
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Премтим Коџаџику, синот на пратеничката на владејачката ДУИ, Мерита Коџаџику, ја добил работата „независен советник во кабинетот на директорот за финансии, правни работи и развој“ во М-НАВ, контролата на летање, објави денеска ДУИ. Од опозициската партија, во соопштение лиферувано само на албански јазик и испратено само до медиумите на албански јазик, реагираат зошто на двата огласа се примени 14 етнички Македонци и двајца Албанци. Изборот на ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека вонредни избори ќе бидат распишани пред рокот, но не прецизираше кога. Секако ќе имаме избори пред уставниот и законскиот рок“, рече тој. Така одговори на прашањето на новинар за барањето на студентите во блокада да побараат вонредни парламентарни избори. „Изборите ќе се одржат кога надлежниот државен орган ќе донесе одлука за распишување избори, во согласност со Уставот и законот“, рече ...
Кога Шон Талиер (35) и неговата сопруга Каролина (32) почнале да ја реновираат куќата во октомври 2021 година, не можеле да замислат какво изненадување ги чека. Под нивниот дом на островот Гернзи, близу брегот на Нормандија, се криел огромен нацистички бункер од Втората светска војна! Парот го открил масивниот комплекс со две големи простории, пренесува „Дејли стар“. Талиер знаел дека островот бил под германска окупација во периодот 1940-1945 ...
Илон Маск, извршен директор на „Тесла“ и еден од најбогатите луѓе во светот, издаде остро предупредување до секој што е загрижен за иднината на работните места: Вештачката интелигенција ќе ги замени сите, вклучително и него. Тоа не е смирувачката порака на која многумина се надеваа. Маск го даде своето предвидување на социјалната мрежа X, одговарајќи на објава во која се фали ChatGPT. Во објавата, корисникот опиша како пациент со рак користел ...
СДСМ Струмица уште пред избори се позиционира како идната опозиција, коментира Костадин Костадинов, кого матичната партија СДСМ не го кандидираше вторпат за градоначалник на Струмица. Градоначалникот Костадинов го замрзна членството во СДСМ, откако лидерот на партијата Венко Филипче објави дека Марјан Даскаловски, претседател на струмичката партиска општинска организација ќе биде кандидат за градоначалник на Струмица. Човекот што на мала врата ...
Навивачките групи на Вардар и на Пелистер им оддадоа почит на загинатите македонски бранители кај Карпалак, на годишнината од нивната смрт. На натпреварот од првото коло од новата сезона во Првата лига, на Арената во Скопје и двете навивачки групи посветија пораки за сеќавање и почит на загинатите бранителе. Први беа Чкембарите, кои на својот дел од трибината истакнаа транспарент со пораката: Македонски маченици кои денес се во рајот, Карпалак, ...
Во ЈЗУ Општа Болница Кавадарци, успешно беше изведена првата лапароскопска уролошка операција кај пациент на возраст од 38 години со дијагностицирана варикоцела, информираа попладнево од Болницата. Операцијата беше изведена од Тони Нешковски и тимот од Одделот за уролошка хирургија, во соработка со проф. Д-р Јован Ивчев, како и со анестезиолошкиот тим предводен од спец. д-р Билјана Еленова, соопштија од Болницата. Оттаму упатија честитки до ...
Со полна пареа, се работи и се асфалтира на главната траса на дел од автопатот во изградба Кичево-Охрид, информира Јавното претпријатие за државни патишта. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски заедно со инженерскиот тим изврши увид во активностите на траса при што беше известен дека се работи забрзано и дека работата на Изведувачите Гранит, Синохидро и Илинден се одвива на сите подделници од автопатот. Покрај ...
Возач бил фатен како вози со неверојатни 321 км/ч (199 милји на час) на германскиот автопат А2 во близина на Бург, западно од Берлин, повеќе од 124 км/ч над ограничувањето на брзината од 120 км/ч, соопшти германската полиција. Овој рекорд за брзина е забележан на 28 јули благодарение на уред за контрола на брзината познат како „Enforcement Trailer“, кој за време на рутинска проверка ја покажал највисоката регистрирана брзина на тој дел од ...
Соединетите Држави (САД) на 8 август објавија дека ја дуплирале наградата, на 50 милиони долари, за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој е обвинет од американските власти за трговија со дрога. „Денес, Министерството за правда и Државниот департмент објавуваат награда од 50 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење на Николас Мадуро“, напиша главниот обвинител Пам Бонди на социјалната мрежа X. Претходната награда ...
