Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Шпанскиот премиер Педро Санчез го посети местото на железничката несреќа во која загинаа најмалку 39 лица, а 152 беа повредени и прогласи тридневна национална жалост. „Ова е болен ден за Шпанија“, изјави Санчез пред новинарите во јужниот град Адамуз. Два воза од спротивни насоки се судрија во 19:40 часот на периферијата на градот, кој има население од 4.000 жители. Задните вагони на брзиот воз што сообраќаше од Малага до Мадрид излетаа од ...
Филмот „Меланија“ од Amazon MGM Studios доаѓа во кината низ целиот свет на 30 јануари, објавија дистрибутерите. Филмот „Меланија“ од Amazon MGM Studios дава невиден увид во 20-те дена пред претседателската инаугурација во 2025 година – од перспектива на самата прва дама. „Влезете во светот на Меланија Трамп додека таа ги координира плановите за инаугурација, се справува со сложеноста на транзицијата во Белата куќа и го враќа своето семејство ...
Бројот на жртви од пожарот во трговски центар во Карачи се искачи на 23, а десетици се уште се водат како исчезнати, соопшти пакистанската полиција. Пожарникарите го изгаснаа пожарот доцна во неделата, речиси 24 часа откако избувна. Пожарот избувна во саботата во повеќекатниот трговски центар со 1.200 продавници, што е поголемо од фудбалско игралиште. Пламените гореа повеќе од 24 часа пред да бидат во голема мера ставени под контрола, иако ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова беше дел од свеченото одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид и Струга, каде што митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј ги освети водите на Охридското Езеро и реката Црн Дрим, положувајќи го светиот крст во нив. Водени од силната вера во благодатта на осветената вода и од вековниот обичај што го симболизира крштевањето на Исус Христос, голем број верници ...
Проф. д-р Лулзим Алиу денеска поднесе оставка од функцијата заменик-министер за образование и наука, со што, како што наведува, заокружува едно поглавје од својата професионална ангажираност во Министерството за образование и наука. Во објава на социјалните мрежи, Алиу информира дека оставката ја доставил до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Тој истакнува дека функцијата ја извршувал со чувство на одговорност и дека ова е негов ...
Со голема вера, масовна посетеност и почит кон вековната традиција, денеска низ повеќе градови и населени места во земјава беше одбележан големиот православен празник Богојавление – Водици. По светите литургии, во реките, базените и осветените води, свештенството на МПЦ-ОА го положи светиот крст, а најсреќните меѓу учесниците го извадија како симбол на благослов, здравје и духовна сила. Во Општина Карбинци празникот беше чествуван на три ...
Денешното Богојавление во Скопје привлече голем број верници на реката Вардар, каде што поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, го положи светиот крст во осветените води. Најсреќен меѓу учесниците беше Дарко Митровиќ, кој го фати крстот и со тоа се стекна со благослов и среќа за претстојната година, во духот на вековната православна традиција. Фаќањето на крстот се смета за соединување на човекот ...
Две лица загинаа во пукањето што се случи во Чешка. Според првичните информации, жена е убиена во градското собрание во местото Чржибска, а најмалку четири лица се повредени. Полицијата го убила напаѓачот. Полицијата објави на социјалната мрежа X за интервенцијата. Прво напишаа дека сите расположливи сили се упатуваат кон местото Чржибска по пријавата за пукање во градското собрание. Подоцна објавија дека сторителот е „елиминиран“, а дека се ...
Интензивно работиме на завршување на автопатот Охрид-Кичево. Користиме современи техники за да ги стабилизираме косините. Од 16, веќе 14 косини го стабилизираме и најголем дел се со галерии, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска од Охрид. Тој истакна дека овие зафати за прв пат се прават во Македонија и ретко каде во регионот има такви инженерски потфати. „Таму отидовме со решение, кое по мене требало да ...
