Од утре следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда, кои наместа ќе бидат 15 литри на квадратен метар. Како штп соопшти УХМР, процесите локално ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Од утре следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи ...

Во рамки на истрагата за случајот поврзан со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), обезбедени се уште четири лица кои претходно биле недостапни за органите на прогонот. Двајца од осомничените денеска беа изведени пред судија на претходна постапка. За едно лице е определена мерка притвор, додека за вториот осомничен се изречени мерки за обезбедување на неговото присуство во постапката. Преостанатите двајца осомничени ќе бидат изведени ...

Илјадници луѓе се собраа денес во Стоунхенџ за да ја прослават летната краткоденица, додека Велика Британија се подготвува за топлотен бран што би можел да донесе рекордно високи температури низ поголемиот дел од земјата. Метеоролошката служба соопшти дека се очекува температурите да достигнат врв од околу 35 степени Целзиусови во вторник и среда, што предизвика предупредувања за здравствените ризици, особено за ранливите групи. Британските ...

Репрезентациите на Шпанија и Саудиска Арабија денеска од 18 часот ќе го одиграат натпреварот од второто коло во Групата Х на Светското првенство 2026. Шпанците влегуваат во дуелот со императив за победа, откако во првото коло неочекувано ремизираа без голови против Зеленортските Острови. „Црвената фурија“ важи за фаворит во групата, но нов кикс би можел значително да им ги искомплицира шансите за пласман во нокаут-фазата. Од друга страна, ...

Македонски државјанин е главен осомничен за убиството на 45-годишна жена на грчкиот остров Крит, која исчезна на 30 мај, а нејзиното тело беше пронајдено утрово во близина на Ханија. Станува збор за Ставрула Левендаки од селото Агиа кај Ханија, за која на почетокот на месецов беше издадено предупредување за исчезнато лице. Последен што ја видел бил нејзиниот потстанар, македонски државјанин, кој уште од почетокот бил во фокусот на истрагата. ...

Репрезентациите на Белгија и Иран вечерва од 21 часот ќе се соочат во натпревар од второто коло во Групата Г на Светското првенство 2026, што се игра во Инглвуд, САД. По првото коло ситуацијата во групата е целосно израмнета, откако сите четири селекции освоија по еден бод. Белгија ремизираше со Египет (1-1), додека Иран одигра возбудлив натпревар против Нов Зеланд кој заврши без победник (2-2). Во пресрет на дуелот, атмосферата во иранскиот ...

Продолжуваат меѓупартиските обвинувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ околу евроинтегративниот процес и односите со Бугарија. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, обвини дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја продолжува политиката на поранешниот премиер Зоран Заев и дека е подготвен на нови отстапки во однос на бугарските барања со цел да обезбеди политичка поддршка. „Филипче денес покажува дека не е ништо поразличен од Заев, туку само ...

Францускиот премиер, Себастијан Лекорну, наредил спроведување ненајавени и задолжителни тестирања за дрога кај високи државни службеници и лица што подлежат на безбедносни проверки, јавуваат француските медиуми, повикувајќи се на циркуларно писмо испратено до министерствата. Според насоките, вработените во министерските администрации, како и лица на функции поврзани со владата, ќе треба да бидат опфатени со масовни проверки преку орални ...

На 20.06.2026 во 21:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил пронајден починат К.С.(63) од Скопје. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје. На 20.06.2026 во 21:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил ...

На 21.06.2026 во 07:50 часот во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода В.Н.(66) од Република Бугарија, постапувајќи по претходна пријава од 29-годишна жена дека околу 06:00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје ја следел и се самозадоволувал пред неа. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. На 21.06.2026 во 07:50 часот во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода В.Н.(66) од ...

Летото на северната хемисфера, вклучително и во Македонија, официјално започна денеска во 10:24 часот. Во истиот момент, на јужната полутопка започнува зимата. Со денешниот летен солстициј настапува најтоплиот годишен период, а воедно и најдолгиот ден во годината. Денот трае најдолго, додека ноќта е најкратка. Во Скопје Сонцето изгреа во 4:58 часот, а ќе зајде во 20:13 часот, што значи дека денешниот ден ќе трае 15 часа и 14 минути. Според ...

