
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



„Сите модерни држави во суштина се мултиетнички, но се користат термини: грчка археологија, бугарска археологија, албанска археологија, британска археологија, германска археологија итн., за да се презентираат откритијата и достигнувањата на оваа наука во рамки на државата, ама никаде никој не се обидел да ја ,етницизира‘ археологијата, а со тоа да ја омаловажи и археологијата и државата, како што Вие тоа го направивте“, се вели во писмото на ...
„Говорот на сликите“ е насловена беседата на д-р Коста Милков со која вечерва во 19 часот во Културно-информативниот центар во Скопје ќе биде затворена изложбата „Вечнеење“ на Никола Пијанманов. Поставката беше отворена на 7 ноември во 20 часот во салите Империјал 1 и 2 во КИЦ. Пијанманов се претстави дела од тригодишното истражување за човекот кој чека, изгубен во огромните простори и лавиринти на чудниот, апсурден и тежок макросвет. Човекот ...
„Академскиот профил на Крсте Мисирков (по повод 150 години од раѓањето)“ е насловена тркалезната маса што ќе се одржи денеска во 10.30 часот во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Модератори се Билјана Ристивска-Јосифовска и Лилјана Гушевска. Покрај нивните, свои излагања ќе се имаат и Елена Јованова-Грујовска, Митко Панов, Катерина Кузмановска-Петровска, Лидија Тантуровска, Јасмина Ристовска-Паличкова и Зоранчо Малинов, ...
Изложба на Елена Гелева насловена Youclidean ќе биде отворена вечерва во 20 часот во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. Изложбата се состои од 20-ина дела со различен формат, од грандиозни големи платна до средни не помалку грандиозни по квалитет. Поделени на неколку изразни теми, од шематски, ритмички, преку стилизирани фигурации до апстракции, овие дела ќе ве однесат на спиритуален пат низ вашата душа, ќе дишете подлабоко и ...
Во малата сала на македонската Филхармонија вечерва во 19 часот концерт ќе одржат „Екстраваганца фантази квартет“. Ќе настапат: Андреас Гинтер – пијано, саксофон, Јордан Костов – армоника, Андреа Мирческа – контрабас и Драган Теодосиев – тапани. Концертото се организира со поддршка на Гете институт од Скопје. Музичарите Јордан Костов (Скопје) и Андреас Гинтер (Берлин) првпат се сретнале во Шангај во 2016 година, каде што се дел од локалната ...
Во десеттата епизода на „Умен поткаст“ наш гостин е актерот Тони Наумовски. Роден во Битола, растен во Сиднеј, завршил на актерската академија во Софија, а во последните повеќе од 15 години својата кариера ја гради во Њујорк. Повеќе од 200 актерски улоги бележи Наумовски во ТВ серии, претстави на Офф-Бродвеј, а не го заборава и македонскиот филм. Негово последно остварување во Македонија е „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов. Проследете ...
Здружението на ликовните критичари АИКА Македонија ќе го одржи својот годишен симпозиум утре во 13 часот во Чифте амам во Старата скопска чаршија. Симпозиумот ќе го отвори Ана Франговска, претседателка на здружението. Ќе биде соопштен и добитникот на наградата за ликовна критика „Ладислав Баришиќ“, а Илија Прокопиев, да го презентира и одбрани истражувачкиот проект „Раскинување со уметноста (каква што ја знаеме).“ Главниот дел од ова издание на ...
Скопската градска библиотека „Браќа Миладиновци“ завчера ја претстави дигиталната колекција „Анте Поповски“, дел од отворениот ресурс Дигитална библиотека на денот на својот 29 роденден. Дигиталната колекција посветена на Поповски е еден од клучните проекти на Библиотеката за оваа година, заедно со кампањата „Читаме современи македонски автори“, работилницата за креативно пишување за средношколци и проектот „Полска на полица“. – Дигитализирањето ...
Со изведбата на претставата „Ѓоре Магаревски 80 години потоа“, битолскиот Народниот театар одбележа 80 години. Во преполната сала, претставата и ансамблот беа поздравени со бурни и долги аплаузи. Пред премиерата беше презентирано историското катче на НТБ, изложбата на 100 плакати, постери, каталози на Христо Бојаџиев и Владо Ѓорески, посветени на претставите во театарот. Публиката ја поздрави директорот, Васко Мавровски кој рече дека завршиле ...
Во денешниот свет полн со површни пораки и брзи промени театарот останува едно од ретките места коишто ја доловуваат суштината на човечкото искуство и ги третираат важните прашања со коишто се соочуваме. Оваа есен, репертоарот на МНТ се збогатува со едно ново драмско остварување – претставата „Замисли нов свет“, коешто отвора многу важни прашања за сите нас како општество, но и како човечки суштества. Проектот ги спојува делата на нашиот голем ...
