Повеќе од 170 скијачи и сноубордери останаа блокирани на ски-лифт во Колорадо, откако дел од него напукна. Официјалните лица истражуваат што предизвикало прекин на структурен дел од лифтот во одморалиштето Винтер Парк во Карпестите Планини во саботата. Лифтот автоматски запре откако пукнатината беше откриена додека луѓето се возеле на гондолите, оставајќи 174 лица блокирани. Портпаролката на одморалиштето Џен Милер рече дека операцијата за ...

И 30 години подоцна, Мараја Кери и нејзиниот веќе легендарен хит „All I Want for Christmas Is You“ се неизбежен декор за новогодишните и божиќните празници. Имено, „Билборд“ проценува дека пејачката минатата година заработила 1,86 милиони долари од песната. Така, песната објавена 1994 година, само за 2023 година би можела да надмине 100 милиони долари во вкупна заработка. А пак, истражување на „Економист“ од 2016 година, посочува дека ...

Поради сообраќајна несреќа, во прекин беше и сообраќајот на патот Охрид-Ресен, а од 17:35 часот се одвива наизменично во една коловозна лента На повеќе патни правци низ државата во моментов има активни забрани за движење на товарни возила поради влажни коловози и тоа – Дебар-Маврово, Охрид-Кичево (Пресека), Кичево-Гостивар (Стража), Тетово-Попова Шапка и Битола-Ресен (Ѓавато). АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на ...

„Од 14:15 часот, поради сообраќајна незгода на патниот правец Ресен-Охрид, преку планинскиот превој Буково, сообраќајот е во прекин“, велат од АМСМ. Снежното невреме што ја зафати Македонија во попладневните часови предизвика сериозни проблеми на патиштата и во сообраќајот. Надлежните препорачуваат внимателност бидејќи сообраќајот се одвива во тешките зимски услови и предизвикаа нарушувања на повеќе патни правци, а некои од нив беа блокирани или ...

Како што соопштија тие со контролата утврдиле дека ЈП претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ извршило хлорирање на водата во водоводната мрежа, а инспекторите зеле и мостри за анализа за проширена хемиска и микробиолошка анализа. Податоците ја потврдиле безбедноста на водата. „Сакаме да ја информираме јавноста дека од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки одговараат на Правилникот за барање за безбедност и ...

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Од 16:15 ч. во прекин е сообраќајот на патниот правец Охрид-Ресен, поради сообраќајна незгода. ЗАБРАНИ: Воведени се забрани за движење на товарни моторни возила на следните патни правци: СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема ...

Франција најави примена на засилени безбедносни мерки, слични на оние од Олимписките игри, за време на божиќните базари, кои привлекуваат голем број посетители низ целата земја. Мерките предвидуваат строга контрола врз лица означени како потенцијални закани за безбедноста, вклучувајќи ограничувања за движење. Министерството за внатрешни работи објави дека овие мерки се дел од стратегијата за спречување на терористички напади, особено по ...

Претседателот на САД, Џо Бајден денеска ги преиначи казните на 37 од вкупно 40 осуденици на смрт. Според одлуката на 37 осуденици казната им е преиначена во доживотен затвор без можност за условно ослободување. Со тоа Бајден го осуети планот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за забрзување на темпото за извршување на смртните казни. Одлуката за помилување на еден претседател не може да биде поништена од неговиот наследник. ...

Американската музичарка Били Ајлиш претпочита одделно да работи на своите музички соработки – без присуство на соработникот, освен, по сѐ изгледа – со нејзиниот брат. Таа, вели, нема намера да го менува својот вообичаен начин на снимање музика за никој од нејзините соработници. Така, кога се согласила да биде гостинка на преработката на песната „Guess“ на британската пејачка Чарли Екс-си-екс, Ајлиш остана доследна на своите правила. – Финеас и ...

Во Драмскиот театар во Скопје задутре, 25 декември, ќе се одржи премиера на претставата „Фамилијата Адамс“ во режија на Теа Беговска. Претставата го симболизира спојот на темното и светлото, на нормалното и ненормалното, а при нејзино реализирање фокусот најмногу бил ставен на филмовите од 1991 и 1993 година. Улогите во претставата ги играат Предраг Павловски, Трајанка Илиева Вељиќ, Гордана Ендровска, Нина Елзесер, Сашо Тасевски, Томислав ...

Здружението на граѓани „Коледари“ од Куманово ги набраа бадниковите гранчиња и денеска повикаа на масовно присуство на верниците за прославата за Бадник и го избраа овогодишниот кум, Драган Трајковски. Како што информира надлежните од Здружението, на 6-ти јануари со почеток во 10:30 часот коледарите ќе се соберат во „Касапски круг“, ќе присуствуваат на литургијата во Соборниот храм „Свети Никола“ каде ќе се подели и коледарската погача. ...

