
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



„Тој се јави во мал народ и тоа во време кога тој народ сè порешително ја изразуваше својата национална индивидуалност. Тој не беше само човек на литературата, ами по силата на околностите тој требаше, без никакви привилегии, да се вклучи во секидневната практична дејност, полна со опасност, за проширување на социјалните и националните права на својот народ, подложен на секаква дискриминација. (…) Во еден таков човек се обединува писател и ...
Петте тима на СТЕМ Академија од Скопје освоија пет награди на Медитеранскиот натпревар во СТЕМ и роботика што се одржа во Атина. Тие имаа тематски предизвик „Дали може да се преживее на Марс?“ Секој тим освои по една награда: најдобро решение на понуден проблем, најдобра соработка како тим, најдобра прва автоматизација и најдобра идеја и креативност, а тимот на Future Stars го освоија и првото место во напредната категорија. -Годинава на ...
Светски познатиот виолинист Роман Симовиќ, концертмајстор на Лондонскиот симфониски оркестар, ќе одржи хуманитарен концерт во Скопје за жртвите и повредените во стравотниот пожар во дискотеката во Кочани. Тој ќе настапи во придружба на FAME’S Институт на 29 април (20 часот) во камерната сала на Македонската филхармонија. На програмата е Концерт за виолина и Симфонија бр. 7 од Лудвиг ван Бетовен. – Обединети преку музиката за добротворна цел – ...
Петте тима на СТЕМ Академија од Скопје освоија пет награди на Медитеранскиот натпревар во СТЕМ и роботика што се одржа во Атина. Тие имаа тематски предизвик „Дали може да се преживее на Марс?“ Секој тим освои по една награда: најдобро решение на понуден проблем, најдобра соработка како тим, најдобра прва автоматизација и најдобра идеја и креативност, а тимот на Future Stars го освоија и првото место во напредната категорија. -Годинава на ...
Во малата сала на Центарот за култура во Битола вечерва во 19 часот ќе се одржи специјална проекција на македонскиот документарен филм „Градина“. На настанот ќе гостуваат режисерот Бојан Тантуровски, продуцентот Илија Тирицовски и киноматограферот Кирил Шентевски, со кои по проекцијата ќе следува дискусија за филмот. „Градина“ ќе се прикажува во редовната програма на европски филм во мала сала од утре до 12 април. „Градина“ е приказна за ...
Mакедонскиот женски младински хор „Менада“ од Тетово, кој долги години со гордост ја носи титулата „Амбасадор на македонското хорско пеење“, ќе одржи концерт на 11 април во 19 часот во македонскиот Културно-информативен центар во Белград. Хорот „Менада“, предводен од маестро Ивица Зорица, ќе се претстави со 50-минутна музичка програма, која во најголем дел ќе содржи духовна музика, а ќе бидат исполнети и неколку македонски евергрин композиции. ...
Во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Sehschärfenbestimmung/Проверка на диоптријата“ што ја организира фестивалот „Зрно“ во соработка со Галеријата „Герила“ од Виена и со „Центар-Јадро“. Станува збор за ревијална поставка која ги обединува љубителите на аналогната фотографија од Европа и пошироко. Голем дел од авторите се учесници на работилниците за благородни фотографски постапки кои ги организира ...
,Издавачката куќа „Арс Ламина“ го распишa традиционалниот литературен и ликовен конкурс „Читањето е супермоќ“. На овој креативен предизвик, кој трае од 2 април до 2 мај 2025 година, право на учество имаат сите деца од градинките и учениците од основните училишта од целата држава. Децата од градинките, на возраст од 4 до 6 години, можат да учествуваат со цртежи инспирирани од светот на приказните, додека учениците од основните училишта можат да ...
Драмски театар со претставата „Хеда Габлер“ гостува во Тиват, Црна Гора, каде вечерва во 20 часот во Центарот за култура Тиват ќе настапат во рамките на црногорското издание на регионалниот театарски фестивал РУТА. „Хеда Габлер“ е работена по текст на авторот Хенрик Ибзен. Режисер на претставата е Васил Христов, адаптацијата е на Викторија Рангелова Петровска и Васил Христов. Сценограф на претставата е Васил Христов и костимите се на ...
Македонија годинава ќе биде во друштво на најдобрите 50 тима од целиот свет во FIRST LEGO лигата, која претставува глобална иницијатива која ги воведува децата во науката, технологијата, инженерството и математиката (СТЕМ) преку интерактивно и забавно учење базирано на пракса. Македонија на Светскиот шампионат што ќе се одржи од 2 до 4 мај во Софико, Коринт, Грција ќе ја претставува скопското основното училиште „Александар Македонски“ и тимот ...
