„Движи се за здравје“ е манифестацијата што утре Детскиот културен центар „Карпош“ ќе ја реализира во рамките на Европската недела на мобилност. Од 10 часот на Фонтана „Лотус“ ќе се одржи спортски спектакл со децата од градинките од Град Скопје. Целта на оваа манифестација е да се потсетиме дека вежбањето е еден од главните фактори за правилен раст и развој на децата, како и за подобрување на моторичкиот развој уште од рана предучилишна возраст. ...

Огромно количество садова керамикa извадија археолозите на истражувања на езерската наколна населба Мрдаја во Дојран. Истражувањата почнаа пред десет дена, а ги организира Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Струмица. – Поради високото ниво на езерото, се истражува просторот на брегот, оддалечен триесетина метри јужно од позициите истражувани од 2012 до 2014 година. Просторот кој се истражува е со димензии 10 на 5 метри, а ...

Манастирската црква „Рождество на Пресвета Богородица“ во струшкото село Калишта, покрај Охридското Езеро, го одбележува денешниот ден, 21 септември или Мала Богородица, како свој празник. Манастирскиот комплекс Калишта е познат и по иконата на Пресвета Богородица, или кај народот позната како Црна Богородица. Таа се чува во новата црква Рождество на Пресвета Богородица. Оваа икона е многу ретка, бидејќи Богородица и малиот Исус се насликани со ...

Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва ќе го започне своето јубилејно 45. издание. Традиционално пред Центарот за култура во Битола, во 19.15 е црвениот тепих, а во 19.45 почнува церемонијата на свеченото отворање и проекција на филмот за кој се зборуваше во Кан, „Партенопе“ во режија на Паоло Сорентино. Кинематографер е Дариа Д’ Антонио, која исто така е во Битола, да го промовира својот филм. Филмот е во официјалната селекција ...

Книжевна вечер со Андреј Ал-Асади ќе се одржи на 25 септември (19.30) во Салон Империјал 2 во Културно-информативниот центар од Скопје. Настанот ќе го модерира Јулијана Величковска. Андреј Ал-Асади (1996, Лондон) дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на стихозбирките Midnight Blues (2013, Антолог), како и „Под дервишовото сиќе“ (2018, ПНВ Публикации), „Небесна геометрија“ (2019, ПНВ ...

Светлана Мојсов е ќерка на Лазар Мојсов, дипломат и државник. Родена е во Скопје во 1947 година. Наградата за клиничко медицинско истражување им припадна на Мојсов, Хабенер и Кнудсен за нивната работа на GLP-1, хормонот што влијае на намалување дебелината Професорката Светлана Мојсов е една од тројцата добитници на престижната награда „Ласкер“ што се доделува за напредок во медицината и истражувањето на јавното здравје, објави завчера „Њујорк ...

Третото издание на изложбата „Просторни реадаптации“ че се одржи вечерва од 20 до 23 часот на скопската плажа на кејот на Вардар. Во изминатите две години група автори со своите мултидисциплинарни и инвентивни истражувања го трансформираа отворениот простор на некогашната скопска плажа, преполнувајќи го со разновидни концепти кои нудат свежи перспективи и давајќи му нова смисла. – Повеќе автори ќе ги претстават и иновативно ќе ги реадаптираат ...

Јас сум многу оптимист за Француското интернационално училиште во Скопје, затоа што овде видов една многу добра динамика на функционирање, помеѓу раководството на училиштето, педагошкиот кадар, родителите и децата. Има убав дух. Како семејство – вели Лик Шател (Luc Chatel), поранешен министер за образование на Франција и основач на образовната групација „Одисеја“ Поранешниот министер за образование на Франција, Лик Шател (Luc Chatel) деновиве е ...

Во издание на Институтот за македонска литература неодамна беше објавена книгата „Жени во македонската книжевност од 19 век“ од д-р Славчо Ковилоски. Книгата, за првпат во македонската книжевна наука, на едно место нуди биографии на досега непознатите или малку познати македонски жени со кои започнал развојот на македонското женско творештво („женско писмо“). На таков начин, се надминува сликата за немоста на македонските жени и ним им се ...

Со златни медали од меѓународниот натпревар Black sea fish festival, рибен фестивал и гастрономски натпревар кој се одржа од 13 до 15 септември во туристичкиот ресорт „Мамаиа“, близу градот Костанца, Романија, се вратија ученици од секторот Угостителство и туризам од СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија. Елена Тасевска и Сара Андонова под менторство на професорката Марина Калкова освоија златни медали, а Тасевскап беше прогласена и за севкупен ...

БОИ 2024 е натпревар помеѓу новите генерации информатичари, но истовремено е и платформа во чии рамки младите умови се здружуваат, се запознаваат со различни култури, се дружат, се вмрежуваат и разменуваат искуства од сферата на информатиката и иновациите Млади информатичари од 15 земји ќе учествуваат на 31. Балканска олимпијада по информатика кој ќе се одржи од денеска до 26 септември во Охрид. Домаќин на натпреварот во програмирање за ...

