
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Google објави вонредно безбедносно ажурирање за својот интернет-прелистувач Chrome, поради повеќе сериозни ранливости што може да бидат искористени од хакери. Компанијата апелира до сите корисници веднаш да го инсталираат новото ажурирање за да ги заштитат своите системи. Кои се најголемите закани? Два од идентификуваните пропусти се класифицирани како „висок ризик“: Дополнително, Google коригираше и други безбедносни слабости, но деталите ќе ...
САД ја предводат листата на земји со најголем раст на личното богатство во 2024 година. Според извештајот, повеќе од 379.000 Американци станале милионери минатата година, што претставува над половина од сите нови милионери во светот. Главен двигател на овој тренд бил силниот раст на берзата, при што индексот S&P 500 порасна за над 23%. Покрај тоа, стабилниот американски долар и оптимизмот на финансиските пазари значајно придонеле за ...
Израелската армија соопшти дека ги нападнала иранските нуклеарни објекти во Бушер, Исфахан и во Натанц. Бушер е единствената активна нуклеарна електрана во Иран, лоцирана на брегот на Персиски Залив и е еден од клучните објекти поврзани со иранската програма за збогатување на ураниум. Околу 20 израелски воени авиони денеска извршија напади и врз инфраструктурата на иранските балистички ракети и иранските војници во западен Иран. Додека израелски ...
Во пресрет на самитот на НАТО следната недела во Холандија, кабинетот на претседателот на Франција објави дека од Европејците не може да се бара драстично да ги зголемат трошоците за одбрана, додека САД водат „трговска војна“. Неименуван советник на претседателот Емануел Макрон им изјави на новинарите дека не треба да се заборави дека луѓето чии дневни потреби се поскапи поради трговската војна се даночните обврзници од кои ќе треба да се побара ...
Организаторите на масовните протести против Доналд Трамп под слоганот „Без кралеви“ најавија нов протест наречен „Good Trouble Lives On“, што ќе се одржи на 17 јули – петтата годишнина од смртта на американскиот конгресмен и активист за човекови права Џон Луис. Последниот бран протести се одржа на 14 јуни, симболично на 79-от роденден на Трамп и 250-годишнината од американската војска, а според Американската унија за граѓански слободи (ACLU), ...
„Очекувањата се тие (САД) да се приклучат, но никој не ги притиска. Тие треба сами да донесат одлука. Ќе знаеме во следните 24 до 48 часа“, наведе тој. Претходно, американската медиумска организација „Блумберг“ (Bloomberg), исто така повикувајќи се на неименувани извори, објави дека САД се подготвуваат да го нападнат Иран во следните неколку дена. Исто така и „Волстрит џурнал“ (Wall Street Journal) и „Си-би-ес њуз“ (CBS News) објавија дека Трамп ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за нова корекција на цените на нафтените деривати, со што од 20 јуни 2025 година малопродажните цени ќе се зголемат во просек за 2,06 отсто во однос на последната одлука донесена на 16 јуни. Најголемото зголемување го бележат дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, чии цени се зголемуваат за 2,5 денари по литар. Новата цена за дизел горивото (ЕУРОДИЗЕЛ БС) и екстра лесното масло ...
Иранските добитнички на Нобелова награда за мир, Наргес Мохмади и Ширин Ебади денеска упатија апел за запирање на војната помеѓу Израел и Иран. – Запрете ја војната и изберете дијалог наместо уништување. Оваа војна, започната од Израел со кршење на меѓународното право, предизвикува огромно страдање и се заканува да разгори поширок регионален и глобален конфликт. Цивилите, вклучувајќи жени и деца, се убиени, се наведува во заедничката изјава на ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата изнесува околу 40 минути, додека на граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ ...
Палестинската Цивилна одбрана соопшти дека во денешните израелски напади загинале 72 луѓе, од кои 21 човек биле убиени додека чекале хуманитарна помош. – Шест лица се убиени додека чекаа помош во близина на Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, а 15 во коридорот Нецарим, централниот дел на Газа, каде илјадници луѓе секој ден доаѓаат надевајќи се дека ќе добијат храна, изјави портпаролот на Цивилната одбрана Махмуд Басал. Тој додаде дека 51 ...
