По повод двегодишниот мандат на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, опозицискиот СДСМ упати серија критики за работата на Министерството за внатрешни работи, додека од МВР презентираа отчет во кој наведуваат дека се постигнати значајни резултати во борбата против криминалот и во спроведувањето на реформите. Од СДСМ оценија дека во изминатите две години дошло до влошување на безбедносната состојба, зголемена партизација на ...

Возбудувањата на Светското првенство продолжуваат со шест натпревари кои ќе се одиграат вечерва и по полноќ. Од 23:00 часот ќе се сретнат Панама – Англија и Хрватска – Гана. По полноќ, од 01:30 часот, на програмата се дуелите Колумбија – Португалија и ДР Конго – Узбекистан. Љубителите на фудбалот ги очекуваат интересни пресметки во борбата за пласман во нокаут-фазата, а сите натпревари би можеле да имаат големо влијание врз конечниот распоред ...

Во потег кој привлече внимание кај македонската јавност, грчката општина Касандра на првиот крак од Халкидики објави официјално известување на три јазици – грчки, англиски и македонски. Со ова локалните власти директно им се обратија на бројните туристи од Македонија кои традиционално летуваат во овој дел на Грција. Известувањето се однесува на спроведувањето на новиот Закон 5092/2024, со кој грчките власти воведуваат построги правила за ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска презентираше отчет за двегодишната работа на Министерството, истакнувајќи дека институцијата од мала канцеларија со бројни наследени проблеми прераснала во функционално министерство кое обезбедува конкретни резултати за граѓаните. Според Андоновски, Министерството започнало со работа во субстандардни услови, со дезорганизиран систем, блокирани проекти и бројни судски постапки, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп претстави ограничено издание на нов американски пасош со негов портрет, издаден по повод 250-годишнината од Декларацијата за независност на САД. „Новиот пасош на Соединетите Американски Држави, кој порачува: „Добредојдовте, но однесувајте се пристојно!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушал“. На објавената фотографија претседателот е прикажан со сериозен израз, потпрен на работната маса, ...

Близу 6.000 лица во Хрватска побарале лекување за зависност од дрога во текот на 2025 година, при што опиоидната зависност останува најчеста причина за терапија, иако се бележи пораст на случаи поврзани со други психоактивни супстанции, соопшти Хина. Според податоците на Хрватскиот завод за јавно здравје, вкупно 5.904 лица беа вклучени во програми за лекување минатата година. Околу 4.500 лица се лекуваа од зависност од опиоиди, додека 1.415 ...

На социјалните мрежи со огромна брзина се шири вирална теорија која наводно го открива идниот победник на Светското првенство во фудбал. Имено, тикток-креаторката Пејџ тврди дека го пронашла тајниот клуч за предвидување на новиот светски шампион, а одговорот, според неа, цело време лежел во официјалното лого на Мундијалот. Светското првенство, кое оваа година се одржува во Мексико, Канада и САД, веќе е во полн ек, а додека се ближи крајот на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го презентираше отчетот за работата на Министерството за внатрешни работи во изминатите две години, истакнувајќи дека од самиот почеток на мандатот била поставена јасна определба – законот да важи подеднакво за сите и да се изгради поефикасно, попрофесионално и помодерно Министерство. Презентирајќи ги резултатите од работењето, министерот Тошковски нагласи дека Македонија денес го бележи ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, на панел-дискусијата посветена на органодарителството што се одржа во Гостивар, ги презентираше системските мерки и политики што се спроведуваат за унапредување на органодарителството во земјата. „Постојат теми кои не бараат само политика, туку и човечност, доверба и морална зрелост на општеството. Органодарителството е токму таква тема, која го отвора едно од најдлабоките прашања што нашето општество може ...

Војската на САД соопшти дека во петокот извршила напади врз цели во Иран како одговор на нападот на Техеран врз трговски бродови во Ормускиот Теснец. Овие нови случувања претставуваат закана за кревкиот прекин на огнот постигнат меѓу Вашингтон и Техеран пред неколку дена. „Силите на Централната команда на САД (CENTCOM) извршија напади врз Иран на 26 јуни како силен одговор на вчерашниот напад врз трговски брод кој минувал низ Ормутскиот ...

