
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Издавачката куќа „Или-Или“ во едицијата ПРОаЗА го објави романот „Загубени во слободата“, најновата објава на реномираниот бугарски писател Владимир Зарев. Преводот од бугарски е на Бранислав Мирчевски, а објавувањето на книгата е поддржано од „Национален фонд-Култура“ на РепублБугарија. Во својот најнов роман, „Загубени во слободата“, големиот бугарски писател Владимир Зарев маестрално вплетува две временски линии – современата и ...
Под мотото „Корени и крилја – Европска диплома дома“, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, одбележа три дена полни со инспиративни настани, интеракции и нови идеи. Минатата недела универзитетските простории, Широк Сокак, СИЦ и други локации беа домаќини на бројни активности, работилници, изложби и средби со гости од земјава и Европа. Сè започна со Историски час посветен на Македонското научно друштво, по што следеше свечена промоција ...
Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“), во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ годинава по осми пат го распишува конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски. На конкурсот можат да ...
Денес е 29 април, Меѓународен ден на танцот. Ви ја споделуваме македонската порака на Адријана Данчевска-Ровчанин, кореограф, танчер, едукатор: „Денес, на денот на танцот, зборуваме за моќта на оваа уметност. Зборуваме за танцот кој е многу повеќе од физички акт – танцот е емоционален, социјален и интелектуален процес кој е длабоко вкоренет во нашето човечко постоење. Танцувам додека создавам живот кој има смисла. А нам тука ни е потребен ...
Научните здруженија кои ги организираат талентираните ученици за меѓународни натпревари ќе можат за аплицираат за парична поддршка од државата на конкурсот кој деновиве ќе го објави Министерството за образование и наука. Измените на Законот за средно образование предвидуваат научните друштва да аплицираат на конкурс кој ќе биде објавен во првите три месеци од тековната година. Умно.мк го праша МОН дали тоа значи дека и годинава државната ...
Златен медал освои Дамјан Давков, сребрен освои Алексиј Тасиќ, а бронзени – Ивано Божиновски, Леонид Тодороски и Бранко Јангеловски на 42. Балканска математичка олимпијада во Сараево која ќе заврши утре. На олимпијадата успешно се претстави и Андреј Тасиќ. Тимот ја претставуваше Македонија во организација на Сојузот на математичарите на Македонија, под раководство на Мирко Петрушевски, водач на тимот и Блаже Суклевски, заменик-водач. Нашите ...
Младинското здружение „Псалтер“ од Струмица го објави фанзинот „Ефимин“ или во превод од старогрчки јазик – од нас зависи. Ова е вториот број, по пилот-изданието објавено во декември минатата година. Фанзинот е двомесечник со 40 страници. Здружението функционира како културолошка иницијатива и еден од проектите е фанзинот, велат членовите на „Псалтер“. -Одлучивме да дејствуваме и во областа на издаваштвото, па така се формираше и тимот на ...
Во чест на 29 април, Меѓународниот ден на танцот, ви ја споделуваме светската порака за танцот што годинава ја напиша танчерот и кореограф Михаил Баришников од Латвија/САД. „Често се вели дека танцот може да го изрази неизговорливото. Радоста, тагата и очајот стануваат видливи; отелотворени изрази на нашата заедничка кршливост. Во ова, танцот може да разбуди емпатија, да инспирира љубезност и да предизвика желба за лекување, а не повреда. ...
Џијан Емин е мултиинструменталист, аранжер, оркестратор, композитор. Постојано немирен во својот музички дух да истражува нови форми, нови изрази, соработувајќи со колеги музичари од земјава, но и по светот. Заедно со Националниот џез оркестар е дел од создавањето на вредна музичка приказна, што расте со секој нов концерт на националната институција. Во новата епизода на „Умен поткаст“ со него разговараме за неговото весело детство со многу ...
Измените на Законот за средно образование пратениците во Собранието, по брза постапка, го усвоија на 8 април Талентираните средношколци добија системска поддршка од државата, со донесувањето на измените на Законот за средно образование кој пратениците во Собранието, по брза постапка, го усвоија на 8 април. Со тоа се реши проблемот кој повеќе од десет години им задаваше главоболки на менторите и на семејствата на талентираните ученици. Тие често ...
Уметникот Стефан Анчевски ги претстави своите дела од изложбата „поВРЗИНО” во Ликовната галерија при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Делата на Анчевски имаат специфична уметничка визија во која се употребени различни уметнички средства, вели проф. д-р Катерина Деспот. Според проф. д-р Слободан Раичевиќ, уметникот Анчевски „со својата поетика и слики открива дека му е близок графолошкиот пристап, кој се потпира на ликовните ...
