Планирањето на кариерата е една од најважните животни одлуки. Запознавањето со трендовите на пазарот на труд може значително да ви помогне да донесете информирана одлука за вашата иднина, дали станува збор за избор на професија или преквалификација. Европскиот пазар на труд минува низ значителни промени, предизвикани од дигиталната трансформација, зелената транзиција и демографските промени. Според најновите истражувања и предвидувања на врвни ...

Најновата студија на глобалната консултантска фирма „Амроп“ открива значајни разлики во перцепцијата за работата помеѓу жителите на Европската Унија и оние од „Глобалниот Југ“. Истражувањето, насловено „Значењето на работата“, опфати 8.000 испитаници од осум земји, меѓу кои Германија, Франција, Полска, САД, Кина, Индија и Бразил. Највисоко ниво на задоволство од балансот меѓу работата и приватниот живот е забележано во Индија (73,3%), додека ...

Од март идната година се воведува нова авиолинија помеѓу Скопје и Амстердам со нискобуџетната компанија „Трансавија“, јавува „Ex-Yu Aviation“. Билетите за новата авиолинија веќе од денеска се достапни за купување на веб-страницата на „Трансавија“. Првиот лет ќе биде на 2 март 2025 година, а на релацијата ќе се лета двапати неделно. „Трансавиа“ има долгогодишно присуство на македонскиот пазар. Со компанијата беа организирани чартер летови за ...

Албанскиот премиер, Еди Рама, најави дека TikTok ќе биде блокиран од новата година, обвинувајќи ја платформата за зголемени инциденти на насилство и малтретирање, особено меѓу младите. Оваа одлука на албанската влада, со која TikTok ќе биде забранет за една година, предизвика гнев кај многу корисници на платформата во земјата. „Моите врсници и јас не се согласуваме со оваа одлука, бидејќи TikTok не е причината за кавгите и поделбите меѓу нас. ...

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, ги повика сите скопјани на незаборавна прослава за дочекот на Новата година на плоштадот во неговата општина. „Додека центарот на Скопје останува празен и без идеја за празнична програма, ние во Шуто Оризари подготвивме вистинска новогодишна магија за сите генерации. Почнувајќи од 12:00 часот, ќе имаме програма за најмладите, а забавата ќе трае до раните утрински часови со уникатна ромска музика и ...

Samsung Galaxy S24 Ultra, според гласањето на корисниците, беше прогласен за најдобар телефон за 2024 година, освојувајќи престижната награда „Reader’s Choice“ на порталот Android Authority. Овој уред, познат по своите врвни перформанси, ја засени конкуренцијата меѓу 35-те телефони, вклучувајќи го iPhone 16 Pro Max, Google Pixel 9 Pro и OnePlus 12. Гласањето започна со рекорден број кандидати – 35 телефони. Иако се очекуваше силна конкуренција ...

Денеска Скопје е обвиено во облачна и студена атмосфера. Слаб дожд го освежува градот, додека во повисоките делови на котлината паѓа снег, најавувајќи ја зимата. Северниот ветер дува умерено, зголемувајќи го чувството на студ. Утрешниот ден носи слично сценарио – променливо облачно и студено време, со локални врнежи од дожд и снег. Северниот ветер ќе засили, достигнувајќи брзина над 60 километри на час на одредени места. Температурите ќе се ...

Неколку десетици илјади граѓани се собраа на Плоштадот Славија за да ги поддржат студентите кои веќе недели се во блокада и повторно бараат кривична и политичка одговорност за трагедијата во Нови Сад при која загинаа 15 лица, меѓу кои имаше и бројни јавни личности, од кои некои навистина изненадија. Во изминативе недели се зголемува бројот на јавни личности кои им даваат поддршка на студентите. Повторно најгласни беа актерите, кои веќе недели ...

Илјадници жени се собраа во североисточниот сириски град Камишли и побараа новите исламистички владетели во Дамаск да ги почитуваат женските права и да стават крај на воените операции поддржани од Турција во северните региони на земјата. Нивната рекација следи по значајните политички промени во Сирија, земја во која конфликтот трае повеќе од една деценија Демонстрантите, меѓу кои имаше активистки, мајки, студентки и жени од различни делови на ...

Снежниот бран кој зафати повеќе предели од Македонија донесе на Скијачките центри снежната покривка да надмине половина метар. Од вчера вечер на Попова Шапка се измерени 55 сантиметри снег, 44 сантиметри во Маврово, 17 сантиметри во Лазарополе, 14 сантиметри во Тетово, и 2 сантиметри на Ѓуриште. Исто така најмногу дожд во исто време наврна во Охрид, и тоа 20 литри на метар квадратен. Но и во овие делови дождот преминува во снег. Најниска ...

