На 43-годишниот македонски државјанин, кој го призна убиството на 45-годишната жена на грчкиот остров Крит, денеска му е одреден притвор по заедничка одлука на истражниот судија и јавниот обвинител. Осомничениот се товари за убиство со умисла, а пред истражните органи во Ханија изјавил дека злосторството било извршено по расправија со жртвата и дека не било однапред испланирано. Според грчките медиуми, тој во својот исказ побарал прошка од ...

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ) ќе спроведе присилно административно уривање на бесправно изграден објект во старото градско јадро на Охрид, откако при вонреден инспекциски надзор било утврдено дека сопственикот не постапил по претходно донесеното решение за негово отстранување. Како што информираат од Министерството за транспорт, инспекцискиот надзор бил извршен по пријави добиени од јавноста. Државен инспектор ...

Бројот на жртви од двата последователни земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на околу 589, а нешто помалку од 3.000 се повредени, изјави во петок привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез. Таа, исто така, рече дека владата одлучила да воведе воена состојба во државата Ла Гваира по земјотресот. Родригез прогласи вонредна состојба кратко време по двата земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени, кои ја погодија земјата во ...

Бројот на загинати во катастрофалните земјотреси што ја погодија Венецуела продолжува да расте. Според најновите официјални податоци, животот го загубиле најмалку 589 лица, додека 2.980 луѓе се повредени, а спасувачките екипи и натаму неуморно трагаат по преживеани под урнатините. Вршителката на должноста претседател, Делси Родригез, соопшти дека спасувачките операции се одвиваат без прекин и дека приоритет е извлекување на сите лица кои сè ...

Министерството за култура и туризам реагира на обвинувањата од Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ), оценувајќи ги како неточни и тенденциозни тврдењата дека ресорот не седнал на преговарачка маса со синдикатите и дека не покажал интерес за решавање на спорот околу Колективниот договор за културата. Од Министерството посочуваат дека пред една година била формирана работна група со претставници од двата репрезентативни ...

Македонија го потпиша договорот за учество во европската програма EU4Health, со буџет од 4,4 милијарди евра, со што добива можност да аплицира за фондови, грантови и проекти насочени кон модернизација на здравствениот систем. Според министерот за здравство, Азир Алиу, програмата ќе го поддржи развојот на дигиталното здравство, превенцијата на болести, онкологијата, менталното здравје и зајакнувањето на капацитетите на здравствениот кадар, а ...

Штип деновиве е во знакот на музиката, уметноста и фестивалската енергија, откако започна 16. издание на Д Фестивал – најголемиот опен-ер музички фестивал во Македонија. Тридневната програма, која се одржува од 26 до 28 јуни, ги собра илјадници посетители од Македонија и регионот, како и стотици артисти кои ќе настапат на пет фестивалски сцени со повеќе од 80 концерти. Фестивалските порти официјално беа отворени во петок напладне, а годинава ...

Реконструкцијата на Владата ќе биде позната идната недела, односно по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ што треба да се одржи во вторник. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски иако претходно, прекројувањето на новиот владин кабинет се очекуваше да биде овој викенд. Дали се уште не е постигнат договор со коалициските партнери околу смената на министрите, Мицкоски, не откри. -Во вторник ќе ја имаме седницата на Извршниот ...

По историскиот пласман во главната ждрепка на Вимблдон, македонската тенисерка Лина Ѓорческа го доби својот прв противник на најпрестижниот светски тениски турнир. По трите последователни победи во квалификациите и обезбедениот настап во главниот турнир, Ѓорческа во првото коло ќе се соочи со Американката Аманда Анисимова, која е поставена за шеста носителка. Станува збор за една од најсилните противнички во ждрепката. Анисимова минатата ...

Несоодветни сместувачки услови во дел од затворите, предизвици во обезбедувањето навремена и достапна здравствена заштита, недоволна кадровска екипираност на институциите, недостиг на специјализирани обуки за дел од персоналот, ова е констатирано во извештајот на Национален превентивен механизам за 2025-та година, кој го презентираше заменик народниот правобранител Соња Трифуновска. Во извештајот се додава дека во полициските станици, и ...