5,5 милиони евра наменети за унапредување на научно-истражувачката инфраструктура и за иновативни научно-истражувачки проекти ќе добијат државните универзитети и факултети, јавни научни установи и Македонската академија на науките и уметностите. Буџетот ќе го дисеминира Министерството за образование и наука. Веќе се објавени два јавни конкурса на кои се аплицира електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, во рок од 45 дена од објавувањето. ...
Сликовницата „Потрага по храброст“ од авторката Биљана Стојановска со илустрации на уметникот Владимир Лукаш, ќе биде промовирана утре во 12.30 часот во КСП Центар „Јадро“ во Скопје. Промотор ќе биде Билјана Црвенковска, а извадоци ќе читаат младите читатели Давид Ангелкоски (10) и Исак Стојановски (6). Промоцијата ќе се заокружи со музички настап на ВИС „Тркалезна маса“: Ана Голејшка Џикова, Ѓоко Здравески, Васко Марковски, Перица Сарџоски, ...
Оваа изложба е основа од која ќе произлезат многу други заеднички проекти. Иако двата музеја имаат различни истории, тематски и концептуално тие се поврзани, рече директорот на МСУ, Тихомир Топузовски Во топла и пријатна атмосфера синоќа во Модерна галерија + Музеј на современа уметност Метелкова (МГ+МСУМ) во Љубљана беше отворена големата изложба „Ткаење светови: Колекции во разговор“ со уметнички дела од 87 автори од колекцијата на Музејот на ...
Неодамна од излезе најновата хаику збирка „Микроскоп, телескоп, стетоскоп“ од Васко Марковски, во издание на „Бегемот“ од Скопје. „Последниве две децении канонизираниот лирски вид хаику доживува силен интерес меѓу македонските писатели, а меѓу нив особено се истакнува токму Васко Марковски. Неговата книга ‘Корпоративно утро’ (2013, 2023) несомнено се вбројува меѓу најдобрите збирки хаику поезија напишани на македонски јазик, а неговиот најнов ...
Третиот ден од фестивалот „Литера“ носи богата и шаренолика програма исполнета со инспиративни активности за деца и возрасни. Фокусот ќе биде ставен на работилници и промоции кои го слават креативното изразување и моќта на сликовницата како медиум. На последниот фестивалски ден, „Литера“ во соработка со издавачката куќа „Прозарт медиа“, го носи гостинот од Естонија, Урмас Реинма, кој ќе ја претстави својата сликовница „Каде го најде?“. Реинма е ...
Со проекција на филмот TeraForma, во Кинотека на Македонија се одржа пролетното издание Ecoscop на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион, заеднички проект на водечките регионални филмски фестивали (Сараево филм фестивал, Фестивал на авторски филм Белград, Љубљански меѓународен филмски фестивал, Загреб филм фестивал, Филмски фестивал Херцег Нови и ИФФК Браќа Манаки). Настанот се одржа на 22 април, Денот на планетата Земја. На овој начин ние ...
„Тивериполско филмско пладне: Шекспир за сите“ беше настанот што се одржа завчера во Europe House во Струмица, од сферата на филмската писменост. Токму на роденденот на великанот Вилијам Шекспир (1564 – 1616), организаторите од „Астерфест“ на овој голем датум за европската и светската литература и уметност потсетувајќи се на значењето на делата кои се повод за најпознатите адаптации. Шекспир е преведуван на многу јазици и пространства и ...
Во просториите на Друштвото на писателите на Македонија вечерва во 19 часот ќе се одржи трибината „Кои се правата на писателите?“ Ќе учествуваат: Делвина Крлуку, Блаже Миневски, Билјана Црвенковска, Игор Станојоски и Петар Андоновски. Модератор ќе биде претседателот на ДПМ, Живко Грозданоски. Авторските права се нешто за што ретко се разговара, особено во книжевниот свет во Македонија, иако тие ги засегаат сите чинители во областа на ...
Бужаровски зборува за можностите што ги нуди оваа соработка, но и за политиките фокусирани на енергија, клима, социјална нееднаквост и трансформации кон одржливост Иако живее и предава на Универзитетот во Манчестер, проф. д-р Стефан Бужаровски е постојано присутен во Македонија и во целиот регион на Југоисточна Европа. Деновиве се верифицира и неговата нова „службена“ форма на соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Тој ќе биде ...