Некогаш работеше од австриската канцеларија на плоштадот Балхаусплац во Виена, импозантна владина зграда која потсетува на барокна палата. Денес, Себастијан Курц ги пречекува посетителите во модерна стаклена деловна кула во Тел Авив, која совршено се вклопува во современиот изглед на израелскиот технолошки центар. Разликата меѓу двете работни средини е огромна, но едно останува непроменето – неговата амбиција и способноста брзо да напредува ...

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ разменуваат спротивставени ставови за состојбата на економијата по две години од мандатот на Владата предводена од Христијан Мицкоски. Од СДСМ обвинуваат за пад на животниот стандард, ниски плати, зголемен јавен долг и намалени странски инвестиции, оценувајќи дека Владата не ги исполнила ветувањата за подобар живот на граѓаните. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ посочува на официјалните статистички податоци според кои ...

Француските власти донесоа ретка одлука да го забранат консумирањето алкохол на јавни места и за време на настаните од годишниот фестивал Fête de la Musique, како последица на невообичаен и разорен топлотен бран што ја зафати земјата. Кабинетот на премиерот Sébastien Lecornu нареди на сите настани организирани од државата и нејзините агенции да не се служи алкохол. Оваа одлука е дел од напорите за заштита на здравствениот систем и олеснување ...

Учениците кои не успеаја да се запишат во средно образование во првиот јунски уписен рок за учебната 2026/2027 година ќе имаат нова можност на 23 јуни, кога ќе се реализира второто електронско пријавување. Потребната документација ќе се доставува до училиштата следниот ден, на 24 јуни. Според Конкурсот на Министерството за образование и наука, ранг-листите со резултатите од запишувањето ќе бидат објавени на 25 јуни до 12 часот, на огласните ...

Утринава, на денот на летната долгодневица, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, присуствуваше на археолошкиот локалитет Кокино, каде што го следеше изгрејсонцето – редок природен и астрономски феномен што со векови го привлекува вниманието на научниците, истражувачите и посетителите. На настанот, организиран од Музејот во Куманово, покрај министерот Љутков, присуствуваа и директорката на Музејот во Куманово, Марија Живачки, ...

На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утрово слета првиот авион на „Аустриа Ерлајнс“, со што и официјално започна да функционира новата редовна авиолинија Виена – Охрид. Линијата ќе се реализира двапати неделно, секој четврток и недела, со што Охрид и охридското крајбрежје добиваат директна поврзаност со уште една европска дестинација. Воведувањето на оваа линија има огромно значење за развој на охридскиот аеродром, бидејќи аеродромот во ...

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, објави дека неговата земја за првпат реализирала извоз на воен брод во држава членка на НАТО и Европската Унија, по договорот потпишан со Романија. Изјавата беше дадена за време на церемонијата за предавање на патролниот брод „CAm. Roman“ на Романските поморски сили во Истанбул. Ердоган нагласи дека турската поморска одбранбена индустрија минува низ најинтензивниот период во историјата на ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 56-годишник подолг временски период психички и физички ја малтретирал сопругата и нивните две деца на возраст од 18 и 15 години. Иако постојано манифестирал агресивно однесување, домашните од страв не го пријавувале, се додека 15-годишната ќерка, ...

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило други полови дејствија врз 16-годишно девојче, казниво според член 186 став 7 во врска со став 5 и став 1 од Кривичниот законик. На 18 јуни, додека жртвата се движела по пешачката патека покрај реката Брегалница во Штип, осомничениот започнал да ја следи. Девојчето, чувствувајќи се непријатно, ...

Се очекува Кир Стармер во понеделник да објави дека ќе се повлече од функцијата премиер на Обединетото кралство, по силниот притисок од пратениците на Лабуристичката партија да му отстапи место на Енди Барнам да стане лидер на партијата. Премиерот и неговите сојузници со недели инсистираа дека ќе се борат против евентуален предизвик за лидерската позиција од Барнам или од кој било друг кандидат, пред дополнителните избори во Мејкерфилд, ...