Унгарската полиција денеска ја забрани планираната Парада на гордоста во Будимпешта на 28 јуни, и покрај тоа што градоначалникот изјави дека парадата не е јавен настан, за кој не се потребни државни дозволи. Парламентот на Унгарија во март усвои Закон, според кој полицијата има овластување да ги забрани настаните организирани од ЛГБТ заедницата, Градоначалник на Будимпешта, Гергеји Карачон се обидува да го заобиколи Законот наведувајќи дека ...
Иранската полиција денеска соопшти дека се приведени 24 лица под сомнение дека шпионирале во корист на Израел и се обидувале да го нарушат угледот на Иран. – Уапсени се 24 луѓе кои шпионирале за ционистичкиот непријател офлајн и онлајн, кои се обидувале да го сменат јавното мислење и да го оцрнат и уништат угледот на светиот систем на Исламската Република Иран, изјави полицискиот командир во западен Техеран, Киумарс Азизи. Од 14 до 18 јуни, ...
На 5 јули на платото пред Националната опера и балет (НОБ) ќе се одржи бесплатен концерт во чест на 200 години од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните светски композитори. Концертот на плоштадот Мајка Тереза е закажан во 21 часот. Ќе настапат Оркестарот на НОБ составен од 80 музичари под диригентство на Винсенз Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски. Тие ќе изведат репертоар составен од најпознатите валцери, арии и ...
Американските претставници подготвуваат можен напад врз Иран во наредните денови, објави познатиот медиум Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со ова прашање. Според написот на Блумберг, во тек се дипломатски разговори, вклучително и планиран состанок на министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција и Германија утре во Женева Некои извори велат дека е можно американски напад врз Иран да биде извршен во текот ...
Здружение Аква ќе биде домаќин на овогодинешното издание на Engage Youth!а ќе бидеме домаќини на овогодинешното издание на Engage Youth кое ќе се одржи на 21 јуни од 18:30 часот, во Хотел Дрим, Струга „Приклучете се, да зборуваме за социјален активизам, младинско застапување, култура, екологија, права на млади, граѓанска вклученост и многу повеќе“ порачуваат од Здружение Аква Engage Youth e поддржан од @nedemocracy, а го организираме заедно со ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денес потврди дека утре во Женева ќе се сретне со колеги од Велика Британија, Франција и Германија, како и со шефицата на дипломатијата на ЕУ, објавија иранските државни медиуми. Министерот изјави дека состанокот бил свикан на барање на трите европски земји – Франција, Германија и Велика Британија. „Ќе се сретнеме со европската делегација утре во Женева“, рече Арагчи, според соопштението што ...
Ураганот Ерик достигна сила од четврта категорија додека денес се приближува до пацифичкото крајбрежје на јужен Мексико, соопшти Американскиот национален центар за урагани. Метеоролозите прогнозираат дека ураганот ќе донесе обилни врнежи што може да предизвикаат изненадни поплави, пренесува AP. Националниот центар за урагани со седиште во Мајами соопшти дека ураганот Ерик се наоѓа на околу 110 километри западно од Пуерто Анхел во Мексико и ...
Сред податоците на Сеизмолошкиот завод, Грција во последните два дена беше погодена од серија земјотреси со различна јачина, од кои еден се случи на островот Крит и беше особено силен. Најсилниот земјотрес беше регистриран на 17 јуни во 15:38 часот по локално време, јужно од Крит, на длабочина од 10 километри. Јачината на овој потрес изнесуваше 4,3 степени по Рихтер, што се вбројува во умерени земјотреси, кои можат да се почувствуваат и во ...
Ракетата на компанијата SpaceX експлодирала за време на рутинско тестирање во средата вечерта на полигонот Starbase во Тексас. Моделот Starship 36 бил подложен на статички огнен тест околу 23 часот, кога – според снимките – одненадеж дошло до силна експлозија во предниот дел на леталото. Во соопштението на SpaceX се наведува дека за време на тестирањето се случила „сериозна неправилност“ додека ракетата се наоѓала на тестната рампа во Starbase. ...
Не сите земји-членки на ЕУ сметаат дека нападот на Израел врз Иран е легален според меѓународното право, и разликите по тоа прашање ќе бидат очигледни кога амбасадорите ќе се сретнат во Брисел во четврток, пред самитот на шефовите на држави и влади следната недела. Поделбите околу оправданоста на израелскиот напад врз Иран минатиот петок ќе излезат на површина во четврток на состанокот на амбасадорите во Брисел, што ќе го отежни обидот на ЕУ да ...
