
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Воведено е формално основно образование во болнички услови за деца на долготрајно лекување на Клиниката за детски болести во Скопје, денеска официјално најавија министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за здравство Азир Алиу и Марија Вук, претседателка на НВО САНО – Здружение кое им помага на децата со канцер. Како што беше појаснето, МОН со поддршка од граѓанскиот сектор (САНО НВО – здружение кое им помага на децата ...
Кога првпат го посети кинескиот град Чонгкинг во ноември минатата година, Џошуа Гуви се грижеше дека ќе го види градот што го виде на социјалните мрежи, град што не може да биде кул во реалниот живот. Чонгкинг се наоѓа во планините на југозападна Кина и е познат по својата природна и урбана структура, што му го донесе прекарот 8D град (град со осум димензии). Целата негова површина е со големина на Австрија. Со оглед на тоа што неговата ...
Историски високи приходи во Буџетот за јули, Царинската управа и Управата за јавни приходи имаат највисока месечна наплата досега. Финансиската стабилност и одржливиот економски раст се наш фокус и веќе се гледаат резултати, уште во првата година од мандатот, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот фејсбук профил. Димитриеска-Кочоска нагласува дека во јули споредено со истиот месец лани приходите од даноци и ...
Поради тоа што цените во популарните европски летувалишта вртоглаво растат, сѐ повеќе туристи од регионот се одлучуваат за некое подалечно патување, а еднакво атрактивно. Меѓу нив во последните години се издвојува Мароко – земјата која ги спојува егзотиката, богатата култура и пристапните цени. Во споредба со европските крајбрежја, каде просечниот летен одмор е сериозен финансиски потфат, Мароко нуди луксуз по пристапни цени. За оние кои сакаат ...
Американската влада објави дека САД може да бараат депозити до 15.000 американски долари за одредени туристички и деловни визи, во склоп на нов пробен проект што ќе стартува за две седмици. Оваа акција е насочена кон намалување на бројот на странски посетители кои го надминуваат дозволениот период на престој во државата. Според програмата, американските конзуларни службеници ќе имаат можност да бараат обезбедување од посетителите кои доаѓаат од ...
Најмалку 20 лица загинаа, а десетици се повредени кога камион што превезувал хуманитарна помош се превртел врз толпа што чекала помош во Газа рано утрово. Палестинската државна новинска агенција WAFA соопшти дека несреќата се случила откако израелската армија го принудила камионот да тргне по небезбеден пат. Агенцијата не ја прецизираше точната локација на несреќата. Медиумската канцеларија на владата во Газа ја обвини израелската војска за ...
Зинедин Зидан ќе стане нов селектор на француската репрезентација, објавија некои тамошни медиуми. Педесет и тригодишниот фудбалски стручњак ќе го замени Дидие Дешамп кој ја објави својата оставка во јануари 2026 година. Дешамп е селектор на француската репрезентација од 2012 година. Под негово водство „Триколорите“ ги освоија Светското првенство во 2018 година и Лигата на нации 2020/21, а исто така стигнаа до финалето на Евро 2016 и Светското ...
Минатата година македонските граѓани оставиле над 209 милиони евра (12,86 милијарди денари) во спортските обложувачници, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи, објавени од „Блумберг Адрија“. Просечната уплата по тикет лани достигнала 269 денари. Обложувачниците за возврат исплатиле добивки во вредност од 169 милиони евра (10,39 милијарди денари), што е за 40 милиони евра помалку од вкупно вложената сума. Најголемата добивка ...
Денеска се навршуваат девет години од катастрофалните поплави во Стајковци и околните села и Сингелиќ во кои загинаа 22 лица. Во незапамтеното невреме и катастрофалната поплава беа евакуирани илјадници граѓани, а животот го загубија 22 лица. Најмладата жртва помеѓу загинатите е двегодишно дете од село Стајковци. Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. Голем дел загинаа на скопската обиколница, ...
Португалскиот фудбал, вчера, доживеа нова трагедија. На 54-годишна возраст почина чегендарниот капитен на Порто, Жорге Кошта. Кошта почина откако доживеал срцев удар по појавувањето во ТВ емисија, а лекарите не успеаја да го спасат по хоспитализацијата. Португалецот беше легендарниот стопер и капитен на Порто, кој го предводеше тимот до титулата во Лигата на шампионите во 2004 година, кога „Змејовите“ сензационално стигнаа до врвот на Европа. ...
