Берово со -4 степени утрово беше најстуден град во Македонија. Минусни температури беа измерени и во Тетово, Струмица, Скопје-Петровец каде беа измерени -2 степени. Минус еден степен имаше во Демир Капија, Куманово, Маврово, Битола, Крива Паланка и Велес. Во Штип, Кавадарци и Гевгелија беа измерени нула степени, додека Прилеп, Скопје-Зајчев Рид и Крушево 1 степен. Најтопли градови беа Виница, Охрид и Претор со измерени два степени. Денеска ...

Заземањето на клучниот украински град Покровск ѝ овозможи на војската да продолжи со своите задачи во офанзивните операции во Украина, изјави рускиот претседател Владимир Путин. „Ова е важна насока . Сите разбираме колку е важна. Ќе обезбеди решенија за задачите што првично ги поставивме на почетокот на специјалната воена операција“, рече Путин за време на посетата на командниот пункт во неделата. Русија ја нарекува својата инвазија на Украина, ...

Европската централна банка (ЕЦБ) одби да обезбеди заштитна мерка за исплата на 140 милијарди евра на Украина, што дополнително го комплицира планот на Европската унија за подигнување „кредит за репарација“ со користење на замрзнати руски средства, објави „Фајненшл тајмс“ (ФТ). Според извори на „ФТ“, ЕЦБ заклучила дека предлогот на Европската комисија не е во согласност со нејзиниот мандат, што уште повеќе му отежнува на Брисел да собира средства ...

Полскиот премиер Доналд Туск и германскиот канцелар Фридрих Мерц се судрија околу прашањето за воените репарации за уништувањето на Полска за време на нацистичката ера. Отвореното несогласување меѓу двајцата лидери, кои ветија дека ќе ги поправат честопати затегнатите односи меѓу нивните земји, фрли сенка врз разговорите во Берлин кои требаше да демонстрираат единство и соработка по низа прашања, вклучувајќи ја одбраната и поддршката за Украина, ...

Властите во Хонг КОнг објавија формирање на независна комисија која ќе ја предводи судија за да ги утврди причините за најлошата трагедија во последните децении. Најмалку 151 лице загина во пожарот во станбениот комплекс Ванг Фук Корт, а телата се пронајдени на скалите и покривите додека жителите се обидувале да избегаат од пламенот. Полицијата уапси 13 лица под сомнение за убиство од небрежност, а 12 се уапсени во антикорупциска истрага ...

Овен Денес, вашиот фокус се префрла на финансиската стабилност и личните ресурси. Месечината во Бик ве поттикнува да го преиспитате вашиот буџет, но не со страв, туку со практичен оптимизам. Можеби ќе откриете нов извор на приход или ќе решите долгогодишен финансиски проблем. Во љубовта, барате подлабоко, речиси телепатско разбирање со вашиот партнер. Бик Месечината е во вашиот знак, давајќи ви неодолив магнетизам и емоционална моќ. Денес сте во ...

Променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. Во Скопје, претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени. Под ...

МРИ скенирањето на претседателот Доналд Трамп, извршено во октомври, „потврдува дека тој продолжува да биде во одлична општа здравствена состојба“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, за време на брифингот во понеделник. Ливит рече дека скенирањето е направено за „рано откривање на сите потенцијални проблеми, потврдување на целокупното здравје на претседателот и обезбедување на долгорочна виталност и функционалност на ...

Денес, 1 декември, според метеоролозите, започна зимата, чиј почеток се разликува од календарската зима. За метеорологијата, годишните времиња се поделени на четири квартали, главно од статистички причини, а климатскиот, или метеоролошкиот, почеток на зимата е 1 декември. Календарскиот или астрономскиот почеток на зимата е, во зависност од годината, 21 или 22 декември. Оваа година, зимската краткоденица ќе биде на 21 декември. Особено за ...

Кралот Чарлс официјално му ги одзеде преостанатите кралски почести на својот брат, поранешниот принц Ендру, со што го заврши процесот на отстранување на неговото име од најпрестижните британски ордени. Одлуката е објавена во официјалниот весник на Велика Британија, објавува „Пипл“. Кралот нареди Ендру да се избрише од регистарот Новото издание на „Газет“ објавува дека кралот наредил името на Ендру Маунтбатен-Виндзор да се избрише од регистарот ...

