Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Измените на Изборниот законик повторно предизвикаа остра политичка пресметка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, при што двете партии меѓусебно се обвинуваат за блокирање на процесот и за обиди за политички профит. Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека СДСМ, Левица и ДУИ не сакаат државата да ги реализира реформските процеси и намерно го блокираат донесувањето на Изборниот законик. Според партијата, претставниците на опозицијата учествувале во подготовката на ...
ОВЕН Имате можност својата кариера да ја пренасочите кон она што сакате да го работите. Но сѐ уште имате константни трошоци, парите бргу ви одат. Но ова влијание е добро поставено, така да очекувајте и истовремен прилив на пари. Влегувате во неверојатно поволен период за љубов, ви се враќаат сликите на некогаш прекрасно поминатите доживувања. Токму тоа чувство ви ја враќа силата, подобро да се организирате самите и да ја пронајдете среќата. ...
Шпанската фудбалска репрезентација денеска треба да се врати во Мадрид, каде што се очекува околу еден милион навивачи да ги пречекаат новите светски шампиони, по големото славје што во текот на ноќта ја зафати целата земја. Шпанија во неделата, во финалето на Светското првенство во Ист Радерфорд, ја совлада Аргентина со 1:0 и ја освои својата втора светска титула. Претходно, „црвената фурија“ го крена трофејот во 2010 година во Јужна Африка. ...
Властите во Демократска Република Конго доцна во неделата соопштија дека бројот на потврдени случаи на ебола во земјата се зголемил на 2.344, од кои 930 завршиле со смртен исход. Одговорот на властите во Конго на епидемијата на ебола е отежнат поради недостигот од центри за лекување, како и отпорот на локалните заедници кон воведувањето строги хигиенски мерки, пренесува Ројтерс. Извршниот директор на Програмата за вонредни здравствени ...
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и ...
Три лица биле пронајдени починати во превртено возило „Мерцедес“ кое било пронајдено на патот Блаце – Скопје. Станува збор за едно машко и две женски лица, откако претходно граѓанин на Косово ги пријавил за исчезнати. „На 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот ГП Блаце-Скопје има превртено возило “мерцедес” со германски национални ознаки. Веднаш се упатени полициски службеници на местото на настанот и утврдено е ...
Шпанија ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство со 1-0, и така го симна од тронот. „Фуријата“ требаше да слави и во регуларниот дел, но тоа го стори дури на почетокот на второто продолжение. Шпанците доминираа во текот на целиот натпревар, и во продолженијата, со исклучок кога постигнаа водечки гол, Аргентинците ја презедоа иницијативата и имаа супер прилика да дојдат до израмнување, но до него не дојдоа. Шпанија два пати ...
Дали планетата ќе добие нов фудбалски владетел или светскиот трофеј ќе остане во рацете на актуелниот шампион? Одговорот пристигнува вечерва од 21:00 часот, кога во епско финале ќе се судрат европскиот првак Шпанија и бранителот на светската круна, Аргентина. Предводени од Лионел Меси, „гаучосите“ бркаат историја – сакаат да станат дури третата репрезентација во историјата која успеала да ја одбрани титулата. За Меси, ова е последна и ...
Претседателот Володимир Зеленски во говорот во неделата објави дека очекува „клучни разговори“ во понеделник за стратегија за завршување на војната под услови прифатливи за Украина. Соопштението доаѓа по викендот обележан со обемни консултации со искусни воени команданти, вклучувајќи ги Михаило Драпати, Володимир Хорбатјук и Олех Апостол, за да се процени ситуацијата на фронтот и идните воени операции. Во своето вечерно видео обраќање во ...
Центарот за јавно здравје – Тетово, Одделението за епидемиологија во Гостивар, прогласи епидемија на подрачјето на Општина Гостивар поради нагло зголемениот број на заболени од гастроентеритис и надминување на епидемиолошкиот праг на неделно ниво. Епидемиологот Зорица Зафировска информираше дека во изминатиот период значително е зголемен бројот на пациенти кои побарале лекарска помош. „На Инфективното одделение се прегледани 204 пациенти, од ...
