
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Во автентичниот амбиент на Сули ан, во Старата скопска чаршија, денеска, на Светскиот ден на книгата, во 19.30 часот ќе биде отворен 7. Меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“. Годинава фокусот ќе биде на домашните автори и илустратори, кои со своето творештво оставиле значајна трага во детската литература или носат нова естетика и наратив во оваа уметничка област. Ќе биде отворена ретроспективната изложба посветена на ...
Во „Ткаење светови: Две колекции во разговор“ се вклучени дела од 87 автори, од кои најмногу дела од Македонија и од речиси сите поранешни југословенски републики, дополнети со дела од уметници од Бразил, Полска, Боливија, Судан, Уругвај, Албанија, Јапонија, Јужноафриканска Република, Иран, Куба, Шпанија и од Романија Во Модерна галерија + Музеј на современа уметност Метелкова во Љубљана утревечер во 20 часот ќе биде отвиорена големата изложба ...
Почитување на колективните договори и законите, достоинствени услови за работа за работниците во културата побара вчера Синдикатот на културата кој одржа протест пред Министерството за култура и туризам во Скопје. Тие побараа да се исплатат неисплатените плати. Пред Велигден 3.000 работници во културата останаа без плата за март. На протестот претседателката на СКРМ, Вера Атанасовска побара транспарентност и професионално управување со ...
Во кафе-книжарницата „Буква“ вечерва во 19 часот ќе биде организирана промоцијата на актуелниот роман „Јод“ од Снежана Младеновска Анѓелков. Авторката и психологот/психотерапевт Марија Стефанова ќе ја претстават содржината на овој кус, но силен роман објавен кон крајот на минатата, 2024 година за издавачката куќа „Или-Или“. Романот што започнува како потрага по личните приказни на сезонските работници во Сплит, Хрватска, неочекувано го менува ...
Денот на планетата Земја, кој секоја година се одбележува на 22 април, е глобален повик за заштита на животната средина и потсетник дека грижата за планетата е заедничка, неотповиклива одговорност. Токму на ова поле, Халкбанк АД Скопје се истакнува како лидер во еколошката трансформација преку својата зелена платформа – ХалкЕко. ХалкЕко не е само мобилна апликација, туку симбол на одговорно, одржливо живеење. Со едноставна, но моќна порака – ...
Уникатниот амбиент на Сули ан во Старата скопска чаршија повторно се претвора во сцена на уметност, инспирација и детска имагинација. Утревечер во 19.30 часот ќе започне 7. Меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, кој оваа година го става фокусот на домашната уметност – автори и илустратори што оставаат силен белег во современата детска литература. На отворањето ќе можеме да видиме две изложби – ретроспективна поставка ...
Ќе направиме, т.н, Музеј во движење на тројца автори од Прилеп: Благоја Ристески-Платнар, Благоја Спиркоски-Џумерко и Кирил Ристески. Сметам дека тоа е одговорот на Фестивалот што може да се прави во, условно речено, креативни времиња и предизвици кои ќе нѐ следат. Имаме можност и моќ да покажеме дека Прилеп отсекогаш бил театарски град, дека има и ќе има театарски уметници кои го водат македонскиот театар, вели Стојаноска. Македонскиот ...
Наметнувањето на партиските интереси во сферата на културата создава опасен преседан: културните институции, кои во својата основа треба да се автономни, независни и ориентирани кон развој на културниот капитал, се претвораат во огледало на владејачките структури Пишува: Даниел Ѓорѓевски, археолог/историчар Во контекст на едно длабоко политизирано општество, какво што е македонското, културата – наместо да биде критичко огледало на стварноста и ...
Врвни артисти од осум земји од светот ќе учествуваат на 24. „ОФФест“ што ќе се одржи од 5 до 8 јуни во Скопје. Ѕвезда на фестивалот е Марија Жоао која ќе го изведе нејзиниот волшебен нов проект – Аbundância. Тоа ќе биде и прва европска изведба, по премиерата во Лисабон. Покрај Жоао, ќе настапат и неколку големи ѕвезди на таканаречената музика на светот, како Canzoniere Grecanico Salentino, Kimmo Pohjonen, Vieux Farka Touré и Драган Даутовски. ...
Изложба на фотографии од македонските села ќе биде отворена в сабота (26 април) во 18 часот Музејот на современата уметност во Скопје. Фотографиите во изминатите десет години ги снимил тимот од проектот „Викиекспедиции“. – Во текот на десетгодишните шетања низ Македонија имаме документирано 1.122 цркви и 172 џамии низ скоро цела Македонија. Во Македонија има 363 централни основни училишта, но уште најмалку исто толку има подрачни училишта во ...
