Од СДСМ се потсетија на 27. април 2017 година, или т.н. „Крвавиот четврток“, велејќи дека и после девет години од случајот, сегашната власт се обидува да ги „спаси“ тогашните обвинети од одговорност. „27 април е тежок, крвав потсетник колку лесно една криминална, недемократска власт може да ја втурне државата во провалија. 9 години од крвавиот 27 април, најцрниот ден во историјата на македонската демократија. Тоа беше организиран обид за ...

На 29.04.2026 (среда), во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Швајцарската конфедерација, Н.Е. г-дин Ги Пармелен. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници. На 29.04.2026 (среда), ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ја поддржува идејата на претседателката на Републиката, Гордана Сиљановска Давкова, дека покрај пратениците, двојното државјанство треба да се забрани и за извршната власт, имено за министрите, но и за претседателот. Мицкоски рече дека тој лично има само македонско државјанство. „Ако правните експерти, уставно-правните експерти велат дека нема проблем, тогаш јас апсолутно го поддржувам тоа. Јас немам ...

До крајот на седмицата ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд. Во среда ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во четврток наместа ќе има пообилни врнежи, а поради продор на постуден воздух од север на планините ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе биде во значително опаѓање. Во петок и во деновите од викендот ќе се ...

Министерот за култура Зоран Љутков, кажа дека Универзалната сала ќе биде готова до крајот на 2027 година, и дека целиот проект ќе чини 20 милиони евра. „Универзалната сала ќе биде завршена до крајот на 2027 година. Ќе биде дел од „Скопје – европска престолнина на културата во 2028 година“. Имаше правни пречки, имаше поделени стопанисувања меѓу Град Скопје и министерството за култура, не се знаеше кој е одговорен во овој дел. Кога во истиот ...

Денеска Регулаторната комисија за енергетика ќе ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од вечерва на полноќ, а премиерот Христијан Мицкоски очекува дизелот да поевтини, додека бензините да имаат мало зголемување. „Очекувам дизелот да поевтини од 2 до 2,5 денари, и очекувам мало зголемување на бензините“, рече Мицкоски, кој рече дека состојбата е под контрола дека и натаму сме една од земјите со најевтини горива. „Немаме намера да ги ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, пристигна во Санкт Петербург на разговори со рускиот претседател Владимир Путин. Посетата доаѓа по неуспешниот самит со САД во Исламабад. „Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, утрово пристигна во Санкт Петербург, Русија, за да се сретне и да разговара со рускиот претседател Владимир Путин“, објавија иранските државни медиуми. Американскиот претседател Доналд Трамп во ...

Глобалните трошоци за оружје минатата година достигнаа 2.887 милијарди долари, што претставува реално зголемување од 2,9% во споредба со 2024 година, според извештајот на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (SIPRI), според tv21. Според извештајот, воените трошоци се намалиле во Соединетите Американски Држави, но се зголемиле за 14% во Европа и за 8,1% во Азија и Океанија. Трите најголеми потрошувачи – Соединетите ...

Земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтеровата скала го погоди дел од северна Јапонија рано утрово во понеделник. Нема пријави за жртви или материјална штета. Јапонската метеоролошка агенција не издаде предупредување за цунами. Земјотресот во внатрешноста се случил 18 километри западно од малиот град Сарабецу на најсеверниот главен остров во Јапонија, Хокаидо, на длабочина од 81 километар, според Американскиот геолошки завод. Според ...

Цените на нафтата на светските берзи пораснаа откако плановите за втора рунда мировни преговори меѓу САД и Иран повторно заглавија во „ќорсокак“ Брент, глобалната цена на нафтата, се зголеми за речиси 2% на 107,26 долари за барел, додека суровата нафта што се тргува во САД се зголеми за 1% на 95,40 долари. Ова доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп во саботата изјави дека Вашингтон ги откажал плановите за испраќање тим во ...

Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена на видеолотариските терминали кај деловниот соработник „Спортлајф“, на 18.04.2026 година во Берово. Среќната игра е 20 Супер хот. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија искрено му честита на добитникот. Во периодот од 13.04.2026 до 19.04.2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати вкупно 13.786.444 денари кон играчите на ВЛТ терминалите низ Македонија, и тоа : • 1 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот- 7.727.703 ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги загуби изборите од Петер Маѓар и, како што открива извештај во „Гардијан“ , неговите соработници брзаат да го преместат своето богатство во странство. Приватни авиони, за кои се вели дека се полни со пленот на оние чие богатство се зголемило за време на 16-годишното владеење на Орбан, редовно полетуваат од Виена, додека други брзаат да ги инвестираат своите средства во странство, изјавија извори за Гардијан. ...