„Безбедноста на децата на интернет и менталното здравје“ е во фокусот на конференцијата што ќе се одржи денеска во 10 часот во Центарот за социјални претпријатија во Скопје. Ќе бидат претставени наодите од работата на „Ало Бушавко – телефонот за деца и млади“ (070 390 632) при Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ за 2024 година. Настанот ќе се пренесува во живо преку Фејсбук-страницата на „Меѓаши“ каде сите заинтересирани ќе може ...
Сакам да им порачам на младите и надежни илустратори и уметници да имаат трпение за академското образование во полето на уметноста и да не ја избегнуваат Академијата за ликовни уметности, бидејќи само така ќе можат да понудат квалитет и да станат квалитетни кадри – истакна Софија Семенпеева, основач на фестивалот „Литера“ Со синоќешното свечено отворање во Сули Ан, во срцето на старата скопска чаршија, започна седмото издание на Меѓународниот ...
Под мотото „Од ритам до алгоритам“, со претставување на поетите гости, вечерва во 20 часот во киното „Фросина“ во Скопје ќе биде отворено 5. издание на Скопскиот поетски фестивал. Ќе учествуваат: Аксинија Михајлова (Бугарија), Алеш Штегер (Словенија), Нихат Оздал (Турција), Весна Ацевска, Никола Маџиров, Шаип Емерлаху, Гордана Михаилова Бошнакоска. На официјалното отворање, половина час претходно во галеријата на МКЦ ќе биде отворена изложба на ...
Сликовницата „Сакам силно да ме гушнеш“ од авторката Катерина Димова и илустраторката Анастасија Јованова ќе биде промовирана денеска во 18 часот во Сули ан во Скопје. Промоцијата на ова ново дело посветено на децата е во рамките на Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“, што беше отворен синоќа со изложба на дела од доајенот Ордан Манески, но и на современа илустрација на македонски автори. Сликовницата ќе ја промовира ...
На Античкиот театар ќе приредиме исклучително музичко-визуелно доживување со импресивни видеопроекции и употреба на најсовремени визуелни технологии, најави Ѓорѓи Цуцковски Пијанистите Клер Хуангчи, Михаил Пљетњов, Лукаш Вондрачек, виолинистите Вадим Глузман и Џек Либек, виолончелистот Даниел Мулер Шот и легендарната кастањети-уметница Лучера Тено во дует со харфистот Хавиер де Маестре се дел од реномираните уметници што ќе ги види македонската ...
Фестивалот ќе биде отворен на Меѓународниот ден на танцот, 29 Април во Македонскиот народен театар На Меѓународниот ден на танцот, 29 Април ќе почне 21. издание на Танц фест – Скопје. Фестивалот ќе биде отворен во Македонскиот народен театар во 20 часот, со читање на пораката од Адријана Данчевска-Ровчанин, авторка на домашната порака по повод Меѓународниот ден на танцот. Традиционално ќе биде врачена наградата „Менада“ која годинава ја доби ...
Во Уметничката галерија „Амам“ во Гевгелија, вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Визии – Глава полна со луѓе“ на доајенот на македонското сликарство, Родољуб Анастасов. Ќе бидат претставени 20-ина портрети од серијата цртежи изработени во техника молив. Куратор на изложбата ќе биде Јасминка Намичева, автор на неформалната мрежа на музеи „МузеумЛинк“. Серијата цртежи се пресврт во неговото уметничко творештво. Цртежите се работени ...
Националната и универзитетска библиотеката „Св. Климент Охридски“ – Скопје и оваа година традициoнално ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право прогласен од УНЕСКО во 1995 година. Денеска во 13 часот во НУБ ќе се одржи пригоден настан. Овој датум се одбележува во целиот свет на 23 април, секоја година како симболичен датум во светската книжевност бидејќи токму овој ден е поврзан со брилијантните личности на пишаниот збор како ...
Во Даут-пашиниот амам во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена јубилејната изложба „90 години од раѓањето на Стефан Маневски (1934 – 1997)“. Маневски се смета за еден од најинвентивните македонски скулптори, еа неговото творештво е особено важно за еволуцијата на македонската скулптура. Изложбата е дел од мисијата на Националната галерија да ги чува и презентира најсеопфатно можно достигнувањата на најзначајните македонски уметници. ...
Ана Анастасова од Педагошкиот факултет – Битола освои прво место, Теодора Христовска, студентка од Економскиот факултет од Прилеп освои второ место, а Дарко Трпковски од Правниот факултет – Кичево освои трето место на традиционалниот натпревар во ораторство – УКЛО Тривиум 2025, што беше организиран денеска на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. За најдобрите говорници одлучи тричлената комисија, составена од: проф. д-р Билјана ...