Македонскиот Културно-информативен центар во Белград беше организатор на креативна работилница за декорирање велигденски јајца и велигденски честитки посветени на младите кои се’ уште се наоѓаат на лекување во белградските болници, по трагедијата во Кочани. Работилницата ја водеше ликовната уметница, м-р Ирена Ѓукиќ, велигденски црвени јајца подготви Верка Михајлова, а настанот се организира во соработка со Националниот совет на Македонците во ...
Изложба на слики од Енеса Мемети насловена „Црниот лебед симбол на величественост“ ќе биде отворена в четврток (24 април) во 19.30 часот во Салон Империјал 2 во Културно-информативниот центар во Скопје. Енеса Мемети дипломирала на Факултетот за уметности при Универзитетот во Тетово под менторство на проф. Илиријан Бекири, завршила постдипломски студии на ФЛУ – Скопје под менторство на проф. Јован Шумковски. Учествувала на 30 групни изложби во ...
Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ на Гоце Цветановски синоќа беше премиерно прикажан во Москва, во рамки на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Москва (Moscow International Film Festival). Московскиот фестивал важи за еден од најголемите во светот и е класифициран во А-листата на филсмки фестивали, заедно со Кан, Берлин, Венеција. Основан е во 1935 година, a редовно почна да се одржува од 1959 ...
Во Кинотеката на Македонија задутре (22 април) во 20 часот ќе се одржи проекција на „TerraForma“, документарен филм за еден вулкански остров, еден грандиозен експеримент и за тоа како амбицијата го менува лицето на природата. „TerraForma“ е режисерско дело на Кевин Бренан и Лоренс Дуркин, уметници што ги истражуваат темите на идентитетот, пејзажот и човечките односи со природниот свет. По филмот ќе се одржи панел-дискусија со експертот за ...
Во киното „Фросина“ во Младонскиот културен центар во Скопје вечерва во 20.30 часот концерт ќе одржи скопскиот колектив „Светлост“, заедно со Ken Vandermark од САД и Paal Nilssen-Love од Норвешка. Од соработката на домашното трио и двете големи меѓународни имиња на современиот џез ќе произлезе и албум, а снимањето ќе се случи во Скопје, непосредно по концертот во МКЦ. – Ова е веројатно прв случај една македонска џез група да работи со гиганти од ...
Под слоганот „Под исто небо“ 7. издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ повторно ќе ги обедини авторите, илустраторите, издавачите, децата и сите вљубеници во литературата и уметноста за деца. Фестивалот ќе се одржи во автентичниот амбиент на Сули ан во Старата скопска чаршија, каде е сместен и дел од Факултетот за ликовни уметности. – Веќе седма година „Литера“ е дел од културната мапа на Скопје и на ...
Неодамна од печат излегоа списанијата ,,Стрип креатор” бр.37 и 38 и ,,Стрип алманах” бр.8 во издание на Стрип центарот на Македонија – Велес. „Стрип креатор“ е единствена постојана стрип публикација кај нас која излегува од 2003 каде што доста македонски автори континуирано ги објавуваат своите стрип дела(доста од нив и дебитантски). Овде на македонски јазик се објавуваат подобрите странски но и домашни автори од традиционалниот мегународен ...
Со поддршка на Europe House мрежата во земјава објавени се аудиобајките „Сјајни ѕвезди – бајки раскажани од Ромите од Европа“, остапни сега за слушање на ромски, македонски и албански јазик. Ромите, со околу 12 милиони луѓе, се најголемото малцинство во Европа, а нивната култура – од музика и танц, до јазик и раскажувачка магија – е нешто што навистина го збогатува нашето заедничко европско ткаење. -Веруваме во почитување на различноста, во ...
Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија (MEXT) на Јапонија нуди студентски стипендии за македонски граѓани кои сакаат да комплетираат додипломски студии или истражување во Јапонија. Кандидатите треба да ги поднесат своите документи не подоцна од 16 мај. Одбраните кандидати ќе бидат поканети на тестирање во јуни. За повеќе информации, прочитајте повеќе на интернет-страницата на амбасадата. За дополнителни информации ...
Ова не е повик да се откажеме од амбиции. Туку потсетник дека среќата не доаѓа само од постигнувањата, туку и од способноста да се забележи убавината меѓу нив. Микро-задоволствата се нашето интимно засолниште од светот што нè брза без да нè праша каде одиме Пишува: Ива Трпески Во свет каде што сè се мери со продуктивност, успех и брзина, малите радости стануваат тивок, но моќен чин на отпор. Да седиш со шолја топло кафе без да гледаш во телефон. ...