Од 1 јули до 31 август се воведува забрана за движење во шумите и шумските подрачја. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кое управуваат. Забраната се воведува поради превенција и спречување на шумски пожари. За непочитување на забраната, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско ...

Собранието на денешната седница го донесе Законот за јавнообвинителска служба со што се прави значаен исчекор кон зајакнување на самостојноста, професионалноста и ефикасноста на јавното обвинителство. Новиот закон претставува суштинска реформа која воспоставува современ и функционален систем за управување со јавнообвинителската служба, усогласен со европските стандарди и реалните потреби на јавните обвинителства. Законот воведува посебен ...

Вчера напладне на улица „Питу Гули“ во Охрид, полицајци од СВР Охрид го лишиле од слобода К.Р.(79) од охридското село Коњско, соопшти МВР. „Тој, претходно, на булевар „Туристичка“ во Охрид, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода во која оштетил шест паркирани патнички возила, по што не застанал, туку продолжил да го управува возилото. По преземени мерки, тој е пронајден и при ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60) од село Волино, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, соопшти МВР. „Тој, во својство на градоначалник на општина Дебрца, свесно, со пропуштање на должен надзор и со несовесно постапување, односно без потпишан договор овозможил на неколку правни субјекти во деловна зграда сопственост на општината, на катастарска парцела во ...

Два големи пожари речиси истовремено предизвикаа сериозна тревога во Грција, зафаќајќи области на островот Крит и во централниот дел на земјата. Првиот пожар избувнал во магацин за дрва во Ираклион, во областа Агиос Јоанис Хостос, каде поради големото количество запалив материјал огнот брзо се проширил кон околните објекти. Магацинот бил целосно уништен, а оштетувања претрпеле и неколку куќи и деловни простории во близина. Поради густиот чад ...

Македонската култура и домашните уметници ќе имаат централно место во одбележувањето на 35 години независност на државата, најави портпаролката на Владата, Марија Митева. На прес-конференција, Митева информираше дека повеќе од 120 македонски уметници ќе бидат дел од голем проект посветен на јубилејот, кој, како што рече, претставува еден од најзначајните настани во рамки на прославата. „Интернационалните ѕвезди се вредни за почит, но ...

Шесте целосно реновирани хируршки сали во Клиничкиот центар во Скопје треба да бидат ставени во функција на 30 јуни, најави министерот за здравство Азир Алиу. Според него, пуштањето во употреба ќе следи откако ќе заврши процесот на верификација на протоколите за работа, кој го спроведуваат странски експерти. „Откако ќе помине верификациската постапка од странските експерти, потребни се уште три до четири дена за да се направат брисеви од ...

Извршниот директор на „Volkswagen“ (VW), Оливер Блум, планира да намали до 100.000 работни места и да го суспендира производството во четири германски фабрики, објави германскиот бизнис портал „Менаџер магазин“. Планот вклучува намалување на планираните инвестиции за околу 15 проценти, како што објави „Ројтерс“, на нешто повеќе од 130 милијарди евра (148 милијарди долари) во следните пет години. „Фолксваген“ исто така планира да го запре ...

Културата и туризмот во изминатите две години поминале низ процес на стабилизација, системски реформи и зголемени инвестиции, порача министерот за култура и туризам Зоран Љутков, презентирајќи го отчетот за работењето на Министерството. На прес-конференција во Владата, Љутков истакна дека главниот фокус бил ставен на долгорочни решенија, стратешко планирање и создавање услови овие две области повторно да имаат значајна улога во развојот на ...

Македонија официјално се приклучува кон програмата EU4Health – најголемата програма на Европската Унија во областа на здравството, со што се отвораат нови можности за финансирање на проекти, модернизација на здравствениот систем и јакнење на здравствените услуги. Министерот за здравство Азир Алиу на денешната прес-конференција информираше дека договорот за учество на државата во програмата бил потпишан во Брисел, оценувајќи дека станува збор ...