Од Владата брифираат дека од првиот момент е во постојана координација со сите надлежни институции и внимателно ја следи состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, каде изминатите денови повеќе од илјада граѓани побараа лекарска помош поради стомачни тегоби. Како интервентна мерка, Владата донела одлука од денеска и во наредните неколку дена да обезбедува по 50.000 литри бесплатна вода за пиење дневно за жителите на Гостивар, со цел да се ...
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска повика надлежните институции темелно да го истражат случајот со труењето на повеќе од 1.200 жители на Гостивар. Од партијата посочуваат дека одговорноста ја лоцираат кај локалната власт во Општина Гостивар, составена од СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари. „Очекуваме случајот целосно да биде расчистен и секој што со своите постапки го довел во опасност здравјето на граѓаните да одговара согласно закон. Според ...
На територијата на општина Гостивар наскоро ќе биде прогласена епидемија на заразна болест, потврди раководителот на Одделот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје, д-р Драган Кочински. Според неговите изјави, во комуникација со Центарот за јавно здравје од Тетово денеска ќе се донесе и официјалната одлука за пријавување на епидемијата, што ќе овозможи подобра комуникација и координација на сите надлежни институции во справувањето ...
Почина 70-годишен жител на Струмица. Според пријавата, тој се здобил со повреди при пожар во неговиот дом во Струмица, од каде бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Пожарот бил три дена пред да се здобие со повредите. „На 18.07.2026 во СВР Скопје од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека во 19:30 часот во Ургентниот центар починал В.Т. (70) од Струмица, кој, според пријавеното, бил примен со повреди здобиени ...
Во првата половина од 2026 година, Македонската берза оствари 2,12 милијарди денари промет преку класично тргување, (34,5 милиони евра. Но, според извештајот на полугодието, активноста на пазарот е значително намалена – прометот е за 31,34% понизок во споредба со истиот период минатата година. Во периодот јануари–јуни 2026 година биле реализирани 8.641 трансакции, што претставува пад од 25,66% во однос на првите шест месеци од 2025 година. ...
Најголемите социјални мрежи на технолошкиот гигант „Мета“, Фејсбук и Инстаграм, утрово се соочија со глобален проблем, односно имаа прекин во работата, оставајќи милиони корисници низ светот без можност за пристап. Техничките проблеми ненадејно почнаа во 10 часот по македонско време, а корисниците во Македонија не можеа да се вклучат во десктоп верзијата, додека на мобилните апликации немаа проблем. Според статистиката на Ројтерс, пријавите ...
На 18.07.2026 во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода С.Б.(21) и Е.А.(33), двајцата од Скопје, затоа што при извршен претрес од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во нивните домови, по добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени 58 кесички со бела прашкаста материја и дигитална вага. На 18.07.2026 ...
Овен Ќе имате многу енергија и желба да завршите повеќе обврски одеднаш. Внимавајте да не избрзувате со одлуки. Во љубовта ве очекува искрен разговор кој може да расчисти недоразбирања. Бик Денот носи можност за стабилизирање на некоја важна ситуација. Бидете трпеливи и не дозволувајте туѓите мислења да влијаат врз вашите планови. Финансиски, можно е мало подобрување. Близнаци Ќе бидете комуникативни и полни со идеи. Добар ден е за разговори, ...
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ...
Најмалку осум лица загинаа денеска во експлозија во нелегална фабрика за огномет во северозападниот дел на Индија, соопштија локалните власти. Експлозијата била толку силна што се слушнала на оддалеченост од пет километри, пренесува порталот India TV, наведувајќи дека поради силината на детонацијата била предизвикана голема материјална штета на објектот. Повредените итно биле пренесени во најблиските болници за да им биде укажана лекарска ...