Kај Пијанманов нештата никогаш не се безнадежно мрачни. Темнината никогаш не може да ја проголта светлината сè додека од некаде има извор на светлина Пишува: д-р Коста Милков, Балкански институт за вера и култура Со повеќе од педесет платна Никола Пијанманов ја постави изложбата „Вечнеење“ во Културниот информативен центар. Овој исклучително плоден и посветен сликар со бројни самостојни и групни изложби пред љубителите на уметноста изложи дел од ...
Почитуван Министер за култура Зоран Љутков, Веста за Вашето назначување за министер за култура, ние во Друштвото на филмските работници и сите наши колеги филмаџии, ја примивме со голема радост. Радоста, зачинета со надеж, доаѓаше од фактот што министерството од кое со години наназад потекнуваа нашите проблеми, конечно ќе го раководи човек кој суштински разбира што значи да се биде филмски работник и знае дека ниту еден од луѓето кои ги гледа на ...
Со претставата „Хинкеман“, во режија на Тамара Стојаноска на независниот театар „Златен Елец“, вечерва во 20 часот во Младинскиот културен центар ќе биде отворено 49. издание на Меѓународниот театарски фестивал Млад отворен театар – МОТ. Претставата е работена според антивоената и експресионистичка драма (Der deutsche Hinkemann, 1923) на Ернст Толер, која е своевидно истражување на бруталните сили што управуваат со нашиот свет – војните, ...
„Ликовната колонија ,Дрен’ ни испраќа светлост во длабочината на нашите срца, што е целта на самите уметници, кои годинава учествувајќи на колонијата, со многу љубов создадоа спонтани дела, кои ќе останат во трајна сопственост на Центарот за култура ,Марко Цепенков’, на Прилеп, на Македонија“, рече Каролина Мицевска на отворањето на изложбата на дела од ликовната колонија „Дрен 2024“. Изложбата ја отвори м-р Викторија Димеска, историчарка на ...
Ни треба државна поддршка, и половина од потребната сума ќе заврши голема работа – секаква донација е добредојдена и ќе помогне, вели Ѓорѓи Маркоски Државната помош на Сојузот на математичарите на Македонија (СММ) за поддршка на 29. Јуниорска балканска математичка олимпијада (ЈБМО) која треба да се одржи во јуни, идната година е сè уште отворено прашање. На натпреварот ќе дојдат учесници од многу земји, а Сојузот како непрофитно здружение не ...
Шпанскиот писател Франсеск Миралјес вечерва во 19 часот ќе гостува во Културниот центар „Лабораториум“ во Скопје. Организатор на неговата посета е Издавачкиот центар ТРИ, кој е издавач на неговите популарни дела „Икигаи“, „Намасте“ и „Ичиго-ичие“. Овие дела се продадени во неколку милиони примероци низ целиот свет. Читателите ќе имаат можност да се сретнат со човекот кој истражувајќи за своите книги, истражи многу за себеси и допре до тајните на ...
Филмот „Љубовната соба” во режија на Сузана Диневски ќе се одржи утревечер во 20 часот во Кинотеката на Македонија. Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ е селектиран за учество во официјална категорија на над 20 меѓународни филмски фестивали со бројни номинации и освоени две награди за најдобар документарен филм. Филмот раскажува две паралелни интимни љубовни приказни во кој главни протагонисти се двете млади жени чии сопрузи се на ...
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во рамките на редовните посети на институциите од областа на културата, вчера го посети Македонскиот народен театар, а присуствуваше и на пробата на актерите за претставата „12“, адаптација на познатото сценарио „Дванаесет гневни луѓе“ во режија на Синиша Евтимов. Љутков рече дека во МНТ затекнал две состојби – од едната е пресреќен, откако видел како течет работите на претставите што се во тек, ...
„Драми на принцезите“ е новата премиера што ќе се изведе утре на 15 ноември во 20 часот на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје. Претставата е работена по циклусот постдрамски текстови „Драми на принцезите“ со поднаслов „Смртта и девојката“ на нобеловката Елфриде Јелинек. Преводот од германски јазик го направи Катерина Шекутковска. Во уметничкиот тим што работеше на претставата е тричлена екипа од млади и талентирани уметници од ...
Во галеријата „Кунст депот“ деновиве беше отворена изложбата „Експериментален цртеж“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Ова е прво претставување на ДЛУМ со 47 македонски автори во Венеција. На отворањето на изложбата имаше публика која со големо внимание ги проследи делата на учесниците. На наша голема чест и задоволство на отворањето присуствуваше Марина Аполонија, една од најпознатите живи легенди на италијанското современо ...
