Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Во утринските часови, на патот меѓу градовите Чачак и Краљево во Србија, повторно се случи сообраќајна несреќа во која автобус излета од патот во близина на населбата Бресница. Од засега достапните информации, едно лице го загуби животот, а други патници се повредени. Властите соопштија дека возилото рано утрово кружело по правецот Краљево кога излетало од патот и се превртело – деталите за причината се сè уште непознати. Истражителите на ...
Оперативци на Хамас ја нападнаа израелската армија во Газа, по што следеше бран на воздушни напади Во инцидентот учествуваа оперативци на Хамас кои излегоа од тунел и отворија оган врз израелските војници. ИДФ сè уште официјално не го коментираше овој настан Оператори на милитантната група Хамас во Појасот Газа започнаа напад врз израелските сили во јужниот дел на Газа, недалеку од градот Рафа, објавија денес израелските медиуми. „Тајмс оф ...
Одѕивот на локалните избори до 09.15 часот е три отсто, а гласале 41 890 граѓани, објави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко, споделувајќи податоци од 2672 избирачки места (76,91 процент) во кои се запишани 1.394.158 граѓани. Тој повтори дека сите гласачки места се отворени навреме и оти гласањето се одвива без проблеми. – Досега во ДИК немаме јавување за текот на гласањето за ниту едно ...
Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со поранешниот и актуелен претседател на САД, Доналд Трамп, поставил јасен и контроверзен услов за прекин на војната во Украина: Киев да се откаже од контролата врз регионот Донецк. Ова го пренесуваат неколку западни медиуми повикувајќи се на дипломатски извори вклучени во разговорите. Според истите извори, Москва дала до знаење дека е подготвена да разгледа повлекување од делови на ...
Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 2,02 промили алкохол во крвта престигнал седум возила што биле застанати на црвено светло на семафор, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. „Вчера во 15:30 часот на улица „Илинденска“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишија од слобода П.К., на возраст од 48 години од Кавадарци. При преземање мерки, по сторен сообраќаен прекршок, односно откако тој со патничко ...
Американскиот Стејт департмент денес издаде предупредување за „неизбежен“ напад од страна на исламистичката милитантна група Хамас врз палестински цивили во Газа. „Тој планиран напад врз палестински цивили би претставувал директно и тешко прекршување на договорот за прекин на огнот и би го поткопал значајниот напредок постигнат преку напорите на посредниците“, соопшти Стејт департментот. САД изјави дека ги информирале поддржувачите на ...
Навреме се отворени сите избирачки места и процесот на гласање за Локалните избори Навреме се отворени сите избирачки места и процесот на гласање за Локалните избори се спроведува без проблем, соопшти изутринава Државната изборна комисија (ДИК). Гласањето почна во 7 часот, а ќе трае до 19 часот. Се гласа на 3 474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 832 415 граѓани. На локалните избори 2025 има вкупно ...
Променливо облачно, температурата до 19 степени Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 18 степени. Како што ...
Според првични информации од очевидци, во несреќата учествувале три возила – „Голф“, „Мерцедес“ и „БМВ“. Ударот бил толку силен што автомобилите се извртеле на коловозот, а делови од нив завршиле на сите страни. Очевидци велат дека до судирот најверојатно дошло поради неприлагодена брзина, но засега нема официјална потврда дали има повредени лица. Полицијата е на терен, а повеќе детали се очекуваат во текот на вечерта. Фото: Фактор Извор: ...
Фриц, четвртиот играч на светот, го доби првиот сет со 7:6 (4), иако Ѓоковиќ во еден момент водеше со 5:4 и имаше четири сет-топки. Публиката во Ријад аплаудираше за спектаклот, но изненадувањето стигна кога Новак, видливо исцрпен, се повлече поради физички проблеми. Ова беше втор последователен пораз за светскиот шампион, кој пред два дена загуби во полуфиналето од Јаник Синер со 2:0. И покрај предавањето, Ѓоковиќ покажа дека сè уште е во ...
Отворањето доаѓа по постигнатото примирје и договорот за размена на заложници меѓу Израел и Хамас, постигнати со посредство на САД. Преминот, кој во најголем дел беше затворен од мај 2024 година, најпрво ќе им овозможи на Палестинците кои престојуваат во Египет да се вратат во Газа, но засега не е потврдено дали преку него ќе биде дозволен и влез на хуманитарна помош. Од почетокот на примирјето, според податоците на Светската програма за ...