Фериботските услуги во Егејското Море во Грција беа прекинати денес поради силни ветрови со брзина од 60 километри на час, спречувајќи илјадници туристи да патуваат до нивните планирани дестинации. Забраната за пловидба, која ќе биде на сила најмалку до 13 часот по локално време денес, е на сила во сите поголеми пристаништа во Атика, а само неколку фериботи сè уште работат во областа Аргосароникос, објави „Еуроњуз“. Пристанските власти чекаат ...
Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека за период 01.01 до 31.07.2025 година, преку спроведување електронски аукции на движни и недвижни предмети, успешно се наплатија даночни долгови од физички и правни лица. По тој основ, во државниот буџет се инкасирани вкупно 19 419 411 денари (приближно 314 230 евра). Преку е-аукција за период 01.01.2025 година, а заклучно со е – аукцијата во јули продаден е недвижен имот со вкупна површина од 302 м² ...
Горан Георгиевски и Ромео Костадиновски се отстранети од позициите заменик-претседатели на Стопанската комора на Македонија на седница на Управниот одбор на СКСМ. Според известувањето од Стопанската комора на Македонија, Георгиевски и Костадиновски, во својство на претставници на компании кои се дел од членството, се исклучени од членството во Стопанската комора на Македонија. “Врз основа на ова, овие лица повеќе немаат никаква поврзаност со ...
Европските и американските берзански индекси денес се нерамномерни, а златото и пченицата пораснаа во цена со истовремен пад на цените на нафтата. Властите во Москва потврдија дека рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во следните неколку дена, што позитивно влијаеше врз растот на европските акции на затворањето на берзата во четврток, јавува CNN. Индексот DAX на Франкфуртската берза денес во ...
Вработените во друштвата со ограничена одговорност „Флораком“ и „Луна“, фирми-ќерки на ЈП „Паркови и зеленило“, денеска повторно излегоа на протест, блокирајќи го булеварот „Илинденска“ во Скопје. Протестот се одржа со поддршка на Синдикатот на СУТКОЗ и Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), а со работниците беа и претседателот на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски, и претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. Протестот следи поради неисплатени ...
Вицепремиерот и кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, изрази целосна поддршка за вчерашниот протест во Приштина под името „Правда за ослободителите“, организиран од страна на Здружението на воени ветерани на паравоените УЧК и ОВК. Во објава на социјалните мрежи Меџити нагласи дека не сака да ја користи оваа голема кауза за изборни цели, бидејќи според него, борбата за слобода и правда е многу поважна од какво било политичко ...
СДСМ ја обвини власта за брутална партизација на образованието пред избори. „Весна Јаневска и ВМРО-ДПМНЕ спроведуваат брутална партизација во образованието пред изборите.Во очи на распишување на локалните избори, гледаме масовни незаконски огласи за вработување и напредувања само по партиска линија, за вдомување на кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Државниот просветен инспекторат, под диригенство на Јаневска, станува партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Според ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Русија и Европа треба што поскоро да одржат самит за да разговораат за завршување на војната во Украина. Орбан ја поздрави најавата за средба меѓу претседателите на Соединетите Американски Држави и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, следната недела, нагласувајќи дека прекин на огнот и укинување на санкциите се можни само ако двајцата лидери се согласат, објави МТИ. Тој исто така нагласи ...
Во рок од само 45 дена и за рекордно време се реализирани над 1.250 вработувања во 85 јавни здравствени установи низ државата, како дел од стратешкиот процес на кадровско зајакнување на здравствениот систем. До овој момент, во рамките на процесот се спроведени над 1.700 тестирања. Ова е значајно и историско зајакнување на кадарот во рекордно време во здравствениот сектор – дополнителна мотивација, конечно решен статус на сите овие лица кои со ...
Жените во Европската Унија имаат просечно 63,3 години здрав живот, односно живот без ограничувања во активностите, додека кај мажите тој број е нешто понизок – 62,8 години, соопшти денеска Европската служба за статистика (Евростат). Како што се наведува, жените живеат 5,3 години подолго од мажите – просекот кај жените во ЕУ е 84, а кај мажите речиси 79. Кога станува збор за години здрав живот кај мажите – првото место го заземаат жителите на ...
