Вчера имаше одличен натпревар во реновирана сала во Куманово каде што и јас лично присуствував. Мора да истакнам дека испадите со ксенофобичен говор се резултат на една многу мала група на граѓани. Во тој контекст, осудуваме секаков вид на националистички испади и говор на омраза, без оглед од чија страна доаѓаат, изјави Бране Петрушевски. ТОј додаде дека таквите злоупотреби одат во корист на сите политички струи и структури, кои со децении ...

Во пожарот што попладнево изби во атарот на селото Церово во Општина Желино, во моментот, според информациите од Центарот за управување со кризи, на терен се ангажирани два „ер трактора“ на Дирекцијата за заштита и спасување. -На терен интервенира ТППЕ Тетово, а поради тешкиот и непристапен терен, побаравме и воздушна поддршка. Како директор на ЦУК, веднаш координиравме барање до надлежните институции, по што моментално на терен активно ...

Екот на туристичката сезона, празничниот викенд, враќањето на македонските граѓани кои работат во западноевропските држави, ги покажуваат и денешните податоци од Министерството за внатрешни работи за влез и излез од државата. На најфреквентниот граничен премин „Табановце во државата од 1 август до денеска до 10 часот вкупно влегле 133.165 граѓани, во истиот период излегле 73.640 лица. – На граничниот премин „Табановце“ од 1 август 2025 од 10:00 ...

Неколку градови во источна Австралија се покриени со најдебелиот слој снег што паднал во последните неколку децении. Државната служба за вонредни ситуации на Нов Јужен Велс соопшти дека за време на викендот се очекува да падне околу половина метар снег во одредени области. Во делови од северозападниот регионот Нова Англија паднал најголемиот снег во последните 20 години, извести државната телевизија. Весникот „Сиднеј Морнинг Хералд“ објави дека ...

Владата на ВМРO-ДПМНЕ прави класична распродажба на националните ресурси од македонската енергетика, кажа денеска на прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ. „Иако Владата го претставува ветерниот парк на „Алказар“ како историска инвестиција – фактите говорат нешто сосема поинаку. Моделот на „Алказар Енерџи“ е јасен: развиј, изгради и продади. Токму тоа се случи со нивниот прв фонд – проектите развиени на Блискиот Исток беа ...

Денеска заминува словенечкиот тим од 61 пожарникар специјализирани за гаснење на шумски пожари, со 18 возила, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. „Во завршниот збор им се заблагодарив од име на македонската влада и македонските граѓани а од име на Дирекцијата за заштита и спасување им доделив пригодни благодарници. Утре заминува и чешкиот Блек Хок со седумчлената посада. За гаснење на пожарот на територијата на општина Долнени во ...

Според мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на Дојранското Езеро скоро една година постојано е околу 80 сантиметри под договорениот минимум. Езерото полека се празни и ако пред неколку години нивото на водата беше до шеталиштето и кејот, сега е повлечено десетина и повеќе метри и им создава проблеми на туристите како да се искапат, но и на дојранчани како да ги уредат плажите. Таквата состојба ги загрижува жителите на ...

Познатиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста беше уапсен синоќа, 2 август, во Охрид. Тој требаше да настапи пред познатата светска ѕвезда Џејсон Деруло. Српските медиуми пишуваат дека Раста е уапсен за поседување наркотици. Раперот бил врзан со лисици од страна на полицајците пред хотелот, пред да отиде на настап. Патем, ова не е прв пат Стефан Ѓуриќ Раста да биде уапсен за поседување наркотици. На 03.08.2025 година во 00:10 часот, на спортски стадион во ...

Веста дека најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ќе стане косопственик на францускиот второлигаш Ле Ман дојде како гром од ведро небо. Еден ден подоцна, со оваа тема се занимаваше и францускиот „Лекип“, кој откива каква би била улогата на познатиот тенисер во овој клуб со богата традиција. Ѓоковиќ се приклучи на бразилскиот фонд „Оутфилд“, кој е нов инвеститор во клубот од Ле Ман, треба да има улога на советник и амбасадор на ...

Македонија беше понижена, посрамотена и претставена како земја од 19-от век пред очите на меѓународната спортска јавност и тој резил со Младинската олимпијада е најголемиот дебакл во поновата спортска историја на државата, велат од СДСМ. „Не е само катастрофалната организација, катастрофални се и резултатите на македонските спортски федерации, кои го одразуваат општото пропаѓање на спортот со оваа Влада и Ристовски како министер. И додека ...