Годинешното чествување на православниот празник Богојавление – Водици во Охрид привлече голем број верници, а централниот момент беше фаќањето на Чесниот крст во осветените води на Охридското Езеро. Мартин Гоџо од Варош повторно се покажа како најсреќен меѓу учесниците, успевајќи да го фати крстот, што за него не е првпат и со што повторно го привлече вниманието на јавноста. Оваа година, за првпат, водите на езерото ги освети новиот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека Данска не направила ништо за да ја отстрани „руската закана“ од Гренланд и порача: „Сега е време и тоа ќе биде направено!“ „НАТО веќе 20 години и укажува на Данска дека мора да ја отстрани руската закана од Гренланд. За жал, Данска во тој поглед не успеа да направи ништо“, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа во негова сопственост Truth Social. Белата куќа, данското ...
Во судар на два брзи воза во Адамуз, во близина на Кордоба во Шпанија, загинаа најмалку 39 лица, а повеќе од 150 се повредени. Трагичната несреќа се случила кога еден воз излетал од шините и преминал на соседниот колосек. Несреќата се случила околу 19:40 часот кога трите последни вагони од возот на компанијата „Iryo“, кој со 317 патници сообраќал на релацијата Малага – Мадрид, излетале од шините на влезните скретници во Адамуз. Вагоните ...
Утрово во државата се измерени негативни температури на повеќето места, со посилен студ на планинските подрачја. Најниската утринска температура е измерена на Попова Шапка со -12 степени Целзиусови, додека во Берово се регистрирани -10, а во Крива Паланка -9 степени. Во Ѓуриште утринските мерења покажаа -8 степени, а -7 во Скопје-Петровец, Куманово и Маврови Анови. Температурите од -6 степени се забележани во Крушево и Виница, -5 степени во ...
Во рамките на опсежна и сложена истрага што ја води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управата за финансиска полиција, по наредба на судија на претходна постапка, во текот на изминатиот викенд спроведе претрес на локација во Неготино. Дејствијата беа спроведени под раководство на Управата за финансиска полиција во координација со надлежниот јавен обвинител. Претресот беше извршен во домот на ...
Православните верници денеска го одбележуваат еден од најголемите зимски верски празници – Богојавление, познат и како Водици. Празникот има длабока духовна симболика и традиционално е поврзан со обредите на осветување на водите и положување на светиот крст. Според христијанското предание, на овој ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Богојавление се слави уште од вториот век, а во православната традиција е ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел да стори кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство во домот во кој заеднички живееле на улицата „Лавчанска корија”, осомничениот се обидел да ја лиши од живот сопствената баба. На 17 јануари, откако претходно ја ...
ОВЕН Патувајте или физички или преку информации затоа што толку инстинктивно ќе разберете што точно треба да направите за да го постигнете посакуваниот напредок. Иако денот ќе биде поволен за комуникација, обрнете внимание на времето што го имате и не обрнувајте премногу внимание на оние луѓе кои имаат негативна енергија. Ќе остварите профит преку некои стари идеи. БИК Бидете трпеливи и држете ги плановите за себе барем уште некое време. Сè ...
Најмалку седум лица загинаа, а неколку други беа повредени во недела попладне откако два брзи возови излетаа од шините во близина на Адамуз во шпанската покраина Кордоба. Според извори од Цивилната гарда, возот Ирјо излетал од шините и удрил во воз на Алвија што се движел по соседната пруга. Железничкиот оператор „Адиф“ објави дека возот „Ирјо“ со 300 патници на линијата Малага-Мадрид излетал од шините во 19:39 часот. Несреќата се случила на ...
Премиерот Христијан Мицкоски го повика Јавното обвинителство да покрене истрага за тврдењето на кардиохирургот Жан Митрев дека во екот на пандемијата Венко Филипче заедно со Зоран Заев сакале да ја преземат неговата болница. Мицкоски дури и изрази сомнеж за поранешниот претседател Стево Пендаровски. „Вие знаете сè уште тие законски уредби и одлуки на Пендаровски Стево во тој период стојат непоминати во Собранието. Треба да видиме и Собранието ...
И по една година од најавите граѓаните сè уште не можат да добијат целосна услуга за дигитално добивање на документите, наместо да чекаат долги редици пред шалтерите. Законот за електронски документи беше усвоен пред во јануари минатата година, но при аплицирање за добивање изводи од матичната книга преку платформата е-услуги се добива одговор дека е успешно аплицирано, меѓутоа нема опција тој да се добие електронски и за него треба повторно ...