Студентскиот протест на плоштадот Славија, според проценката на Архивот на јавни собири, е убедливо најголемиот протест во Србија. Архивот на јавни собири утврдил дека на протестот, кој го организираа студентите на Славија, се собрале помеѓу 100.000 и 102.000 луѓе. Тоа е најголемиот број демонстранти на едно место од 1991 година до денес. Целиот свет имаше можност на плоштадот Славија да види како изгледа кога студентите во Србија ги повикуваат ...

Туристи останаа заглавени во снежните наноси на планината Тара. Снегот што со часови паѓа предизвика хаос низ цела Србија. На многу патишта сообраќајот бил забавен, а на некои места целосно прекинат. Лошите услови на патиштата доведоа и до неколку сообраќајни несреќи. Особено драматично е на планините, каде снегот непрекинато паѓа и се задржува поради ниските температури. Тоа го потврдува и снимка направена на Тара. „Тара, патот Мокра ...

69-годишниот холивудски актер Дензел Вашингтон, ја доби својата лиценца за свештеник откако беше крстен од бискупот Џејмс Пулинс Џуниор во Црквата Кели Темпл во Њу Јорк. Во видеото што беше споделено на интернет, Вашингтон ја изрази својата благодарност, велејќи: „Ако Бог може да направи ова за мене, нема ништо што не може да направи за вас. Небото буквално е граница“. Вашингтон неодамна зборуваше за својата вера за Esquire, признавајќи дека ...

Околу 200.000 домови во северозападниот дел на Босна и Херцеговина (БиХ) денеска останаа без струја поради дефекти предизвикани од обилните снежни врнежи, соопштија електроенергетските компании од двата ентитета. Електропривреда БиХ од Федерацијата БиХ соопшти дека од 04:00 до 10:30 часот без напојување со електрична енергија останале приближно 180.000 корисници. „Благодарение на брзите интервенции на екипите за електрична инсталација, повеќето ...

На 9, 10 и 11 мај, првите три етапи од Џиро д’Италија ќе се возат низ Албанија. Првата етапа ќе биде тргнување од Драч и завршување во Тирана по ридско возење од 164 километри. Тирана ќе биде домаќин на втората етапа, во должина од 13,7 километри хронометар, поединечно, а потоа, третата етапа, исто така, ќе биде ридско возење од 160 километри што започнува и завршува во приморскиот град Валона. По ден одмор, трката ќе се пресели во Италија, а ...

Доналд Трамп изјави дека има намера да го смени името на Денали, највисоката планина во Северна Америка лоцирана во Алјаска. Трамп вети дека името, дадено од домородното население, ќе биде заменето со она дадено во чест на Вилијам Мекинли, 25-тиот претседател на САД убиен во атентат во 1901 година. Поранешниот претседател Барак Обама, демократ, во 2015 година официјално ја преименува планината Мекинли во Денали, по барање на жителите на Алјаска. ...

„Таа е пронајдена во септичка јама во урбана средина. Ова е многу посебно, бидејќи со дрвените чевли секогаш помислувате на фармери кои користеле кломпи за време на нивната работа“, изјави археологот Силке Ланге за Ројтерс. „Но, ова всушност беше пронајдено во урбан контекст. Тие користеле ваков тип на обувки за секојдневна употреба“, рече таа. Дрвениот чевел бил пронајден во септичка јама откриена минатиот месец за време на изградбата на ...

Во периодот меѓу ноември и декември годинава во Грција биле потврдени 18 случаи на мпокс (мајмунски сипаници), соопшти Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ) и посочи дека ширењето на вирусот продолжува како во земјата така и на меѓународно ниво, јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕОДИ информираа дека мпокс е генетски вирус сличен на сипаници, но помалку заразен и предизвикува поблаги симптоми, а од човек на човек се пренесува ...

Снежното невреме низ Балканот денеска предизвика сообраќаен хаос, затвори училишта и остави илјадници домови без струја во Хрватска и Босна, додека лошото време во Словенија ги попречува напорите за пронаоѓање на двајца планинари изгубени на Алпите. Како што пренесува Бета, според прогнозите, невремето се движи кон Србија и метеоролозите ги предупредуваат луѓето во западниот дел на земјата да избегнуваат патување и да се подготват за евентуални ...

Хрватската влада одлучи да воведе построги безбедносни мерки во училиштата откако во петокот (20-ти декември) едно дете загина, а пет лица се повредени во напад во основното училиште „Пречко“ во Загреб, објави весникот „Јутарњи лист“. „По ужасниот чин на болно лице, ќе бараме строго почитување на мерките за заклучување на училиштата. Она што веднаш ќе го направиме е да ги смениме бравите на училишните врати за да може да се отворат одвнатре, но ...

Во руската република Јакутија, откриени се уникатно добро сочувани остатоци од младенче мамут, за кои се проценува дека се стари околу 50.000 години, изјави за новинарите Максим Чепрасов, директор на музејот на мамути. „Во овој момент можеме да кажеме дека ова е едно од најдобрите откритија на остатоци од мамути некогаш пронајдени во светот“, рече Чепрасов. Според него, задните и предните делови од остатоците од мамутот биле откриени од ...

Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен (Ред Бул) е беше прогласен за најдобар во 2024 година во изборот на неговите колеги. На второто место се најде Ландо Норис (Мекларен), додека трет е Шарл Леклер (Ферари). Топ 10 ги вклучува истите спортисти како и во поредокот на крајот на сезоната, но редоследот е малку поинаков. Така Луис Хамилтон, кој го напушти Мерцедес, стана само десетти, а лидерот на Алпин, Пјер Гасли, се искачи на седмото ...

Разберете зошто сакате домашно милениче пред да се обврзете Пред да одите во засолништето или во продавницата за миленичиња, одвојте момент на интроспекција и запрашајте се: Зошто сакам домашно милениче? Тоа е важно прашање што често се занемарува. Дали барате дружење или навистина сакате да му обезбедите безбеден дом со љубов на животно? Д-р Болу предупредува да не посвојувате миленичиња само за да ја пополните емоционалната празнина, бидејќи ...

Кипар воведе нови политики за привлекување квалификувани работници и странски студенти, со цел пополнување на работните места во клучни сектори, објави весникот „Катимерини“. Министерот за труд, Јанис Панајоту, потпиша уредби кои олеснуваат вработување на висококвалификувани работници од надвор од ЕУ и овозможуваат странски студенти да работат со скратено работно време. Мерките се фокусирани на сектори како информатичка технологија, фармацевтски ...

Повеќе од илјада студенти од Црна Гора ги поддржаа студентите во Србија, кои организираат блокади на универзитетите и протести, барајќи одговорност за падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, на 1 ноември, кога загинаа 15 лица. Поддршката ја потпишале над 1.100 црногорски студенти. „Испраќаме поддршка до сите оние кои во моментов се дел од блокадите, ги повикуваме да истраат и бараме од Владата на Србија да ги слушне своите ...

Кина достави информации и документи за заедничката истрага на двата оштетени подводни кабли во Балтичкото Море и ги повика Германија, Шведска, Финска и Данска да учествуваат во истрагата, соопшти Министерството за надворешни работи на Кина. Портпаролката на министерството, Мао Нинг, изјави на прес-конференција дека Кина ги информирала сите засегнати страни и е подготвена да соработува. Истрагата беше иницирана откако во ноември беа прекинати два ...

Протестот беше организиран од Хрватскиот синдикат на наставници, Синдикатот на преродба и Самостојниот синдикат на вработените во средните училишта во Хрватска. Лидерите на синдикатот ги поканија членовите и јавноста надвор од Загреб да се соберат мирно пред локалните училишта и да ја изразат својата почит кон жртвите и да ги предупредат да го решат проблемот. Учесниците на протестот порачаа дека тие маршираат барајќи посигурни училишта, места ...

Услугата за споделување електрични автомобили ќе започне од март, откако денеска беше потпишано писмо за намери за поддршка на проектот на словенечката приватна компанија „Авант кар“. За користење на услугата ќе биде потребно инсталирање мобилна апликација преку која ќе се наоѓа достапно возило. За изнајмување на електрично возило ќе се плаќа по минута и изминат километар, а плаќањето ќе биде дигитализирано или преку платежна картичка. Како што ...

Граѓаните на Кочани денеска со двочасовна блокада на една од главните сообраќајни крстосници во централното градско подрачје, го искажаа својот револт од депонирањето на смет на територијата на нивната општина од околнте населени места. На денешната 56та Седница, Советот донесе едногласен заклучок, одлуката за забрана за депонирање на смет од соседните општини да се достави до комуналното претпријатие и “Водовод” да ја почитува истата. Убијци, ...

Австралиец е уапсен откако речиси 100 кенгури беа пронајдени мртви, соопшти денеска локалната полиција. Полицијата на Нов Јужен Велс соопшти дека 98 мртви кенгури биле пронајдени во октомври во регионот Хантер, северно од Сиднеј, заедно со кутија со муниција и два чаури. Еден човек е уапсен и обвинет за прекршоци на суровост кон животните во петокот, соопшти полицијата. Тој, исто така, беше обвинет за прекршоци со огнено оружје, додаде ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
60%
1011
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
3.09
50%
1013
weather icon

Загреб

17ᴼ / 15ᴼ
3.09
61%
1013
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
36%
1011
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
63%
1014
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
2.06
67%
1012
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
2.68
57%
1009
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
46%
1011
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
49%
1011
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
5.14
68%
1014
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
3.09
53%
1015
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
45%
1012
Currency

61.53

Currency

54.6759

Currency

72.612

Currency

35.112

Currency

39.2593

Currency

65.5344

Currency

7.55213

Currency

0.65447

Currency

0.37501

Currency

0.52482

Currency

1.41065

Currency

0.64521

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15460.00

Рутениум

19869.16

Калај

31.89

Сребро

1052.39

Злато

106959.53

Бакар

9.35

Паладиум

30929.02

Платина

31733.76

Родиум

172810.26

Цинк

2.62