Денешната програма на Светското првенство носи шест интересни натпревари, со настап на неколку селекции кои важат за фаворити во своите групи. Првите два натпревари започнуваат во 21:00 часот, кога силите ќе ги одмерат Норвешка и Франција, додека во истиот термин ќе играат и Сенегал и Ирак. Во ноќниот термин, од 02:00 часот, на програмата се дуелите меѓу Кабо Верде и Саудиска Арабија, како и натпреварот Уругвај – Шпанија, кој се очекува да ...

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска разменија остри политички обвинувања, при што владејачката партија го обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека молчи за, како што наведуваат, дипломатскиот скандал со Бугарија, додека опозициската партија возврати со тврдења дека во Владата владеат несогласувања и борба за позиции. Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат по објавувањето на доверлива дипломатска комуникација од страна на бугарското Министерство за надворешни ...

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) соопшти дека поднел претставка до Меѓународната организација на трудот (МОТ), оценувајќи дека биле исцрпени сите можности за мирно решавање на спорот околу Колективниот договор за култура. Од СКРМ велат дека на овој чекор се одлучиле откако, како што наведуваат, повеќе од една година немало суштински дијалог со Министерството за култура и туризам, а паралелно се води и постапка пред ...

Тони Наумовски е овогодинешниот добитник на престижната награда „Мето Јовановски“ за високо уметничко достигнување во уметноста на филмот за 2026 година, на петтото јубилејно издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ во Дојран. -Секое признание значи, исполнува, мотивира, обрзува и е привилегија посебно кога тоа признание доаѓа од дома. Мето Јовановски е голем мајстор кој што играше во лига на светски шампиони. За ...

Македонија денеска влегува во нов бран на високи температури, а синоптичарите најавуваат вистински тропски ден со жештини кои на одделни места ќе достигнат и до 37 степени. Топлата воздушна маса што се движи од Западна Европа кон Балканот ќе го зафати целиот регион, носејќи значително потопло време. Поради очекуваните високи температури, надлежните активираа портокалов и жолт метеоаларм, предупредувајќи на потенцијални ризици, особено за ...

Министерството за образование и наука го распиша Конкурсот за доделување на стипендиите „Борис Трајковски“ за студии од втор циклус во рамки на Пан-европската извршна МБА програма на Универзитетот Јорк за академската 2026/2027 година. Конкурсот предвидува 20 стипендии за вонредни двегодишни студии со двојна диплома од Универзитетот Јорк и Универзитетот во Стразбур, кои се реализираат на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк во Солун, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео од најновите напади на украинските сили врз цели на руска територија, оценувајќи дека станува збор за прецизен одговор на, како што наведе, продолжувањето на војната и нападите врз украинските градови. „Нашите операции со долг дострел се доследен и прецизен одговор на тоа што Русија ја одолговлекува војната и продолжува да ги напаѓа украинските градови и населени места“, напиша Зеленски. ...

Венецуела и натаму се соочува со последиците од двата силни земјотреси што ја погодија земјата, додека спасувачките екипи непрекинато ги пребаруваат урнатините во обид да пронајдат преживеани. Билансот на жртвите продолжува да расте, а властите предупредуваат дека бројот може дополнително да се зголеми. Според последните информации, најмалку 235 лица загинале, а околу 4.300 се повредени во разорните потреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени ...

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, кој оваа недела престојуваше во земјите од Персискиот Залив, ја бранеше воената кампања на Израел во Либан, опишувајќи ги постапките на Израел како оправдан одговор на нападите на Хезболах. Запрашан за критиките на Венс, Рубио избегна директен одговор, а потоа потсети на нападот што милитантната група со седиште во Либан го изврши врз израелски контролен пункт претходно во неделата. Овој контраст ...

♈ Овен Денот ви носи нова енергија и желба за акција. На работното место ќе добиете можност да покажете што знаете, а вашата иницијатива ќе биде забележана. Во љубовта, искрен разговор ќе ги расчисти недоразбирањата. ♉ Бик Фокусирајте се на финансиските прашања и избегнувајте непотребни трошоци. Можно е да добиете интересна деловна понуда. Емотивниот живот е стабилен, а вечерта е идеална за дружење со блиските. ♊ Близнаци Ќе бидете полни со ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
76%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
68%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
65%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
0.45
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Цинк

3.76