На седница на Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК БиХ), на Милорад Додик му беше одземен мандатот како претседател на Република Српска. Оваа одлука беше едногласно усвоена. Одбраната на Додик има право да поднесе жалба против оваа одлука до Апелациониот оддел на Судот на БиХ, кој ги разгледува изборните жалби. По истекот на жалбената постапка, одлуката ќе стане конечна. Седницата на ЦИК со оваа точка на дневен ред се одржа ...
Шведскиот премиер Улф Кристерсон е критикуван откако призна дека редовно користи алатки за вештачка интелигенција (ВИ) како „второ мислење“ при извршување на своите должности. Кристерсон, чија Умерена партија ја предводи централно-десничарската коалициска влада на Шведска, рече дека користи алатки како што се „ChatGPT“ и француската услуга „LeChat“, објавува „The Guardian“. Тој исто така рече дека неговите помошници исто така користат вештачка ...
Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и австралиската компанија „Пела глобал лимитед“, од Перт, почнаа бизнис-соработка преку фирма што заеднички ја основаа. Како што е објавено е на Централниот регистар, дејноста на фирмата „Константин енерџи“ е производство на енергија од обновливи извори. Според податоците од регистарот, фирмата е основана со паричен влог од 5.000 евра. Директор е Aвстралиецот со македонско ...
Јапонскиот град Хирошима одбележува 80 години од американскиот нуклеарен напад што го уништи градот и одзеде десетици илјади животи. Хирошима беше срамнета со земја на 6 август 1945 година. Три дена подоцна, Нагасаки ја доживеа истата судбина. Последиците од двете бомби, што доведоа до капитулација на Јапонија на 15 август и крај на Втората светска војна во Азија и Пацификот, се проценува дека убиле повеќе од 200.000 луѓе до декември 1945 ...
Навивачите на Шкендија синоќа во повеќе наврати за време на натпреварот со Карабах на Националната арена скандираа „Илирида“ и „Голема Албанија“. Тие и покрај сите апели за фер и спортско навивање, направија инцидент со националистичките извикувања. Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека ќе ги санкционира евентуалните националистички испади, како што реагираше брзо по испадите на мала група навивачи на кошаркарскиот натпревар ...
Бенјамин Нетанјаху ќе предложи повторна целосна окупација на Појасот Газа кога ќе го свика својот безбедносен кабинет оваа недела, објавија израелските медиуми. „Одиме во целосно освојување на Појасот Газа и да го поразиме Хамас“, изјави еден израелски функционер. Одговарајќи на извештаите дека началникот на армијата и други воени лидери се спротивставуваат на планот, неименуваниот функционер рече: „Ако тоа не функционира за началникот на ...
ChatGPT на OpenAI, Gemini на Google и Claude на Anthropic се додадени на списокот на одобрени добавувачи на вештачка интелигенција (ВИ) за владата на САД, соопшти денеска Администрацијата за општи услуги, која управува со многу федерални договори. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп се стреми да ја зголеми употребата на ВИ од страна на федералните агенции, соопшти агенцијата. Моделите одобрени денеска се дел од новиот план на САД за ...
Мистеријата за мртвото девојче пронајдено на плажа во близина на Атина е решена. Грчката полиција пронајде нови докази што упатуваат на нејзината мајка, 32-годишната Алжирка Варда Атруш. Таа сега е формално обвинета за убиство со умисла на малолетен член на семејството, како и за нанесување опасни телесни повреди во семејни услови на лице што не може да се брани. Полицијата ја уапсила додека излегувала од зградата во која живеела со постар Грк, ...
Српски „истражувачки филм“, чиј прв дел е емитуван во Белград, посочува бугарски научници и дипломати како дел од моќна шпионска мрежа што учествувала во организирањето на „обоената револуција“ во Србија, објави БГНЕС. Во „Универзитетска завера“, како што е насловен првиот дел, Бугарија е наведена прва како земја што учествувала во „институционалното уништување и дехуманизација“ на Александар Вучиќ. Филмот посветува посебно внимание на ...
Започна дводневната обука на кандидатите кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција на пожари. Како што информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов веќе во текот на наредната недела дел од нив ќе бидат вклучени во гаснењето на пожарите со помал ризик ширум земјава. Ангелов соопшти дека обуката ја започнале вкупно 364 кандидати во 13 градови во државата, со што се очекува пополнување на места во 28 ...
Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, кој е кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Чаир, изјави дека ако ја добие изборната трка, на вицепремиерското место ќе го замени Беким Сали. Меџити во изјава за медиумите рече дека во ВЛЕН се согласиле оти Сали е најкомпетентната, најподготвената и најискусната личност за извршување на должноста прв вицепремиер на Владата. Беким Сали беше на функцијата министер за здравство од 17 ...
Во јули цените на угостителските услуги се зголемиле за пет проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). По групи, најголемо зголемување има кај алкохолните пијалаци и тоа 8,4 отсто и кај храната кое е 8,1 проценти. За една година безалкохолните пијалаци во угостителството поскапеле за 6,1 отсто. Во споредба со претходниот месец годинава, пак, во јули имало покачување на цените кај повеќето ...
Во следните 10 дена кандидатите кои имаат намера да ја предводат Државната комисија за спречување на корупцијата и судирот на интереси во Собранието ќе треба да ги дострават своите биографии и потребни документи. Освен што претседателот на Антикорупциска треба да биде државјанин на Македонија, и да има завршено високо образование, условите велат дека треба да поседува и соодветно работно искуство „Кандидатот треба да има најмалку 10 години ...
Јапонската амбасада донираше мобилен рентген апарат на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Јапонската амбасадорка Сецуко Кавахара денеска појасни дека станува збор за апарат марка „шимацу“ преку Програмата за мали проекти за човекова безбедност (GGP). – Нашата влада ја започна GGP програмата во 1996 година и таа стана еден од важните столбови на билатералната соработка помеѓу Јапонија и Северна Македонија. Од 1996 година ...
Кошаркарската репрезентација на Македонија рано утре заминува за Унгарија и Романија, каде што ќе ги игра следните два натпревара од претквалификациите за пласман на Светскиот Куп 2027 година во Катар. По стартниот пораз од Романија во Куманово за селекторот Марјан Илиевски и за играчите победите ќе бидат императив. Селекторот Илиевски не направи никакви проемени и за Унгарија (Шолнок 9.август) и за Романија (Орадеа 13.август) ќе патуваат 15-те ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) попладнево по седница на Централното претседателство ги објави имиња на кандидати за неколку општини со кои ќе учествува на локалните избори во октомври. Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми на прес-конференција соопшти дека партијата ќе го кандидира Фатмир Дехари за уште еден градоначалнички мандат во Кичево. За уште еден мандат довербата од граѓаните на Општина Липково ќе ја бара и Еркан Арифи. Кандидат ...
Mатематичкиот факултет во Скопје не може да смета на 13. привремени сеизмолошки станици кои ги добивме во 2023 година, во рамките на проектот на организацијата ORFEUS (Observatories and Research Facilities for European Seismology), а преку кои се следи сеизмичката активност на територијата на државава и во пограничните региони, како и сеизмичноста на целата планета. Тие 13 станици во моментов ја сочинуваат телеметриската мрежа на Сеизмолошката ...
Билатералните односи меѓу Македонија и Шпанија дополнително ги зајакнуваме преку отворање на авиолинијата Скопје -Мадрид и претходно воспоставената линија Скопје -Барселона, истакнаа на денешната средба вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз. Двете авиолинии, информираше вицепремиерот, се дел од владината програма за развој на ависообраќајот преку кои се отвораат нови ...
Светската кошаркарска федерација (ФИБА) отвори истрага против Македонската кошаркарска федерација поради националистичките скандирања за време на натпреварот Македонија – Романија одигран во саботата во Куманово. -Во оваа фаза собираме релевантни извештаи поврзани со инцидентот и сме во тесна координација со вклучените национални федерации како и со локалните власти и органите за спроведување на законот, изјавил претставник на ФИБА. Непримерното ...
На српскиот министер за јавни инвестиции Дарко Глишиќ утрово му се слоши за време на гостувањето во утринската програма на телевизијата Пинк. Емисијата беше нагло прекината, а неофицијално се знае дека станува збор за тежок мозочен удар. Глишиќ беше гостин во утринската програма на телевизијата Пинк, но одеднаш почна да пелтечи и не можеше да изговори ниту еден цел збор. Водителите го прашаа неколку пати дали се чувствува добро, но тој не можеше ...