Прометот во малопродажбата во Македонија бележи сериозен раст – особено кај трговијата со храна, пијалаци и тутун, објави Државниот завод за статистика. Според официјалните податоци, во јуни 2025 година, во споредба со истиот месец лани, реалната стапка на прометот во оваа категорија е зголемена за 22,5%, додека номиналниот пораст изнесува дури 31,5%. Податоците покажуваат дека растот не е ограничен само на прехранбени производи. Во категоријата ...

Секое лето една од „жешки“ теми се настапите на регионалните музички ѕвезди во Македонија. Без оглед на музичките вкусови и жанрови, сѐ погласни се реакциите дека српските пејачки наплаќаат „дебело“ за своите настапи во земјава, додека нашите музички ѕвезди се некако во втор план. Август во земјава ќе донесе голем број пејачи од соседството – Саша Ковачевиќ е чест гостник и миленик на македонската публика, ќе настапуваат и Лепа Брена, Цеца, ...

Словенија е погодена од силни бури придружени со силни налети на ветер, поројни дождови и град. Сообраќајот во земјата е забавен, а Агенцијата за заштита на животната средина издаде портокалово предупредување за целата територија. Од агенцијата посочуваат дека поради дождот може да дојде до задржување на вода и зголемување на реките. На објавите на социјалните мрежи се гледа дека паѓал град со големина на јајце. Според објавите и коментарите, ...

Во Хелсинки минатата година немало ниту еден смртен случај поврзан со сообраќајот, соопштија градските власти. Надлежните оценија дека достигнувањето се должи на многу фактори, но ограничувањата на брзината се едни од најважните з апревенција на фатални сообраќајни несреќи. Хелсинки во 2021 година ја намали максималната брзина од 40 на 30 километри на час во повеќето станбени области, а ограничувањата беа спроведени со 70 нови камери за брзина. ...

Кога станува збор за одржување на младешка, мазна и цврста кожа, два протеини се клучни: колаген и еластин. Овие два протеини работат заедно за да ја одржат кожата еластична и мазна. Додека колагенот обезбедува структура, еластинот ѝ овозможува да се врати во форма по истегнувањето. Сепак, како што старееме, нашите тела природно го намалуваат производството на двата протеини, што доведува до потенка кожа, линии и опуштеност. Сепак, нивоата на ...

Од возење велосипед низ три патеки околу германското езеро Констанца до пливање во сенката на високите планини во словенечкото езеро Бохињ, европските езера се толку прекрасни во лето што нема да ви недостига морето ниту за минута. Преполни со историја, култура, храна, плажи, села со улички и голема дивина, еве пет омилени места за да започнете, пишува National Geographic во текст посвететен на убавите езера каде го посочува Охридското Езеро ...

Mинистерот за спорт Борко Ристовки вели дека во личен разговор со претседателот на Eвропскиот олимписки комитет му било укажано дека државата ги нема потребните капацитети и комплекси за младинската Олимпијада. Иако признава дека организацијата во одреден момент затаила, сепак, вели дека тоа не било на катастрофално ниво. Министре, изминатиот период бевте мета на жестоки критики во јавноста поврзани со Европскиот младински олимписки фестивал. ...

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денес објави дека нејзиниот тим во нуклеарната централа Запорожје во Украина слушнал експлозии и видел чад што доаѓа од блиската локација. Нуклеарната централа објави дека еден од нејзините помошни објекти бил нападнат денес, според соопштението, објави Ројтерс. Се нагласува дека помошниот објект се наоѓа на 1.200 метри од нуклеарната централа. Претставниците на електраната претходно денес ...

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ја продолжи соработката со Лос Анџелес Лејкерс. Дончиќ потпиша договор вреден 165 милиони долари за три сезони. Лејкерси чекаа до првиот ден кога можеа да му понудат договор (2 август) и го сторија тоа веднаш. Во 28 натпревари, за Лејкерси по шокантниот трејд од Далас, Дончиќ забележа 28,2 поени, 8,1 скока, 7,5 асистенции и 1,6 украдени топки во просек за 35 минути на паркетот. Во поразот од пет натпревари во ...

Жена од Лондон добила извинување и поврат на средства од речиси 4.300 фунти од компанијата Airbnb, откако домаќин во Њујорк лажно ја обвинил дека предизвикала штета од над 12.000 фунти, пренесува Гардијан. Тој приложил фотографии како наводен доказ, кои, според жената, биле создадени со вештачка интелигенција. Жената го резервирала еднособниот стан на Менхетен во Њујорк за два и пол месеци за да остане во него додека студира, но решила да замине ...

Амбасадата на САД во Македонија вчера имаше свои претставници на речиси сите локации каде се слави Илинден, а испратија и честитка до македонските граѓамни. Висока претставничка на амбасадата на САД во Македонија, Никол Варнес и претставници на Амбасадата присуствуваа на настани во Пелинце, Скопје и Крушево во чест на Илинден. За овој наш голем празник тие велат дека е камен-темелник на македонската историјата што ја одбележува борбата за ...