Нови евакуации на ученици во Загреб се во тек поради закана од бомби. Според моментално достапните информации, гимназијата „Луцијан Врањанин“ во западниот дел на градот веќе е евакуирана. Полициската управа во Загреб потврдува дека е запознаена со пријавите и дека е во тек акција. Некои училишта во Сплит, исто така, добија пријави. Известувањето стигна и до адресите на редакциите на медиумите. Минатата недела Хрватска беше погодена од серија ...

Иран им презентираше на Соединетите Американски Држави нов предлог за договор насочен кон повторно отворање на Ормутскиот теснец и намалување на тензиите на Блискиот Исток. Понудата беше пренесена преку пакистански посредници, објави „Аксиос“. Извори посочуваат дека предлогот има за цел да го прекине моменталниот ќорсокак во преговорите меѓу двете земји и да го отвори патот за деескалација на ситуацијата во регионот, вклучително и можноста за ...

Три лица беа убиени во напад на американската војска врз брод за кој се сомневаш дека транспортира дрога во источниот дел на Тихиот Океан. Кампањата на администрацијата на Доналд Трамп за уништување на бродови за кои се сомнева дека се занимаваат со трговија со дрога во јужноамериканските води започна во септември минатата година и досега, според извештаите, одзела најмалку 186 животи. Слични напади се извршени и во Карипското Море. Јужната ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е итна потреба изградба на голема и безбедна сала од типот „строго доверлива“ во комплексот на Белата куќа во главниот град Вашингтон, каде што би можеле да се одржуваат состаноци и гала настани, како и балови. Тој го даде овој коментар на социјалната мрежа Truth Social, по безбедносниот инцидент што се случи за време на годишната вечера со новинарите во саботата. Според него, токму затоа ...

Берово со нула степени беше најстуден град во Македонија утрово во 8:30 часот. Крива Паланка после него со два степени беше втор најстуден град. Во Лазарополе беа измререни три степени, во Маврово и Попова Шапка четири. Во Скопје беа измерени 9 степени, а најтопол град беше Гевгелија со 15 степени. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне во крајните југозападни региони ќе има услови за слаб дожд и појава ...

ОВЕН Денот ти носи забрзано темпо и потреба за брзи одлуки. Можно е да се појави мала тензија на работа, но со твојата енергија лесно ќе ја надминеш. Во љубовта избегнувај импулсивни реакции. БИК Фокусот е на финансии и стабилност. Можно е да добиеш нова понуда или идеја за заработка. Во емотивниот дел не брзај – потребно е повеќе трпение. БЛИЗАНЦИ Ден полн со комуникација, состаноци и нови информации. Внимавај да не се распрснеш на повеќе ...

Денеска во селото Балдрен, во близина на Лежа, се случи вооружен инцидент во кој животот го загубија брачен пар. Според првичните информации, врз возило „Ауди“ во движење, во кое се наоѓале сопружниците, било пукано со автоматско оружје од друго возило кое исто така било во движење. Напаѓачите по пукањето веднаш побегнале од местото на настанот. Возилото било целосно изрешетано од куршуми, а двете жртви починале на самото место. Мажот е ...

Традиционалната годишна гала-вечера со новинари во Вашингтон, еден од најзначајните општествено-политички настани во американската престолнина, во саботата вечер се претвори во драматичен инцидент кога вооружено лице се обидело да влезе во просторот каде што се одржувал настанот. Вечерата се одржувала во хотелот „Хилтон“, а на неа присуствувале бројни новинари, членови на владата, дипломати и припадници на вашингтонската елита, меѓу кои и ...

Со оваа влада евроинтеграциите се запрени, младите се иселуваат и земаат бугарски пасоши, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој воедно е и претседател на Националниот совет за евроинтеграции, на дебатата во Собранието за улогата на законодавниот дом во процесот на зачленување во Европската Унија. Филипче нагласи дека со политиките што ги спроведува оваа влада јасно се покажува дека не постои желба државата да напредува кон Европа, ...