Покрај формалната, нужна е реална заштита на жените од насилство, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на јавната расправа за имплементацијата на Истанбулската конвенција, што ја одржа собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите. Според неа, Извештајот на Државниот завод за ревизија дава прецизна дијагноза на реалните состојби и открива системски недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција. Нејзини ...

СДСМ излезе со нови детали за тендерот во вредност од 9 милиони евра. Социјалдемократите ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ дека наместила јавна набавка, во која вториот човек во компанијата, која го добила тендерот е Глигор Поцев. Портпаролката на партијата рече дека станува збор за истата ситуација, како што ја нарече, „криминална шема на тендери“ од претходниците во ВМРО-ДПМНЕ. „Скандалот со тендерите во вредност од 9 милиони евра, дадени на компанија ...

Шпанија ја распореди армијата во обид да го спречи појавувањето на африканска свинска треска во близина на Барселона, потег насочен кон заштита на индустријата за извоз на свинско месо во земјата, вредна милијарди долари. Службениците се сомневаат дека вирусот можеби се проширил откако дива свиња изела контаминирана храна. Властите во петокот потврдија дека две мртви диви свињи биле позитивни на болеста. Зона на исклучување од шест километри е ...

Започна реализацијата на проектите „Волонтери во акција за безбедност на граѓаните и заштита на природата“ и „Крушево и Елбасан – Патување во природа и авантура“, финансирани од Европската Унија преку програмата ИПА 3 за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија. Овие проекти промовираат одржлив регионален развој, заштита на животната средина и безбедност на заедницата, а ја зајакнуваат соработката во рамки на локалните заедници. ...

На 27.11.2025 АХВ заедно си службени лица од ИЈЗ направи вонредна контрола во 9 основни училишта во рамките на општина Карпош. Од секое училиште беа земени мостри од храна како и брисеви од работни површини од кујните во училиштата. По направените анализи во испитуваните примероци не се докажани патогени бактерии. Освен во едно од училиштата каде на 2 површини е докажано присуство на ентеробактерии, што е индикатор на недоволна хигиена. ...

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во рамки на првиот ден од работната посета на Брисел, имаше одвоени средби со генералната директорка на Генералниот директорат за регионална и урбана политика на Европската комисија (ГД РЕГИО), Темис Кристофиду и со директорката во Генералниот директорат за проширување и источно соседство (ГД ЕНЕСТ) при Европската комисија, Валентина Суперти. Разговорите беа фокусирани на унапредување на ...

Полицијата во Шпанија уапси три лица под сомнение дека припаѓаат на „Базата“, глобална неонацистичка терористичка група која поттикнува и обучува членови во техники за соборување влади и поттикнување расни војни. Групата, означена како терористичка организација од страна на ЕУ, Обединетото Кралство, Канада, Австралија и Нов Зеланд, е дел од глобално „акцелерационистичко“ движење на белата супремација кое ги обучува своите ќелии да извршуваат ...

Британците мора да ги прифатат потребните отстапки за да создадат поблизок однос со Европската Унија, изјави во понеделник британскиот премиер Кир Стармер. Зборувајќи на митинг во центарот на Лондон, Стармер рече дека Брегзит „значително ја оштетил нашата економија“ и предупреди дека бариерите за трговија со блокот треба да се намалат доколку Велика Британија сака да постигне „економско закрепнување“. Неговите коментари дојдоа неколку дена ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денес до среда престојува во работна посета на Брисел. Посетата вклучува средби посветени на евроинтегративниот процес на државата, како и учество на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО. Во рамки на посетата, министерот Муцунски, заедно со министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, ќе оствари средба со Високата претставничка на ...

Берлинскиот процес и Реформата агенда се мостовите за заедништво и сплотеност на земјите од регионот кои ќе ни помогнат да станеме подобри и поконкурентни и многу посилни како држави. Ова во своето излагање го истакна заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков која потенцираше дека тие се еден од врвните приоритети кои не се само обврска туку и како потреба за сите нас. „Тоа е шанса за наше регионално економско, социолошко и ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот, каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City), по повод почетокот на пробниот период во кој сторителите на сообраќајни прекршоци ќе добиваат известување за сторениот прекршок. Со последните измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, прекршоците документирани со технички средства – камери, сензори и уреди за снимање – се сметаат за ...