По повод 80 години постоење на Битолскиот театар, ансамблот на театарот ќе ја изведе претставата „Ѓоре Магаревски 80 години потоа“, во режија на Благој Мицевски, Софија Ристевска Петрушева, Јован Ристовски. Децата и посетителите имаат можност да се запознаат со историјата на Битолскиот театар, со дел од добиените награди и признанија за Битолскиот театар. Изложени се околу 200 од нив, а отворањето ќе биде во 19.30 часот. Утрото во 10 часот ќе ...
Ретроспективите се важни за да се потсетиме на огромните напори што овие автори ги вложувале во своето творештво за осовременување на македонскиот ликовен и културен живот, кој се одвивал во тешки економски и општествено-политички услови Ретроспективна изложба на творештвото на Вангел Коџоман (14 февруари 1904, Струга — 28 септември 1994, Скопје) во спомен на 120 години од неговото раѓање ќе боде отворена на 19 ноември во 20 часот во ...
По повод Светскиот ден на науката за мир и развој, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ги избира најдобрите и најзаслужни научници во академската 2023/24. Најдобар и најплоден научник на УКЛО е професорката Анка Трајковска Петкоска од Технолошко–техничкиот факултет – Велес. Меѓу академските кадри кои покажаа високи резултати, за нивниот научен ангажман и посветеност наградени се и професорите: д-р Билјана Трајковска од ФБН -Битола, д-р ...
Изложба на дела од ликовната колонија „Дрен 2024“ ќе биде отворена вечерва во 18.30 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Ќе бидат претставени 30 дела од уметници од земјава и од странство кои твореа на 16, издание на колонијата што се одржа летово. – И годинава уметниците работеа на слободна тема и создадоа нови уметнички дела што ќе бидат дел од богатата збирка на Центарот. Посетителите ќе можат да ги видат делата од Петја ...
Биеналната изложба на графики „Кумановски графичари 2024“ ќе биде отворена вечерва во 19.30 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Свои дела ќе изложат: Александар Стефановски, Валентина Илијевска, Зоран Јакимовски, Милена Арсовска, Мирослава Цветковиќ, Симона Јакимовска, Стефан Анчевски, Стефан Јакимовски, Тања Соларска-Темелковски и Ханифе Ислами. Изложбата содржи 22 графики во повеќе техники, изработени во последните ...
Новиот роман од популарниот автор Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма“ ќе биде промовиран вечерва во 20 часот, во Младинскиот културен центар во Скопје. Книгата, која е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе ја промовира Татјана Алексиќ, а модераторка на настанот ќе биде уредничката Татјана Димовска-Атанасова. Специјална гостинка, во улога на Сирма ќе биде младата актерка Јована Спасиќ. По промоцијата, забавата ќе продолжи ...
Пишува: М-р Катерина Димова, специјален едукатор и рехабилитатор, семеен системски советник, основач на „Неуроклиник“ Во рамките на општествено-одговорниот проект на „Халкбанк“ АД Скопје насловен како „Емоцијата има своја боја“, месец ноември го посветуваме на тагата, со цел да им помогнеме на родителите и воспитувачите да ги поддржат децата во овој значаен период од нивниот живот. Во рамките на проектот целта е да им помогнеме на родителите и ...
Изложбата „21“ на ликовната уметница Мирјана Крстева Масетти од Гевгелија ќе биде отворена вечерва во 19 часот во галеријата при Дом на култура „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци. Крстева Масетти е родена во 1979 година во Скопје. Дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Благоевград, Бугарија, во класата на проф. Борислав Стоев, 2001 година. Основач и член на Мултимедиа центар од Гевгелија и член на Друштвото на ликовни уметници на ...
Lost in reflection е насловот на изложбата од нашиот ликовен уметник Сашо Блажес што е отворена во Blue Gallery во Венеција. Поставката во која авторот ја истражува сложеноста на перцепцијата и на рефлексијата ќе биде отворена до 8 декември. Изложбата се реализира на покана на галеристот Силвио Паквалини, директор на венециската галерија и соработката на Блажес со кураторот Камило Ракана од Париз. Уметничката трансформација на Блажес е обележана ...
Во Центарот за култура во Охрид вечерва во 18 часот ќе биде изведена детската претстава „Здраво детство“. Интерактивната претстава ги учи децата за другарството, здравата исхрана и грижата за домашните миленици. Преку забавни игри, песни и интерактивни моменти, децата ќе имаат ќе се забавуваат со различните аспекти на приказната. Претстава е наменета за деца од 3 до 6 години. Играат: Филип Кипровски, Дарко Богески, Јана Пауноска и Балтазар. ...