Вечерва, со концертот „Аманет во свила – Звуците на Македонија од Византија до денес“, свечено ќе започне 47. издание „Скопско лето“, фестивал кој речиси пет децении претставува еден од носителите на културните настани во културата и уметноста во главниот град на земјава. Првиот концерт на овогодинешното издание почнува во 20:30 часот во НУ Музеј на македонската борба за самостојност. „Аманет во свила“ ги спојува византиското наследство, ...

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс пристигна во Швајцарија за да помогне официјално да започнат преговорите со иранските лидери за ограничување на нуклеарната програма на Техеран и за зацврстување на кревкиот привремен договор за завршување на војната во Иран, јави Асошиејтед прес. Рамката на договорот беше потпишана минатата недела, а сега водечките американски и ирански преговарачи имаат рок од 60 дена за да постигнат договор за ...

Младиот македонски музичар Петар Саркањац, дипломец на Беркли колеџот за музика во Бостон, денес на 21 јуни во Сули ан во Скопје ќе го промовира својот деби албум „Соборот на зборовите“ (Conference of Grammars), а во своето интервју за ТВ21 открива дека овој проект претставува круна на неговото досегашно творештво. На сцената ќе му се придружат вокалисти и музичари од Националната опера и балет и Македонската филхармонија. Првиот сингл од ...

Овен Љубов: Интензивно размислувате за една личност и нетрпеливо чекате причина за нова емотивна средба. Изгледате шармантно. Работа: Нема потреба да се занесувате со прекумерна доза на егзибиционизам, со цел да ја докажете вистината или супериорноста пред колегите. Здравје: Не дозволувајте некој да ве поттикнува на деструктивно однесување. Бик Љубов: Некој ќе ве задоволи со емоционално внимание или соодветен подарок. Прифатете сè што ве ...

Утре претпладне времето ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови во северозападните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...

Каналот за наводнување постои, но според земјоделците од неколку села во Полог, новиот канал го пренасочил традиционалниот тек, и како резултат на тоа, водата не може да се искачи, бидејќи нивото на каналот е околу два метра под земјиштето што треба да се наводнува. „Сега сум кај каналот, каде што, колку што знам за себе, мојот дедо, мојот татко, мојот прадедо, црпеле вода од оваа брана. Дали е логично во 21 век, со такво инженерство, да ...

Иран објави дека го затвора Ормутскиот теснец, клучниот морски премин во светот, како одговор на израелските напади во јужен Либан и наводното непочитување од страна на САД на првата точка од привремениот договор за прекин на огнот. Во исто време, додека борбите меѓу Израел и Хезболах продолжуваат, што го загрозува дипломатскиот процес, Вашингтон и Техеран испраќаат делегации во Швајцарија на преговори. Венс изјави дека Хормуз е отворен, но ...

На крајот на мандатот на ова Влада во 2028 да почнат активностите на терен, а по 7 години, до 2035 година, проектот Чебрен и Галиште да го види светлото на денот. Ова е визијата на Владата која во емисијата Бизнис 21 ја откри заменик-министерот за енергетика Мирослав Лабудовиќ. Вели ставот е тој да е македонски проект и ќе биде македонски бисер во енергетскиот сектор. А ЕСМ веќе преговара со банки за пари. Според првичните проценки би чинел ...

Морган Фримaн соработува со низа познати блуз музичари за албум што ќе се прослави 100 години блуз. Фримaн е и продуцент и наратор на проектот, насловен како „Искуството со симфониски блуз на Морган Фримaн“, кој е закажан за објавување на 7 август преку Decca Records. „Вкоренет во приказните пренесени од Западна Африка до американскиот југ, блузот стана сведоштво за непрекинатиот човечки дух, звукот на минатото и сегашноста на Америка и ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.85
92%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
70%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Калај

46.54