Австралискиот стратег беше назначен на 9 септември 2025 година, но по серија лоши игри и резултати, клубот донесе одлука веднаш по домашниот пораз од Chelsea F.C. со 0:3. Клубот објави: „Nottingham Forest Football Club може да потврди дека по серија разочарувачки резултати и настапи, Ангелос Постекоглу е ослободен од функцијата тренер веднаш“. Оваа постапка го постави Постекоглу како менаџер со најкратко траење во историјата на Премиер лигата ...
Производителите објаснуваат дека квалитетната сланина станала тешко достапна, бидејќи свињите денес се „помеснати“ и имаат помалку маст. „Порано се хранеа домашни свињи од Божиќ до Божиќ, а сега е поинаку. Поради тоа, многу фабрики се принудени да увезуваат месо од Данска за да го задоволат растечкото побарување. Една од нив, лоцирана близу Самобор, произведува дури 25 тони чварки месечно, но речиси без домашна суровина. Дополнителен удар за ...
За разлика од претходните маршеви, родителите овојпат не дадоа официјални изјави за медиумите, но нивните пораки беа јасно испратени преку транспарентите што ги носеа. На нив повторно беа упатени обвинувања кон институциите – за недостаток на правда и одговорност за несреќата што го потресе градот. Како и досега, маршот накратко го блокираше сообраќајот на улицата „Стево Теодосиевски“, во близина на двојниот мост на Кочанска Река. Колоната ...
До брегот на Јемен, во Аденскиот залив, денес зема залет нов безбедносен инцидент: брод под знамето на Камерун, идентификуван како танкерот „Falcon“, беше погоден со пројектил и избувна пожар на палубата. Британската војска го пријави нападот, додека Центарот за поморски трговски операции (UKMTO) предупреди дека ударот се случил околу 210 километри источно од Аден. Танкерот, кој превезувал течен гас (LNG) од Оман кон Џибути, во моментот се ...
Три легендарни имиња од светската музичка сцена ќе настапат на новиот Phill Good Festival во Пловдив во Бугарија, кој ќе се одржи од 17 до 19 јули 2026 година. Организаторите најавуваат дека целосниот лајнап ќе биде наскоро објавен, а билетите ќе бидат пуштени во продажба на 20 октомври, по почетна цена од 122 евра. Phill Good Festival е нов фестивалска на балканот – приказна создадена за сите љубители на музика, уметност и добра енергија. ...
Во Националната опера и балет, со почеток во 20:00 часот, на сцената ќе настапи After the Wildfire Quartet – состав познат по својот експресивен звук и спојот на современи џез структури со медитативни музички пејзажи. Нивната музика се движи помеѓу нежна меланхолија и експлозивна енергија, градејќи исклучително сценско искуство. По нив, од 22:00 часот, публиката ќе има можност да ужива во настапот на Goran Kajfeš Tropiques, проект на ...
Оваа најава доаѓа во момент кога и Пекинг и Вашингтон се обидуваат да избегнат нова ескалација на царините и да стабилизираат економските односи кои со години се под притисок на трговски спорови. Според информациите, изјавата е дадена по одржаната видео-конференција меѓу кинескиот вицепремиер и главен трговски преговарач Хе Лифен и американскиот министер за финансии Скот Бесант. Разговорот, како што наведуваат кинеските медиуми, бил „отворен, ...
Научниците тврдат дека кога AI станува постојан „ментален асистент“, мозокот станува помалку склониран да се бави со креативно решавање и логичко размислување — и тоа не затоа што технологијата е лоша, туку поради тоа што ја пополниме секоја празнина на ментална работа со неа. Во студијата учествувале над 1.200 луѓе, а д-р Хана Родџерс, когнитивен невролог, истакнува дека „кога мозокот престанува да се справува со предизвик, некои од неговите ...
