има добиено Националната награда ...

„Посебноста на македонскиот јазик и политичкиот говор на омраза“ е темата на работилницата што ќе се одржи утре во 11 часот во амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите во Скопје. Работилницата ја организираат Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ и Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Скопје. Свои излагања ќе имаат ...

Мултимедијалниот проект „Дата база“ од уметничката Марија Мицова-Гацова ќе биде претставен вечерва во Меѓународниот резиденцијален центар (Cité internationale des Arts) во Париз. Таа ќе се претстави со инсталација од цртежи, принтови од мемориски предмети, инсталација во техниката papier mâché и видео кое го документира целиот процес на творење. – Преку користење на различни материјали и медиуми го претставувам визуелното истражување на ...

Десеттото Меѓународно научно списание за изведувачки уметности Ars Academica ќе биде промовирано утре во 17 часот на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Списанието го издаваат ФМУ и Факултетот за драмски уметности во Скопје, при УКИМ. Главен и одговорен уредник е Соња Здравкова-Џепароска. Во јубилејниот број со свои текстови се обраќаат Сашо Кокаланов на тема „Вештачката интелигенција и образованието за пишување драми“, Илија Циривири со ...

На големата сцена на Македонскиот народен театар утревечер во 20 часот е закажана долго очекуваната изведба на претставата „12“ во адаптација и режија на Синиша Евтимов. Претставата е веќе распродадена до февруари, а е работена по мотивите (12 Angry Men) од Реџиналд Роуз и е посветена на Мирко Попов, соработник на МНТ и еден од основачите на ПМГ Колектив, чија музика е употребена во претставата. Евтимов ја обедини моќната машка актерска екипа: ...

Во Уметничката галерија при Музејот во Куманово утревечер во 20 часот ќе бие отворена изложбата „Енергија на светлината“ од циклусот „Урбани трансформации“ на Благојче Наумоски-Бане. Тој ќе претстави дела од најновиот творечки циклус кој е продолжување на неговото трагање по визуелните сензации во урбаните простори, кои го опседнуваат авторот со своите динамични композиции, геометризмот и игрите помеѓу материјалноста и апстрактното. Благојче ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
32%
1017
weather icon

Белград

30ᴼ / 27ᴼ
2.06
52%
1017
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
57%
1019
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
41%
1020
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.73
28%
1017
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
0.51
83%
1021
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
4.12
36%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
44%
1015
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
2.57
27%
1015
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
4.63
46%
1019
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
8.75
61%
1017
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326