САД со воен авион евакуираа дел од персоналот на амбасадата и членовите на нивните семејства од Израел, објави CNN. Целосна евакуација на амбасадата официјално не е наредена, и сите дипломати и нивните семејства не се обврзани да ја напуштат земјата. Оние кои заминале, според CNN, ја искористиле дозволата за доброволно заминување издадена за време на викендот, откако судирот помеѓу Израел и Иран се заостри. CNN додава дека некои американски ...
Скопје попладнево е зафатено од пороен дожд, ветер и грмотевици. Засега нема информации за причинета материјална штета. Синоптичарите за денеска попладне најавија нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со изолирана појава на град. Од УХМР упатија препорака во случај на појава на електрични празнења, поголема внимателност и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. Нестабилното време ...
Фестивалот за класичен балет и модерен танц, кој се одржа по петти пат, чиј уметнички директор е Маја Каревски, а е во организација на Детскиот културен центар од Карпош, предводен од директорката Биљана Лалчевска Серафимовска, беше воспоставена наградата „Ѓорѓи Македонски“ според основоположникот на македонскиот балет, кој постхумно доби награда за неговата дејност. Наградата ја доби Рисима Рисимкин, која годинава одбележува 45 години уметничко ...
Фестивалот ќе продолжи традиционално во Охрид и тоа на 20-ти јуни со настап на мулти-инструменталистот Даниел Јовески и Голема изложба на фотографии од Охридското Езеро. На 21-ви јуни ќе биде прославен Денот на Охридското Езеро со концерти на виртуозите Дамјан Пејчиноски на гитара и Никола Мицевски на хармоника, а потоа една од најдобрите македонски групи Љубојна со специјална гостинка певицата Алба Дајлани од Албанија. И двата настани ќе се ...
„Како што ветивме, ќе продолжиме да ги таргетираме симболите на власта (во Иран) и да го нападнеме режимот на ајатолахот“, наведе Кац. Претходно, израелската армија соопшти дека Техеран повторно е под напад и оти се напаѓаат воени цели на подрачјето на главниот град на Иран. Иранската револуционерна гарда соопшти дека неколку проектили ги погодиле северните и источните предградија на Техеран. Според западните медиуми, кои сè уште имаат дописници ...
Тоа е најголемо запленето количество наркотици во Грузија во изминатата деценија. Во операцијата уапсен е еден Грузиец. Камионот преку црноморското пристаниште Батуми требал да продолжи за Европа. Вредноста на запленетиот хероин се проценува на 85 милиони лари (околу 27 милиони евра). Во 2014 година запленети се 2,79 тони течен хероин во вредност од околу 400 милиони долари. Според грузиските властите, дрогата припаѓала на талибанците и била ...
И покрај обидот на унгарскиот премиер Виктор Орбан да го забрани настанот во Будимпешта, градоначалникот Зелен Гергеј Карачони успеа да го спаси денот. Тој соопшти дека градот ќе организира официјален настан заедно со организаторите на Парада на Гордоста, со цел да се одбележи слободата и љубовта. Како што е најавено, настанот ќе биде одржан како општинска манифестација и затоа нема да биде потребна дозвола од националните власти. Парадата ...
Законот ќе им овозможи на етничките Украинци во странство да добијат украински пасош без да се откажат од државјанството на земјите во кои живеат. Украинските власти ја проценуваат дијаспората на околу 25 милиони луѓе, додека домашното население паднало на само 32 милиони – од 52 милиони во 1991 година. „Оваа одлука е важен чекор за одржување и обновување на врските со милиони Украинци низ целиот свет“, напиша министерот за единство Олексиј ...
Апелациониот суд во Нови Сад донесе одлука за укинување на притворот за уште петмина осомничени поврзани со трагедијата на железничката станица во овој град, при што животот го загубија 16 лица по уривањето на бетонска настрешница. Тие ќе бидат во домашен притвор во времетраење од три месеци. Со оваа судска одлука, ниту еден од вкупно 13-те лица кои беа приведени по трагедијата повеќе не е во ефективен притвор. Обвинението поднесено од Вишото ...
Причина за затворањето се високите деловни трошоци, зголемените даноци и зголемениот притисок од конкуренцијата. Авиокомпанијата оствари профит за само шест години работа, додека во моментов очекува загуба од околу 35 милиони австралиски долари. Повеќе од 500 вработени ќе останат без работа „Квантас“ им вети отпремнина и помош за наоѓање ново вработување во концернот или во други авиокомпании. За патниците, исклучувањето на авиокомпанијата значи ...