
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Новата студија на OurPBC откри кои популарни апликации најмногу ги оптоваруваат батериите на нашите мобилни телефони до тој степен што би можеле да го скратат нивниот животен век. Студијата се заснова на претпоставката дека корисникот на iPhone или Android и дал пристап на апликацијата до сите можни дозволи кои биле побарани при првичната инсталација. Тоа вклучува статус на телефонот, Wi-Fi конекција, складирање, камера, микрофон, локација, ...
И Португалија се приклучува на групата земји кои им забрануваат на учениците да користат мобилни телефони додека се на училиште. Во оваа земја забраната ќе важи за учениците од прво до шесто одделение, најави министерот за образование, наука и иновации, Фернандо Александре, наведувајќи ги негативните ефекти од користењето мобилни телефони врз децата. – Препораката што ја даде Владата е забрана. Она што го правиме оваа година е проучување на ...
Таквите луѓе се познати по нивната склоност да се впуштаат во жестоки расправии во секое време и секаде. Според астрологијата, луѓето кои сакаат да започнуваат расправии и конфликти често се родени под овие хороскопски знаци. Овен Кога Овенот е наоколу, подобро е да ги оставите настрана сите предмети што се кршат. Неговата искра разгорува расправија во секунда, а тоа е за најмалата работа – премногу мајонез на сендвич или погрешно паркиран ...
Данското Министерство за одбрана денеска објави огромни нови трошоци за одбраната насочени кон Гренланд, арктичката територија богата со минерали и природни ресурси за која Копенхаген претендира и која новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп сака да ja придобие, јави ДПА. Данскиот министер за одбрана Троелс Лун Поулсен рече дека одбранбениот пакет ќе изнесува „двоцифрен износ во милијарди“. Десет милијарди дански круни се еднакви на ...
Изложба на дела од автори од Друштвото на ликовни уметници од Кавадарци, беше отворена вечерва во Домот на културата „Иван Мазов – Климе”. Директорката на установата, Јулијана Туриманџова рече дека Кавадарци е богат град со многубројни автори од областа на сликарството и уметноста. – Почнувајќи од повозрасните ликовни уметници, Темков, Јосифов, Кеков, Дојчинов, Димитар Самарџиев, Роска Трајкова, Македонка Димова, па се до младите, Боев, Јованов, ...
Албанската полиција го презентираше планот мерки за гарантирање на редот и безбедноста за време на претстојните празници, кои стапуваат во сила веднаш и ќе важат до 3 јануари, до кога готовноста е подигната на повисок степен. – Со цел да се гарантира редот и безбедноста во последните денови од оваа и првите денови од 2025 година, државната полиција изготви детален план на мерки за спречување инциденти или криминални настани, да се олесни ...
Едно лице беше приведено во неделата по смртта на жена која беше запалена во возот на метрото во Њујорк, соопштија властите. Според полицискиот комесар на Њујорк, Џесика Тиш, осомничениот и жртвата се возеле во воз Ф кој се упатил кон станицата Кони Ајленд-Стилвел Авенија во Бруклин околу 7:30 часот по локално време. Кога возот пристигна на станицата, осомничениот и пришол на жената и намерно ја запалил а потоа побегнал, рече Тиш. Осомничениот, ...
Одговорот на тоа прашање го барал оној кому му се припишува идејата за создавање на првиот автомобил со мотор со внатрешно согорување, официјално регистриран како патент уште во 1886 година – германската компанија Мерцедес-Бенц. Познатиот производител на автомобили, кој во последните десет години лансираше целосно нова класа на електрични модели EQ, работи на нова револуционерна технологија наменета за таа категорија возила која наскоро би ...
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон е отпуштен од болница во Вашингтон откако се лекувал од грип, изјави денеска заменик шефот на неговиот кабинет. Клинтон и неговото семејство „се длабоко благодарни за исклучителната грижа што ја пружи тимот на Универзитетската болница Медстар Џорџтаун и се трогнати од љубезните пораки и добрите желби што ги доби“, објави Ангел Урења на X. – Тој ги испраќа своите најтопли желби за среќни и здрави ...
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе побара од Министерството за правда „енергично да ја спроведе“ смртната казна за „да ги заштити Американците од насилни силувачи, убијци и чудовишта“. Трамп ова го изјави откако американскиот претседател Џо Бајден вчера им ги ублажи казните на 37 од 40 федерални затвореници осудени на смрт, преиначувајќи ги во доживотен затвор без помилување. На почетокот на овој месец, ...