Соња Стамбoлџиоска – вечната Пипи или нашата Grinch Lady! Кога позитивната енергија и празничниот хаос ќе се сретнат, знаете дека Соња е во центарот на вниманието! Овој пат, во новата епизода на Ре Трн Тајм, таа е во улога на легендарниот Гринч – но дали навистина ќе го украде Божиќ? 🎄 Актерката Соња, а.к.а Пипи Долгиот Чорап, ни даде одговори на неколку баш интересни прашања: Ако Скопје беше животно, кое животно ќе беше? Кое е нејзиното ...

Бродот „Орику“ на албанската воена морнарица, кој е дел од мисијата на НАТО во Егејско Море, спаси 40 мигранти, кои биле во чамец и овозможил безбедно да стигнат на копно. Веста ја објави министерот за одбрана Пиро Венгу кој соопшти дека утринава екипажот на бродот „Орику“ П132 во координација со крајбрежната стража на Турција и Грција извршил спасувачка акција, обезбедувајќи помош на гумен чамец со 12 мажи, 18 жени и 10 деца. -Благодарение на ...

Европската комисија (ЕК) донесе прелиминарни заклучоци кои укажуваат на тоа дека Apple мора да овозможи интероперабилност на уредите iPhone со производи на конкурентски компании. Овој потег е дел од новиот Закон за дигитални пазари (DMA), кој има за цел регулирање на технолошкиот сектор и зголемување на конкуренцијата. Apple се најде на мета на ЕК поради наводна ограничување на конкуренцијата со цел да ги фаворизира сопствените производи, како ...

Сифилисот и Кристофер Колумбо имаат повеќе заедничко отколку што мислите. И сифилисот и Колумбо стапнаа на нови континенти и ги колонизираа локалните жители на крајот на 15 век. Колумбо ги колонизирал домородците на Америка, а сифилисот ги колонизирал Европејците. Заедничко им е и тоа што бараа пат до Азија. Сифилис првпат се појавил во Европа во 1494 година, во камп на француската армија, една година откако Колумбо се вратил од своето патување ...

Сите понекогаш посакуваме парче торта, крофна, чипс, пуканки и други грицки и тоа не е проблем. Меѓутоа, проблем е ако таа желба стане честа, особено затоа што една од нив е прогласена за официјално најнездравата намирница на светот. Здравата исхрана не е само тренд за кој слушаме сè почесто последниве години, туку е пат за долг и квалитетен живот. И домашните и светски експерти редовно даваат совети за тоа што треба да јадеме и пиеме. Меѓу тие ...

За време на пандемијата на КОВИД, на научниците им стана јасно дека кај значителен дел од луѓето кои ја надминале инфекцијата, некои симптоми на болеста сè уште опстојуваат. Овој феномен се нарекува долг ковид и подразбира состојба во која симптомите траат три месеци или подолго по почетокот на болеста. Овие симптоми вклучуваат замор, проблеми со концентрацијата, болки во мускулите и зглобовите, отежнато дишење, главоболки, нарушувања на ...

Словенија донесе закон кој забранува величање на нацизмот и фашизмот. Законот се однесува на историски држави, организации и групи поврзани со тие идеологии, вклучувајќи ја Независната Држава Хрватска и Усташите. Предвидените казни за прекршителите се од 500 до 1.000 евра. Законот го дополни постојниот Закон за јавен ред и мир и воведува забрана за користење симболи поврзани со нацизмот и фашизмот, како што се застави, ознаки, песни и униформи, ...

Родовиот јаз во платите е многу повеќе од еднаква плата за еднаква работа. Жените во Европа се соочуваат со големи нееднаквости во пристапот до работа, напредување и награди. Неколку индикатори ја покажуваат нееднаквоста меѓу жените и мажите во многу области, но економскиот живот е една од клучните области што најмногу ги засега жените. И покрај некои подобрувања во Европа, жените сè уште страдаат од родови јазови кога станува збор за платите, ...

Јапонските автомобилски гиганти, Хонда и Нисан, најавија планови за спојување. Со овој потег, тие ќе станат трет најголем производител на автомобили по продажба на глобално ниво. Двете компании соопштија дека потпишале меморандум за разбирање, а во разговорите за интеграција ќе биде вклучена и помала членка на алијансата на Нисан, Мицубиши Моторс. Јапонските производители на автомобили се соочуваат со предизвици да ги достигнат големите ...

Мозокот е еден од најважните органи во телото, па затоа е неопходно да направиме сè што можеме за да се грижиме за неговото здравје. Како што пренесува HealthDigest, мозокот може да остане здрав со доволно спиење, физичка активност, социјализација и ментално стимулирање како пример преку решавање на загатки или читање. Меѓутоа, исхраната има важна улога во одржувањето на здравјето на мозокот, особено внесувањето на намирници богати со омега-3 ...