Осум македонски училишта ја добија европската награда „еТвининг училиште“ за 2024/2025 година. Во Студентскиот културен центар во Скопје, директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Марко Ѓоргиевски ги додели плакетите на претставниците на наградените училишта. Тој им честита на сите наградени училишта за нивниот труд и успешна интеграција на иновативни образовни практики. На настанот присуствуваа и ученици од ...

Во Словенија штотуку излезе од печат избор од поезијата на Ацо Шопов на македонски и во препев на словенечки јазик. Под наслов преземен од песна на Шопов – „Златен круг на времето“, ова обемно и луксузно издание воспоставува дијалог помеѓу неговата поезија и уметничките дела на академскиот сликар Боге Димовски. Ова е прв избор од поезијата на македонски класик објавен во странство во ваков формат, којшто ги обединува сите препејувачи, односно ...

Дами и господа, драги колеги: Во Скопје секогаш доаѓам со љубов. По распадот на Југославија ова можеби и не звучи како вообичаена изјава. Откако братството – и – единството излегоа од мода, ние можеби би требало да зборуваме за почитување на соседите. Како и да е, јас навистина доаѓам овде со љубов. Една од главните причини е тоа што татко ми, кој беше директор на Националната библиотека на Босна и Херцеговина, помина една година во Сараево, под ...

Можеби ПМФ не е финансиски богат факултет, но има фантастични ентузијасти и борци кои постигнуваат огромни успески. Честитки – рече деканот Даворин Трпески Благодарници за континуираната медиумска поддршка на олимпискиот тим и неговите остварувања на меѓународните олимпијади по хемија и за долгогодишните активности и заложби за праведен третман на таленираните улници и нивните ментори добија Умно.мк и Весна Ивановска-Илиевска, коосновач на ...

Групацијата која обединува македонски професионалци ширум светот донираше 2.900 евра со кои СММ ќе ги реши финансиските предизвици Речиси сите патни трошоци што на свој грб ги понсоа талентираните млади математичари од Македонија и нивните ментори на 65. Меѓународна математичка олимпијада што се одржа во Англија ќе бидат покриени со донацијата на Global Macedonians на Сојузот на математичари на Македонија (СММ). Групацијата која обединува ...

Во Скопје секогаш доаѓам со љубов. По распадот на Југославија ова можеби и не звучи како вообичаена изјава, но така е навистина, рече српскиот писател Владимир Пиштало во своето обраќање по повод добивањето на наградата „Прозарт“, што му ја додели Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ синоќа во Даут-пашиниот амам во Скопје. Во своето емотивно обраќање, Пиштало зборуваше за своите лични и професионални врски со нашата земја и ...

Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ на режисерката Сузана Диневски е избран за најдобар документарен филм на неодамнешниот филмски фестивал Сербест | SIFF | што се одржа во Кишинев, Молдавија. Во натпреварувачката програма беа вклучени филмови од 42 земји на многу талентирани режисери од целиот свет, особено зашто главната мисија на фестивалот Сербест (SIFF) е да го промени начинот на кој луѓето го гледаат светот преку филмот. ...

Покрај мојата работа како филмаџија – јас сум романсиер – и многу сум горд што за прв пат на „ПРО-ЗА Балкан“ го претставувам македонскиот превод на „Истарско злато“. Многу сум среќен што ја промовирам книгата овде – и помагам да најде македонска публика. Му благодарам на мојот издавач од Скопје, Дејан Трајкоски Мајк Дауни е автор, филмски автор, активист, продуцент. Деновиве е гостин на Интернационалниот литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан во ...

Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе биде домаќин на манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката“. Настанот е наменет за сите ученици од основните и средните училишта и за нивните оддленски раководители, наставници по природни науки, математика, биологија, хемија и по географија. Манифестацијата ќе се одвива во текот на два викенда во ноември и тоа: • 23 ноември 2024 за учениците од основните ...

Со „Црнила ремикс“ во режија на Јордан Симонов, современо читање на драмското дело „Црнила“ од Коле Чашуле, вечерва во 21 часот ќе биде отворена Летната сцена „Славиша Кајевски“ пред Македонскиот народен театар. Ова е само прв од настаните што ќе ја заживеат сцената именувана според актерот на МНТ, кој почина во 2021 година. Изведбата вечерва е целосно распродадена. Симонов заедно со Дарко Димитриевски и Павле Димковски од рап-колективот „Зад ...