По вооружениот инцидент што се случи синоќа за време на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа во Вашингтон, реакциите не стивнуваат. Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, изрази длабока загриженост по синоќешниот вооружен инцидент што се случи за време на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа во Вашингтон. Во објава на социјалната мрежа Икс, Муцунски нагласи дека насилството нема место во демократските ...

Движењето ЗНАМ ја обвинува СДСМ и Венко Филипче за неодговорно и блокирачко однесување во политичките процеси, при што отвора сомнежи дека се подготвува сценарио за напуштање на Собранието и бојкот на парламентарните избори. Според ЗНАМ, овие постапки се поврзани со страв од изборен пораз и обиди за зачувување на контролата во рамките на партијата, додека нагласуваат дека на државата ѝ се потребни стабилност, одговорност и продолжување на ...

Полека се приближуваме кон крајот на овој месец, а претстојната недела не носи многу полесна енергија за одредени хороскопски знаци. Дознајте што ви порачуваат ѕвездите на полето на љубовта, работата и здравјето за периодот од 27 април до 3 мај 2026 година. Овен Слободните Овни – нови познанства и контакти, брзи вљубувања, многу уживање и забава. Можно е да добиете и порака или повик од стара симпатија или поранешен партнер. Бик Кај ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, петмина (два во Кичево, по еден во Битола, Штип и гостиварско) управувале возило без возачка дозвола, а петмина ( по еден во Скопје, Кочани, Неготино, Делчево и Радовиш) управувале возило под дејство на алкохол.По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични ...

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски продолжува со одлична форма на почетокот од новата сезона, откако денеска стигна до убедлива победа на полумаратонот во Дубровник. Овој триумф доаѓа само една недела по неговиот голем успех на белградскиот маратон. Ивановски ја истрча патеката од 21 километар за 1:06:30 часа, што му обезбеди доминантна победа пред конкуренцијата. Зад него на целта пристигна Силвије Томас од Хрватска со време 1:14:05, ...

Доколку купите возило и подоцна откриете дека километражата му е враќана, веднаш пријавете во полиција, препорачуваат од Министерството за внатрешни работи. Надлежните институции наведуваат дека секоја година се регистрираат стотици случаи на измама, а во првиот квартал од оваа година граѓаните поднеле десетици пријави за вакви дела. Се работи за случаи и кај поединечни трговци и кај компании кои увезуваат половни автомобили од странство и им ...

На 25.04.2026 во 15:30 часот во ПС Кичево е пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Демир Хисар, во близина на с. Видрани, од патот излетало патничко возило „фолксваген поло“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (62) од с. Другово,кичевско. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај возачот, а по кажување на сопругата на возачот, која била во возилото, Т.С. се пожалил на болки во градите, по што му се слошило и со ...

Во раните утрински часови денеска во скопската населба Карпош избувнал пожар во кој целосно изгореле две патнички возила, при што е оштетена и сообраќајна сигнализација, соопшти Министерството за внатрешни работи. Надлежните служби работат на утврдување на причините за инцидентот. Според информациите од МВР, на 26.04.2026 околу 05:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улиците „Орце Николов“ и „Никола Тесла“ биле опожарени две возила ...

Иран според извештаи од ирански медиуми нападнал три товарни брода во Ормускиот теснец, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека го продолжува примирјето меѓу САД и Иран, пренесува BBC. Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГК) соопштил дека запленил два од трите брода и ги придружува кон иранскиот брег. Еве краток преглед на инцидентите. Се наведува дека бродовите можеби се обиделе да „избегаат“ кога теснецот ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1006
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
3.13
84%
1007
weather icon

Загреб

8ᴼ / 2ᴼ
0.51
72%
1005
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
87%
1012
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.89
81%
1008
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
1.03
91%
1005
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
3.6
56%
1003
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
87%
1006
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
77%
1006
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.24
81%
1007
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 5ᴼ
0.98
76%
1007
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
5.66
73%
1005
Currency

61.645

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3724

Currency

67.2891

Currency

7.7325

Currency

0.71141

Currency

0.33306

Currency

0.52522

Currency

1.15648

Currency

0.54819

Кобалт

45.39

Паладиум

47776.01

Сребро

2786.34

Рутениум

51376.89

Злато

151086.58

Родиум

320703.70

Иридиум

253540.09

Бакар

13.33

Алуминиум

3.61

Цинк

0.00

Платина

68063.13

Калај

55.66