Доналд Трамп го нападна Џо Бајден за ублажувањето на казните на речиси секој американски федерален затвореник осуден на смрт. Претседателот Бајден, во неговиот последен месец на функцијата, во понеделникот објави дека ги претвора во доживотна казна затвор смртните казни на 37 од 40-те затвореници кои чекаат федерално погубување без можност за условно ослободување. Тие вклучуваат девет лица осудени за убиство на други затвореници, четворица за ...
Крајгер на овогодинешниот AI Tech Summit во Скопје ја истакна важноста на етичката употреба на вештачката интелигенција, а во интервјуто за Трн.мк зборуваше за што значи користењето на вештачката интелигенција за луѓето. „Сегашниот даночен закон што го имаме, на пример, речиси секаде го фаворизира капиталот пред трудот. Значи данокот на труд е поголем од данокот на капитал. Сега тоа значи дека постои поттик за компаниите да автоматизираат што е ...
Голем број градови и општини во Србија оваа година решија да ги откажат новогодишните прослави на јавните плоштади како знак на почит кон жртвите од трагичниот настан во Нови Сад, кој се случи на 1 ноември. Тогаш, по уривање на покрив на железничката станица, животот го загубија 15 лица, а две беа тешко повредени, пишува Н1. Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, изјави дека одлуката за откажување на дочекот на Новата година и Стара Нова ...
Ноќните температури се спуштија под нула, што го зголеми ризикот од мраз на патот, особено ноќе и со лапавица која се лепи за асфалтот, претворајќи се во тенок слој на кој автомобилот тешко се контролира. Ваквите услови го отежнуваат возењето, особено на улици кои службите немаат време да ги расчистат при ненадејни врнежи. Затоа, ве потсетуваме на петте најдобри совети за возење во услови на снег и мраз на патот, особено за младите возачи и оние ...
Во јануари идната година, по претседателските избори, ќе започне законската процедура потребна за враќање на задолжителниот воен рок, а првите повици на регрути се очекуваат кон средината на 2025 година, извести денеска хрватското Министерство за одбрана. -Министерството за одбрана подготви законски предлози со кои се регулира основната воена обука, како и други прашања поврзани со нејзиното спроведување. Во однос на изборите за претседател на ...
Физички лица од странство повеќе нема да можат да регистрираат .mk домен, откако МАРНет неодамна го промени Правилникот за организацијата и управувањето со врвните национални интернет домени. Ваквата новина доаѓа со промена на член во Правилникот каде регистрацијата на .mk домен сега се ограничува на сите физички и правни лица само со живеалиште или престојувалиште во Македонија. Во меѓувреме, за регистрација на .mk домен, странските правни лица ...
Според официјалните податоци Јужна Кореја со 20 проценти од населението на возраст на 65 години и повеќе е „многу старо општество“. Кон крајот на минатата година, во четвртата по големина економија во Азија, имаше 0,7 раѓања по жена – една од најниските стапки во светот и далеку под стапката од 2,1 потребна за одржување на сегашната популација. Поради тоа населението во Јужна Кореја старее и брзо се намалува. Сега во Јужна Кореја живеат над 10 ...
Маскирани и вооружени мажи го запалија божиќното дрво лоцирано на главниот плоштад во градот Сукејлабија во централна Сирија, пишува Би-Би-Си. По оштетувањето на дрвото, во Сирија избија протести. Илјадници демонстранти излегоа на улиците и од исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТШ) за да ги заштитат правата на верските малцинства. ХТШ соопшти дека дрвото во Шукајлабија било запалено од странски борци и дека биле приведени. Исламистите ...
Астрономите идентификувале извонреден резервоар за вода скриен во агол на космосот, кој кружи околу квазар (исклучително сјајно активно галактичко јадро) оддалечен повеќе од 12 милијарди светлосни години. На таа далечина, светлината што ја гледаме денес го започна своето патување не многу долго откако се формираше самиот универзум. Снабдувањето со вода во ова далечно место е огромно и содржи еквивалент на околу 140 трилиони пати повеќе од целата ...
„Инсекти“, Инклузивниот проект по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, беше отворен денес во 12: 30 часот во Мала станица. Проектот е во соработка со Факултетот за ликовни уметнсти – Скопје – УКИМ. ,,Како и изминативе години, така и оваа, ние како институција креираме креативни проекти каде младите од повеќе скопски училишта, ученици со или без хендикеп работеа заедно, односно создаваа уметност. Во проектот беа вклучени ...