„Под исто небо“ е слоганот на 7. издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, кое ќе се одржи од 23 до 25 април во Сули Ан, Скопје. Фестивалот годинава ќе ја прослави моќта на литературата и илустрацијата како универзален јазик што ги поврзува децата од различни култури и општества. Во рамки на „Литера 2025“ ќе се организираат интерактивни работилници, средби со автори и илустратори, како и специјални настани ...
Умно.мк во соработка со Europe Housе ја реализира рубриката „Надреден знак“, во која интелектуалци од одредена област пишуваат колумни на теми што нè засегаат Пишува: Наташа Димова, претседателка, „Мрежа Стела“ Кога првпат се најдов во улогата на менторирана личност, чувствував голема несигурност. Имав многу прашања и не знаев од каде да почнам. Во тој момент, мојата менторка ми кажа реченица што ја паметам и денес: „Не си сама. И јас бев таму ...
Професорката д-р Светлана Мојсов, родена скопјанка, која со години работи на Универзитетот „Рокфелер“ во Соединетите Американски Држави и нејзините колеги ја добија престижната награда Breakthrough Prizes за 2025 година, во пошироката јавност позната и како „Оскар за наука“. Ова е последна од низата светски награди кои во последната година ги добива тимот кој го спроведе истражувањето GLP-1 за дијабетес и дебелина. Наградата ја добија и научници ...
Книгата „На врв од острицата“ од Сузана В. Спасовска ќе биде промовирана утревечер во 19 часот во свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија. Промотори на изданието ќе бидат Соња Стојменска-Елзесер и Владимир Мартиновски, а изданието е на „Макавеј“. Во својот осврт кон книгата, Соња Стојменска-Елзесер истакнува: „На врв од острицата“ е критичко-есеистичка книга во која се собрани текстови што ја отсликуваат критичарската активност ...
Со претставата „Народен пратеник“ во режија на Егон Савин, Македонскиот народен театар утревечер ќе ја започне својата турнеја во регионот, дел од одбележувањето на јубилејот 80 години од основањето. На истата сцена, на 9 април, ќе биде изведена претставата „12“ на Синиша Евтимов. Предвидени се два блока на гостувања, надвор од границите како и во нашата земја. По Црна Гора, следува настапите во Сараево, Босна и Херцеговина, на 11 и 12 април. На ...
Детскиот културен центар ,,Карпош’’ денеска во 11 часот она тартан патеката во Градскиот парк во Скопје организира крос трка по повод Меѓународната недела на здравјето. Во оваа спортска манифестација учествуваат дечиња од градинките од градот и околината. Трката ќе се трча на 250 м. во мешана категорија, момчиња и девојчиња. Исто така ќе се трча и штафетно трчање 200 метри 4×50 метри. Целта на оваа манифестација е да го одбележиме меѓународниот ...
Од 25 до 27 април ќе се одржи 30. издание на скопскиот моден викенд (Fashion Weekend Skopje – FWSK 30). Публиката нема да биде само љубител на модата, туку и оние што ја чувствуваат како социјален и културен феномен. Оние што знаат дека во модата стилот е личен, но промената е колективна. Манифестацијата го помести датумот на одржување поради трагедијата во Кочани што ја потресе целата јавност. Повеќе информации и целата програма ќе ја најдете ...
Издавачката куќа „Прозарт медиа“, организатор на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ и на „Скопје Фелоушип програмата“, присуствува на најзначајниот Саем на книга за деца во светот, во Болоња, Италија. „Прозарт медиа“ е поканета од Саемот, во рамки на престижната „Invitation program“, заедно со четириесетина други одбрани издавачи од целиот свет. Во рамки на оваа програма, Саемот обезбедува и штанд за „Прозарт медиа“, на ...
Во Салон 19.19 при Културно-информативниот центар во Скопје вечерва во 18 часот ќе почне 7. Меѓународен фестивал за кларинети „Кларифест“. Фестивалот ќе биде отворен со концерт на ученици и студенти од музичките училишта и факултети во земјава. Фестивалот ќе се состои од семинари и концерти за кларинет, а гости годинава се реномирани професори и интернационални солисти на кларинет, Николаи Пфефер од Германија и Габор Варга од Унгарија. Тие ќе ...
„Славит природата“ е насловот на изложбата од Емилија и Стојче Тоциновски отворена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Тие се претставуваат со 30-тина слики работени во техниката акрил на платно. Според историчарот на уметноста Роберт Цветковски, редок феномен е двајца уметници да работат на едно платно и во една симбиоза го креираат финалниот продукт. – Уникатниот пристап, изборот на теми како и нивната интерпретација – сите ...