Како магистрал во сонетен венец што ги обединува стиховите од сонетите, завчеравечер (16 април) во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, со промоцијата на сонетниот венец „Часови без часовник“ од Владимир Мартиновски, беше крунисано и заокружено второто издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“. Сонетниот венец, во издание на „Арс Ламина“, го промовираа Оливера Ќорвезироска и Анастасија Ѓурчинова, а потоа публиката ...
„Алкалоид“ АД Скопје е прогласен за апсолутен победник во категоријата најпосакуван работодавач за 2024 година, трета година по ред, според анкетата спроведена од веб-порталот „Вработување.ком“. На манифестацијата организирана од „Вработување.ком“, беа доделени награди за компании во повеќе категории, врз основа на анкетен прашалник спроведен на национално ниво во текот на 2024 година. Ова признание претставува особена чест за нас и уште една ...
Една од лауреатите на престижната награда Breakthrough Prizes за 2025 годинае и проф. д-р Светлана Мојсов, родена скопјанка, која со години работи на Универзитетот „Рокфелер“ Милијардерите Марк Цукерберг и Џеф Безос, холивудските ѕвезди Џоди Фостер, Глен Клоуз, Шон Пен, Леонардо ди Каприо, Марго Роби, Дру Баримор, Гвинет Палтроу и многу други се поклонија пред научниците што ја добија престижната награда Breakthrough Prizes за 2025 година, во ...
Наградата за најдобра претстава ја освои „12“ на Македонскиот народен театар, а режисерот Синиша Евтимов ја доби наградата за режија. За овие и останатите награди, одлучи жирито во состав: Александар Георгиев, Александар Ивановски и Миле Вратеовски. 12“ е претстава која ја освои публиката со својата длабока емоција, маестрална режија и неверојатна актерска игра. Претставата носи силни и актуелни теми, а изведбата ја надмина секоја очекувана ...
Во Скопје заврши снимањето на краткометражниот филм „Време на заедништво“, во режија на Радован Петровиќ, а по сценарио на српската актерка и сценаристка Сунчица Милановиќ. Продуценти на филмот се Тамара Ристоска и Петар Антевски. Овој независен филмски проект е креативна соработка меѓу млади филмски професионалци од Македонија и Србија, а неговата реализација беше поддржана од Факултетот за драмски уметности од Скопје и локалната бизнис ...
Во рамките на Фестивалот „Видик“, вечерва во 20 часот во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе биде промовирана новата книга на Владимир Мартиновски, „Часови без часовник“. За делото ќе зборуваат: Оливера Ќорвезироска, Анастасија Ѓурчинова и Биљана Стојановска. „Часови без часовник“ не е обична книга, тоа е изблик од бои, облици, зборови и значења. Ова ретко библиофилско издание, во кое текстот е пронижан со интензивно обоени дигитални графики, ...
Дејството е лоцирано во времето на Граѓанската војна во Грција (1946) кога припадници на кралската грчка војска, во чиј состав влегуваат и Македонците од Егејска Македонија, под обвинение дека се комунисти и непријатели на кралска Грција, се казнуваат со упатување во логор на пуст остров Во Битолскиот театар вечерва во 20 часот премиерно ќе биде изведена „Црно семе“, работена според романот на Ташко Георгиевски во режија на Андреј Цветановски. ...
Во просториите на „Јавна соба“ денеска во 10.30 часот ќе биде отворен „Форум за културните рути на Советот на Европа во функција на развојот на културниот туризам“. Пред присутните ќе се обрати министерот за култура и туризам Зоран Љутков. На Форумот ќе бидат презентирани културните рути на Советот на Европа во кои е вклучена и нашата држава: „Рута на Св. Кирил и Методиј“, „Винска рута-Итер Витис“ и „Рута на римски иператори и Дунавска винска ...
Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена изложба на дела од Драган Бошковски. Ова е негова прва самостојна изложба, а ја организира Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – МОТУС од Куманово. Драган Бошковски е кумановец кој со ликовната уметност се занимава во континуитет педесетина години, започнувајќи со своето прво дело кое го има насликано ...
Изложба на Ибрахим Махама, еден од најзначајните современи уметници, ретроспектива на Живко Поповски, на Јордан и Искра Грабул, Оливер Мусовиќ се дел од годинашната програма на Музејот на современата уметност во Скопје. Програмата ќе биде реализирана со 5.842.370 денари (околу 94.500 евра) од Министерството за култура и туризам, рече на вчерашната прес-конференција Тихомир Топузовски, в.д. директор на МСУ. – Во програмата се вклучени 26 проекти: ...