Овој чекор доаѓа во услови на нови несогласувања меѓу двете страни околу доцнењето на процесот на враќање на посмртните останки според договорот за примирје. Израел информира дека досега примил девет од вкупно 28 тела на заложници од Газа. Хамас, повикувајќи се на технички тешкотии, наведе дека му е потребна тешка механизација и дополнителна опрема за да се забрза откопувањето на телата кои се сè уште под урнатините. Израел, пак, инсистира ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес се сретна со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, кој го пречека пред Белата куќа во Вашингтон. Ова е нивна трета средба за една година. На прашањето на новинарите пред Западното крило дали мисли дека може да го убеди рускиот претседател Владимир Путин да ја прекине војната во Украина, Трамп рече: „Да, можеме“. Потоа двајцата лидери го започнаа работниот ручек, ...
На сцената ќе настапат The Cure, Gorillaz и Moby, три легендарни имиња кои ветуваат незаборавно искуство под отворено небо. Фестивалот PHILLGOOD го најавуваат како „новиот звучен бран на Европа“ – место каде музиката и енергијата се спојуваат во едно. Билетите ќе бидат пуштени во продажба во понеделник, 20 октомври, по почетна цена од 122 евра за целосен тридневен пропус. Повеќе информации и продажба на билети: phillgood.ink Пловдив го ...
Пакистан и авганистанските талибанци денеска го продолжија своето кревко примирје, додека дипломатите продолжија да преговараат во Катар за да постигнат трајно примирје, откако избувнаа најлошите гранични судири во последните децении меѓу двата соседа. Исламабад и Кабул објавија 48-часовно примирје во средата по деновите насилни судири преку нивната заедничка граница, при што беа убиени голем број војници и цивили од двете страни. ...
Палестинската милитантна група Хамас денеска изјави дека останува посветена на договорот за прекин на огнот со Израел, вклучително и ветување за предавање на телата на сите свои заложници, Израелци. Изјавата следеше по острото предупредување од американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека ако Хамас не го исполни својот дел од договорот и не ги врати телата на сите заложници, ќе го поддржи Израел во продолжувањето на војната. Хамас ...
Рускиот претседател Владимир Путин треба да биде уапсен на пат кон планираниот самит со неговиот американски колега Доналд Трамп во Будимпешта, одлучи Меѓународниот кривичен суд (МКС), како што објави холандската државна агенција ANP. Како што е наведено во соопштението за медиумите на судот, земјите кои се потписнички на Статутот на МКС се должни да ги извршуваат налозите за апсење, што важи и за Унгарија и соседните земји, кои Путин ...
Автобус се превртел на патот Сремска Митровица – Јарак денес околу 14:45 часот, јавуваат сроските медиуми. Според досегашните податоци, две лица загинале, а десетици други се повредени при превртување на автобус на патот Сремска Митровица – Јарак, потврди полицијата за N1. Полицијата, пожарникарите и екипите на брзата помош се на местото на настанот. Засега не е познато што предизвикало превртување на автобусот. Како што неофицијално дознава ...
Страотната експлозија што се случи утрово во станбена зграда во Букурешт, досега одзеде три животи. Во меѓувреме, бројот на повредени порасна на 17 лица, а според романските медиуми, од нив 12 се повредени како директна последица од експлозијата. Засега, нема информации за тежината на повредите. Во експлозијата, два ката беа целосно срушени, а долните катови беа оштетени, објавија локалните медиуми. Според информациите на „Антена ...
Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Покрај телефонски, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и лично во сите седум канцеларии на Народниот правобранител ...
Нова преодна влада на Перу најави воведување на вонредна состојба во главниот град Лима и во соседното пристаниште Калјао, поради масовните демонстрации што предизвикаа смрт на една личност и повредување на повеќе од 100 луѓе. Шефот на влада Ернесто Алварез изјави дека ќе бидат донесени мерки за ограничување на одредени права, вклучително и можност за воведување полициски час, со цел да се справи со растечкото насилство и криминал во земјата. ...
Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека заразните болести во Појасот Газа се нагло зголемуваат и дека ситуацијата „излегува од контрола“. Од 36 болници на ова подрачје, само 13 функционираат делумно, додека инфекции како менингитис, дијареа и респираторни заболувања се во пораст. Регионалната директорка на СЗО, Ханан Балки, истакна дека се потребни големи напори за справување со оваа здравствена криза. СЗО исто така ја ...