Денес, во текот на попладневните часови, граѓаните ќе добијат тест-СМС порака преку системот cell broadcasting, со цел проверка на техничките можности за испраќање масовни известувања и аларми во случаи на кризни состојби. -Станува збор за систем кој овозможува итни пораки да бидат испратени до сите корисници на мобилни телефони што се наоѓаат во одредена географска област, без разлика на мобилниот оператор. Целта е навремено и ефикасно ...
По повод 24-годишнината од нападот кај месноста Карпалак, во кој на 8 август 2001 година загинаа 10 припадници на Армијата на Република Македонија, генерал Горан Стојков им оддаде почит на загинатите бранители. Во чест на 10-те херои од Карпалак – вашата жртва е вечна, вашите имиња се врежани во срцето на Македонија. Да не заборавиме – слободата се плаќа со живот, а вие го дадовте најскапото. Вечна ви слава и почит, напиша Стојков. Нападот кај ...
Дефанзивецот на Челзи, Ливај Колвил, претрпе повреда на предните вкрстени лигаменти, потврди клубот од „Стенфорд Бриџ“. Човекот кој минатата сезона се етаблираше како најпостојан стопер на „сините“ и столб во походот кон трофејот во Конференциската лига, сега ќе мора да направи долга пауза. Колвил се повредил на првиот тренинг во понеделникот, а вчера бил опериран. Предвидувањата велат дека тој би можел да биде надвор од терените помеѓу шест и ...
Д-р Даница Петкоска Спирова е нов директор на Клиниката за кардиологија. Таа е истакнат субспецијалист кардиолог специјализиран за напредна трансторакална и трансезофагеална ехокардиографија, како и дуплекс ехосонографија на каротидните артерии. Со своите вештини се здобила во својата матична установа, со доусовршување при престој во светски кардиолошки центри. Диломирала на Медицинскиот факултет во Скопје 2007 година, а последно се здобива со ...
Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во интервју за „Њузмакс Балканс“ истакна дека со одржливи стапки на економски раст од 5 до 6 отсто годишно, земјава може значително да го скрати времето потребно за економска конвергенција со Европската Унија – од неколку децении на 15 до 20 години. „Според сегашните податоци, БДП по глава на жител кај нас е на ниво од 42% од просекот на ЕУ. За побрзо затворање на тој јаз е потребен значително ...
Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводена од државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова и Директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев, денеска (8 август) положија венец со свежо цвеќе на спомен – плочата на македонските бранителите кои своите животи ги загубија кај месноста Карпалак во 2001 година, соопштија од министерството за одбрана. Десетмината прилепски бранители, Сашо Китаноски, Нане ...
Директорите на Македонска навигација (М-НАВ) не ја пуштиле контролорката на летање, делегирана од Синдикатот на контролори на летање, да присуствува нa интервјуата со кандидатите на повторениот оглас за вработувања на места за почетни плати од над 1.000 евра, пренесе Телма. Ѝ кажале дека ако сака, може да гледа и да потврдува дека кандидатите влегле на интервју, а директорите преку тоа добиле можност за ексклузивно бирање на нови вработени. -Не ...
Професорот и архитект Мишко Ралев беше меѓу најпосакуваните кандидати за градоначалник на град Скопје со поддршка на СДСМ, но опозициската партија реши да оди со „проверен партиски кадар“. Потоа деканот на Архитектонскиот факултет на Американ се сретна со Орце Георгиевски, потврдениот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за град Скопје, со образложение дека ќе ја води стручната комисија за урбанизам по изборите, секако доколку истиот победи. Тоа беше доволно ...
Слава за хероите од Карпалак. Нивното дело и пожртвуваност се памети, нивната храброст и одлучност се почитува. Нека нивната жртва биде аманет за идните генерации, дека слободата, мирот и достоинството се свети. Карпалак го паметиме како наша обврска, да изградиме држава во која нема да има место за омраза, за поделби, за неправди, и каде слободата на нашата татковина е неприкосновена. Македонија никогаш нема да ве заборави! Карпалак е рана, но ...
Барселона вчера објави дека му ја одзема капитенската лента на голманот Марк-Андре тер Штеген поради дисциплинска постапка што клубот ја покрена против него два дена претходно. Тер Штеген зад себе има две тешки сезони, обележани со повреди. Клубот поради тоа започна да врши притисок врз него да си замине од „Ноу Камп“. 33-годишниот голман, кој неодамна имаше операција на грбот, влезе во конфликт со клупските челници откако одби да ѝ дозволи на ...