Во рамките на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември беше осомничен адвокат поради сомненија за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, во континуитет интензивно се преземаат дејствија што резултираа со проширување на постапката и кон судија од Апелацискиот суд во Скопје, осомничен за Противправно стекнување и прикривање имот за кој ...
Во текот на попладневните часови, полициски екипи влегоа на локации поврзани со судијата Ѓоко Ристов од Апелациониот суд во Скопје. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција потврди дека се спроведуваат претреси по наредба на јавен обвинител и со дозвола од Основниот кривичен суд Скопје. Неофицијално, предметот отвора сомнежи дека е сторена злоупотреба на судиска функција. Конкретната правна квалификација засега не се ...
Данската премиерка Мете Фредериксен денеска остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп поради неговата закана за воведување нови царини во спорот околу Гренланд, истакнувајќи дека Европа нема да попушти на притисок. „Ние не ја бараме оваа конфронтација“, изјави Фредериксен за данската новинска агенција Ritzau, додавајќи дека ја поздравува поддршката и сигналите од другите европски земји. „Европа не смее да биде уценувана“, ...
Младата струмичанка Тина Русева повторно ја воодушеви музичката публика и жири-комисијата, овојпат на престижното натпреварување „The Voice of Europe 2025“, каде што го освои првото место. Тина ги импресионираше сите со својот моќен вокал и извонреден сценски настап, оставајќи силен впечаток кај жирито и публиката. Откако кон крајот на минатата година се истакна на „The Voice of Germany“, Тина успеа да се квалификува за финалето на „The Voice ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави на својот Фејсбук профил дека во Владата се одржал состанок посветен на Реформската агенда, на кој се дискутирало за тековните приоритети, предизвици и следните чекори за унапредување на реформските процеси. На средбата беа разменети мислења и предлози со цел поефикасна имплементација и подобра координација меѓу сите вклучени страни. Во изјава за медиуми, премиерот истакна дека фокусот е прво да се ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на проширениот дел на ОУ „Блаже Конески“ во општина Аеродром, изјави дека не е изненаден од тврдењата на хирургот Жан Митрев дека поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче наводно барале начин како да дојдат до сопствеништво на неговата приватна клиника. – Немам што да коментирам, претпоставувам би требало ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговараше на новинарски прашања за проектот „Безбеден град“, потенцирајќи дека и покрај неизвесноста околу поддршката од СДСМ, важно е што овој систем веќе ги постигнува своите основни цели и помага во заштита на човечките животи. – Јас вчера имав координативен состанок со раководството на МВР и со луѓето кои се одговорни за овој проект. Бројките во јануари се уште поохрабрувачки споредено со бројките од ...
Повеќе од 200.000 потрошувачи во регионот Запорожје денес се без електрична енергија по нападот со украински беспилотни летала, објави регионалниот гувернер Евгениј Балицки. Во изјава објавена на каналот Телеграм, Балицки рече дека се работи на враќање на снабдувањето со електрична енергија, но дека речиси 400 населени места сè уште немаат електрична енергија, објави Ројтерс. Температурата е далеку под нулата низ целиот југоисточен дел на ...
На 17.01.2026 во Полициската станица Струмица е пријавено дека на место викано „Белик“, во атар на село Градско Балдовци, трактор кој влечел приколка натоварена со дрва, паднал во речното корито на река Тркање. На местото на настанот починал Д.Н.(58) од Струмица, кој го управувал тракторот, а смрт била констатирана од лекар од Медицински центар Струмица. Увид на местото извршија јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и ...
Се зголемува бројот на заболени од грип во земјата, а Инфективната клиника во Скопје регистрира уште еден смртен исход. Почина 69-годишен пациент од внатрешноста на државата, кај кого вирусот предизвикал сериозни компликации. Според директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, пациентот бил примен во критична состојба со масивна бронхопневмонија и веднаш бил приклучен на механичка вентилација. Лабораториските анализи покажале ...