Последниот извештај е еден од најдобрите досега, коментираше премиерот Христијан Мицкоски по најновиот извештај на Европската комисија за владеењето на правото во кој се наведени забелешки во однос на независноста на судството. Премиерот Мицкоски вели – да има критики но јас нема да престанам да коментирам за состојбите, колку сака извештаи нека се објавуваат. Во делот на забелешките наведени во извештајот дека треба да им се даде поголем ...
Бројот на ученици и студенти сместени во домовите за основно, средно образование и студентските домови во учебната/академската 2025/2026 година достигнал 5.232 лица, што претставува зголемување од 7 проценти во однос на претходната 2024/2025 година, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Во текот на 2025/2026 година, во земјава функционирале 9 студентски домови и 19 ученички домови за ученици од основните, средните и средните верски ...
Се приближува расплетот на истрагата за масовните стомачни тегоби кај жителите на Гостивар, а надлежните институции наскоро треба да ги соопштат причините за случајот и евентуалната одговорност, најави премиерот Христијан Мицкоски. При денешната посета на Општина Дебарца, Мицкоски информираше дека сите надлежни институции се активно вклучени во расчистувањето на случајот, при што се вршат анализи на земените мостри, вклучително и од водата, а ...
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) соопшти дека нивни екипи веднаш излегле на терен по добиено барање од Јавното обвинителство, со цел да земат примероци за микробиолошки и физичко-хемиски анализи. Оваа реакција следува по алармантното известување од Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар за нагло зголемен број на пациенти со гастроинтестинални проблеми. Како што наведуваат од Институтот, екипите се вратиле од терен во раните утрински ...
Глобалните тензии на Блискиот Исток повторно се очекува да се одразат врз цените на горивата, а Владата најавува мерки за ублажување на ударот врз граѓаните преку намалување на акцизите. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека по последната ескалација во Персискиот Залив, каде повторно се заостри конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, се очекува зголемување на цените на нафтените деривати. „Немаме направено калкулација за покачувањата, но ќе ...
Охридскиот аеродром наскоро ќе добие целосно нов изглед и зголемени капацитети, откако реконструкцијата на објектите се приближува кон финалната фаза. Завршувањето на градежните активности се очекува до крајот на летото, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. При денешната работна посета во Дебрца, Николоски информираше дека паралелно се реализираат четири проекти на аеродромот, со степен на реализација меѓу 80 и ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека градот веднаш реагирал и ќе испрати цистерни со питка вода за жителите на Гостивар, со цел да се обезбеди безбедно снабдување додека траат анализите и испитувањата. „Во вакви моменти нема место за чекање – потребни се брза реакција, човечност и солидарност“, порача Ѓорѓиевски. Тој, во својство на претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), упати апел до ...
Здравствените институции продолжуваат со испитувањата за причината за зголемениот број граѓани со стомачни тегоби во Гостивар, откако повеќе од 1.000 лица во изминатите денови побарале медицинска помош. Министерот за здравство Сашо Клековски денеска ја посети Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар, каде се сретна со пациентите, медицинскиот персонал и раководството на установата. По посетата информираше дека најголемиот број случаи ...
Четворица вработени на аеродромот во Франкфурт заболеле од маларија, а германскиот Институт „Роберт Кох“ соопшти дека се претпоставува оти биле заразени преку убод од комарец од видот анофелес, кој пристигнал во Германија со авион. Сите четворица биле вработени во секторот за ракување со багаж на еден од најфреквентните германски аеродроми, пренесува „RTL Луксембург“. Случајот предизвика загриженост дека би можеле да се појават и дополнителни ...
Засилени полициски контроли во угостителските објекти на подрачјето на Тетово резултирале со пронајдена дрога, ножеви и приведување на четири лица. Од СВР Тетово информираат дека акцијата била спроведена во периодот од 23:30 часот на 17 јули до 02:00 часот на 18 јули 2026 година, при што полициски службеници извршиле проверки во повеќе угостителски објекти на територијата на СВР Тетово. При контролата во еден угостителски објект во Тетово, во ...