Матурантот Алексиј Тасиќ од Скопје освои златен медал на Иранската геометриска олимпијада за 2024 година. Олимпијадата се одржа во октомври минатата година, но неодамна беа сумирани резултатите од сите 42 држави. На натпреварот учествуваа 171 учесник. Секој во својата држава ги решаваше задачите. На неодамна одржаната 32. Македонска математичка олимпијада, Тасиќ исто така освои златен медал. Алексиј е ученик во приватното средно училиште „Јахја ...
Не паметам – барем во текот на последните триесетина години – дека некоја од пиесите на Вуди Ален ги имам гледано и кај нас, во Македонија. Можеби и заради неговиот специфичен хумор, несомнено горчлив, „индиректен“ и саркастичен/циничен до балчак… Пишува: Јелена Лужина „Олд Сејбрук“, најновата премиера на скопскиот Театар Комедија, само е една од многуте „вешто скроени пиеси“ (piece bien faite) на планетарно славниот Вуди Ален: режисер, ...
Директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, престојува во Атина, на Генералното собрание на Европската театарска конвенција (ETC), во која членуваат најголемите театри од Европа. Кимовски вчера имаше официјално обраќање на собранието на кое го претстави МНТ и неговата работа и мисија. Потоа со едногласна одлука од сите членки Македонскиот народен театар беше примен за член на најважната театарска мрежа во Европа. Меѓународната ...
Kнигата на италијански и на македонски јазик „Изреченото нѐ прогонува“ на Никола Маџиров беше промовирана вчера во рамките на престижниот Литературен фестивал во Венеција Inroci di Civilta. Издавач на делото кое содржи избор од неговото поетско творештво, е „Крочети едиторе“. Изреченото нѐ прогонува“ е дел од поетската едиција на овој издавач, заедно со поезијата на Волт Витман. Во рамките на овој фестивал почесен гостин е Ханиф Курејши. ...
Таа е симбол на женската сила, мотивацијата и заедништво, а не само спортски настан… Заклучно со среда (9 април) трае пријавувањето на 13. издание на „Авицена женска трка 2025“. Трката ќе се одржи на 13 април (недела) во 10 часот. Пријавувањето е едноставно и се врши онлајн преку официјалната веб-страница на линкот. – На денот на трката не е возможно пријавување, па сите кои сакаат да учествуваат треба да го сторат тоа најдоцна до 9 април. Ги ...
Претставата „Ифигенија за ништо“ во режија на Филип Петковски, ќе ја има својата премиера утревечер во 20 часот во Драмскиот театар во Скопје. Станува збор за современа адаптација на античката трагедија на Еврипид, базирана на „Ифигенија во Авлида” – жртвувањето на Ифигенија во име на „високи цели” поради воените амбиции на нејзиниот татко Агамемнон. Иако темелена на античка трагедија, претставата обработува актуелна тема, се случува во денешно ...
Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи разговор со писателот и преведувач Владимир Јанковски, чиј роман „Ехото на акробатите“ е книга за месец април во сите библиотеки од мрежата на ГБСК. Разговорот со Јанковски, книгата на месецот и клубот на читатели се препознатливите елементи на големата кампања „Читаме современи македонски автори“. Модератор на разговорот ќе биде Александра Јуруковска, а ...
„Неми филмови“ на Крсте Господиновски премиерно ќе биде прикажан во официјалната селекција на годинашното издание на најпрестижниот и најстар фестивал за анимирани филмови во Анеси, Франција Краткометражниот анимиран филм „Неми филмови“ на македонскиот автор Крсте Господиновски премиерно ќе биде прикажан во официјалната селекција на годинашното издание на најпрестижниот и најстар фестивал за анимирани филмови во Анеси, Франција. Филмот е во ...
Наградата за најдобар млад џез-музичар „Гоце Димитровски“ за 2024 година ја доби Теодор Јаневски, дипломиран џез-тапанар на Џез одделот на Музичката академија при Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Наградата ќе му бие врачена на 8. издание на фестивалот „Џез фактори“ што ќе се одржи од 17 до 19 април во Народниот театар и Центарот за култура во Битола. На фестивалот ќе настапат повеќе реномирани џез-музичари од Македонија и од странство. ...
Македонскиот народен театар денеска одбележува 80 години постоење. Три претстави вечерва ќе се играат со бесплатен влез, а денот ќе започне со две изведби на детската претстава „Распеана турлитава“ (10 и 12 часот). Во 18 часот ќе биде изведена „Бели ноќи“ во режија на Звездана Ангеловска. Играат Дамјан Цветановски и Ана Јовановски. Еден час подоцна следува „Мој термин“ на Синиша Евтимов, а играат: Симонов, Николина Кујача, Александар Митковски, ...