Да се биде вистински интелектуалец не е преправање – тоа не е нешто што можете да го лажирате со неколку големи зборови. Тоа е начин на размислување што вклучува љубопитност, критичко размислување и понизност. Дали следниве 7 фрази може да ги откријат лажните интелектуалци? 1.„Според мое скромно мислење…“ Тоа е класична фраза што лажните интелектуалци често ја користат за да звучат поупатени и повнимателни отколку што навистина се. Тие сакаат да ...
Еден од најпознатите светски споменици, Ајфеловата кула, денеска беше зафатена од пожар, известуваат француските медиуми „Frontières“ и „Boulevard Voltaire“. Според полициски извори, околу 1.200 лица се евакуирани од кулата. Причината за пожарот, како што јавува „Metro News“, била прегревање на кабли. Благодарение на брзата интервенција на противпожарните екипи, пожарот е успешно изгаснат. Ајфеловата кула, која дневно прима меѓу 15.000 и 25.000 ...
Оилтек, лиценциран лидер во земјата за управување со отпадни моторни масла, со гордост ги објавува своите рекордни достигнувања за 2024 година, одбележувајќи клучна година за еколошката одржливост во Македонија. Со собирање и рециклирање на невидени количини на отпадно моторно масло, Оилтек не само што ги надмина своите цели, туку постави и нов стандард за управување со животната средина. Импресивни резултати од 2024 година: според бројките ...
Програма која инспирира Оваа година, подземниот простор ќе биде исполнет со богата програма која ги комбинира музиката, визуелната уметност и архитектурата. За музичката атмосфера ќе се погрижат: Љубителите на визуелната уметност ќе имаат можност да ги погледнат делата на реномирани уметници како Еџе Али, Јелена Белиќ, Ангела Георгиевска, Симона Манчева, и многу други, вклучувајќи и дела од гостинските уметници од Грција ΓΑΔΑΚ и Софиа ...
Најмалку 12 лица загинаа, а 3 се повредени откако по експлозија во фабрика за производство на муниција во Турција, избувна пожар. Според досегашните информации, експлозијата се случила во фабриката за производство на муниција ЗСР, а од експлозијата се урнала зградата. Фабриката се наоѓа во областа Кареши во Баликесир. На местото на експлозијата се службите за итни случаи, пожарникари и други специјализирани екипи кои се обидуваат да утврдат дали ...
Истражувањата откриваат дека еден дополнителен час сон дневно може значително да го подобри вашиот сексуален живот. Според студија објавена во Best Life, жените кои спијат еден час повеќе имаат 14% поголеми шанси за интимност следниот ден. Најголемата корист од спиењето не е само зголемената желба за интимност, туку и подоброто расположение и намалениот стрес. „Доброто спиење секоја ноќ го подобрува целокупното расположение, што значи дека ...
Европските земји редовно се рангираат меѓу најдобрите кога станува збор за балансот меѓу работата и приватниот живот. Некои од нив беа меѓу првите што експериментираа со четиридневна работна недела, а истовремено нудат и високи просечни плати и бројни придобивки за вработените. Но, за кои компании во Европа е најдобро да се работи? Организациите Fortune и Great Place To Work ја објавија листата на „100 најдобри компании за работа во Европа“, ...
Годинава, на конкурсот за традиционалните годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) се пријавени вкупно 46 дела, односно 11 повеќе од минатата година. Од ДПМ велат дека оваа година, за разлика од минатата, доминира поетската продукција, но и книжевноста за деца и млади. За наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело објавено во 2024 конкурираат: За наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска збирка објавена од член на ...
Системот на локалната самоуправа во Македонија стои пред значајни промени, откако Министерството за локална самоуправа започна консултативни средби за измени и дополнувања на Законот за локална самоуправа. Главната иницијатива е воведувањето на механизам за отповикување на градоначалници, како и воспоставување задолжителен комунален надзор под ингеренции на општините. Овие измени се најавуваат како чекор кон зголемена транспарентност, отчетност ...
Несоодветно означување на пакетчиња кај 4 оператори било утврдено во рамки на спроведените 62 вонредни контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во магацини за пакување на новогодишни пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со новогодишни пакетчиња. Кај 3 вида на пакетчиња, констатирано е дека на збирното пакување нема наведено рок на траење, односно датум на минимална трајност на производите кои ги содржи новогодишното ...