Владата на САД започна формална истрага за поранешниот специјален обвинител Џек Смит, кој водеше два случаи против сегашниот претседател Доналд Трамп пред да биде реизбран за претседател на САД. Канцеларијата на специјалниот советник потврди дека истражува дали Смит го прекршил Законот „Хач“, кој им забранува на владините службеници да ги користат своите позиции за политички активности. Одлуката следува по барањето за истрага за Смит од ...

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во Куманово загуби од Романија со 80:72 во премиерниот меч од претквалификациите за Светското првенство 2027. Во натпревар исполнет со многу резултатски промени, на крајот пресуди последната четвртина во која Романците одиграа подобро, и направија „брејк“ на почетокот од натпреварите во групата „Е“. Вајли со 28 поени беше прв стрелец во составот на Македонија, двоцифрени беа и Митревски и Мекиќ со ...

„Мртвата рака“ што ја спомена Медведев во својот одговор до Трамп е оружјето на Русија за „судниот ден“. Contents Eве неколку факти за „Мртвата рака“ – најстрашниот руски систем за нуклеарна одмазда: Воен експерт, пензиониран полковник Анатолиј Матвијчук.tu Во случај на нуклеарен удар на руска територија, дури и ако командните места и целата инфраструктура бидат уништени, одмаздничкиот удар ќе биде неизбежен благодарение на системот „Периметар“. ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прес-конференцијата коментираше за пресудата против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, и рече дека е донесен заклучок дека пресудата не се прифаќа. На прес-конференцијата по состанокот на Советот за национална безбедност на Србија, Вучиќ рече дека партиите од Сараево се заканувале пред пресудата. „Пресудата политички се подготвуваше со огромен притисок до тој степен што политичките ...

вгуст носи бран на изненадувања, шанси и енергија која може да ве насочи на вистинскиот пат – особено на одредени денови. За секој хороскопски знак издвоивме два дена кога ѕвездите ви се најнаклонети. Тоа се денови кога нешто неочекувано добро може да се случи или кога ќе почувствувате дека сè оди токму како што треба. Овен 🔸 5 август – Неочекувана можност може да ги отвори вратите за нов почеток. Идеален ден за носење важни одлуки. 🔸 21 ...

Д.К. (42) од Цетиње, кој бил вработен како обезбедувач во хотелот, е обвинет за тешка кражба. Се сомнева дека на 30 јули 2025 година, го искористил невниманието на своите колеги и извршил внимателно осмислен план. Според полициското соопштение, Д.К. го добил клучот и ПИН-кодот од сефот шест дена претходно гледајќи ја благајничката како го отвора сефот. Тој ден, околу 2:45 часот наутро, ја искористил толпата и го отворил сефот, од кој украл две ...

Со Новак на Тинос, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Инстаграм, објавувајќи доцна синоќа селфи фотографија со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, јави дописничката на МИА од Атина. Ѓоковиќ во изминатиот период беше на грчките острови Парос и Миконос, а сега, според објавената фотографија е на островот Тинос, каде што се сретнале со Мицотакис. Грчките медиуми пишуваат дека утрово, српскиот тенисер и грчкиот премиер биле заедно во црквата ...

Повеќето луѓе не сфаќаат колку е важен магнезиумот за здравјето. Магнезиумот е суштински дел од над 300 метаболички процеси во организмот, што е и причина понекогаш овој важен елемент да е во кусок со снабдувањето. Дефицитот на магнезиум во телото доведува до повеќе болести отколку кој и да е друг прехранбен недостиг. Овие болести вклучуваат остеопороза, астма, депресија, епилепсија, хипертензија, дијабетес, кардиоваскуларни болести – сите ...

За многу луѓе, кафето е незаменлив дел од секојдневието – посебно наутро. Но, иако има многу здравствени придобивки, важно е да се знае колку е доволно, а кога кафето може да стане ризик по здравјето. Колку кафе е дозволено дневно? Според Американската администрација за храна и лекови (FDA), се препорачува дневниот внес на кофеин да не надминува 400 милиграми – што е приближно четири шолји кафе. Но, треба да се има предвид дека кофеин се внесува ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1027
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.68
78%
1027
weather icon

Загреб

17ᴼ / 12ᴼ
1.03
84%
1026
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
71%
1028
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
0.91
63%
1026
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.03
96%
1027
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
4.02
57%
1023
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
82%
1023
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
60%
1025
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
3.09
70%
1026
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
88%
1026
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 15ᴼ
2.57
100%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941