Во декемвриската магија на Скопје, љубителите на виното ќе имаат можност да доживеат вечер која го спојува најдоброто од винската традиција, гастрономијата и културниот рафиниран вкус. На 10 декември, среда во елегантниот амбинет ресторанот Salvatore ќе биде домаќин на специјална винска вечер посветена на едно од највлијателните имиња во винската историја на Бургундија, Louis Latour. Преку совршено усогласени вкусови, вечерта ќе ја раскаже ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини стартува процес за усогласување на Законот за возила со европската регулатива ЕУ 2018/858 и современите стандарди во постапките за одобрување, увоз и надзор на возилата. Со цел добивање јасни насоки за усогласување на Законот за возила, работниот состанок го водеше д-р Роберт Јерончиќ, реномиран експерт од Република Словенија со долгодишно искуство во развој и имплементација на ...

Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката МојДДВ за скенирани сметки во третиот квартал од 2025 година продолжува, односно не е прекинат ниту откажан. Во процесот на исплата кај дел од спецификациите се појави технички проблем кој бара целосна преработка на истите. Имено, доколку постои дури и само еден налог каде се појавува корисник со промена на банка или трансакциска сметка, целата пратка системски се враќа и ...

Културата ќе биде меѓу највисоките приоритети на Чаир, изјави градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, за време на средбата со сликарите учесници во овогодинешното издание на Ликовната колонија „Скопје на платно“. Освен поддршката за овој настан, Меџити најави организирање и на неколку други културни настани во оваа општина. Изет Меџити – градоначалник на Општина Чаир „Не само што ќе продолжи, туку мислам дека организацијата ќе се зголеми. ...

Надминувањето на брзината, преминувањето на полна линија, недавањето предност на пешаците, непостапувањето правилно при влез или излез во кружни текови и неправилното паркирање се дел од најголемите прекршувања што ги прават возачите. „Јас мислам дека рокот од еден месец ќе биде доволен, затоа што граѓаните ќе бидат повнимателни и знаат каде ги имаат најголемите проблеми. Најмногу со брзината, бидејќи сега возат силни автомобили и не размислува ...

Улиците во земјава се интегрираат во модерен и интелигентен систем наречен „Safe City“, со цел да се спречат несреќите и да се врати редот во патниот сообраќај. Вака изгледа опомената за казна добиена преку СМС. „Од денес во функција се камерите поставени од системот ‘Safe City’. Во текот на овој месец нема да има казни, туку само опомени. На камерите, освен што ќе се идентификува дали возите со висока брзина или минувате на црвено, истовремено ...

Тешка сообраќајна несреќа во швајцарскиот град Шлиерен, кантон Цирих, го однесе животот на 39-годишен македонски државјанин. Несреќата се случила доцна во саботата, кога моќен БМВ, кој се движел со брзина далеку над дозволените 30 километри на час, излетал од коловозот, удрил во улична светилка, дрво и потоа директно во фасада на станбена куќа. Совозачот, исто така од Македонија, се здобил со тешки повреди, а возачот и непозната женска ...

Газдата на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, осуден на десет години затвор за трагедијата кај Ласкарци, повторно побарал одложување на извршувањето на казната. Иако денеска требаше да замине зад решетки, тој поднел ново барање со образложение дека има закажана операција. Слично барање претходно поднесе и шефот на возниот парк на компанијата, Ремзи Мифтари, кој тврдеше дека треба да оперира кила на тестиси. Но, наместо да се јави на издржување на ...

Бројот на смртни случаи и повреди од мини и неексплодирани убојни средства ширум светот достигна четиригодишен максимум во 2024 година поради конфликтите во Сирија и Мјанмар, според најновиот извештај на невладината организација „Landmine Monitor“. Најновите податоци беа објавени во време кога бројни европски земји ја објавија својата намера да се повлечат од договорот за забрана за употреба на мини, таканаречениот Конвенција од Отава, ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1019
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
90%
1019
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
88%
1019
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
2.06
67%
1019
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.69
88%
1020
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
1018
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
4.02
77%
1017
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
70%
1015
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
81%
1016
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
86%
1020
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
95%
1020
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
87%
1017
Currency

61.55

Currency

52.5597

Currency

70.2651

Currency

34.8418

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65312

Currency

0.33374

Currency

0.52442

Currency

1.22957

Currency

0.58675

Злато

139515.92

Иридиум

145787.60

Платина

64478.87

Цинк

3.04

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Бакар

11.02

Алуминиум

2.95

Сребро

2159.30

Калај

43.93

Родиум

258813.51

Паладиум

54591.97