Според Меѓународната федерација на новинари (IFJ), се проценува дека 104 новинари биле убиени ширум светот во текот на годинава што изминува. Во друг извештај на невладината организација Репортери без граници, бројката е 54, но нивната методологија вклучува само убиства кои се сметаат за „директно поврзани“ со професионалната активност на новинарите. И двете организации велат дека Палестина е најсмртоносното место на земјата за новинарите. ...

Белгиските научници развија мРНА вакцина која може да го зајакне имунолошкиот систем во случај на инфекција со ХИВ. Целта на вакцината е да помогне во контрола на ХИВ вирусот. Вакцината користи липидни наночестички кои „содржат дополнителен стимулативен сигнал за имунолошкиот систем, што ја зголемува ефикасноста на вакцината“, изјавил еден од истражувачите. Иако вакцината е тестирана само на лабораториски глувци, ако нејзината ефикасност се ...

Водата од системот на Град Скопје е санитарно исправна и граѓаните може непречено да ја користат, покажал вчерашниот мониторинг што го извршил Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ по прекинот на водоснабдувањето во саботата. Како што информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК), мониторингот опфатил девет клучни места: Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров и ...

Расказите се пишувани во периодот од 1979-та до 1999-та година, а се поделени во три циклуси на 220 страници: 1) Четири различни приказни; 2) Семејни приказни; и 3) Нови приказни. Некои од расказите се наградени и вклучени во книжевни антологии и прегледи на хрватската литература, а според еден од нив, расказот „Мојот добар татко“ (од 1979-та г.) авторот напишал и драмски текст. Миро Гавран (Горња Трнава, 03.05.1961) е хрватски драматург, ...

Изданието содржи цртежи кои Лазески ги создава во 1936 година, инспириран од неповторливиот пејзаж, традиција и култура на Мариово. Публикацијата вклучува репродукции на цртежите, критички текстови и историски осврти коишто ја доловуваат вредноста на овие дела како и културно-историскиот контекст во кој се создадени. На промоцијата ќе бидат изложени дел од оригиналните записи на Лазески, што ќе ѝ овозможи на публиката автентично доживување на ...

Драган Дончески, од извидничкиот одред „Еквинокс“ – Штип, ја доби престижната титула Извидник на годината. Ова признание ја одразува неговата несебична посветеност, инспиративна работа со младите генерации и придонесот за развојот на извидничкото движење на локално, национално и интернационално ниво. Драган е вистински пример за лидер кој ги инспирира идните генерации со својата енергија, мотивација и страст кон волонтерството и заедницата. ...

Директорот на Архивот на јавни собири на Србија, Александар Губаш, соопшти дека врз основа на достапните висински снимки направени вчера околу 17 часот, овој архив утврдил дека на протестот во Белград присуствувале околу 100.000 граѓани. Од Архивот наведуваат дека тоа е најголем протест не само против актуелните власти, туку и најголем протест било кога одржан во Србија. На Славијата и во прилазните централни белградски улици се собрале повеќе ...

Хрватска е затрупана од снег. Како што најавија метеоролозите, почетокот на неделата донесе значителен студе и снег, дури и на низините. Најмногу снег падна на автопатиштата A1 и A6, а ХАК известува дека е во тек чистење и посипување на коловозот, а на некои патишта се вози побавно поради возилата на зимската служба кои се движат побавно. Поради бура, утрово беше затворен автопатот A1 Загреб-Плоче-Караматиќи меѓу чворовите Свети Рок и Поседарје. ...

Интервјуто е по повод нивниот традиционален настап во Скопје на секои 2 години, секојпат под истиот хумористичен наслов- “ATHEIST RAP Биенале во Скопје” кој оваа година е закажан за 28 декември во клубот Маракана. Како што праксата повеќе пати докажува дека “глупоста е неуништива и универзална”, што е тогаш она што вас се уште ве движи и по 35 години, од моментите кога сите мислевме дека можеме да го промениме светот на подобро и да ја уништиме ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
60%
1011
weather icon

Белград

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
54%
1013
weather icon

Загреб

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
61%
1013
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
36%
1011
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
63%
1014
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
2.06
63%
1012
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
2.57
56%
1010
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
46%
1011
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
52%
1011
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
5.14
67%
1015
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
3.09
54%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
44%
1012
Currency

61.53

Currency

54.6759

Currency

72.612

Currency

35.112

Currency

39.2593

Currency

65.5344

Currency

7.55213

Currency

0.65447

Currency

0.37501

Currency

0.52482

Currency

1.41065

Currency

0.64521

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15460.00

Рутениум

19869.16

Калај

31.89

Сребро

1052.39

Злато

106959.53

Бакар

9.35

Паладиум

30929.02

Платина

31733.76

Родиум

172810.26

Цинк

2.62