Меѓународна морска биолошка експедиција во меѓународните води крај брегот на Бразил откри дури 31 нов морски вид за само две недели, што според научниците може да претставува едно од најбрзите откривања на нови организми во толку краток временски период. Во истражувањето учествувале околу 20 научници од САД, Австралија, Бразил и Јапонија, кои работеле на истражувачкиот брод „Falkor (too)“, управуван од Институтот „Schmidt Ocean“, во соработка ...

„Поетски портрет“ на добитничката на „Златен венец“, холандската поетеса Анеке Брасинга, ќе се одржи денес традиционално во црквата „Света Софија“ во Охрид. Публиката ќе има можност одблиску да се запознае со творечкиот опус на лауреатката, чие поетско дело зазема значајно место во современата светска книжевност. Љубителите на пишаниот збор ќе имаат можност да присуствуваат и на традиционалното„Поетско кафе“ со добитничката на највисокото ...

Спасувачките тимовии и жителите на Венецуела во петокот се тркаа очајнички со времето во обидите да пронајдат преживеани, додека бројот на жртви од двата силни земјотреси се искачи над 900, а странската помош и спасувачки екипи почнаа да пристигнуваат во разурнатите области речиси два дена по потресите. Владата соопшти дека 172 лица остануваат затрупани, 920 загинале, а 3.360 се повредени откако земјотресите во средата вечерта уништија делови ...

Доцна синоќа, беше пронајдена исчезнатата 77 годишна Божа Каракушева, јавија членови на семејството. Каракушева, која боледува од деменција, исчезна вчера околу 08:30 часот, кога излегла од нејзиниот дом во Орешани. Последен пат била забележана во околината на Драчево, кај локалитетот Три Круши. Семејството изрази благодарност до ТВ21 и сите кои помогнаа во потрагата. Доцна синоќа, беше пронајдена исчезнатата 77 годишна Божа Каракушева, ...

Летото е тука, а со него и сезоната на дињите, омиленото освежително овошје на многу луѓе. Без разлика дали се јадат сами, во овошна салата или со прошуто, дињите се суштински дел од летното мени. Но, препораките за безбедност на храната предупредуваат за еден чекор што многу луѓе го прескокнуваат – дињата треба темелно да се измие пред сечење, иако не ја јадеме нејзината кора. Адвокатот за безбедност на храната, Бил Марлер, со години ...

♈ Овен Денот ви носи нова енергија и мотивација. Ќе успеете да завршите обврска што долго време ја одложувавте. Во љубовта, искрен разговор ќе ги расчисти недоразбирањата. ♉ Бик Фокусирајте се на финансиските прашања и избегнувајте непланирани трошоци. На работното место е можно да добиете признание за вашиот труд. Вечерта е идеална за одмор со семејството. ♊ Близнаци Вашата комуникативност ќе ви отвори нови можности. Можно е интересно ...

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната ...

Бројот на жртви од земјотресите се искачи на 920, изјави Хорхе Родригез, претседател на Националното собрание на Венецуела. Околу 50.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати. Според најновите бројки од венецуелските власти, бројот на повредени во катастрофата се искачи на 3.360. Претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез, изјави дека дополнителни 4.000 луѓе се раселени. Владата претходно потврди дека 920 лица загинале. Од друга ...

Македонија во последните години направи значителен исчекор во енергетската транзиција и денес е препознаена како една од најамбициозните земји во Западен Балкан во процесот на декарбонизација и развој на обновливите извори на енергија. Ова го истакна Олимпија Христова Заевска, експерт за зелени финансии, во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21. Таа нагласи дека амбициозните национални цели за намалување на емисиите на стакленички гасови и преминот ...

Повеќе од 580 лица загинаа, а речиси 3.000 се повредени во двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела, а меѓу најпотресните приказни е онаа за мајка која го жртвувала сопствениот живот за да ја спаси својата едногодишна ќерка. Станува збор за Андреа, сопруга на венецуелскиот фудбалер Хектор Бело, која загинала кога зградата во која се наоѓала се урнала за време на земјотресот. Според локалните медиуми, во последните моменти таа ја ...

Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Градско од 19:50 часот се одвива наизменично по една коловозна лента, информира ЈП „Македонија пат“. Сообраќајот на патниот правец Прилеп–Градско, кај селото Ореовец, од 17:55 часот беше во целосен прекин за сите видови возила, поради превртено товарно моторно возило и истурен песок на коловозот. Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Градско од 19:50 часот се одвива наизменично по една коловозна лента, ...

Зелената транзиција во Македонија не е процес што ги засега само државните институции и енергетските компании, туку треба да ги вклучи и граѓаните, кои треба да станат активни учесници во производството и користењето на чистата енергија. Ова го истакна Олимпија Христова Заевска, експерт за зелени финансии, во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21. Таа објасни дека најголемите јавни енергетски компании веќе се наоѓаат во процес на трансформација. ...

Западен Балкан има потенцијал самостојно да реализира значајни енергетски и инфраструктурни проекти, но сега е потребен премин од планирање кон конкретна реализација. Ова го истакна директорот на ЗИП Институт и на Македонскиот енергетски форум (МЕФ), Агим Селами, во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21. Селами посочи дека една од клучните пораки од деветтото издание на Македонскиот енергетски форум е дека повеќе нема простор само за поставување цели ...

Македонскиот енергетски форум (МЕФ) за девет години од своето постоење прерасна од настан посветен исклучиво на енергетиката во платформа на која се отвораат прашања за економскиот развој, инвестициите, конкурентноста, безбедноста и квалитетот на животот, истакна Агим Селами, директор на ЗИП Институт и на Македонскиот енергетски форум, во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21. Селами потсети дека идејата при основањето на форумот била да се создаде ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Иран за нападот врз трговски брод во близина на брегот на Оман, оценувајќи дека станува збор за прекршување на договорениот прекин на огнот меѓу двете земји. Според Трамп, иранско беспилотно летало го погодило горниот дел од бродот, при што била предизвикана материјална штета, но пловилото успеало да го продолжи патувањето. Тој додаде дека американските сили собориле уште три ирански дронови, ...

На прашањето за денешните протести во Тетово, кои следуваат по одлуката на Уставниот суд за укинување на одлуката од 2007 година за имињата на улиците во Тетово, амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, изјави дека ЕУ ги поддржува одлуките на Уставниот суд како највисок правен орган во државата, но истовремено нагласи дека на патот кон европската интеграција од суштинско значење се и прашањата што ги засегаат етничките ...

За двата закони се гласаше посебно, а и за двата имаше посебна расправа. Законот за судска служба е изгласан со 61 глас ЗА, а 12 против, додека оној за јавнообвинителска служба доби поддршка од 62 пратеници, додека против беа 13. Двата закони поминаа без поддршка на пратениците на СДСМ, кои сметаат дека овие закони не се реформски. Двата закона, како што посочија пратениците од опозицијата, нема да обезбедат независност, непристрасност и ...

До 18:00 часот се регистрирани вкупно 7 пожари на отворен простор, од кои 2 се активни, а 5 пожари се изгаснати. Активни пожари: Општина Прилеп – место викано Маркова Чешма (ниска вегетација); Општина Василево – с. Нова Мала (ниска вегетација). Изгаснати пожари: Општина Струмица – с. Банско (депонија); Општина Штип – населба Св. Недела (ниска вегетација и борова шума); Општина Прилеп – с. Ропотово (ниска вегетација); Општина Липково – с. ...

Исчезна Божа Каракушева. Се работи за лице на возраст од 77 години. Исчезната е на ден 26.06.2026 год. околу 08:30 часот кога излегла од нејзиниот дом во Орешани. Последен пат забележана во околината на Драчево, кај локалитетот Три Круши. Лицето боледува од деменција. Доколку имате каква било информација или сте ја забележале, ве молиме веднаш контактирајте нè или пријавете во најблиската полициска станица. Телефон за контакт: 078 358 839 ...

Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови, соопштија од УХМР. Во исто време топлотен бран ја зафати и Западна Европа, пред се Франција, Германија и други држави каде температурите стигнаа и до 45 ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
76%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
68%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
65%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
0.45
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42