Пред многу години кога замислувавме како ќе биде после 2000-та, го замислувавме токму вака, како денес, свет со милион камери што постојано ве снимаат. Нè уверија дека ја сакаме оваа дистопија. Да го замислевме интернетот пред 150 години ќе се ужасневме од самата помисла, денес го прифаќаме како нормален. Тоа што можеме да го правиме како писатели е да ги освестуваме луѓето дека живееме во дистопија – рече Дежуловиќ, цитирајќи го Алдус Хаксли: ...

Пишува: М-р Катерина Димова, специјален едукатор и рехабилитатор, семеен системски советник, основач на „Неуроклиник“ Во светот на емоциите, срамежливоста е емоција со посебна боја – нежна и тивка, но длабоко присутна кај многу деца. Ова чувство може да се појави најчесто во моменти на големи промени и нови почетоци, како што е првиот училишен ден. Срамежливоста е нормален дел од детскиот развој, но кога не е препознаена и обработена на време, ...

Законски измени за поголема поддршка и повеќе пари за талентираните ученици најавија министерската за образование и наука Весна Јаневска и претседателката Гордана Сиљановска- Давкова на вчерашната средба со македонските ученици кои годинава освоија награди и признанија на престижни меѓународни натпревари и со нивните ментори. Тие ветија дека државата ќе обезбеди поголема грижа за талентираните ученици и финансиската поддршка за учество на ...

Проекција на 10 видеоуметнички дела на македонската уметница Тања Балаќ, по повод 10 години создавање на полето на видеоуметноста, ќе се одржи во Кинотеката на 19 септември во 20 часот. Станува збор за своевидно еднодецениско заокружување на делата остварени во овој медиум, кои најчесто се коментар на она што се случува во светот, од 2014 наваму. Кон крајот на првата деценија на 21 век, Балаќ, покрај сликарството, пастелите и колажот, сè повеќе ...

Изложба на академскиот графичар и графички дизајнер Дарко Аницин е отворена синоќа во галерија „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје. Проектот започна со објавување на јавен повик/интерактивен конкурс за учество на публиката, каде граѓаните праќаат по една предлог фотографија од своето омилено планинско место/планински масив или највисоката точка/врв,која го афирмира или карактеризира поднебјето од каде што потекнуваат. Дарко Аницин ...

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денес и утре се реализира вториот уписен рок за прв циклус студии за учебната 2024/2025, каде се останати слободни места на речиси сите факултети. На три факултети од 21 што функционираат на УКИМ, само три во државна квота редовни студии нема да продолжат во втор рок. На Градежен факултет се слободни 233, од кои 123 се наменети за редовни студенти кои се финансираат од Буџетот, а 110 за редовни ...

„Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, во издание на „Матица“ e добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга во 2023 година, што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија. За наградата одлучи жирито во состав: Гордана Јовиќ-Стојковска (претседателка), Оливера Ќорвезироска и Стефан Марковски (членови). Добитник на наградата „Ацо Шопов“ за најдобра збирка поезија за 2023 година е делото „Коњски житија“ од Зоран ...

Во градот Утрехт, Холандија, на 21 септември ќе биде отворена изложбата „5х10“, која ќе ги обедини делата на пет реномирани македонски фотографи: Маја Аргакијева, Огнен Ацевски, Роберт Атанасовски, Зденко Петровски и Стефан Рајхл. Оваа групна изложба, составена од по 10 фотографии од секој фотограф, ќе прикаже повеќе од две децении фотографско творештво, фокусирано врз доловувањето моменти од музички фестивали и концерти во Македонија. ...

Со претставување на дел од творештвото и разговор со двајца автори, искусни новинари, уредници и колумнисти синоќа во Даут-пашиниот амам во Скопје започна 12. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ во Скопје. На првата фестивалската вечер публиката имаше задоволство да ја истражи динамиката на Борис Дежуловиќ од Хрватска и домашниот автор Ѕвездан Георгиевски, чие творештво се движи во истите новинарско-авторски води, но со различни ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
53%
1010
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
9.26
87%
1009
weather icon

Загреб

12ᴼ / 11ᴼ
3.09
86%
1013
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
4.12
38%
1009
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.76
60%
1008
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
93%
1012
weather icon

Атина

28ᴼ / 24ᴼ
2.68
41%
1011
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
56%
1013
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
56%
1011
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
2.68
63%
1009
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
3.09
82%
1011
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 21ᴼ
3.6
50%
1011
Currency

61.525

Currency

54.3622

Currency

72.2744

Currency

35.1607

Currency

39.3966

Currency

66.1032

Currency

7.49888

Currency

0.67731

Currency

0.37874

Currency

0.52579

Currency

1.4138

Currency

0.64659

Алуминиум

2.44

Кобалт

33.70

Никел

0.48

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1068.02

Злато

109135.71

Бакар

9.60

Паладиум

31202.30

Платина

31386.49

Родиум

172810.26

Цинк

2.57

Иридиум

134266.78