Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица. По завршувањето на расправата, од вкупно 77 пратеници што гласаа, 58 беа против, а 19 ја поддржаа интерпелацијата. Образложувајќи ја иницијативата, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, оцени дека безбедносната состојба во државата е незадоволителна и го обвини Министерството за внатрешни работи дека не спроведува ...

Државните институции отсега ќе ја имаат на располагање и Националната платформа за вештачка интелигенција наречена „Везилка“. Со овој проект, Македонија станува дел од европската мрежа на центри за вештачка интелигенција и добива пристап до најсовремената инфраструктура за развој на вештачка интелигенција, европските суперкомпјутери и нови можности за истражување и иновации. „Како Универзитет имаме јасна одговорност да создадеме услови за ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со еврокомесарот за здравство, Оливер Вархеј, денеска во Брисел го потпишаа договорот за учество на Република Северна Македонија во програмата EU4Health, најголемата програма на Европската Унија во областа на здравството. На свеченото потпишување, министерот Алиу истакна дека пристапувањето кон EU4Health претставува значаен чекор во европската интеграција на македонското здравство и потврда дека ...

И покрај тоа што учебната година заврши со голем недостиг на учебници, министерката за образование Весна Јаневска ги оценува како успешни двете години од нејзиниот мандат, истакнувајќи дека се реализирани бројни реформи во образованието и дека учебниците биле обезбедени и дистрибуирани на време. Две недели по почетокот на учебната 2025/2026 година, учениците се жалеа дека учат со земање белешки од табла и фотографирање на наставата. „Јас сум ...

Во МНР вчера бил повикан бугарскиот амбасадор од кого било побарано објаснување и темелна истрага за објавувањето на дипломатската нота во јавноста за патување во Пампорово на сопругата и синот на премиерот Христијан Мицкоски. Ова го потврди министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски. -Очекуваме, не само објаснување, туку една темелна истрага како е дојдено до оваа ситуација, бидејќи и согласно меѓународното право вакво нешто е ...

Злоупотреби на функцијата, партиски вработувања, селективни апсења и истраги, ова е само дел од образложението за поднесената интерпелација за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во текот на денот жестоки напади на негова адреса во законодавниот дом, од страна на опозициските пратеници, пред се оние од Левица, кои се подносители на интерпелацијата. -Баџанакот ваш, значи на жената, сестра, мажот, стана доцент на факултетот за ...

Градот Скопје ги известува граѓаните дека претстојниов викенд, односно на 27.06.2026 година (сабота) и на 28.06.2026 година (недела), во раните утрински часови ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите ...

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека голем дел од корисниците на вториот пензиски столб ќе бидат разочарани и нема да бидат задоволни од тоа што ќе го видат на своите сметки, исплашила и разочарала многу граѓани кои реагирале до опозициската СДСМ. Лидерот на партијата, Венко Филипче прашува- што точно се крие зад изјавата на премиерот, кој кажал и дека жал му било што вториот столб воопшто бил воведен. -Се поставува прашањето дали ...

Пожарникарските служби и надлежните институции и денеска интервенираат на повеќе локации низ државата поради пожари на отворен простор. Според последните информации, заклучно со 14:30 часот биле регистрирани вкупно шест пожари, од кои три сè уште се активни. Активни пожари во моментов има во Општина Демир Хисар, кај селото Обедник, каде што гори ниска вегетација, во Куманово во населбата Перо Чучо, каде што огнот зафатил бандери и дрвја, како ...

Министерството за европски прашања беше домаќин на состанокот на високо ниво со кој започна Мониторинг мисијата на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) во Македонија, со учество на претставници на Европската комисија, Делегацијата на Европската Унија, меѓународните финансиски институции, ресорните министерства и институциите задолжени за спроведување на проектите. Во своето воведно обраќање, Првиот заменик-претседател на Владата и ...

Струга денеска го отвора патот на стихот и поетската мисла со почетокот на јубилејното 65-то издание на меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“. Традиционалниот фестивал и оваа година ќе собере поети, писатели и љубители на литературата од Македонија и од целиот свет. Програмата започнува во 10 часот во Паркот на поезијата, каде што ќе се одржи традиционалното садење дрвце и поетско читање посветено на годинашната ...

Mинистерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска го претстави напредокот во реализацијата на клучни проекти од областа на животната средина, пред членовите на мониторинг мисијата на WBIF (Инвестициската рамка за Западен Балкан). Во секторот води, министерот ја истакна изградбата на Пречистителната станица за отпадни води во Скопје, како најголем еколошки инфраструктурен проект во државата, поддржан од Европската ...

Надворешната задолженост на Македонија бележи значителен раст во првите три месеци од годинава. Новите податоци покажуваат дека обврските кон странство се зголемиле за повеќе од 740 милиони евра, при што клучен фактор за зголемувањето е државното задолжување преку издавањето на нова еврообврзница. Според статистиката на Народната банка, бруто надворешниот долг на крајот од март достигнал 12,94 милијарди евра, што претставува 70,5 проценти од ...

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска разменија остри обвинувања, отворајќи две различни теми поврзани со односите со Бугарија и транспарентноста на носителите на јавни функции. Од ВМРО-ДПМНЕ го обвинија лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека е подготвен на нови отстапки во однос на бугарските барања со цел да дојде на власт. Според партијата, Филипче не реагира доволно остро на пораките што, како што наведуваат, доаѓаат од официјална Софија и се ...

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ПИОМ) уверува дека пензионерите немаат причина за загриженост по објавувањето на конечниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на институцијата во 2024 година. Од Фондот порачуваат дека исплатата на пензиите продолжува редовно, а здравствените права на пензионерите остануваат целосно обезбедени. Во реакцијата се нагласува дека финансиската стабилност на Фондот не е ...

Групната фаза на Светското првенство влегува во својата завршница, а третото коло ќе ги даде одговорите на сите дилеми околу пласманот во нокаут-фазата. На програмата се шест натпревари во групите А, Б и Ц, по кои ќе бидат познати сите учесници во шеснаесетфиналето и конечниот распоред на елиминациските дуели. Особено возбудливо се очекува да биде во групата Б, каде што репрезентацијата на Босна и Херцеговина ќе мора да атакува на победа ...

На 23.06.2026 во 17:35 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.У.(43) од Скопје, лице со здравствени проблеми, постапувајќи по претходна пријава дека во с.Горно Оризари, скопско, предизвикал пожар во плевна со сено. Нема повредени лица, а Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривични пријави против пет физички лица: Б.Г., Г.Ф. во својство на надзорни инженери, и Е.Н., М.Г. и Н.М., сопственици и управители на две правни лица, како и против самите правни лица, за сторени кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл. 353 од КЗ на РСМ, ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа прес-конференција по повод две години од мандатот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на која ги презентираше клучните резултати и активности реализирани во изминатиот период. „Во изминатите две години работевме со јасна визија, јасни приоритети и една цел – посилна меѓународна позиција на државата, посилни партнерства и конкретни ...

Во Европа постои голема зависност од странската технологија, но граѓаните сè повеќе сакаат алтернативи кои се под контрола на Европската Унија. Прашањето е колку Европејците се подготвени да ја платат цената за дигитален суверенитет? Околу 80 отсто од дигиталната инфраструктура и технологијата во Европа доаѓа од земји надвор од ЕУ. Дигиталниот пазар е доминиран од американски гиганти како Google, Microsoft и Apple, како и од кинески компании ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ги критикуваше „големите нафтени компании“ затоа што не ги намалуваат цените за потрошувачите, иако трошоците за набавка на нафта значително се намалиле. Тој ги обвини компаниите дека ги оштетуваат потрошувачите со превисоки цени, му нареди на Министерството за правда да ја истражи актуелната практика и побара цените на горивата во земјата брзо да почнат да паѓаат. Трамп ја упати критиката во објава на ...

Во Велика Британија е на сила црвено предупредување поради екстремно високите температури, а метеоролозите предупредуваат дека во следните два дена температурите би можеле да ги достигнат или надминат историските рекорди. Се очекува температурите во одделни делови од земјата да достигнат над 30 степени Целзиусови, со можност да се приближат до 40 степени, што би било блиску до националниот рекорд од 40,3 степени, измерен во 2022 година во ...

Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска во изминатите 10 месеци реализираа донации и проекти во вредност од над 300.000 евра, насочени кон поддршка на ранливите категории граѓани, со особен фокус на лицата со попреченост, лицата со аутизам, пациентите и младите. Преку бројни активности, инфраструктурни проекти, донации и поддршка на институции и организации низ целата држава, Зегин и Фондацијата поставуваат нов модел на ...

Халкбанк АД Скопје, НУ Завод и Музеј – Битола и Военото аташе при Амбасадата на Република Турција во С.Македонија вчера потпишаа Протокол за соработка со кој започнува реализацијата на проектот за уредување и ревитализација на Лапидариумот во комплексот на НУ Завод и Музеј – Битола. Протоколот го потпишаа Фатих Шахбаз, Главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје, Ондер Арикан, Капетан и Воено аташе при Амбасадата на Република Турција во С. ...

Актерката Јелена Јованова ќе се појави како блузичката Лефти во анимираниот краток филм “Лефти и Рајти си најдоа дом”, направен според познатите сликовници со овие ликови. Анимираниот филм за деца за неа претставува возбуда, бидејќи и самата е мајка на две дечиња со кои постојано читаат сликовници и гледаат интересни цртани филмови, посочуваат продуцентите на филмот. “Анимиран македонски филм за деца е реткост, а да се биде дел од такво дело ...

САД и Иран во несогласување околу нуклеарните инспекции и замрзнатите средства во договорот за завршување на војната Претседателот на САД, Доналд Трамп во вторникот изјави дека Иран се согласил на нуклеарни инспекции „засекогаш“, додека Техеран соопшти дека не направил таква отстапка во преговорите, отворајќи прашања за одржливоста на нивниот кревок мировен договор. Двете земји, кои ја завршија првата рунда преговори во Швајцарија во ...

Работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски ќе биде предмет на собраниската расправа закажана за денес, по интерпелацијата поднесена од опозициската партија Левица. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, завчера информираше дека ја закажал расправата за во среда и посочи дека пратениците ќе дебатираат за наводите изнесени во интерпелацијата поднесена во мај годинава. Во интерпелацијата, од Левица го обвинуваат Тошковски за, ...

Овен Денот ви носи зголемена енергија и желба за нови предизвици. На работното место ќе имате можност да покажете лидерски способности. Во љубовта, избегнувајте импулсивни реакции. Бик Фокусирајте се на финансиските прашања и планирањето на идните трошоци. Можно е пријатно изненадување од блиска личност. Вечерта е идеална за одмор и релаксација. Близнаци Комуникацијата ќе биде вашата најсилна страна. Новите контакти можат да донесат интересни ...

Под влијание на циклонска активност од југоисток утре ќе имаме нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје времето ќе биде нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информирало Владата за пресудата на Вишиот управен суд со која се поништува одлуката за престанок на важноста на спојувањето на концесиите за рудникот „Иловица“. Со пресудата повторно стапува во сила одлуката за спојување на концесиите за експлоатација на минерални суровини на локалитетите во општините Босилово и Ново Село. Од Владата велат дека станува збор за конечна судска ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
77%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
3.01
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
67%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.35
78%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35